Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Пукање со пиштоли во воздух, млади лица качени на автомобил со гостиварски таблички и тројца со огнено оружје во рака. Ова е дел од видеото со кое млади луѓе објавија на социјалните мрежи како слават, снимани и со телефони и со професионална камера. Објавената снимка предизвика бурни реакции во јавноста за тоа како во денешно време се уште се слави со огнени оружја и пукање во воздух, иако има строга забрана за користење оружје по свадби и ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе спроведе вонреден стручен надзор за околностите поврзани со лекувањето на 19 годишната пациентка од струмичко, за која нејзиниот свекор на видео што го објави на социјалните мрежи бара помош од здравствените власти бидејќи како што вели, останала во инвалидска количка по направен царски рез пред еден месец. Пациентката е мајка на две деца а како што објаснува нејзиниот свекор биле во многу ...
Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини кон Грција и Србија. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на граничниот премин Табановце за влез и излез од земјава се чека повеќе од еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека околу 30 минути. На граничниот премин Блаце за излез од земјава се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез ...
Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален. „Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС. МИА Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за ...
Денеска (01.08.2026) полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција. Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, ...
Индустриското производство расте, долгот се намалува. Државната статистика објави дека производството во јуни во однос на претходниот месец е зголемено за 6,5% додека во споредба со претходната година растот изнесува близу 1 отсто. Најголем пораст има во преработувачката индустрија , а во секторите рудаство и снабдување со енергија забележан е пад. Статистичките бројки премиерот ги оцени како добра вест за граѓаните, но лоша за опозицијата ...
Лидерите на 22 земји-членки на Европска Унија, на иницијатива на Италија и на Данска, бараат итен и единствен одговор на мигрантскиот бран во Сеута. Тие во писмото испратени до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ бараат да се одржи итна видеоконференција на министрите за внатрешни работи, на која ќе се процени ситуацијата и ќе се дефинираат координирани мерки. Тоа подразбира брза мобилизација на достапните ...
Шпанија ги врати речисите сите 60 000 луѓе кои во четвртокот од Мароко нерегулено по копно и преку море влегоа во шпанската северноафриканска енклава Сеута за да стигнат до ЕУ, соопштија шпанските власти. Според нивнте податоци најмалку 57 лица ги загубија животите обидувајќи се да ја преминат границата и да стигнат до Сеута. Премиерот Педро Санчез изјви дека владата целосно ја вратила контролатаа на границата и спречила какво било ...
На 31.07.2026 во автокамп лоциран на охридското крајбрежје, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид слобода е лишен В.С.(39) од Скопје. При претрес во камп приколка и во дворното место, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети. По целосно документирање на ...
Денеска (01.08.2026) во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом на А.Р. во Кочани, при што пронајдени и одземени се над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана. А.Р. е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик. Денеска (01.08.2026) во Кочани, полициски ...
Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти и современите технолошки решенија што денес се применуваат во рударството. Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот ...
На 31.07.2026 во ПС Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека на 31.07.2026 околу 12:40 часот, во угостителски објект во Струмица со остар предмет ја нападнал неговата поранешна 34-годишна сопруга и и нанел повреда во пределот на лицето, по што се дал во бегство, но по кратко време самиот се пријавил во Полициската станица Струмица. При извршено мерење со ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај. - Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција и посветената работа на екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, првиот дел од ...
Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5 проценти или, ако се земе вториот квартал, е 4 ...
Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. - Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог - ...
Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд е значително понизок во однос на времето кога беше пикот, информира денеска Министерството за здравство. - На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани ...
Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. - Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и ...
До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. - Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар присуствуваше на доделувањето на клучевите за новите 47 социјални станови, со што беше означено пуштањето во употреба на новиот станбен објект наменет за повеќе семејства. Мицкоски им посака на корисниците на становите здравје, среќа и домовите да им бидат место за мир и сигурност, најавувајќи дека Владата ќе продолжи со инвестиции во вакви проекти. - За мене претставува посебна чест и ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Дебар изјави дека доделувањето на 47 нови социјални станови претставува значаен чекор во обезбедувањето достоинствени услови за живот за најранливите категории граѓани. - Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории ...
Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво. Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти. Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 проценти), куќите со 235 (11 ...
Американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на викендот масовни напади врз Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура. – Јас многу силно ќе го нападнам и знаете, во одреден момент тие ќе кажат: Едноставно не можеме повеќе да издржиме, изјави Трамп на средбата со својот кабинет во претседателската резиденција Кемп Дејвид. Подоцна „Волстрит џурнал“ објави дека Трамп наредил нов напад со ...
По големиот мигрантски бран врз Суета, стотици мигранти вчера се обиделе од Мароко да влезат во шпанската енклава Мелиља. Околу 500 лица се обиделе да влезат во Мелиља, но биле спречени од шпанските безбедносни сили. Два часа подоцна мигрантите се обиделе да ја пробијат граничната ограда. Мигрантите фрлаа со камења кон безбедносните сили, кои одговорија со солзавец. Сè уште е непознато дали некој од мигрантите успеал да влезе во Мелиља. ...
Мигрантската криза во шпанската енклава Суета повторно ги зголеми тензиите помеѓу Шпанија и Израел, а според Мадрид истата е дел од поширока геополитичка борба. Изјавата на шпанската политичка аналитичарка Каролине Алонсо дека Израел се обидува да ја ослабне владата на Шпанија поради нејзиниот став кон војната во Појасот Газа предизвика меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим. Според неа, барањето на Италија, Шпанија привремено да се ...
Над 300 пожарникари интервенираат во големиот пожар што избувна вчера наутро во областа Виотија во централна Грција, што сè уште не е ставен под контрола, а во текот на ноќта од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за превентивна евакуација на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна вчера наутро и поради силниот ветер, што сè уште дува во областа, огнената стихија брзо се прошири и утрово се ...
Премиерот Еди Рама објави дека Албанија ќе распореди интелигентни дронови од домашно производство за безбедност на воздушниот простор за време на самитот на НАТО, што ќе се одржи во Тирана следната година. Тој додаде дека владата нарачала напреден систем за воздушна одбрана, што се очекува наскоро да пристигне во Албанија. – Како што ветивме, одбраната на небото за самитот на НАТО, каде што ќе биде присутен и претседателот на САД, Доналд ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар ќе присуствува на доделување на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, без разлика на правниот статус на нивните ...
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре. Владината прес-служба вечерва соопшти дека одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...
Во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска ќе се одржи свечена промоција на новите полициски службеници од генерацијата 2025/2026 година. Како што информираа од МВР, обраќања на настанот ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и помошник министерот на Полициската академија Влатко Митковски. МИА Во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска ќе се ...