Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 16, а ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има кај с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани каде што годи мешана шума и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод каде што е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Активен пожар ...
Со повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата. По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски ...
Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле ...
Тешка сообраќајна несреќа синоќа се случила во скопското село Ласкарци, при што, според првичните информации, три лица се здобиле со тешки повреди. Инцидентот се случил откако автомобил, под се уште неразјаснети околности, излетал од главниот пат и завршил на спореден пат во селото. На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а повредените биле преземени за понатамошно медицинско згрижување. ...
Полициски службеници вчера уапсиле битолчанец за предизвикување пожар. -Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште - соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека пожарот бил изгаснат од екипа на ...
Екипите на Вашингтон и на Сакраменто му понудија договор на плејмејкерот Расел Вестбрук пред кошаркарот да одлучи да се пензионира. Според инсајдер Марк Штајн, Вашингтон визардс му понудија на 37-годишниот Американец двегодишен договор, но тој не се согласи со условите и предложената улога. Вестбрук беше избран како четврти пик НБА-драфтот во 2008 година. Тој играше за Оклахома Сити до 2019 година. Беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на ...
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго одзеде 2.325 животи, покажаа вчера владини бројки, надминувајќи го бројот на смртни случаи од епидемијата од 2018-2020 година и правејќи ја најсмртоносна во историјата на земјата. Рекорден број на инфекции Конгоскиот институт за јавно здравје во својот последен извештај соопшти дека бројот на потврдени случаи се искачил на 4.945, вклучувајќи 101 нов случај откриени во последните 24 часа. ...
Европската Унија наесен планира значително проширување на санкциите против Русија, при што бројот на санкционирани руски физички и правни лица би можел да се зголеми за една третина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас. „Санкциите на ЕУ досега ја чинеле руската воена машинерија повеќе од трилион евра, а наесен предлагам најсеопфатен список на санкции од почетокот на војната“, изјави Калас за ...
Над двеста илјади корисници останаа без електрична енергија на Хаваи откако ураганот „Лала“ го зафати Големиот Остров, пред да ослабне и да се претвори во тропска бура. Гувернерот на Хаваи, Џош Грин, изјави дека државните власти добиле извештаи за најмалку сто оштетени домови. До пладне по локално време „Лала“ се движеше кон запад-северозапад со брзина од близу 26 километри на час, со максимални постојани ветрови од околу 105 километри на ...
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција покрена истражна постапка против македонски државјанин кој заедно со тројца осомничени за кои се води постапка во Грција, организирал шверц на марихуана. На осомничениот му е одреден 30-дневен притвор. Лицата се откриени во рамки на меѓународната акција организирана во соработка со полициските служби во Грција и Косово. Во рамки на акцијата на 14 август беа пронајдени и ...
Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а дополнително биле пријавени и други форми на насилство што, според пријавата, траеле подолг период. МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По пријавата за физички напад врз сопругата, кај него било измерено присуство на 1,01 промил алкохол во крвта. Во ...
Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани по што вечерта биле приведени. - Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани ...
Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и ...
Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта. - Поради непристапниот терен, кој не овозможува целосна локализација на пожарот со интервенција од земја, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе се реализира во зависност од временските услови и ...
Кристијано Роналдо сериозно размислува за крај на својата кариера. Во интервју за „Вог“ изјави дека сериозно размислува за крај на својата кариера. Ова ќе биде веројатно мојата последна сезона во фудбалот, изјави популарниот CR7. Роналдо има договор со Ал Наср до јули 2027 година, кога ќе има 42 години. Португалецот е на чекор до неверојатен рекорд односно му фалат 30 голови за да стигне до бројката од 1.000 голови. Лигата во Саудиска ...
Во автобуска несреќа во Унгарија загинаа најмалку 12 лица а 47 се повредени. Автобусот со полски аџии се преврте на автопат во близина на Мезекеретец источна Унгарија. Во возилото имало 57 патници и двајца возачи кои се враќале од аџилак во Меѓугорје БиХ кон Подкарпачкиот регион во Полска. Несреќата се случила околу 1 часот по полноќ кога автобусот излетал од патот и паднал во канал. Спасувачките екипи користеле кранови за да го подигнат ...
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден. Тој тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и намален интензитет на ...
Папата Лав Четиринаесетти повика на прекин на актите на насилство врз палестинските цивили на Западниот Брег, јави ДПА. „Го обновувам мојот апел за прекин на насилствата врз палестинското цивилно население на Западниот Брег“, рече папата. Тој го упати апелот од својата летна резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим. Папата ја повика меѓународната заедница итно да поддржи решение за две држави „за праведен и траен мир – сценарио во ...
Безживотни тела на две лица биле пронајдени за време на гаснење на пожарот што избувна на грчкиот остров Саламина и брзо се прошири поради силниот ветер, а девет лица со изгореници се префрлени во болница, додека пак превентивно беа евакуирани шест населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во период од 15 минути избувнаа два пожари на две различни локации, едниот во јужниот, другиот во источниот дел на островот, а безживотните тела ...
На прагот на новата жетва, оризопроизводителите се соочуваат со сериозен проблем, диспаритетот меѓу утврдената производна цена на оризовата арпа и цената по која таа реално се откупува. Тоа значи дека производителот во моментот на откупот добива и до 7 денари помалку од утврдената производна цена за секој килограм произведена арпа. - Не може производната цена да биде 25 денари, а да се откупува по 18 и 20 денари за килограм арпа, а договорено ...
Охридские пчелари се соочуваат со големи загуби и намалени приноси на мед поради климатските промени. Приносите се преполовени а има и пчелари кои за жал не извадиле ниту еден килограм мед па дел од нив ги продаваат заостанатите залихи. Останува проблемот и со нелојлната кокуренција ,на пазарите и маркетите се продава фалсификувам мед кој многу тешко е да се препознае со голо око. Од Здружението на пчелари од Охрид апелираат до купувачите да ...
Европа ја забрзува трката за сопствени суровини за да ја намали зависноста од трети земји, но, во исто време почитувајќи ги строгите еколошките стандарди за производство.. Научни проценки, континуиран мониторинг, финансиски гаранции и задолжителна обнова на природата остануваат услов за секој нов ископ.. Со цел да ги задоволи потребите за зелената транзиција и одбраната, Европската Комисија подготвува финансиска помош за десетици нови ...
Истрагата може да открие и други лица вмешани во случајот со водата во Гостивар. Премиерот очекува истражните органи да ги откријат сите инволвирани и одговараат соодветно за епидемијата која беше предизвикана. Тој побара јавно да се објават извештајот и анализата кои потврдуваат дека водата е исправна, а кривичните пријави од опозицијата ги оцени како погрешна стратегија со која иронично се занемарува улогата на градоначалникот. Мицкоски ...
Расветлен е сложениот синџир за прекуграничен шверц на 325 килограми марихуана пронајдена во камион во Грција.. Акцијата за разбивање на организираната група за транспорт на дрогата, се одвивала под кодно име „Вардарис“, а, патот на марихуаната, го следел заеднички тим од три држави.. Во откривањето на планот, учествувале службите за борба со недозволена трговија со дрога на Македонија, Косово и Грција.. Клучната улога ја имал македонски ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета. Како што соопшти полицијата, околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во скопското село Бардовци, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата. - Направил оштетување на скалите од влезот на куќата, бил скршен прозорец, потоа оштетено било ...
Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор веднаш над последните куќи во Зелениково, кој благодарение на локалното население и нивната брза превентивна реакција, како и брзата реакција на градоначалникот на Општина Зелениково и пожарникарите спречена е катастрофа и огнот е сопрен на неколку метри од последните куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Ангелов, во видео од терен, ...
На 16.08.2026 година, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.Ј. (20) од с. Жировница. Во периодот од 03:25 до 04:00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и помошни простории, при што била пронајдена и одземена темнокафеава прашкаста материја. Е.Ј. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а против него ќе следува соодветен поднесок. На 16.08.2026 година, полициски ...
Во северозападниот дел на Шпанија, две жени загинаа во поплави и одрон, додека две бебиња се повредени. Спасувачките служби и властите интервенираа на местото на несреќата. Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично ...
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“ се уапсени во приватен клуб во Пловдив – соопшти на брифинг директорот на бугарската Обласна дирекција на Министерството за внатрешни работи во градот, постар комесар Васил Костадинов. Лицата биле приведени во клуб спроти Младинскиот рид во Пловдив, каде што биле пронајдени различни предмети со неонацистичка содржина, јави БТА. Уапсените се осомничени според ...