Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека Граничната полиција „постапила согласно законот во случајот пријавен вчера на граничниот премин „Ќафасан", каде на едно лице не му било дозволено да влезе на албанска територија поради законски пречки". На прес-конференција, на прашањето за случајот со двајцата пратеници и еден функционер на ВЛЕН на граничниот премин „Ќафасан“ објасни дека на граничниот премин се ...
Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел од новините што ги воведува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули. Како што соопштуваат од Министерството за финансии, целта на новото законско решение со кое за прв пат се воспоставува ...
По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар - соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Како што наведува МЕРМС, уредбата е донесена во согласност со член ...
Пејачката на хитот „Total Eclipse Of The Heart“, Бони Тајлер, почина на 75-годишна возраст, се наведува во соопштение објавено на нејзината веб-страница. Велшката поп-ѕвезда, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, почина само неколку месеци откако беше лекувана на интензивна нега, каде што беше ставена во индуцирана кома по итна операција на цревата, пренесе ДПА. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на пејачката, нејзиното ...
Обезбедување европски начин на електронско плаќање, намалување на зависноста на Европската Унија од странските платежни системи, зајакнување на отпорноста на европската економија и поттикнување на иновациите и технолошкиот развој се целите на планот за воведување на дигиталното евро, чија регулаторна рамка доби поддршка од Европскиот парламент. Европратениците го поддржаа користењето на дигитални активи и создавање средина погодна за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека секој натамошен напад врз бродови ќе наиде на уште поостар одговор, откако американската војска изврши нови напади врз земјата. „Ова е одмазда за вчерашното бомбардирање на бродови од страна на Иран. Ако тоа се повтори, ќе стане многу полошо!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social). Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека лансирала нов бран ...
Коалиција од девет европски земји го повикува Брисел да ја продолжи итната флексибилност за Системот за влез/излез (ЕЕС), со аргумент дека блокот сè уште не е подготвен да ги укине моменталните заштитни мерки. Во заедничкото писмо со датум од 7 јули, во кое „Политико“ имаше увид, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија му порачаа на комесарот за внатрешни работи, Магнус Брунер, дека првите ...
Западна Европа го имаше најтоплиот јуни откако постојат мерења, соопшти Службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“. Кон крајот на изминатиот месец регионот беше зафатен од силен топлотен бран што постави температурни рекорди, го наруши снабдувањето со електрична енергија и доведе до затворање училишта. Според месечниот извештај на „Коперник“ објавен денеска, изминатиот јуни бил втор најтопол месец на глобално ниво откако се ...
Три лица загинаа синоќа во руски воздушен напад во градот Дружкивка во украинскиот регион Доњецк, соопшти Канцеларијата на регионалниот обвинител. Погодена била куќа, при што се повредени и две жени. Една жртва има и во руските напади во регионот Херсон. „Руските сили ја нападнаа Дружкивка со воздушна бомба ‘ФАБ-250’. Убиени се две жени, на возраст од 71 и 74 години, и еден 56-годишен маж“, се вели во соопштението на обвинителството на ...
Бројот загинати во двата разорни земјотреса што ја потресоа Венецуела на 24 јуни се искачи на 3.811, додека 16.740 лица се повредени, а 17.907 луѓе останале без покрив над главата, соопшти денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, повторно повика на укинување на меѓународните санкции и ослободување на замрзнатите државни средства во странство, со цел ...
Најмалку 14 лица загинаа, а 78 се повредени во американските напади врз иранските провинции во изминатите 48 часа, соопшти денеска иранското Министерство за здравство, истакнувајќи дека ударите биле извршени и за време на важечкото примирје меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Шефот на Центарот за односи со јавноста и информирање на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур, објави на Х дека САД на 7 и 8 јули извршиле напади врз ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, ја отфрли изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Израел ќе се повлече од Либан, нагласувајќи дека на неговата земја не и е потребно ничие одобрение за да остане таму. „Не баравме ничие одобрение за да влеземе во Либан, ниту ни треба одобрение за да останеме таму“, ја пренесува „Тајмс оф Израел“ изјавата на Кац. Кац уште посочил дека Израел има „право и должност“ да ги брани ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека иранското раководство го контактирало и изразило желба за постигнување договор, откако Соединетите Американски Држави извршија нови напади врз ирански цели. „Се јавија пред извесно време. Толку очајнички сакаат да постигнат договор“, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер форс еден“ при враќањето во САД од самитот на НАТО во Анкара. Неговите изјави следуваат откако американската ...
Ковчегот на убиениот ирански лидер ајатолахот Али Хамнеи пристигна во ирачкиот град Кербала утрово како последна станица од неговата шестдневна погребна поворка пред да се врати во Иран за погреб. Поворката привлече огромен број Ирачани во светилиштето на имамот Абас. Хамнеи беше убиен на 28 февруари за време на израелските и американските воздушни напади врз Иран. Неговото тело треба да се врати во Иран во Машхад и да биде погребано во ...
Македонскиот претставник во УЕФА Конференциската лига Силекс Кратово втора сезона ќе биде дел од ова натпреварување. Нивни ривал во првото квалификациско коло им е Динамо Минск од Белорусија, но поради состојбата во регионот (Украина) оваа екипа домашните натпревари ги игра надвор од својата држава. Натпреварот ќе се игра во Стара Загора во Бугарија. -Огромно задоволство што втора сезона по ред играме во Конференциска лига. За Динамо Минск ...
До крајот на Светското првенство во фудбал остануваат да се одиграат уште осум натпревари, што значи дека Мундијалот влегува во својата завршница. Со денешниот дуел меѓу Франција и Мароко што се игра во Бостон стартуваат четвртфиналните пресметки. Светскиот првак од 2018 Франција е фаворит во дуелот со Мароко, но токму африканската репрезентација е таа на која и се даваат најмногу шанси за изненадувања. Почетокот на натпреварот е во 22 ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на Буџетот. Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот буџет за 2026 година. Вкупните расходи се проектирани на 425,2 ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи се осврна на резултатите од Самитот на НАТО во Анкара, оценувајќи дека донесените одлуки дополнително ќе ја зајакнат Алијансата и ќе придонесат за унапредување на колективната безбедност. -Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на ...
На 08.07.2026 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходно преземени мерки во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром пронајденa е поголема количина на разновидна наркотична дрога: бела грутчеста материја, халуциогени печурки, една кеса со поголема количина таблети-екстази, марихуана и три дигитални ваги. Се преземаат мерки за целосно расчистување на ...
Kоординаторот на пратеничката група на „Вреди“, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, вчера биле задржани од албанските власти на граничниот премин Ќафасан и не им бил дозволен влез во Албанија иако имале дипломатски пасоши. Од „Вреди“ денеска информираа дека тројцата партиски функционери биле задржани еден час без никакво официјално објаснување. Според информациите што неофицијално ги ...
Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при денешната посета на Полициската академија на МВР во Идризово, оцени дека Северна Македонија сериозно пристапува кон меѓународната полициска соработка и претставува важен партнер на организацијата. Обраќајќи се пред кадетите и раководството на Министерството за внатрешни работи, Уркиза истакна дека Центарот за обука на МВР е значајна институција за подготовка на идните полициски ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека бројот на нови дијагностицирани случаи на рак ширум светот секоја година би можел да порасне на 35 милиони, од 20,6 милиони во 2024 година, доколку земјите не преземат итни мерки. Глобалниот извештај на СЗО за состојбата со ракот за 2026 година наведува дека 92 отсто од светската популација ќе биде засегната од рак во одреден момент од својот живот, било лично или преку близок ...
Официјален Кремљ соопшти денеска дека одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ја укине суспензијата на Рускиот олимписки комитет е важен чекор кон враќање на правото на руските спортисти да учествуваат на меѓународните натпреварувања. МОК во вторникот привремено ја укина суспензијата на Рускиот олимписки комитет, која беше на сила од 2023 година, поради признавањето на регионалните олимписки совети во руските окупирани делови од ...
Самитот на НАТО во Анкара беше „исклучително успешен“, изјави денеска генералниот секретар Марк Руте во своето обраќање по состанокот. – Пораката од овој самит е едноставна: НАТО испорачува резултати. Пред една година им се заблагодаривме на сојузниците кои донесоа историски одлуки за зајакнување на нашиот сојуз. Овде во Анкара, каде што бевме одлично пречекани од претседателот Ердоган, покажавме дека тие обврски сега се исполнуваат – рече ...
Европскиот парламент го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговата одлука да именува армиска единица по партизанска група од 1940-тите години која извршила масакр врз Полјаци. Во резолуцијата усвоена денеска, пратениците во ЕУ наведоа дека потегот на Зеленски покажал „непочитување кон полските чувства и тага“ и ги поткопал „соседските односи“. Текстот беше усвоен со 460 гласа „за“, 136 „против“ и 59 „воздржани“, ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека имал добар состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, на кој, како што истакна, била нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана (ПВО) поради интензивираните руски напади. – Претседателот Трамп и јас разговаравме за некои идеи кои би можеле да ги засилат нашите позиции и да го приближат мирот – напиша Зеленски на Х по состанокот одржан на ...
Три случаи на семејно насилство се регистрирани на подрачјето на СВР-Штип, во кои жртви се жени, а нивните брачни другари се лишени од слобода. Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека денеска околу 1 часот полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Н.Б. (50) од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на ...
На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР ...
Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската Унија, 20 години да нè држат во лавиринтот. Време е тоа да се надмине - порача денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова, по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на Самитот на НАТО што ...