Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Од 17-19.10.2025 година, македонските кикбокс тимови учествуваа на ВАКО балканскиот кикбокс куп “ТРОФЕЈ НА БЕЛГРАД 2025” кој се одржа во Белград, Србија. Нашата држава настапи со 47 натпреварувачи во 50 натпреварувачки влезови од 9 македонски кикбокс клубови. Тимовите ги предводеше тренерската екипа составена од 15 тренери, а на овој куп судеа и нашите меѓународни судии Неделковска, Наковски и Бубевски. На овој традиционален балкански кикбокс ...
Во градот Тамбасасајама, во западна Јапонија, осум печурки од видот мацутаке, одгледувани токму во тоа подрачје, беа продадени за 850.000 јени (околу 4.800 евра) на наддавање по првата берба оваа есен, објави денеска „Мајничи шимбун“. Според гласилото, печурките имале должина од 6,5 – 11 сантиметри и тежина од вкупно 263,5 грама, што ги прави најтешките од првите сезонски печурки откако пазарот отворен 2018 година. Иако печурките мацутаке ...
Голема руска фабрика за преработка на гас во Оренбург, најголемата во светот, беше принудена да го запре снабдувањето со гас од Казахстан вчера, потврди Министерството за енергетика на Казахстан. Прекинот се случи по украинскиот напад со беспилотни летала врз објектот, објавија украинските медиуми. Украинската војска претходно соопшти дека објектот, кој се наоѓа во југозападниот регион Оренбург и е најголем во светот, бил цел на напад. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да „даде ништо ниту да заборави“ на Русија, најавувајќи зајакнување на одбранбената и енергетската соработка со меѓународните партнери. Киев активно работи на обезбедување воена и енергетска поддршка за наредниот период, пишува United24 Media. Во своето последно обраќање, Зеленски откри дека Украина работи со европските сојузници за проширување на програмата PURL и зголемување ...
Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025. Од досега обработени 25,82 отсто од гласовите и податоци од 1 024 Избирачки места од вкупно 3 474 кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 41 општини, Коалицијата ВРЕДИ во девет, СДСМ и Националната алијанса за интеграција по седум и Демократската партија на Турците во една општина. За ...
Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека по 20 години падна бастионот на СДСМ во Струмица. - Според податоците од нашиот аналитички центар од обработените 82 отсто од обработените гласови ВМРО - ДПМНЕ води со 12.223 гласови наспроти противникот со 7.908 гласови. Тоа укажува на разлика од повеќе од 4.000 гласови. Очекувам во 17 избирачки ...
Кандидатот за градоначалник на општина Кратово, од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Тодорче Николовски, прогласи победа во првиот круг во Кратово. „Од срце ви благодарам, мои драги Кратовчани Денеска покажавте мудрост, единство и вистинска политичка зрелост. Со вашиот избор ја потврдивте вербата во вистинските вредности – избравте човек од народот и за народот, избравте дела, искреност. Го избравте вистинскиот пат кон ...
Виктор Паунов од ВМРО - ДПМНЕ по вторпат ќе биде градоначалник на Општина Карбинци. Тој вечерва прогласи победа, а според првичните информации за него гласале 1.376 граѓани, а кандидатката за градоначалник на СДСМ Љубица Соколовска освоила 527. Членовите на ВМРО - ДПМНЕ во Општина Карбинци веќе ја слават победат. Дејан Владев од ВМРО - ДПМНЕ и во наредните четири години ќе менаџира со Општина Свети Николе. - Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. ...
Сакам да прогласам апсолутна победа за градоначалник, но и за Совет на Општина Битола бидејќи во новиот општински Совет ќе имаме апсолутно мнозинство, изјави вечерва кандидатот за градоначалник и актуелн градоначалник на Битола, Тони Коњановски. Во своето вечерашно обраќање, Коњановски се заблагодара за поддршката и довербата од битолчани и најави континуирана работа во Општина Битола. - Благодарам на довербата што ми ја дадовте да продолжиме ...
Коалиција ВРЕДИ прогласи победа во првиот круг од локалните избори во неколку општини, меѓу кои Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново. Според портпаролот на изборниот штаб на ВРЕДИ, Дритон Суљејмани, резултатите покажуваат „јасна поддршка за нова, чесна и одговорна политика“. - Денеска граѓаните проговорија јасно, со слободен глас и чист совест тие ставија крај на ерата на една измама и страв, отворајќи го патот за нова, чесна, ...
Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје води со освоени 41,23 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него е Амар Мециновиќ од Левица со 12,76%, потоа се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 12,22, Скендер Реџепи од НАИ со 10,98 и Каја Шукова од СДСМ со 11,09%. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бележат водство и во повеќето скопски општини. Во општина Аеродром, кандидатот Дејан ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат Изет Меџити од коалицијата Вреди и му посака успех во водењето на општината во следните четири години. Османи, во објава на својот профил на Фејсбук, оцени дека изборниот ден поминал успешно и без поголеми забелешки, нагласувајќи дека тоа е важно за довербата во изборниот процес. Тој ...
Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според првичните информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори. Ќира на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации. - Денес е ден кога ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва на прес-конференција од партиското седиште изјави дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победил во три општини, а води уште во девет. Тој ги повика граѓаните за помасовна излезност во вториот круг. - Од досега пристигнатите резултати од локалните избори СДСМ во првиот круг победи во три општини - Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Од преброените близу 70 отсто од гласовите водиме во уште ...
Ви ветивме победа и имаме победа. Ова е триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока, избра вредност, избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето по завршениот прв круг на Локалните избори. Порача и дека следните две недели се и вториот круг се тие кога оваа победа треба да се потврди и да се заокружи почнатат промена. - Но оваа убедлива победа е само ...
Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,87 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето се одвива без проблеми и засега не се пристигнати никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности. Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, пристгнати се податоци од 3 221 избирачко место. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 699 296. Процентот на избирачки ...
Хрватските царински службеници, во соработка со полицијата на граничниот премин Карасовиќ, на границата со Босна и Херцеговина, спречиле обид за шверц на голема сума пари. -Кај албански државјанин на излез од Хрватска, во повеќе делови од автомобилот што го управувал откриени се 702.435 евра. Парите се запленети за време на засилениот надзор спроведен од страна на службениците на Службата за борба против шверц и мобилните единици Дубровник, ...
Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека „Хамас денеска ќе научи на тешкиот начин дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) се решени да ги заштитат своите војници и да спречат каква било штета врз нив“, по нападот врз израелските сили во Рафа, јужна Газа. Кац рече дека им наредил на ИДФ „силно да дејствуваат против терористичките цели на Хамас во Газа“. Според воен извор, повеќе од 20 цели се погодени од утринскиот напад во Рафа. -Хамас ќе ...
Палестинските медиуми известуваат за нови израелски воздушни напади врз централна Газа, во Нусејрат. Нападите доаѓаат откако ИДФ и израелските претставници ветија дека ќе одговорат на наводниот напад на Хамас врз војници во областа Рафа во јужна Газа утрово. ИДФ во голема мера избегнуваше таргетирање на Нусејрат и други области во централна Газа за време на војната, бидејќи Хамас таму држеше живи заложници. Хамас ги ослободи сите 20 преостанати ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ја намали американската помош за Колумбија затоа што претседателот на земјата „не прави ништо за да го спречи производството на дрога“. Во објава на социјалните мрежи, Трамп го нарече колумбискиот претседател Густаво Петро „нелегален шверцер на дрога“, кој, како што рече, има многу низок рејтинг на одобрување и е „многу непопуларен“. Тој го предупреди Петро дека „подобро да ги ...
Член на избирачкиот одбор денеска е уапсен на избирачко место во просториите на Основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир, објавија повеќе медиуми. Според информации од теренот, апсењето се случило за време на пауза, во моментот кога лицето излегло надвор да испуши цигара. Претседателот на избирачкиот одбор на ова избирачко место изјавил дека сѐ уште нема официјални информации за причините за апсењето, додека изборниот процес продолжил ...
„ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг ќе победи во Кисела Вода, во Гази Баба, во Ѓорче Петров, Аеродром, во Охрид, во Ресен, во општина Градско, општина Јегуновце, општина Василево, општина Радовиш. Градоначалник исто така ќе задржиме во општина Штип. Ќе добиеме градоначалник во општина Струмица после 20 години, а градоначалници исто така ќе имаме во општина Босилово, општина Вевчани, општина Ново Село и победа во општина Прилеп. Иако и овие споменати ...
Две лица, Ф.Е. (35) и Н.Е. (44), се приведени денеска во двор на основно училиште на подрачјето на Чаир во Скопје, поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на нивниот идентитет. Според МВР, лицата не биле вклучени во изборниот процес, но се претставувале како набљудувачи и се наоѓале во дворот на училиштето. Тие одбиле да се легитимираат при контролата од страна на службениците. Од полицијата соопштуваат дека се ...
„Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. „Народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика и мислам дека ...
Сметам дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска гласаше на локалните избори. „Ви благодарам на сите за присуството, очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори. Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на првиот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар. Во изјава за медиумите, таа рече дека очекува пристојни, фер и демократски избори. „Очекувам 30-годишното изборно искуство да се повтори, значи очекувам пристојни, фер и демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем демократски легитимитет на изборите. ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи Тимчо Муцунски ја одржа вечерва првата прес-конференција по затворањето на гласачките места. -На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова ...
По евидентирање на излезноста до 17 часот и понатаму во тетовскиот регион најголема излезност за локалните избори е во рамки на Општина Тетово каде од 87.878 граѓани гласале 36.140 или 41,50 %. Следува Општина Брвеница каде од 16.150 граѓани гласале 6.241 или 38,66%. Потоа, во Општина Јегуновце гласале 3.838 луѓе од вкупно 9981 гласачи или 38,47 %. Во Општина Теарце до 17 часот гласале 8.518 избирач или 37,56 % од вкупно 22.688 гласачи ...
Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1 832 415 лица запишани во Избирачки список. Тие на ...
Во 19 часот се затвораат избирачките места, а неофицијалните резултати од Локалните избори што се одржаа денеска се очекува да бидат познати во следните неколку часа. Државната изборна комисија најдоцна за 12 часа по завршувањето на изборите треба да ги објави првичните резултати од гласањето. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот ...