Иран и Оман го финализирале општиот рамковен договор за управување со пловидбата низ Ормускиот Теснец, јавуваат иранските медиуми. Според Техеран, двете земји се блиску до конечен договор за безбедна комерцијална рута, а деталите треба да бидат објавени наскоро. Американски претставник за Ројтерс изјавил дека по постигнувањето договор за непречена трговска пловидба, САД ќе ја укинат блокадата на иранските пристаништа. Иранските преговарачи, ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во Белград го пречека неговиот украински Колега, Володомир Зеленски кој е во прва официјална посета на Србија. По средбата двајцата претседатели порачаа дека ќе продолжат да работат на засилување на економската соработка и меѓусебната поддршка на патот кон членството во Европската Унија. Вучиќ не криеше дека е песимист кога станува збор за европската политика на проширување додека неговиот ...

Товарен и патнички воз се судрија денеска меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец во близина на хрватскиот град Крижевци. Шест патници се тешко повредени, а 13 се полесно повредени, соопшти хрватското Министерство за здравство. На патниците им е укажана медицинска помош во болниците Бјеловар и Копривница, а некои се префрлени во болниците во Загреб. Во патничкиот воз имало 26 патници, машиновозач и кондуктер. Причината за несреќата сè уште ...

Хорхе Меси, таткото на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација и осумкратен освојувач на Златната топка Лионел Меси, почина на 68-годишна возраст, објави денеска аргентинскиот клуб во кој Меси настапуваше како дете Њуелс Олд Бојс. „Клубот Атлетико Њуелс Олд Бојс со тага и длабоко жалење се збогува со Хорхе Меси“, објави клубот на социјалните мрежи. Аргентинските медиуми јавија дека Хорхе Меси починал во болница во родниот град ...

Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8 Август е еден од тие датуми. Ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи - објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на десетмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската ...

Инцидент го одбележа денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Косово, откако пратеничката Тимеа Кадријај од Алијансата фрли јајца кон вршителот на должноста премиер Албин Курти. Тоа се случи откако Курти повторно побара дополнително време за консултации. Седницата потоа беше прекината, а во салата влегоа неговите телохранители. Претседателот Авни Дехари најави дека пратениците дополнително ќе бидат информирани за ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги ...

Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај. - По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. ...

По преземени мерки и активности, СВР Скопје лишило од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско, соопшти денеска МВР. На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во ...

Во текот на денешниот ден се евидентирани нешто повеќе од пет пожари на отворен простор, но ниту еден од нив не претставува посериозна закана и се очекува наскоро да биде ставен под контрола, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава од терен. Како што информираше, во текот на вчерашниот ден биле изгаснати повеќе од 25 пожари на отворен простор, а најкомплексен бил пожарот на ...

Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL. Од 3 до 9 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спроведува интензивни контроли низ патиштата, со посебен фокус на возачите кои ја надминуваат дозволената брзина. Од МВР потсетуваат дека прекумерната брзина е ...

Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерската одлука за „Определување на државите кои имаат ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска одавајќи им почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината кај месноста „Карпалак“ нагласи дека нивната верба во татковината е наша водилка, одлучно да продолжиме да ги чуваме националните интереси. Денеска се навршуваат 25 години од трагичниот настан кај месноста “Карпалак”, каде што десет македонски херои, припадници на резервниот ...

Делегација на Левица предводена од советникот Боби Илиевски, денеска положи цвеќе на спомен-обележјето кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години ги загубија животите во масакрот кај Карпалак - се посочува во соопштението од Левица што Сител го пренесува интегрално. На 8 август 2001 година, припадниците на македонските безбедносни сили беа нападнати во кукавичка заседа поставена од припадници на УЧК. ...

Во селото Грешница, општина Македонски Брод, вчера напладне полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. Во селото Сарандиново, општина Долнени, вчера во 17:00 часот ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место помлад полицаец во Полициска станица Центар при СВР Скопје, на 24.05.2026 околу 02:53 часот во Градски парк - ...

На 07.08.2026 во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ и ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(18) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки управуван од 17-годишник од с.Стајковци, скопско, при што било удрено и паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...

На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Марко Симоновски“ во Гостивар, патничко моторно возило јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во осумгодишно девојче од Гостивар. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар, соопшти МВР. На 07.08.2026 во 21:30 ...

На 07.08.2026 во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лиција од слобода С.Ѓ.(46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка и фрлал тврди предмети кон домот. Тој бил приведен во полициска станица и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, каде што издржувал казна затвор, а бил пуштен на викенд отсуство. По целосно документирање на ...

Во текот на оваа година над 240 лица низ цела Европа се заразиле со Западнонилскиот вирус, јавува ДПА. Според неделниот извештај објавен вчера од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вкупно 241 случај на човечки инфекции се пријавени од почетокот на сезоната на пренос заклучно до средата. ECDC соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Во Шпанија се регистрирани 17 инфекции, 13 се регистрирани во ...

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а тројца други се повредени во напад на руски беспилотни летала врз округот Бровар, во регионот на Киев, изјави утрово шефот на регионалната државна администрација на Киев, Тимур Ткаченко. „Последиците од непријателскиот напад се регистрирани на три локации во округот Бровар. За жал, загинаа три лица, меѓу кои и едно дете. Уште три лица се повредени, меѓу кои и едно дете“, рече Ткаченко на Телеграм, ...

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека денеска ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со ...

На спомен плочата кај месноста Карпалак денеска делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положи цвеќе во спомен на десетмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската Армија, кои во 2001 година ги загубија животите. Цвеќе ќе биде положено и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп. За време на воениот конфликт на 8 август 2001 година, 10 резервисти беа убиени, а тројца ...

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Јемен, Ханс Грундберг, синоќа предупреди за нова ескалација на насилството во Јемен, пренесува ДПА. „Јемен денеска се соочува со поголем ризик од обновен конфликт од големи размери отколку во кој било момент од примирјето посредувано од ОН во април 2022 година“, напиша тој на Икс. Грундберг рече дека неодамнешните напади на јеменската милиција Хути, поврзана со Иран, во Ма’риб и Хадрамавт, ...

Сомнителните 6 случаи со воспаление на мозокот кои изминатите денови завршија на болничко лекување на Инфективна добија дијагноза – лабораториски е потврдено дека се заразени со западно нилска треска. Ја имаат најтешката форма која се јавува кај еден процент од луѓе каснати од инфициран комарец. И новопотврдените како и останатите 10 кои се хоспитализирани на клиниката се од Скопје. Уште еден заразен со вест најл вирус е хоспитализиран во ...

Без сметки за вода додека трае загадувањето во Гостивар. Народниот правобранител испрати препорака до Советот на Општината, дека, граѓаните не треба да плаќаат за питка вода која не ја добиваат. Потсетуваат дека слична ситуација имало и во Струга, па по предлог на општината, граѓаните биле ослободени од плаќањето на сметките за вода во месец февруари. „Работиме да пратиме една препорака до Советот на Општина Гостивар за да се разгледа ...

Утре со владиниот авион во Македонија ќе биде вратено младо момче кое се здоби со тешки повреди на вратните пршлени при спуштање на воден тобоган во Турција. По барање на неговото семејство, Владата и Министерството за здравство организираа итен медицински транспорт за негово безбедно враќање и продолжување на лекувањето во земјава. „За време на транспортот, пациентот ќе биде придружуван од специјализиран медицински тим од Универзитетската ...

Македонија и идните генерации не смеат да ја заборават жртвата која што ја дадоа бранителите на Карпалак, нивната битка и изгубените животи се исти како на војводите во 1903-та и партизаните од НОБ. Со оваа порака во Прилеп вечерва започна одбележувањето на 25 годишнината од смртта на 10-те мина бранители кои на 8 август 2001 беа убиени од терористите кај месноста Карпалак. „Испочитувани се не многу, но до некаде успеваме колку толку да ...

Еден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје, подната фонтана на плоштадот, повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност, соопштуваат од Град Скопје. -Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, како и ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати. Активни се пожарите во селото Гнеотино, м.в. Ергела во Општина Новаци, каде гори ниска вегетација, во селата Ропотово и Бело Поле во Општина Долнени, каде гори стрниште, на излезот од селото Сачево кон селото Муртино во Општина ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Цинк

3.76