Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, ...
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ денеска ќе го има вториот настап на Европското првенство во пливање во Париз. Тој ќе настапи во квалификациите на трката на 400 метри слободно и ќе плива во втората група од седум групи. Ѓуретановиќ на шампионатот е пријавен со неговиот најдобро постигнато време во декември 2025 година постигнат во Ниш – 3:57.75 минути. Воедно ова е македонски рекорд на 400 метри слободно. Ѓуретановиќ во четвртокот ...
Надежите за пронаоѓање преживеани по силниот земјотрес во западна Колумбија згаснуваат, откако спасувачките екипи и петтиот ден по катастрофата продолжуваат да извлекуваат тела од под урнатините. Најмалку 294 лица загинаа, 320 и натаму се водат како исчезнати, а речиси 4.000 се повредени, покажуваат најновите податоци на колумбиската служба за управување со катастрофи. Повеќе од две третини од жртвите се регистрирани во градовите Кали и ...
Албанскиот премиер, Еди Рама, за британскиот „UnHerd“, изјави дека протестите што се одржаа во последните месеци во Албанија повеќе не се исти како оние од јуни. Според него, во неодамнешните протести биле вклучени повеќе политички партии и опозициски групи, вклучувајќи ги и екстремните левичарски и десничарски сили. Рама вели дека, и покрај тензиите, е „многу горд“ што протестите се одржуваат со денови на претежно мирен начин. -Фактот што ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. - Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и ...
Полициски службеници денеска уапсиле лице од Германија, кое возело со брзина од 203 километри на час на автопатот А1 кај Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале ...
Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени денеска повторно го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), пренесоа светските новински агенции. Новиот силен потрес се случи само неколку часа откако оваа југоисточноазиска држава веќе беше погодена од друг разорен земјотрес во текот на денот. Епицентарот на новиот земјотрес бил во близина на градот Пематангсиантар, во индонезиската провинција Северна ...
Победи за Силекс и Шкендија Арачиново на денешните дуели од третото коло од Првата фудбалска лига. Силекс во вториот дел успеа да го „скрши“ отпорот на Скопје и славеше со 3:0, додека новиот прволигаш Шкендија Арачиново направи изненадување и го совлада Тиквеш на негов терен со 1:0. Во Кратово домашниот тим поведе во 48.минута преку Есмир Хасукиќ. На 2:0 во 60.минута зголеми Никола Богдановски од пенал, а поради втор жолт картон натпреварот ...
Основачот на списанието „Плејбој“, Хју Хефнер, повеќепати го контактирал Федералното истражно биро (ФБИ) поради обвинувања за сексуални злосторства против финансиерот Џефри Епстин, но федералните власти не реагирале на неговите предупредувања, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на материјали од судска постапка. Според судските документи, Хефнер го контактирал ФБИ во 2005 година, откако манекенката на „Плејбој“, Одра Лин Кристијансен, му ...
Производителите на пченица од Пелагониско бараат државата според Законот да оддели по 5 денари од Интервентниот фонд за килограм отклупена пченица со што ќе им доплати на земјоделците кои пченицата ја продадоа по само 10 и 9,5 денари. Ако производната цена е поголема од продажната тогаш Владата може да интервенира со државни средства за да ја ублажи кризната состојба. Земјоделците се сомневаат дека пченицата намерно се откупува од трговците ...
Критична е состојбата на охриѓанецот Дарко Најдевски кој 7 години живее со двојна механичка потпора на срце и чека трансплантација. Моментално хоспитализиран се соочува со борба за опстанок и борба со времето неговото срце повеќе неможе да издржи а поради долгото носење на ваквите помагала доаѓа и до други компликации затоа потреба е итна трансплантација на срце од починат донор со цел да може да продолжи да живее. Неговата 7 годишна ќерка ...
Хибриден напад од опозициски партии или обид маркетите да ги продадат резервите на вода во шишиња? Што стоеше зад лажната информација која ги исплаши скопјани во средата за наводно присуство на ешерикија коли во скопската вода? Премиерот Мицкоски очекува дека во новите измени на Кривичниот законик ќе бидат воведени построги казни за ширење дезинформации кои предизвикуваат страв и немир кај населението. Но објави две можни теории зошто ...
Изјавата на српскиот претседател Вучиќ, дека Српската црква е иста со таа во Скопје, за македонскиот премиер Мицкоски е комуникација која не прилега на времето во кое живееме.. Ваквата реакција следи откако Претседателот на Србија за време на одбележување на годишнина од акцијата „Олуја“, рече дека, една е српската црква и таа била иста во Пирот, Сиднеј, Скопје, Франкфурт.. Според Мицкоски, пак, Македонската православна црква – Охридска ...
Приватна посета со средби во Брисел но не за евроинтеграциите туку за влез на нови инвестиции .Премиерот се врати од 7дневното отсуство и одговри на барањата од опиозицијата да каже што договарал и преговарал во Европската престолнина. Мицкоски соопшти дека при посетата на Брисел имал неколку средби но не со политичари туку со инвеститори чии инвестиции се во завршна фаза и за деталите јавноста ќе биде запознаена наесен. Освен три дена во ...
Јадранското крајбрежје се соочува со една од досега најтешките кризи со шумски пожари.. Неколкумесечната суша и екстремните температури разгореа катастрофални пожари кои зафатија делови од Хрватска и Црна Гора – во нив едно лице загина, а предизвика и огромни материјални штети.. По стравичниот пожар во Омиш, хрватските пожарникари уште едно деноноќие водат битка со огнот на повеќе локации.. Најдраматично беше на хрватскиот остров, Дуги Оток.. ...
Автопатот Охрид - Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој сподели фотографии од работниот состанок со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски оценувајќи дека се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми. -Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите ...
На 13.08.2026 година, на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко. Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В., за кого од надлежен суд била изречена мерка на претпазливост – забрана за напуштање ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ден пред да се рашири веста за наводно загадена вода во Скопје добиле информација дека опозициски партии ќе се обидат да создадат таква хистерија преку социјалните медиуми. На прашање за кои опозициски партии се работи, одговори дека истрагата сега ја води МВР каде што се повикани десетина луѓе на разговор и оттаму треба да се бараат детали. Нагласи дека социјалните медиуми како никогаш порано ...
На 14.08.2026 во 22:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Л.М.(23), Е.А.(20), А.М.(19) и Н.Т.(18), постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Шуто Оризари, насилно ѝ дале марихуана на малолетничка. Откако малолетничката кажала во семејниот дом, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу приведените лица, од една страна, и А.Ф.(42), З.Р.(38), А.Н.(23) и А.Р.(19), сите од Скопје, од друга ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што информираат од републичкото Основно јавно обвинителство, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. -Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а третиот прави проширување на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.Т.(48) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во јули 2021 година, пријавениот измамил едно лице од кого набавил 2.580 тони сливи и до моментот на пријавување не ги платил со што се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе ...
Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. -Претходно, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју во кое го критикуваше ставот на Велика Британија кон Израел, а Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“. Во подкаст емитуван вчера на израелското воено радио, премиерот на Израел потсети дека внукот на Винстон Черчил отворено го поддржувал Израел за време на Шестдневната војна во 1967 година. „Дали нешто такво може да ...
Вардар обезбеди пласман во финалето на традиционалниот Струшки ракометен турнир, откако во полуфиналето убедливо го совлада Бутел со 36-23. Тимот на Иван Чупиќ одигра сигурен натпревар против градскиот ривал, кој од клупата го предводи легендата на Вардар, Стојанче Стоилов. Прашањето околу победникот практично беше решено уште по првите 30 минути, кога „црвено-црните“ имаа предност од 21-13. Во финалето Вардар ќе се соочи со ГРК Охрид, кој ...
Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој превезувал 84 патници излетал рано утрово од автопатот „Тракија“ во Бугарија и според досегашните информации на белградски медиуми, нема повредени. Автобусот на туристичката агенција Go2travelling, кој превезувал српски државјани на одмор во Кушадаси, излетал од патот во Бугарија, на околу 150 километри од Софија. Несреќата се случила околу пет часот наутро. Од засега непознати причини, ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со мала до умерена облачност. ...
Во последните години Македонија полека, но сигурно станува позната туристичка дестинација, место кое е интересно за странските туристи особено поради богатото културно наследство и природните убавини. Во прилог на ова одат и бројките. Последните статистички податоци за јуни покажуваат дека значително е поголем бројот на странски туристи отколку на домашни. -Во јуни 2026 година, од вкупниот број туристи, 22,8 проценти се домашни, а 77,2 ...
Најмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија. Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот беше 68 километри северозападно од градот Енда во покраината Источна Нуса Тенгара. По главниот удар, регистрирани се неколку ...
Иран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД. Пораките испратени преку Катар и Пакистан не претставуваат преговори, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Арагчи во интервју за иранскиот медиум „Шахара њуз“ изјави дека во моментов се водат одделни консултации со Оман за да се утврди рута низ Ормуската Теснина што ќе се користи се додека САД не ги исполнат условите за продолжување на комерцијалниот превоз ...