Астероид е официјално именуван по поранешниот папа Лав XIII, соопшти Ватикан вчера. Вселенската карпа сега орбитира околу Сонцето под новото име Џиоакинопечи (Gioacchinopecci). Џиоакино Печи, кој бил титулиран како папа Лав XIII (1810 – 1903) е Италијанец, и тој ја напишал првата социјална енциклика на Римокатоличката црква – формално папско писмо со упатства испратено до сите епископи. Историјата сè уште го помни како „Папа на работниците“. ...

Еврејската заедница во Сиднеј ја предупредила полицијата дека постои ризик од напад непосредно пред инцидентот на плажата Бонди од декември минатата година кога беа убиени 15 лица. „Терористички напад врз еврејската заедница во Нов Јужен Велс е веројатен, а нивото на поттикнување на антисемитска омраза е високо“, било наведено во електронска порака што синоќа е објавена во рамки на истрагата во врска со нападот. На тоа полицијата одговорила ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека размислува за намалување на бројот на американските војници стационирани во Германија. Таа најава следува по неговата вербална расправија со германскиот канцелар Фридрих Мерц во врска со политиката кон Иран. „Соединетите Американски Држави во моментов ја разгледуваат можноста за намалување на нашето воено присуство во Германија. Одлуката ќе биде донесена многу скоро“, напиша Трамп на ...

Маж вооружен со чекан повредил пет лица во Токио, јавуваат јапонските медиуми. Според информациите, напаѓачот удрил едно момче во пределот на лицето, а меѓу повредените има и тројца полицајци. Осомничениот успеал да избега по нападот. Станува збор за 44-годишен маж, кој нападнал две момчиња во близина на својот дом. Едниот од нив бил тешко повреден во лицето, додека другиот минал со полесна повреда на рамото. По пријавата, на местото ...

Цената на нафтата денеска достигна највисоко ниво во последните четири години, откако политичкиот портал „Аксиос“ објави дека американската команда ќе го информира претседателот Доналд Трамп за можни акции против Иран, што ги засили стравувањата од нова ескалација на вооружениот конфликт на Блискиот Исток. Цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни на лондонската берза изутринава порасна за дури 6,84 отсто, на 126,10 долари за барел, а ...

Повеќе од половина од државите и териториите во светот за првпат во 25-годишната историја на рангирањето се наоѓаат во категориите „тешка“ или „многу сериозна“ кога станува збор за слободата на медиумите, соопшти организацијата „Репортери без граници“. Според податоците на денеска објавениот извештај на Организацијата, кога станува збор за годишниот Индекс за слобода на медиумите, само седум земји се оценети како „добра“ средина за ...

Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа вечерва на стадионот „Метрополитано“ нерешено 1-1 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони. Двата гола беа постигнати од пенал. Арсенал поведе во 44. минута преку Ѓокереш, додека Алварез израмни за домаќините во 56. минута. Со ремито во Мадрид, фудбалерите на Арсенал ја продолжија својата серија без пораз во Лигата на шампиони оваа сезона. Лондонскиот тим на 13 натпревари има 10 победи и три ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се осврна на пеналите досудени синоќа на ремито 1:1 со Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. – Во полуфинале на Лигата на шампионите, потребна е чиста ситуација за да се досуди пенал. При пеналот против нас во првото полувреме, контактот беше минимален, па мислам дека можеби не беше пенал. Контактот беше одзади, а играчот го очекуваше и падна. При нашиот пенал, ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 49‑годишно лице осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, откако при претрес во подрумска просторија во скопската населба Аеродром биле пронајдени марихуана, амфетамин, метадон и предмети поврзани со илегална трговија со дрога. Како што соопштуваат од ЈО, при претрес во подрумска просторија во Аеродром ...

Собранието попладнево го донесе Законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кој по одржувањето на следните парламентарни избори ќе се укине техничката (преодната) влада. Т.н. пржинска влада беше воведена како ад хок решение за изборите во 2016 година и како механизам што ќе гарантира фер и демократски избори, со вклучување дополнителни министри предложени од опозицијата во 100-те дена пред ...

Попладнево претседателот на Швајцарија се сретна со премиерот Мицкоски и стопанствениците. По средбата беше истакнато и дека ќе се продлабочуваат билатералните односи меѓу двете држави особено во областа на економијата и инвестициите. Како еден од клучните резултати од посетата, Пармелан најави отворање швајцарска комора во Македонија. Попладнево претседателот на Швајцарија се сретна со премиерот Мицкоски и стопанствениците. По средбата беше ...

Се укинува пржинската влада, без поддршка на опозициските партии. Со 70 гласа за, 11 против и нула воздржани, се донесоа измените на законот на предлог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Ова значи дека 100 дена пред одржување на избори нема да има формирање на привремена влада. Измените нема да важат за следните избори, туку за вторите по ред парламентарни. Падна последната брана на демократијата, реагираат вечерва од СДСМ. Со овој потег, Мицкоски и ...

Поголема заштита од злоупотреба на податоците на граѓаните и фирмите ќе донесе новиот закон за сајбер безбедност. Иако стапи на сила од почетокот на годината, владата треба да имплементира уште неколку подзаконски акти за да биде функционален. Од оваа недела почнува со работа Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти, по што останува приватниот сектор, односно банките, телекомуникациските, енергетските компании, нивните добавувачи, да ...

Потрошени 64% од планираниот буџетски дефицит за цела година. Според објавените податоци на министерството за финании, за 3 месеци министрите потрошиле над 400 милиони евра од вкупно 640те милиони до крајот на годината. Бројките, според министерката Кочоска се должат на предвременото плаќање камати за раздолжување, како и исплата на субвенции во земјоделството. „Тоа се 130 милиони евра повеќе за каматни трошоци. Затоа што вратиме дел од ...

Континуираното поморско пиратство и бандитизам на САД во форма на таканаречена поморска блокада наскоро ќе биде одговорено со практична и „невидена“ воена акција, изјави денеска висок неименуван извор од иранските безбедносни сили. Иранските вооружени сили, кои дејствуваат под команда на штабот Хатам ал-Анбија, велат дека трпението има граници и дека казната е неопходна ако Вашингтон продолжи со својата нелегална поморска блокада околу ...

Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за провоцирање нуклеарна војна, предупредувајќи ја Европа за последиците. Киев ја гранатира нуклеарната централа Запорожје, а Зеленски бара не само членство во НАТО, туку и нуклеарно оружје за безбедноста на Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. – Тој продолжува да провоцира нуклеарен ...

Соединетите Американски Држави нема да ја укинат блокадата на Иран додека не се постигне нуклеарен договор, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп за израелскиот Канал 12 изјави дека поморската блокада е „поефикасна“ од бомбардирањето и дека Иран „се гуши“, пренесува Тајмс оф Израел. Американскиот претседател рече и дека Иран очајнички сака договор за укинување на блокадата. МИА Соединетите Американски Држави нема да ...

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Разговорот бил на иницијатива на руската страна и траел околу час и половина. Путин одлучно го осудил обидот за атентат врз претседателот на САД и изразил поддршка за американскиот лидер. Лидерите разговарале за ситуацијата во Иран и Персискиот Залив, пренесува Спутник. - Русија ги продолжува ...

Од петок до крајот на неделата ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула. Од почетокот на наредната недела, односно од понеделник, се очекува постепено стабилизирање на временските услови, со повеќе сончеви периоди и пораст на дневната температура. МИА Од петок до ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – родосквернавење, предвидено во член 194 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопшти ЈОРСМ. - Детето, во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го ...

Во овој момент не размислуваме за намалување на ДДВ-то на дизел-горивото, а преговараме со ОКТА за продолжување на попустот - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски дополни дека акцизите остануваат исти и оти Владата ќе носи одлука врз основа на просечната цена на бензините и дизелот во втората половина на месецов. - Дизелот веќе беше над 1200 долари по тон, што значи тие 4 денари ќе останат. ...

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) и годинава ќе организира протест на 1 Мај, Меѓународен ден на трудот., кој ќе почне во 11 часот пред ССМ, ќе продолжи пред Собранието, потоа кај Стопанската комора и ќе заврши пред Владата. Ова денеска го најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој повика работниците масовно да излезат на протестот на кој, како што рече, ќе ги истакнат барањата за зголемувањето на минималната плата и ...

Ова е историски ден не само за мене туку и за сите нас во државата, бидејќи претседател на Швајцарија е во прва официјална посета на нашата држава истакна денеска Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова по приемот и посетата на претседателот на Швајцарија Ги Пармелан. Претседателката Силјановска-Давкова истакна дека денешната посета на Пармелан значи дека тој на Западен Балкан му придава големо значење од ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сјаојан на која станало збор за продлабочувањето на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста. Како што соопшти МВР, на средбата било изразено взаемно задоволство од досегашната соработка, при што беше оценето дека билатералните односи во областа на внатрешните работи бележат ...

Оваа Влада води стабилна политика, а не дипломатија за пари и жолтици, како што правеше СДСМ седум години. Како човек никогаш нема да влезам во каква било авантура, без однапред да ги знам крајот и исходот за граѓаните - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање како ги оценува обвинувањата од опозицијата дека го кочи процесот на македонската евроинтеграција. Според Мицкоски, ја видовме мекотелната ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.М.(35) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 14.04.2026 на нејзин профил на социјална мрежа, пријавената објавила фотографии и текст со навредлива содржина за угледот и честа на сопругата на нејзиниот поранешен партнер и нејзиното семејство, соопшти МВР. Надворешната ...

Раде Трајковски Штекли денеска беше осуден на осум години затворска казна во скопскиот Кривичен затвор, за трговија со дрога. Судскиот совет во Кривичниот суд во Скопје утврди дека Трајковски е виновен затоа што организирал група за трговија со наркотични средства – кокаин и марихуана. Покрај него, и останатите обвинети добија затворски казни: Стефан Китанов и Александар Бучевски се осудени на по пет години затвор, Стојан Миланов доби казна ...

На 28.04.2026 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди на ногата бил донесен П.С.(36) од с.Мороишта, струшко. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за градежна фирма од Струга на автопатот во изградба Охрид-Кичево, односно при утовар-истовар на бетонски цевки паднала една цевка и го повредила. Увид на местото извршиле екипа од СВР ...

Владата засега не размислува повторно да го спушти ДДВ-то на дизелот. Намалените акцизи на горивата остануваат во сила, но има можност за дополнително кратење кај бензините, од 2 на 4 денари. „Треба да се види сега во втората половина од април која е просечната цена и на безоловниот и на дизелот и на тој начин ќе се носи одлука на Влада во делот на акцизите. Веќе дизелот беше над 1200 долари по тон, што значи тие 4 денари секако ќе останат, а ...

Осум години затвор доби Раде Трајковски Штекли, како шеф на безимената нарко група која во Скопје продаваше кокаин и марихуана, а според обвинителството се занимавала со нелегалната продажба од 2024 до 2025 година. Неговите соработници, останатите четворица обвинети, кои биле под него и примале наредби каде и како да се препродава дрогата, добија по пет години затвор, а еден од нив три години и 10 месеци. Одредувајќи им ги казните затвор, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.13
84%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
72%
1005
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1012
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.89
81%
1008
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
91%
1005
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
56%
1003
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
77%
1006
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
81%
1007
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
0.98
76%
1007
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
5.66
73%
1005
Currency

61.645

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Паладиум

47776.01

Родиум

320703.70

Платина

68063.13

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.61

Калај

55.66

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Бакар

13.33

Злато

151086.58

Сребро

2786.34

Рутениум

51376.89