Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 13:00 часот попладнево, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активен е еден пожар, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат. Активен е пожарот во Општина Делчево на градските гробишта, со кој е зафатена ниска вегетација. Под контрола се пожарите во Општина Василево, село Доброшинци (депонија), во Општина Кочани (градска депонија), во Општина Илинден, ...
Директорот на Цариснката управа, Бобан Николовски денеска преку социјалните мрежи соопшти дека само годинава, откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема. -Ова покажува дека улогата на Царината не е само собирање приходи, туку и директна заштита на здравјето и безбедноста на македонските граѓани - напиша тој. Николовски посочува дека запленетите лекови не се само спречен шверц, туку и заштита на здравјето ...
Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар денеска се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар откога Основното јавно обвинителство отвори истрага против нив за кривичното дело тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејства на загадување на водата за пиење. Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП ...
Во Општата болница во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти, а еден пациент поради здравствената состојба бил упатен на лекување на Инфективната клиника во Скопје, информира директорот на Општата болница во Гостивар Емри Бајрами. Според Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а во Ургентниот центар 12 пациенти. Бајрами изјави дека нема промени во ...
Археолошкото одделение при НУ Музеј Куманово ги заврши истражувањата на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, каде беа откриени значајни наоди кои укажуваат на постоење на ритуален простор од 4-3 век пред нашата ера. Истражувањата, предводени од археологот Дејан Ѓеорѓиевски, биле насочени кон секторот „Долна тераса“, каде и претходно биле пронајдени конструкции всечени во карпа, камени тумули, вотивни садови и ритуални јами. Најновите ...
Пченицата и јачменот кои деновиве интензивно се жнеат во битолскиот дел на Пелагонија се со подобар квалитет од лани, информираа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ). Од АПРЗ со седиште во Битола нагласуваат дека годинава освен подобар квалитет има и поголеми приноси на пелагониската житница. - Жетвата во Пелагонија е во полн ек. Јачменот е ожнеан со над 90 проценти од вкупните површини и има приноси од над пет ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По свеченета церемонија, Сиљановска-Давкова и Мурму заминаа на тет-а-тет средба, по што ќе биде одржан пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на двете претседателки. Индиската ...
До петок, под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно со повремени поројни дождови и грмежи. На повеќе места се очекува нестабилност, а локално процесите ќе прераснат во краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, до петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а поради продор на постудена воздушна маса од ...
Сѐ погласни се реакциите на граѓаните поради високите суми што ги плаќаат за изработка и поставување нагробни споменици. Иако цените ги формираат приватните оператори, а Општина Штип нема законска надлежност да интервенира во нивното утврдување, од локалната самоуправа велат дека до нив постојано пристигнуваат поплаки за можни злоупотреби. Поради тоа бараат надлежните институции да ги засилат инспекциските контроли и да утврдат дали ...
Со конкурентни цени на тематските тури кои нудат локална приказна наместо стандардно разгледување до повеќе гости. Охрид располага со природни убавини и културно историски знаменитости но неопходно е сето тоа да е добро спакувано и со реални пазарни цени .Туристичките и професионалните водичи мора да се прилагодат на модерните трендови. За да станат поиновативни и поконкурентни, клучни се дигитализацијата и автентичниот пристап. Многу често ...
Посетата на претседателката на Индија Друпади Мурму е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на билатералната соработка, напиша на Фејсбук претседателката Гордана Сиљановска Давкова по средбата со нејзината индиска колешка во Вила Водно. - Со огромна чест ја пречекав Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија, којшто престојува во официјална посета на македонската држава. Разговаравме за македонско-индиските односи, со акцент ...
Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси им кажал на своите соиграчи дека финалето на Светското првенство во 2026 година против Шпанија (0:1 по продолженија) е неговиот последен натпревар за репрезентацијата, објави новинарот Хернан Кастиљо. Меси играше на своето шесто Светско првенство. Триесет и деветгодишниот Аргентинец постигна осум гола и имаше четири асистенции на осум натпревари на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Претходно беше објавено ...
Најпознатиот мачор во Велика Британија, Лери вчера го пречека својот седми „цимер“ на „Даунинг стрит“ 10, откако почна да талка по ходниците на домот на британскиот премиер пред повеќе од 15 години. „Политичарите доаѓаат и си одат, мачето останува“, се вели во објавата на профилот на Лери – @Number10cat, на „Икс“, додека го чекаше доаѓањето на новиот британски премиер, Енди Бурнам, кој го наследи Кир Стармер. Мачорот веќе ги даде своите ...
Многу корисници на мобилни телефони избираат едноставен пин за својот уред. Најновите анализи на случаи со масовно протекување на податоци покажуваат дека лесната комбинација на бројки значително им ја олеснува работата на кибер-криминалците при обидите за хакерски напад. – Промената на пин-кодот е едноставен, но исклучително важен чекор за подобра заштита на личните податоци и банкарските сметки, предупредуваат експертите. Анализите на ...
Експлозии се регистрирани утринава во повеќе делови на Иран, додека американската војска соопшти дека завршила нов бран воздушни напади врз цели низ земјата. Ирански медиуми објавуваат дека експлозии се слушнале во Конарек, во југоисточната покраина Систан и Белуџистан, како и во пристанишниот град Чабахар на Оманскиот Залив. Иранската државна телевизија информира и за американски напади во близина на градот Шираз во јужниот дел на земјата, ...
Литванија на почетокот на јули покрена постапка за укинување на уставната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија, приклучувајќи се кон регионалниот безбедносен пресврт што во јуни го започна Финска меѓу членките на НАТО што граничат со Русија. Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, соопшти дека парламентарните партии постигнале согласност од Уставот да се избрише членот 137, кој изречно забранува распоредување ...
Белата куќа објави воведување нови царини од 50 проценти за голем број производи од Канада, со што дополнително се заострува трговскиот спор меѓу САД и еден од нивните најголеми трговски партнери. Според американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, новите царини ќе опфатат канадски увоз во вредност од околу 20 милијарди американски долари. Мерката треба да стапи во сила на 19 август, односно 30 дена по потпишувањето на указот од страна ...
Двајца американски туристи се повредени, откако непознато лице ги нападнало со нож во близина на влезот на Акропол во Атина, а сторителот е уапсен, јави дописничката на МИА од Атина. Нападот се случил кусо по 8 часот утрово пред билетарницата за влез на Акропол, според првичните неофицијални информации, повредени се маж и жена од САД, мажот е посериозно, а жената полесно повредена. Според истите информации сторителот е со психолошки ...
Уапсена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, заедно со неа со лициси на рацете во полициска станица беа одведени и техничкиот директор и раководителот на водоводната мрежа во претпријатието. Обвинителството започна истражни дејствија, откако мострите од водата во Гостивар пристигнаа кај нив. Иако во ек на епидемија се уште ги чуваат во тајност, според неофицијалните информации во две мостри од вода биле пронајдени фекални ...
Од полноќ повторно ќе се точат поскапи горива. Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од утре ќе се продава за 94 денари.. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат по три денари, па новите цени ќе бидат 90, односно 92 денари за литар. Од Регулаторната комисија објаснуваат дека новата пресметка е резултат на значителниот раст на референтните цени на нафтените деривати на светските ...
Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати, а со тоа и намалување на цените на бензинот и дизелот, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил, посочувајќи дека Владата продолжува со проактивен пристап во ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули 2026 година. Новите цени, како што соопштија од РКЕ, ќе важат од 21 јули 2026 година од 00:01 часот. Најголемо поскапување ќе има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од ноќеска ...
Шпанија е новиот Светски шампион. Со еден играч повеќе во продолженијата од натпреварот, по резултат 0-0, преку голот на напаѓачот на Барселона, Феран Торес, Шпанија дојде до најпосакуваниот спортски трофеј во светот. „Прекрасно е, толку сум среќен! Многу ми е мило што Шпанија конечно по вторпат го освои Светското првенство. Навистина многу ми е мило. Навистина е прекрасно да се биде овде, во друштво на сите овие прекрасни луѓе.“ „Целосно го ...
Новиот британски премиер, лидерот на лабуристите Ендру Бернам денеска изјави дека британските политичари мора да бидат подобри, а на Велика Британија и треба нов политички и економски модел. – Знам дека луѓето кај нас се презаситени од политиката. Ве слушам и сакам да бидам искрен, не бевме доволно добри и треба да бидеме подобри … Британија во 80-тите години направи неколку погрешни свртувања. Политичката моќ беше централизирана, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, дека САД повторно ќе побараат да бидат домаќини на Светско фудбалско првенство и тоа „веднаш“, истакнувајќи ја успешната организација на мундијалскиот турнир што заврши во неделата вечер со победа на Шпанија во финалето над Аргентина. Останува нејасно на што мислеше Трамп кога рече „веднаш“ во интервјуто за Фокс Спорт, бидејќи ФИФА веќе ги одреди ...
Прославите по победата на Шпанија во финалето на Светското фудбалско првенство завршија со две жртви, повеќе од 80 повредени лица и најмалку 12 приведени низ земјата. Во Мадрид, во текот на ноќта приведени се седум лица. Петмина се уапсени поради поттикнување омраза по расправија во еден бар, едно лице поради нарушување на јавниот ред и напад врз службено лице на плоштадот Сибелес, каде што се собраа илјадници навивачи, а уште едно лице ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска оцени дека е неприфатливо тоа што српскиот претседател Александар Вучиќ на воената парада во Париз на 14 јули бил сместен во првиот ред, пред хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, додавајќи дека станува збор за прашање на државен протокол, а не за односите со Србија. – Не може претседателот на Србија да седи во првиот ред пред хрватскиот претставник. Тоа не е прашање за Србија, туку за државниот ...
До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Старо Нагоричане, на атарот меѓу селата Степанце и Добрача, каде што гори сува трева и ниска шума. Под контрола се два пожара и тоа во Општина Василево, кај селото Доброшинци, каде што ...
Полицијата jа уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, Артана Асани. Според првичните информации, заедно со Асани уапсени се и техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши. Тројцата се очекува да бидат изведени пред надлежното обвинителство, по што судија на претходна постапка треба да одлучи за понатамошните мерки. View this post on Instagram A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv) ...
Сообраќајна незгода се случила утрово кај Велес, кога комбе на туристичката агенција „Мавако“, кое превезувало патници кон Грција, излетало од коловозот. Според првичните информации, во возилото имало осум српски државјани, а до несреќата наводно дошло откако возачот заспал зад воланот. За среќа, во незгодата нема повредени, причинета е само материјална штета на возилото. Сообраќајна незгода се случила утрово кај Велес, кога комбе на ...