Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Заради зголемениот број на заболени со стомачни тегоби, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје пријавија епидемија. Во изјавата која ја дадоа попладнево во тетовскиот центар ги наведоа и причините за овој чекор. Засега не се знае што ја предизвика заразата во Гостивар. - Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, Центарот за јавно здравје Тетово, Одделение за епидемиологија Гостивар, ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се огласи на Фејсбук по повод печатената грешка на билбородот што беше поставен на влезот на Скопје. Тој во објавата напиша дека кој работи и греши и оти печатената грешка е веќе корегирана. -Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и ...
ТППЕ Струмица уште од раните утрински часови е ангажирана на гаснење на пожарот на депонијата кај село Добрашинци. На терен интервенираат две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители, кои континуирано работат на локализирање и целосно ликвидирање на пожарот, објавија пожарникарите доцна попладнево. Се додава дека во интервенцијата активно е вклучено и ЈПКД „Комуналец“ - Струмица, чија механизација работи на затрупување на депонијата ...
Продажните и набавните цени на основните производи ќе бидат во фокусот на состанокот што за утре го закажа министерот за економија Дурмиши со производителите и дистрибутерите. Новата рунда разговори следува по контролите на Пазарниот инспекторат, кои покажале дека од мај лани до мај годинава набавните цени на прехранбените производи и средствата за хигиена пораснале во просек за 2,6 проценти, додека продажните цени се зголемиле за 4,5 ...
Годинава конечно заврши проектот за конзервација и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп кој што е трет во Македонија според својата вредност, после иконостасите во црквата Св. Спас во Скопје и оној во Бигорскиот манастир. Го изработила тајфата на познатиот копаничар Петре Филипоски – Гарката. Лани и годинава се работеше на конструктивното зајакнување, како и тонирањето и враќање на елементите кои беа отпаднати ...
Охрид го живее шпицот на туристичката сезона.Градот е полн со гости од сите краеви ширум светот. Исполнети се плажите долж охридското езеро угостителските објекти ,терасите и кафулињата ,а раздвиженост има и низа чаршијата и стариот дел од градот. И оваа сезона карактеристично е тоа што најголем дел од посетителите се транзитни или со краток престој од само неколку денови. Прогнозите на туристичките работници се целосна исполнетост на ...
Сточарите од делчевскиот регион се соочуваат со нов удар врз своето производство. По проблемите со пласманот на млекото, сега велат дека речиси целосно запрел и откупот на јунци и телиња. Животните со недели остануваат во шталите, а трошоците за нивно одгледување секојдневно растат. Производителите сметаат дека главната причина е зголемениот увоз на поевтино месо, поради што домашниот добиток останува без пласман. ,,Наидуваме на голем проблем ...
Со растот на температурите расте и бројот на туристи во Дојран. Засега најголема е посетеноста за време на викендите, но според информациите од локалната самоуправа, веќе се пополнуваат сместувачките капацитети и во работните денови. Традиционално, туристичкиот шпиц се очекува во последната недела од јули и во текот на август. Покрај домашните гости, се почесто може да се сретнат и странски туристи, пред се од соседна Србија кои велат дека ...
Реформската агенда повторно стана поле за политичка пресметка. Власта и опозицијата, со меѓусебни обвинувања за тоа кој ги кочи промените и кој ја доведува во прашање европската перспектива на земјата. Од СДСМ обвинуваат дека премиерот испраќа контрадикторни пораки за Реформската агенда. Повикувајќи се на најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото, обвинуваат дека во земјава нема суштински напредок во реформите во ...
Седум ленти не се доволни за да се намалат гужвите на граничниот премин со нашиот јужен сосед. Колоните на Богородица се километарски, а патниците се заглавени со часови, покажуваат назорните камери. Граѓаните се револтирани од чекањето на високите температури. Дека летната сезона е во полн ек покажуваат и податоците на МВР. Од 17 јули до денеска напладне, преку граничните премини Табановце и Богородица од државата излегле вкупно 79.899 лица, ...
Крушево доби Центар за услуги преку кој граѓаните ќе можат полесно да пристапуваат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење, соопшти денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, денеска го промовираа новиот Центар за услуги во Крушево, кој е шеснаесетти ваков центар во мрежата на Министерството. ...
Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во тек се теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, по што Центарот за јавно здравје од Тетово како надлежен треба да донесе соодветна одлука, наведуваат до МЗ. -Во периодот од 18 јули во 08:00 часот ...
Најмалку едно лице загинало а уште петнаесетина се повредени во нападот кој во текот на ноќта руската војска го извршила врз Киев. Според информациите станува збор за еден од најмасовните напади во последните месеци од војната. Кон украинскиот главен град биле лансирани балистички и хиперсонични ракети кои предизвикале штети и во станбени квартови Руските напади доаѓаат по вчерашните на украинската војска кои предизвикаа штети во руски центри ...
Гостивар пред прогласување на епидемија од заразна болест. По 6 дена откако почна напливот на болни со стомачни тегоби, Центарот за јавно здравје Тетово по препорака на ИЈЗ треба да донесе ваква одлука поради зголемување на стапката на заболени лица и се уште големиот број на гостиварци кои бараат лекарска помош. -Мерките за контрола и превенција се цело време активни, она што би се дополнително добило преку пријавување на епидемија е подобра ...
Владата, во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и анализи, Владата донесе одлука од денеска и во наредните неколку дена интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за ...
Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ). Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот. Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле насочени и кон дополнително намалување на ...
Францускиот претседател Емануел Макрон му се обрати на селекторот Дидие Дешан, кој се пензионираше од репрезентацијата. Педесет и седумгодишниот тренер ја напушти репрезентацијата по натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година против Англија (4:6). Дешан ја тренираше француската репрезентација од 2012 година. -Денес е пресвртница во историјата на францускиот фудбал. Ти благодарам, Дидие Дешан, за легендарните победи, ...
Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во ноќните руски напади врз Киев, извршени со балистички ракети, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби. Нападот следува само еден ден откако во украинските удари врз цели во Русија беше пријавен поголем број жртви. Експлозиите се слушале дури и во внатрешноста на противвоздушните засолништа, а една од нив била толку силна што ги активирала алармите на паркираните автомобили во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето на двајца американски војници во Јордан е трагедија, но нагласи дека воената мисија поврзана со Иран останува од клучно значење за САД. Тој ги одбрани новите воздушни напади на американската војска, кои беа изведени како директен одговор против силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), пренесува весникот „Њујорк пост“. – Го направивме тоа затоа што не сакаме ...
Силното невреме проследено со обилни дождови и со бурен ветер, кое вчера зафати делови од Словенија, предизвика значителна материјална штета, а до утрово регистрирани се 33 интервенции само на подрачјето на Крањ. Обилните врнежи поплави куќи и подруми на станбени згради, додека силниот ветер оштети покриви и урна голем број дрвја. Во текот на доцните вечерни часови невремето се премести кон Горно Посочје, откако над Италија се формирал ...
За изминатите 24 часа до 8 часот утрово најмногу количини воден талог од 5 литри на метар квадратен (l/m2) се измерени во Берово, следат Куманово и Крива Паланка од 4 л/м2 и 1 л/м2/ во Виница и во Гевгелија. Како што соопштуваат од Управата за ходрометеоролошки работи, дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управта, а поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска заедно со градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, ќе означат почеток со работа на новата канцеларија за административни услуги во Општина Крушево – „Центар за услуги – ЕТУ Крушево“. Како што соопштија од Министерството за дигитална трансформација, предвидени се изјави за медиумите од страна на министерот Андоновски и градоначалникот Чонески. Министерот за ...
Приведени биле три лица во текот на вчерашниот ден по претреси на скопската територија и пронајдени дрога, пиштол и куршуми, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ги лишија од слобода С.Б. и Е.А., на возраст од 21 и 33 години, двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од ...
Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат мерките до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. До официјално ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за да се утврди натамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителството. -Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство утре, по ...
Полициски службеници вчера уапсиле двајца крадци во Стар Дојран откако одзеле пари од маркет - соопшти Министерството за внатрешни работи. -Вчера во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје. Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени. Известени се јавен обвинител од Основното јавно ...
Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители. Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и ...
До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град. Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на постудена воздушна маса од север и ...
Фејсбук утрово се соочи со глобални технички проблеми, поради кои голем број корисници не можат да пристапат до своите профили преку десктоп-верзијата, а дел пријавуваат потешкотии и со мобилната апликација. Според „Доундетектор“, проблемите започнале околу 9 часот, по што биле регистрирани илјадници пријави од повеќе земји. При обид за најава, на дел од корисниците им се појавува порака дека профилот е привремено недостапен поради технички ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, им се обрати на своите соиграчи, тренери и персонал. – Најубавото нешто во текот на сите овие години никогаш не биле само титулите, туку целото патување. Споделувањето на секој ден со овој тим, натпреварувањето заедно, издигнувањето на висината на пригодата и уживањето во секој чекор. Благодарам на секој од моите соиграчи, тренерскиот персонал и на сите што работат секој ден за да го направат овој тим ...