Извршните директори на најголемите светски корпорации лани оствариле реален раст на платите од 11 проценти, додека просечните плати на работниците на глобално ниво пораснале за само 0,5 проценти, покажува новата анализа на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и „Оксфам“, објавена по повод Меѓународниот ден на трудот. Со други зборови, платите на најплатените директори во светот во 2025 година растеле 20 пати побрзо од платите на ...

Во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи вчера било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес кај местото „Манастири“ има излетано возило од автопат. Како што соопшти денеска МВР, на местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен пронашле патничко возило „Сеат“ управувано од К.С. (68) од Велес, во кое ...

Полициски службеници вчера на граничниот премин Табановце го лишиле од слобода Б.К. (44) од Прилеп, осомничен за сторено кривично дело „измама“. Како што соопшти денеска МВР, по претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на случајот. Според досегашните сознанија, во периодот од јули ...

На 01.05.2026 во 00:10 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Д.(57). При извршен претрес во неговиот дом со судска наредба, пронајдени се марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 01.05.2026 во 00:10 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија. Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден. -Протестот e предвидено да почне пред ...

ЈСП Скопје информира дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд (1.05.2026 година - 03.05.2026 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Денеска и во недела, 3 мај, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот. Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време, оние што се ...

По повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, денеска дел од паркиралиштата со кои стопанисуваат ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ - Скопје ќе бидат бесплатни за сите граѓани. Редовно ќе се наплаќаат само затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“ кои се во надлежност на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар, како и зона А0 Водно, катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Охрид. Како што најави владината прес-служба, во 12:00 часот Мицкоски ќе присуствува на поставување камен-темелник на изградба на катна гаража, позади Градскиот пазар. Премиерот потоа ќе изврши увид на градежните активности на плоштадот „Кај Чинарот“, како и увид на проектот за пумпната станица „Метропол“. МИА Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Охрид. Како ...

Утринава најниски температури се измерени на Попова Шапка -5 степени Целзиусови и во Маврови Анови -1 степен, додека во повеќе градови низ земјата температурите се движеа околу нулата. Највисока температура од 6 степени е измерена во Гевгелија и Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во изминатите 24 часа најмногу врнежи од дожд се регистрирани во Крива Паланка - 18 литри на метар квадратен, во Виница - 13 и во Пожаране - ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со протест ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, на кој ќе побара повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, завчера на прес-конференција повика на масовна излезност, истакнувајќи дека работниците треба јасно да го изразат незадоволството од ниските примања, слабата заштита на работничките права и односот на институциите и работодавачите. ...

По повод Меѓународен ден на трудот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до граѓаните, истакнувајќи ја важноста на работничките права и социјалната правда. - Како претседателка на сите граѓани, потсетувам дека имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат, напиша во порака претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот ...

Во првите полуфинални пресметки во Лига Европа, фудбалерите на Нотингем Форест триумфираа синоќа над Астон Вила со 1-0 на домашен терен, додека Брага го победи Фрајбург со 2-1. Брага до победата на домашен терен над Фрајбург дојде во судиското продолжение, откако португалскиот тим дојде до почетно водство во осмата минута со голот на Тикназ. Фрајбург не чекаше долго за да одговори и само осум минути подоцна го израмни резултатот со голот на ...

Со штрајкови и протести во Атина и други грчки градови, во Грција традиционални ќе се одбележи Денот на трудот, организирани од синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина. Грција денеска е без бродски и железнички сообраќај, а проблеми ќе има и во јавниот превоз, со оглед на тоа што во Атина, метрото и трамвајот започнаа 24 часовен штрајк, автобусите и тролејбусите ќе сообраќаат од 9 до 21 ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека „веројатно“ би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија. Тој неодамна најави дека Вашингтон размислува и за намалување на бројот на војници во Германија. Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО дека не ги испратиле своите поморски сили за да помогнат во отворањето на Ормуска Теснина, која беше затворена за глобалниот поморски сообраќај по почетокот на ...

САД повикаа на директни разговори на високо ниво меѓу Израел и Либан во услови на кревко примирје меѓу Израел и проиранската милиција Хезболах, јави ДПА. „Либан се наоѓа на крстосница. Неговиот народ има историска можност да ја врати својата држава и да ја обликува својата иднина како вистински суверена и независна нација“, се наведува во соопштението на американската амбасада во Бејрут, објавено на социјалната мрежа „Икс“. Претседателот на ...

Американските власти објавија видеоснимка од нападот што се случи за време на гала-вечера во Вашингтон, на која присуствуваше претседателот Доналд Трамп. На настанот со новинарите во саботата, тешко вооружен маж проби безбедносен пункт, по што беше совладан од безбедносните сили. Биле испукани истрели, а Трамп беше итно евакуиран од неговото обезбедување. Федералната обвинителка за Округот Колумбија, Џанин Пиро, изјави дека снимката е ...

Министерството за транспорт соопшти дека во однос на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење електрични автобуси, Комисијата составена од стручни лица, по направената евалуација утврди дека од вкупно четири понуди, три економски оператори не ги исполнуваат условите од јавниот повик и врз основа на поднесените понуди направи прелиминарен избор и поднесе предлог за избор за најповолен понудувач. ...

Партијата ЗНАМ не е изненадена што пратеникот Миле Цеков ја напушти партијата и владејачкото мнозинство. Оттаму велат дека подолг период било јасно оти тој политички и вредносно се оддалечува од принципите, програмските определби и државотворната визија на ЗНАМ. Според партијата, обидите на Цеков да се претстави како симбол на принципиелност се несериозни и неубедливи бидејќи застапувал позиции спротивни на државните и националните црвени ...

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ј.С.(49) од Битола, полициски службеник во ПО Новаци, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило", предвидено и казниво по член 297-а став 1 од КЗ. Тој на 24.10.2025 во 17:42 часот, во период кога не бил на работа, на патот Битола-Новаци, под дејство на алкохол управувал патничко возило „хјундаи" ...

Никогаш нема да поддржам двојазичност или повеќејазичност во правосудството. Се знае, мора да имаме еден закон, тоа е македонскиот закон, за да обезбедиме владеење на правото. Да, ќе сториме сè да изнајдеме решение, кандидатите кои сакаат да полагаат правосуден испит на својот јазик, во случајов албански, а по можност и на другите јазици, тоа да го прават, но притоа да имаме еднаков критериум во оценувањето. И стојам на тој став од првиот ...

Народна банка внимателно ги следи состојбите и ризиците и е подготвена адекватно да одговори се со цел зачувување на стабилноста на девизниот курс и финансиската стабилност, истакна гувернерот на Народна банка, Трајко Славески пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Презентирајќи го кварталниот извештај на Народната банка, гувернерот Славески информира дека во 2025 година инфлацијата беше умерена во просек изнесувала ...

Мировните преговори помеѓу САД и Иран се водат преку телефон. Нуклеарното прашање останува камен на сопнување обајви американскиот претседател Трамп. Повтори дека Техеран ќе мора да се откаже од какви било амбиции за нуклеарно оружје за да обезбеди договор и укинување на поморската блокада иранскиот извоз на нафта. -Само кажете: „Се откажуваме. Се откажуваме. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Тие го знаат тоа и скоро сите други го знаат.“ ...

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, учествува на 76. Конгрес на FIFA што се одржува во Ванкувер, каде заедно со генералниот секретар Леонид Јандреоски и легендарниот фудбалер Горан Пандев активно учествуваат во носењето на клучни одлуки за иднината на светскиот фудбал. Во фокусот на Конгресот се финансиската стабилност и развојните политики на светската куќа на фудбалот, како и усвојувањето на извештаите за изминатата година и дефинирањето ...

Во периодот од 1 до 3 мај, во хрватскиот град Вараждин ќе се одржи Европскиот кикбокс куп „Вараждин Опен 26“, под покровителство на WAKO, кој важи за еден од најпрестижните турнири на европската кикбокс сцена. Годинава натпреварувањето ќе обедини учесници од 31 држава, со вкупно 299 клубови и 1823 кикбоксери, кои ќе настапат во 2841 натпреварувачки влезови. Се очекуваат врвни борби, силна конкуренција и висок спортски квалитет. Македонија ќе ...

Бугарија го конституираше 52-от состав на народното собрание. Новите пратеници положија заклетва и со 188 гласа „за“ го избраа кандидатот на најбројната партија „Прогресивна Бугарија“, Михаела Доцова за прв човек на Парламентот. Како победник на парламентарните избори, Румен Радев потврди дека кабинетот се подготвува и не негираше дека се гледа себеси како иден бугарски премиер. Претседателката Јотова порача дека враќањето на довербата ќе ...

На 30.04.2026 во 06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски" во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда" без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од с.Големо Коњари, прилепско. По несреќата, В.Б. бил пренесен во Градска болница-Прилеп, каде од страна на доктор била констатирана смрт. Увидот го извршила увидната екипа на ...

Изјавите и прес-конференциите што доаѓаат од СДСМ се збунувачки и на моменти чудни. Немаат цел да ја кажат вистината, туку да направат што поголема сензација со растурање пердуви и невистини надевајќи се дека на тој начин ќе остане сегашното раководство по следните парламентарни избори кога ќе доживеат тежок пораз - изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан од пратеникот Бојан Стојаноски како ги коментира обвинувањата и невистините што ...

Наместо долга листа на функционери и институции, изгледа како приватен список со две лица. Антикорупциска го објави Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025-та година. Според евиденцијата, излегува дека државниот ревизор и собранискиот спикер се единствните функционери кои добивале поклони – или барем само тие двајца одлучиле да го почитуваат законот. Ацевски добил украсна паричка, рамка со народна нсија, украсен брод и ...

Не споделувај со никој тоа што ти праќам, му напишала на Вибер, поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска на екс директорот на ТЕЦ Неготино, откако му пратила неколку фајлови од одлуки и иницијативи на ДКСК во време кога раководеше со институцијата, а се однесуваат на постапки за кривично гонење, како и отворање на предмет за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино. Стојановиќ барал таа да проверува како за него, така и за неколку други ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.13
84%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
72%
1005
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1012
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.89
81%
1008
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
91%
1005
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
56%
1003
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
77%
1006
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
81%
1007
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
0.98
76%
1007
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
5.66
73%
1005
Currency

61.645

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Паладиум

47776.01

Алуминиум

3.61

Сребро

2786.34

Злато

151086.58

Калај

55.66

Кобалт

45.39

Родиум

320703.70

Бакар

13.33

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Платина

68063.13

Цинк

0.00