Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
За потребите на Гостивар денеска се ангажирани три цистерни со питка и техничка вода, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. -Едната цистерна на ТППЕ Гостивар, една на Бехтел и Енка и една од Боговиње. Истите до сега по два пати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште со по два турнуса на дотур, кажа Ангелов. Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот штаб ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше како главен говорник на Втората меѓународна конференција за борба против дискриминацијата, организирана во Каиро од страна на Генералниот секретаријат на Лигата на арапските држави, во соработка со ICESCO (Исламска светска образовна, научна и културна организација). На конференцијата, како што соопшти собраниската прес-служба, присуствуваа претставници на парламенти и влади, меѓународни ...
Пожарот во атарот на кавадаречкото село Раовец, кој беше активен и во текот на вчерашниот ден и ноќта, денеска повторно се реактивираше со голем интензитет, а во неговото гаснење се вклучени воздушни и копнени сили, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој додаде дека огнот се проширил кон тешко пристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро, поради што веднаш биле ангажирани два „ер трактори“, а ...
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, Општина Врапчиште, осомничени за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, поради пукање со огнено оружје на свадбена прослава. Според Обвинителството, оомничените, на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје и тоа три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар со кои ...
До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, а десет се изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Василево, помеѓу селата Доброшинци и Василево, каде гори сува трева, стрништа и дива депонија, во Општина Кичево, во атарот на селото Зајас, каде е зафатено стрниште, како и во Општина Кавадарци, помеѓу селата ...
Сообраќајот на државните патишта во попладневните часови се одвива непречено по суви коловози, но е забележана зголемена фреквенција на возила на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија. На граничните премини има подолги задржувања поради зголемен интензитет на сообраќајот. На ГП Табановце за влез во државата се чека околу два часа, а за излез околу 30 минути. На ГП Пелинце (Прохор Пчињски) ...
Грција 4ти ден се бори со пожарите кои се надвор од контрола. Големиот шумски пожар западно од Атина се приближува до Мегара, град со околу 30.000 жители кој пожарникарите се обидуваат да го спасат. Властите издадоа нови наредби за евакуација во делови од Западна Атика, додека 500 пожарникари поддржани од авиони и хеликоптери се обидуваат да направат противпожарни појаси. Пожарите пропратени со силен ветер уништија повеќе од 100 куќи и ...
Либанската национална новинска агенција (ННА) денеска јави дека израелската армија во синоќешните израелски напади врз градовите Јарун и Бинт Џбејл употребила фосфорни бомби. Според либанските медиуми во израелскиот напад врз Јарум опустошени се 120 хектари насади со маслинки и борова шума. Израелската армија ниту ги потврди ниту ги демантираше нападите врз двата либански града, ниту одговори на обвинувањата за употреба на фосфорни бомби. ...
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кратово вчера во 19:30 часот ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, по претходна пријава за физички напад. Според пријавеното, на 2 август околу 18 часот, на локалитетот „Куклица“, жената физички нападнала повеќе лица кои биле посетители на локалитетот. По насоки на јавен обвинител, С.Д. била приведена во полициска станица, а против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Денеска (03.08.2026) во 08:41 часот на автопатот А1, на паркингот Милетково, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Ш.З.(36). При контрола на сообраќајот било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час. Против лицето ќе биде ...
Мајка и нејзините две малолетни деца се повредени во сообраќајна несреќа со четирицикл што се случила во тетовското село Бозовце. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 1 август 2026 година во 13:25 часот, кога од Итната медицинска помош Тетово било известено дека четирицикл излетал од патот во атарот на селото. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Тетово, при што било утврдено дека 43-годишната М.А. од ...
Колона возила која се протега се до црквата „Св. Илија“ на влезот во Стар Дојран претпладнево го блокира сообраќајот на регионалниот пат кој води кон граничниот премин „Дојран“. Застојот трае веќе четири часа, потврдуваат од ГП „Дојран“, од каде велат дека причина е огромниот број на возила за кои надлежните служби од грчка страна веќе немале капацитет да ги примат, па метежот се прелеал од македонската страна на границата. - Застојот е на ...
Во текот на изминатата недела (27.07.-02.08.2026), полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата лишија од слобода и приведоа над 70 лица поради сомнение за сторени кривични дела и прекршоци поврзани со недозволена трговија и поседување наркотични дроги. При преземените мерки, кај лицата биле пронајдени и одземени различни видови наркотични дроги, меѓу кои бела прашкаста материја, кафеава ...
Во текот на изминатиот викенд (31.07–02/03.08.2026), на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 34 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 23 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, девет лица управувале под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило и без возачка дозвола, а едно лице управувало без ...
Четиригодишно дете од Скопје прегазено во Гостивар, пренесено на скопските клиники. - Вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од село Чегране, кој удрил во пешак, четиригодишно дете од Скопје. Во сообраќајната незгода детето се здобило со тешки телесни повреди и по ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на фејсбук сподели видео од чистењето на градот во ноќните часови, упатувајќи порака до граѓаните дека само со заедничка одговорност може да се зачува градот чист и уреден. - Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди. Само со заедничка одговорност можеме да го зачуваме чист и уреден. Да го чуваме градот убав, вели Ѓорѓиевски во објавата. МИА Градоначалникот на Скопје, Орце ...
Неколку милиони денари ќе бидат потребни за реконструкција на кровот на Клиничката болница во Штип, кој беше оштетен и однесен при силното невреме со оркански ветер што го зафати градот, кога беа измерени налети од 134 километри на час. Заменик-директорката на болницата, Билјана Ефтимова, информираше дека конечната проценка на штетата ќе биде позната по извештајот на осигурителната компанија. - Чекаме извештај од осигурителната компанија и ...
Охрид полн со туристи но и со смет.Најкритично е на плажите долж езерото ,на местата каде се одржуваат бројните концерти ,во центарот на градот ,околу пекарите и угостителските објекти.Од Јавното претпријатие Охридски Комуналец посочуваат дека 24 часа се на терен со сите човечки и технички ресурси за одржување на јавната чистота и дневно собираат околу 600 метри кубни отпад . Отпадот секојдневно се собира но повторно се трупа свеста кај ...
Министерството за здравство информира дека нема нови случаи на западнонилска треска и дека последните суспектни случаи се негативни. - Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска, ...
Епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира денеска Министерството за здравство. Вчера се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. Од Министерството велат дека и покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа ...
Сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделава. Од четврток во попладневните часови локално се најавуваат дожд и грмежи. - Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи - велат од УХМР. Од среда ...
Над 17 000 лица ја напуштиле македонската држава за последните 24 часа преку гевгелискиот граничен премин со Грција во последните 24 часа, а околу 16 000 влегле во Македонија низ истата граница, покажуваат последните податоци од Министерството за внатрешни работи. Зголемениот број на возила кои чекаат за излез од државата го блокираа сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, во последните неколку часа, создавајќи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов круг разговори со ирански претставници, откако привремено ги откажа понатамошните напади врз Иран. Преговорите треба да се одржат денеска, им изјави Трамп на новинарите синоќа во претседателскиот авион „Air Force One“ додека патуваше од Њу Џерси за Вашингтон. Тој не кажа каде ќе се одржат, колку долго би можеле да траат ниту кој ќе учествува, пренесе ДПА. Трамп исто така повтори дека ...
На илјадници луѓе им беше наредено да евакуираат делови од Спокен во источната американска сојузна држава Вашингтон, додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари. Властите вчера го издадоа предупредувањето за евакуација од највисок степен поради „тековна или непосредна“ закана, повикувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат погодените области и да не се враќаат додека противпожарните екипи ја продолжуваат својата работа. Гувернерот ...
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, изјави дека Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната. Багеи тврди дека разговорите што се водат меѓу Иран и Оман за Ормуската Теснина не се во никаква врска со отворањето или затворањето на тој пловен пат, пренесе иранската новинска агенција Фарс. Тој рече дека затворањето на Ормуската Теснина било последица, како што наведе, на ...
Големиот пожар што избувна во петокот во централна Грција и веќе е проширен во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во кој загинаа две лица по судар на хеликоптери што учествува во гаснењето, сè уште не е ставен под контрола и четврти ден, нешто помалку од 500 пожарникари се борат со огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово, со оглед на тоа што е намален интензитетот на ветерот, започна и гаснење ...
Британскиот премиер Енди Бернам изјави синоќа дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не е вистинскиот човек да го предводи светскиот фудбал. Реакцијата на официјален Лондон доаѓа откако контроверзниот план предложен од Инфантино за продажба на удел од комерцијалните права на идните светски првенства на приватни инвеститори пропадна по жестоки критики од целиот свет. „Не верувам дека тој е вистинскиот човек да го води фудбалот напред на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до ...
Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вчеравечер е почувствуван во Скопје. Земјотресот е регистриран во 21:54 часот, а според информациите од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје. Земјотресот бил со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. МИА Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вчеравечер е почувствуван во Скопје. ...
Родителите и учениците од карбинското село Крупиште излегоа на протест пред училишната зграда по добиените информации дека од 1-ви септември им се затвора училиштето. Срамота е велат во месноста каде според археолошките наоди се тврди дека е создадена глаголицата, во 21 век да нема училиште за нивните деца. -Ова сега е стварно жално и неприфатливо, да одат сега и да се малтретираат по 20 км за да ги пополнуваат останатите подрачни училишта за ...