Со признание на вина почна судењето за злоупотреба на средства преку ИПАРД програмата. Јасмина Костадинова од министерството за земјоделство призна дека зела поткуп, па пресудата за неа, судот ќе ја објави во вторник. За останатите осуммина, судењето ќе продолжи на 11 мај. Јасмина Костадинова која е обвинета за злоупотреба на пари од ИПАРД програмата призна вина на стартот на денешното судење. Со неа на обвинителна клупа седат уште осуммина, ...

Демолирани училници, уништени компјутери и технички апарати, откорнати кабли, на таблите и ѕидовите испишани пораки со недолична содржина. Ова е сликата од ОУ “Ванчо Прќе” во Штип по синоќешниот вандалскиот чин. Според одговорните во училиштето се работи за еден маскиран сторител кој влегол од кај спортската сала пред полноќ. Со спреј се обидел да уништи и една од камерите за видео надзор, но сето тоа било снимено. -Штетата е нанесена во ...

Македонија падна за три позиции на индексот за слобода на медиумите. Во најновиот извештај на „Репортери без граници“ земјава се наоѓа на 45-то место и влегува во друштво на земји каде состојбата со слободата на медиумите се оценува како „проблематична“. Македонија бележи пад во три од петте индикатори кои ја одредуваат позицијата - политичкиот контекст, економските услови и безбедноста на новинарите, додека нема промени кај законската рамка ...

Нова, добра информација за тоа дека сме први во регионот во евроагендата очекува премиерот Мицкоски да стигне деновиве од Брисел. На пратеничко прашање во Собранието од пратеникот Стојановски тој коментираше обвинувањата од опозциската СДСМ дека недоволно се реализирала реформската агенда. „Од Брисел многу бргу ќе дојде информација дека од последни во регионот сега сме рамо до рамо со фронтранерот Црна Гора. Успешно се завршени 16 или 17 од ...

Во последната деценија нашата држава постигнала исклучително значајно намалување на смртноста кај новороденчињата и децата до 5 години, покажуваат податоците од анализата на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) за неонаталното здравје направена во рамки на проекот Converge2EU. Според анализата, неонаталната смртност во земјава се намалила од 8,1 смртни случаи на 1.000 живородени деца во 2016 година на 1,1 смртни случаи на 1.000 ...

Со завршни зборови денеска пред Основниот кривичен суд Скопје беше заокружено судењето против тројцата обвинети полицајци од Кочани - Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков. Во завршните обраќања Обвинителството побара осудителна пресуда поради неизвршување на службената должност, а одбраната побара ослободување на обвинетите оценувајќи дека вината не е докажана. Пресудата, како што соопшти судот, ќе биде изречена на 5 мај. Во ...

Од Брисел многу бргу ќе дојде информација дека од последни во регионот, сега сме рамо до рамо со фронтранерот Црна Гора. Успешно се завршени 16 или 17 од 22 индикатори за извештајниот период, кој заврши кон крајот на 2025 година. Таа информација ќе дојде деновиве и ги прердупредувам во СДСМ за прес-конференциите што ги прават и, народски кажано, да не се истрчуваат како прле пред магаре - изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан од ...

Велешката полиција уапси 51-годишен маж кој допирал по тело малолетничка. Инцидентот се случил во близина на градскиот пазар. - На 30.04.2026 во 09:05 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Џ.(51) од Велес, по претходна пријава дека во близина на градскиот пазар во Велес допирал по телото малолетничка. М.Џ. е приведен во полициска станица, информираа од полциијата во дневниот билтен. Известен е јавен обвинител и по ...

Во тек е санирањето на штетата што ја има направено насилникот во училниците за предметна настава во Општинското основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип, а со редовна настава учениците од А смена од прво до деветто одделение и од Б смена од прво до деветто одделение ќе се вратат во понеделник, информираше за МИА директор на ООУ „Ванчо Прќе“-Штип, Кокан Радев. Тој истакна дека настанот беше веднаш забележан и пријавен, по што се преземени ...

По повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд од 1 до 3 мај автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје. На 1 мај (петок) и 3 мај (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот. Во сабота на 2 мај билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време - во две смени од ...

Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски денеска од собраниската говорница одговори дека Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе дибиеме гаранција дека идентитетските и билатералните прашања нема да бидат користени за кочење и вето на нашиот евроинтеграциски пат и ќе се обезбеди реципроцитет во однос на правата на Македонците во Бугарија. Димитровски ова го кажа одговарајќи на прашање на пратеничката Јованка Тренчевска од ...

Со злоупотреба на лиценците за стоматолози ги пречекориле службените ингеренции и незаконски заработиле 517 000 евра. Финансиската полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Стоматолошката Комора и уште петмина од Комисијата за стручни стоматолошки прашања. Првопријавениот свесно и со однапред утврдена намера склучувал договори со непостоечки здруженија за спроведување облици на континуирано стручно ...

Цената на нафтата надмина 126 долари за барел. Најавите дека САД се подготвуваат за долга блокада на иранските пристаништа ја вивнаа цената на највисоко ниво во последните 4 години. Како ова ќе се одрази кај нас ќе се знае во понеделник, кога Регулаторната комисија ќе донесе нови цени на горивата. Владата засега не планира повторно да го намали ДДВ-то на дизелот, но можно е акцизата на бензините да се скрати дополнително, од 2 на 4 денари. ...

Во Србија во март се регистрирани 297.705 туристи, што е за 10,1 процент повеќе во споредба со истиот период лани и според српскиот Завод за статистика, најмногу странски туристи биле од Русија (15.136), по што следуваат туристи од Северна Македонија (15.064). Регистрирани се 853.043 ноќевања, или 8,5 проценти повеќе во споредба со март 2025 година, соопшти денеска српскиот Завод за статистика. Бројот на странски гости (156.009) е за 9,8 ...

Во најновиот Извештај за слободата на медиумите во светот, објавен од организацијата „Репортери без граници“, Србија забележа значителен пад, спуштајќи се на 104-тото место од вкупно 180 земји. Ова рангирање ја става Србија на најниско место во споредба со другите земји во регионот. Во однос на претходната година, регистрирано е опаѓање од осум позиции, што дополнително ја потврдува негативната динамика кога е во прашање состојбата со ...

Во Србија во март се регистрирани 297.705 туристи, што е за 10,1 процент повеќе во споредба со истиот период лани и според српскиот Завод за статистика, најмногу странски туристи биле од Русија (15.136), по што следуваат туристи од Северна Македонија (15.064). Регистрирани се 853.043 ноќевања, или 8,5 проценти повеќе во споредба со март 2025 година, соопшти денеска српскиот Завод за статистика. Бројот на странски гости (156.009) е за 9,8 ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека долгорочно решение во Украина е невозможно без решавање на основните причини за украинската криза. – Главната работа е дека без решавање на основните причини за украинската криза, праведно и долгорочно решение е невозможно – рече тој на прес-конференција по разговорите со казахстанскиот министер за надворешни работи Ермек Кошербаев, објави РИА Новости. Лавров рече дека Русија е ...

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Разговорот бил на иницијатива на руската страна и траел околу час и половина. Лидерите разговарале за ситуацијата во Иран и Персискиот Залив. Трамп изјави во средата дека ќе го држи Иран под поморска блокада на САД сè додека Техеран не се согласи на договор со Вашингтон за неговата нуклеарна ...

Командантот на украинската војска, генералот Алекасандр Сирски нареди задолжително двомесечно ограничување за војниците на првата линија на фронтот, кои служат на првите позиции за да се реши клучниот проблем за недоволно екипираната армија на Киев во петтата година од војната со Москва. Наредбата на Сирски дојде во услови на чести и честопати вознемирувачки извештаи дека украинските војници со месеци го служат својот воен рок под оган ...

Малку е веројатно дека Иран ќе направи значајни отстапки во својот следен предлог до САД во преговорите за прекин на конфликтот, проценува Институтот за проучување на војната (ИСВ) од Вашингтон. Институтот во анализа објавена денеска наведува дека врховниот командант на Иранската револуционерна гарда, Ахмад Вахиди, чиј цврст став за преговорите е усвоен од режимот, не е подготвен да попушти во врска со контролата врз Ормуската Теснина и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара објаснување од Соединетите Американски Држави за предлогот на Москва за прекин на огнот што почнува на 9 мај. „Ќе разјасниме за што точно станува збор – неколку часа обезбедување за парадата во Москва или нешто повеќе“, напиша Зеленски во објава на социјалните мрежи. „Нашиот предлог е долгорочен прекин на огнот, сигурна и загарантирана безбедност за народот и траен мир“, рече украинскиот ...

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на играчи за претстојниот бараж натпревар за светското првенство 2027, против репрезентацијата на Словачка. На списокот на Лазаров се наоѓаат: голмани: 1. МАРТИН ТОМОВСКИ SG BBM BIETIGHEIM(GER) 2. НИКОЛА МИТРЕВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 3. ВАСИЛ ГОГОВ РК ВАРДАР 1961 4. ИВАН ГАЛЕВСКИ РК АЛКАЛОИД 5. МАРКО КИЗИЌ РК АЛКАЛОИД леви крила: 6. ...

Утре (01.05.2026) со почеток во 11.00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест на 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа се сретна со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“ и притоа се пошегува за своите вселенски амбиции, наведувајќи дека нема да има проблем да стане астронаут на НАСА, пренесе ДПА. „Мора да бидете многу паметни. Мора да правите многу работи физички добро“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Значи, немаше да имам проблем да успеам, физички сум многу, многу добар“, ...

Пентагон процени дека досегашните расходи од воената кампања против Иран се приближуваат до 25 милијарди американски долари. Сепак, оваа калкулација не ги опфаќа потенцијалните трошоци за обнова на оштетените американски воени објекти во регионот. Како што објави „Си-Ен-Ен“, вкупните финансиски импликации би можеле да достигнат помеѓу 40 и 50 милијарди долари, земајќи предвид санацијата на инфраструктурата и набавката на заменета опрема. Во ...

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со наврнат талог од 15 до 20 литри на квадратен метар. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до ...

Во Собранието денеска ќе се одржи 101. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии. Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните ...

Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка - два степени, а највисоката во Струмица 12 степени. Според податоците на УХМР изутрината се измерени два степени на Попова Шапка, три во Маврови Анови, шест во Охрид, Битола и Kрушево, седум во Скопје-Петровец, Тетово и Претор, осум во Штип и Демир Капија, девет во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Виница, Кавадарци и Берово, десет во Велес и Гевгелија и 12 во ...

Вандалски чин извршен во текот на ноќта во најголемото штипско основно училиште „Ванчо Прќе“ утринава ја прекина наставата за над 1.100 ученици од прво до деветто одделение. На фејсбук профилот на Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“ од утринава стои објавата „ги известуваме сите родители дека денес немаме настава во училиштето од оправдани причини“. Според првичните информации на МИА штета во ова училиште е голема, а во моментов во ...

Вандалски чин во ООУ „Ванчо Прќе“-Штип е причина што денеска нема редовна настава за над 1.100 ученици во ова училиште, кое се наоѓа во централното градско подрачје во Штип, потврди во изјава за медиумите директорот на ООУ „Ванчо Прќе“ Кокан Радев. Уништени се смарт табли, табли, инвентар, компјутери. Вандалот со спреј и остар предмет ги правел штетите низ училиштето, а на ѕидовите со спреј испишал и недолчични пораки. Тој истакна дека е ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.13
84%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
72%
1005
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1012
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.89
81%
1008
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
91%
1005
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
56%
1003
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
77%
1006
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
81%
1007
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
0.98
76%
1007
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
5.66
73%
1005
Currency

61.645

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Злато

151086.58

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Калај

55.66

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Паладиум

47776.01

Алуминиум

3.61

Родиум

320703.70

Бакар

13.33

Платина

68063.13

Сребро

2786.34