Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време. Потврди дека има наредба од јавен обвинител и се постапува. Тој на прес-конференција во Владата за резултатите од првата година од мандатот истакна дека за разлика од претходно сега имало неселективна и бескомпромисна борба против секој кој се огрешил пред законот. -За разлика од ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во извештајот од 18:00 часот. АМСМ препорачува ...

Разорните пожари во областа Измир во Турција се ставени под контрола, објави денеска турската влада, додека напорите за гаснење огнената стихија продолжуваат во југоисточната провинција Хатај. Службите за итни случаи во Хатај работеа цела ноќ за да го изгаснат пожарот што избувна во петокот попладне во шума во Дортјол и брзо се ширеше поради силните ветрови. Гувернерот на Хатај изјави дека досега се евакуирани девет области и речиси 2.000 луѓе. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин разбира дека можеби ќе дојдат повеќе санкции бидејќи Москва продолжува да го отфрла притисокот на Вашингтон за прекин на огнот во Украина. Трамп во четвртокот имаше телефонски разговор со Путин по кој се изјасни како разочаран. Во меѓувреме тој телефонски разговарал и со Зеленски а разговорот украинскиот претседател го оцени како многу важен и корисен. Во ...

Општина Штип од продажбата на ФК Брегалница ќе инкасира 18 милиони денари. Со половина од нив, ќе се покријат средствата од буџетот потрошени за купување на акциите од досегашниот сопственик по цена од 1080 евра за акција. - Општина Штип со оваа одлука истите ќе ги продава по 1400 евра на инвеститорот, односно, на сопственикот на мнозинскиот дел од акциите, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип Новиот турски инвеститор ќе откупи 85 % од ...

Дали откритието на голема јавна римска античка бања кај месноста Долиште, помеѓу прилепските села Волково и Прилепец ќе го даде одговорот на вековното прашање дали тука се наоѓа четвртата изгубена македонска престолнина градот Пелагопнија? Доказ дека станува збор за голем град е тоа што бањата е мошне комплексен и голем објект. Просторија која во моментов се истражува била место каде луѓето доаѓале да се потат т.н. судаториум.Се претпоставува ...

Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа на брегот на Охридското езеро во непосредна близина на апартманите каде се сместуваат. Охридските плажи „Љубаништа“каде беше поставена монтажна рампа за пристап и „Горица 3“ се одалечени па овие лица ќе треба да организираат превоз и придружба за непречено да може да уживаат во летните одмори. Постојат и алтернативни решенија по теркот на развиените земји, каде успешно функционираат ...

Вината на Монтеко го освојуваат светот. На најпрестижниот и највлијателен вински натпревар Декантер, 7 медали добија сите 7 вина од оваа винарија, која е е присутна на пазарот само една година. Во конкуренција на илјадници вина од 57 земји, сребрен медал освоија црвените вина Вранец, Мерло и Неро, додека бронзен црвените Филип и Кабарне совињон и белите Темјаника и Шардоне. Конкуренцијата на овој натпревар е екстремно силна, а критериумите за ...

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе донесе конечна одлука за кандидатот со кој ќе излезе на изборите за градоначалник на Град Скопје. Најсериозни кандидати се Ѓорѓиевски и Перински а партиски извори велат дека пред утрешната седница и двајцата имаат еднакви шанси. Извршниот комитет треба да ги потврди и одлуките од преговорите со ЗНАМ кои продолжуваат и денеска. Неофицијално постои расположение најголемата владејачка партија да го поддржи ...

Личен избор е дали некој ќе живее во брак или во вонбрачна заедница, договорот на хартија не треба да биде мерило за тоа дали заедницата е среќна и долготрајна – ова е ставот на претседателката на Реактор, откако вчера премиерот рече дека сериозно се размислува за данок кој ќе го плаќаат невенчаните. Според Тања Иванова, наместо на казнени даноци, треба да се фокусираме на решенија кои може да им помогнат на младите да планираат живот во ...

42 степени на пладне...Врелиот асвалт и движењето на вакви пеколни горештини е сериозна закана по здравјето. Во вакви услови и кратко изложување на сонце може да доведе до губење на свест. Екстремната жештина е ризик и за возачите. Само изминатите 48 часа се регистрирани десетици инциденти на патиштата низ земјата или како што велат од скопската Брза Помош, секоја смена во просек имаат по пет интервенции кај сообраќајни несреќи. - Моментот на ...

Северна Македонија e меѓу првите држави во Европа кои го усвоија најновиот европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“, дел од европската регулатива Европски простор за здравствени податоци European Health Data Space (EHDS), соопшти денеска Министерството за здравство. На меѓународниот настан IHE-Europe Connectathon 2025 во Виена, националниот здравствен информатички систем „МојТермин“ успешно ги поминал сите предвидени технички ...

Минатата година просечната откупна цена на доматот беше под 25 денари, а сега е 45. Само од струмичкиот регион се извезени над 13 000 тони од што се инкасирани околу 10 милиони евра. Цената на пролетната зелка не падна под 35 денари и во просек изнесува 43 денари, а од извоз се реализирани над 30 милиони евра. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски уверува дека и откупната цена на црвената пиперка „ајварка“ ќе ...

До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40 степени. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а в среда, претежно во северните делови од земјава, ќе има локален дожд. Според прогнозата на Управата за хидтрометеоролошки работи, максималната температура во четврток и петок ќе достигне 32 односно 33 степени. За утре попладне и во вечерните ...

По претходно превземени оперативни активности, полициски службеници од СВР Скопје врз основа на судски наредби за претрес на дом и други простории вчера извршиле претреси кај две лица. -Притоа при претресот кај лицето Н.Ј. (26) од Скопје во стан во Ѓорче Петров беа пронајдени и одземени една дигитална вага со остатоци од материја, една зипер кесичка со семки од растение, една полиетиленска кесичка со бела прашкаста материја, една тегла со бела ...

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на социјалните мрежи сподели дека населените места Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто се без вода за пиење и побара итна интервенција од ЈП „Водовод и канализација“ и Град Скопје. Во спротивно најави дека ќе ги поддржи граѓаните во преземање на сите демократски методи и најави можна организација на протести. - Изминатите денови сме сведоци на крајно ...

На 04.07.2025 година во 23,25 часот на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата “Лондонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено каптур“ управувано до Д.И. (20) од Скопје и патничко возило марка „ауди А-5“ управувано од Е.С. (20) исто така од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобиле Е.С. како и неговите двајца сопатници А.И. (26) и Е.Б. (21) а констатирани во Комплекс клиники „Мајка ...

Откупната цена на пченицата од 12 денари за килограм и покривање на сите трошоци за производителите е неприфатлива за Националната мрежа на земјоделци. Ѓорѓи Каракшев од Националната мрежа на земјоделци вели дека откупната цена е далеку пониска од производната цена, којашто е изготвена уште во 2023 која се движи околу 19 денари за килограм пченица. Тој бара државата да интервенира во исплатата на разликата помеѓу производната и откупната цена. ...

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови што го зафатија Тексас, соопштија властите во оваа американска сојузна држава. – Она што можам да го потврдам во овој момент е дека имаме околу 24 жртви, изјави шерифот на округот Кер, Лари Леита. Леита рече дека меѓу 23 и 25 лица од летен камп во округот Кер, северозападно од Сан Антонио, сè уште се водат како исчезнати, иако бројот сè уште не е потврден. Обилните дождови ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин. Според американскиот лидер, Путин е загрижен поради можното воведување нови казнени мерки од САД против Русија и е свесен дека тоа може да се случи. Трамп, кој во вторникот имаше телефонски разговор и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тогаш изјави дека со него разговарал за можноста за испраќање ракетни системи за ...

Републиканците во Конгресот на САД во четвртокот го усвоија популарно наречениот „Еден голем прекрасен закон“, откако беше одобрен во Сенатот со тесно мнозинство, давајќи му на Трамп голема политичка победа. Централен дел од законот е трајното продолжување на даночните олеснувања од првиот мандат на Трамп. Тие треба да се финансираат со намалување на социјалните бенефиции - точка што наиде на жестоки критики од демократите. Но, постојат резерви ...

Русија со беспилотни летала ноќеска извршила напади на повеќе локации во источна Украина, а украинските сили возвратиле со удари на руска територија, пренесува ДПА. Во рускиот напад врз јужниот регион Херсон се повредени единаесет лица, објави регионалниот гувернер Олександар Прокудин. Гасовод, бензинска пумпа, автосервис и приватни возила се оштетени во нападите, напиша Прокудин на Телеграм. Во источниот украински град Чугуив, најмалку три ...

Организациите „Амнести интернешнл“ (Amnesty International) и „Заштитници на граѓански права“ (Civil Rights Defenders) издадоа заедничка изјава во која наведуваат дека „видеата од српската интервентна полиција како напаѓа мирни демонстранти собрани на уличните блокади и пред универзитетот во Белград се алармантни“. „Има голем број апсења и бројни обвинувања за прекумерна или на друг начин незаконска употреба на сила против студенти - како за ...

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вчера доброволно се појавил во Обвинителството на Босна и Херцеговина, во придружба на неговиот адвокат, на сослушување како осомничен во врска со истрагата за сомневањата дека сторил кривично дело напад врз уставниот поредок, се вели во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина. Веднаш по солушувањето, укината му е претходно изречената мерка притвор, пренесува ...

Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија), одложување на работниот процес од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина, работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо, обезбедување микроклиматски услови за работа од ...

Топлотниот бран што ја зафати земјава и денеска носи многу високи температути кои ќе достигнат до 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 30-40 минути на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Премиерот Христијан Мицкоски порачува дека растот на извозот во мај годинава е одлична вест за македонската економија и ќе значи повеќе пари за македонските граѓани. - Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44 проценти во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија. Бележиме и раст на ...

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој на ...

Во изминатата година разбивме14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во Владата на која ги презентира резултатите на МВР и сработеното во изминатата година. Владата и МВР, ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
35%
1018
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
4.63
43%
1021
weather icon

Загреб

30ᴼ / 26ᴼ
3.6
45%
1023
weather icon

Софија

33ᴼ / 30ᴼ
1.03
25%
1020
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
1.89
19%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
56%
1023
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
12.86
25%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
2.06
21%
1014
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
2.57
22%
1015
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
6.17
43%
1018
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
42%
1024
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
8.23
40%
1016
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326