Вредноста на макeдонската минимална плата – највисока во регионот и поголема од 7 земји членки на Унијата. Евростат ги објави податоците за минималните бруто заработки на земјите членки, но и на кандидатите. Бројките покажуваат дека минималната бруто плата кај нас изнесува 624 евра и за 10 години се зголемила за 388 евра, односно во 2016-та изнесува 236 евра. Ако се спореди по куповната моќ, според мерењата на Евростат Македонија е пред ...

Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 80 долари за барел, поттикнати од навестувањето дека се преговара за деблокада на Ормуска Теснина. На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 поевтина од вчера. Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 76,18 долари односно за 4,16 долари помалку во споредба со вчера. Берзите на почетокот од неделата се смирија откако ...

Кризата со шумските пожари во Грција не се смирува. Високите температури и силните вретови им ја отежнуваат работата на пожарникарите. Пламените јазици голтаат се пред себе, предизвикувајќи итни евакуации на повеќе населени места. „Не е убаво, ужасно е чувството кога градиш нешто со толку многу труд, а кога не се лесно да се дојде до пари. Беше толку многу труд, а кога се грижиш за својот имот, за својата земја, не е убаво.“, изјави ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...

Полицијата го расчисти насилниот настан во Гостивар, откако на социјалните мрежи беше објавено видео од тепачката. На 2 август, 22-годишниот А.В. пријавил дека истиот ден околу 2:30 часот на улицата „Борче Јованоски“, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од тројца мажи, кои употребиле тврди и дрвени предмети. По преземените мерки и координација со јавен обвинител, полицијата ги идентификувала сите тројца учесници. Двајца од ...

Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. -Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...

Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места. Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој показател, Македонија со 1.142 ...

На 04.08.2026 во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Р.Џ. (24) од Скопје, кој бил пријавен од неговата 41-годишна мајка дека на 03.08.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом во Тетово, физички ја нападнал, а употребил и тврд предмет. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 04.08.2026 во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од ...

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото ...

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелира до граѓаните и институциите да преземат мерки за заштита на животните за време на актуелниот топлотен бран и екстремно високите температури. Од здружението предупредуваат дека високите температури претставуваат сериозен ризик за бездомните животни, животните што се чуваат на отворено, фармските животни и оние што се користат за работа, како коњите и магарињата. Посочуваат дека ...

Од околу 30 пожари кои биле регистрирани вчера на отворен простор на разни места низ државата, пожарот во Кавадаречко бил најтежок за интеревенција и се очекува до крајот на денот, да биде изгаснат во целост, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на заедничката прес-конференција со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. -Во текот на вчерашниот ден имавме околу 30 пожари на отворен простор, неколку од ...

На 03.08.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу Р.М.(59), Р.Р.(27) и Р.Р.(25) од една страна и М.Р.(32), Л.Р.(26) и Б.Р.(30) од друга страна, сите од Скопје, а биле употребени и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 03.08.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, бил нарушен јавниот ред и мир ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“, со кои, според наводите, е оштетен Буџетот на Република Северна Македонија за вкупно 7.211.359 денари. Како што информираат од Управата за финансиска полиција, првопријавениот М. Д. во ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.07.2026 до 31.07.2026 зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. ...

Министерството за здравство денеска соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Вкупно 78 прегледи се регистрирани вчера, што е за шест помалку споредено со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска ...

Од полноќ за два денари поевтинуваат бензините, а дизелот се зголемува за еден денар. Нова, поскапа цена за половина денар ќе има и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според ова, максималната малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 91 денар за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 93 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ ќе биде 99,5 денари за литар, а Екстра ...

Група од 25 американски сојузни држави вчера поднесоа тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради царините воведени за 60 трговски партнери. САД неодамна воведоа 10 и 12,5 процентни царини на увозот од 60 трговски партнери, обвинувајќи ги дека не вовеле и ефикасно не спроведуваат забрани за увоз на производи изработени со принудна работа. Подносителите на тужбата, инаку држави предводени воглавно од ...

Шумските пожари кои веќе трет ден горат на периферијата на Спокен во американската сојузна држава Вашингтон уништија најмалку 700 објекти и принудија 64.000 луѓе на евакуација, соопштија денеска локалните власти. Три пожари во областа се прогласени за највисок приоритет за гаснење во САД, вклучително и пацифичкиот северозапад, кој е погоден од суша, каде голем број пожари веќе со недели горат и го влошуваат квалитетот на воздухот во ...

Бројот загинати во двојните земјотреси што ја погодија Венецуела кон крајот на јуни се искачи на повеќе од шест илјади. Според најновите податоци на претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, досега се потврдени 6.125 жртви. Се очекува бројот на загинати дополнително да расте, бидејќи според неофицијални проценки меѓу 17.000 и 29.500 лица се уште се водат како исчезнати. Родригез изјави дека расчистувањето на урнатините ...

Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД. За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз. САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска ...

Стотици грчки пожарникари се борат северозападно од Атина четврти ден откако пожарот поттикнат од силни и непредвидливи ветрови уништи домови, борови шуми и илјадници хектари обработливо земјиште, принудувајќи итни евакуации на села и населби. Во текот на вчерашниот ден пламените јазици опасно се приближуваа кон домовите и се протегаа низ ридовите. Повеќе од 400 пожарникари и 21 авион беа распоредени и активно учествуваат во справувањето со ...

Вештачката интелигенција сè почесто станува „соговорник“ за младите кои имаат проблеми, стравови или емоционални тешкотии, покажува ново истражување објавено во JAMA Pediatrics. Ново истражување во САД покажува дека 19,2% од младите на возраст од 12 до 21 година користеле AI чет-бот за совети поврзани со менталното здравје. Тоа е значителен пораст во однос на 2024 година, кога процентот бил 13,1%. Особено интересен е податокот што 63,3% од ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според прогнозата ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати). Според ЦУК, изгаснати се следните пожари: Општина Бутел – ул. ...

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Драматичен пад на цената на суровата нафта на светските берзи во пресрет на седницата на Регулаторната Комисија за енергетика која, поради денешниот празник, утре ќе носи одлука за нови цени на горивата. Од отворањето на берзите суровата нафта се тргува помеѓу 82 и 84 долари за барел. Ова е сигнал за можен пад на цените на горивата. Такви очекувања во текот на минатата недела имаше и премиерот Мицкоски, кој кажа дека неделава ќе се направи ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека иранското раководство е „неверојатно лицемерно“. Неговата објава на „Трут соушл“ уследи откако Техеран демантираше дека денеска ќе се одржи нов круг разговори со ирански претставници за завршување на војната. Трамп наведе дека поради планираната средба ги откажал нападите врз Иран. - Иранското раководство е неверојатно лицемерно. Тие бараат средба, некои дури би рекле и дека молат за ...

Пожарот во кавадаречкиот регион и натаму е активен, а негово целосно ставање под контрола во текот на вечерта не е можно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој додаде дека огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки. Ангелов истакна дека кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во ...

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска се хоспитализирани на Kлиниката за инфективни болести. Расте бројот на пациенти кои се јавуваат на клиника со воспаление на мозокот за кои сомнежот е дека се последица на оваа инфекција. Се прават дополнителни испитувања но според клиничката слика и симптомите со кои се примени во клиниката укажуваат на западно нилска треска која ја пренесуваат заразените комарци. На инфективната клиника со ...

Пожарот во кавадречко повторно е реактивиран и проширен на тешко пристапен терен, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој додаде дека два „ер трактори“ на ДЗС започнале со дејство. На лице место е и градоначалникот на Кавадарци Јанчев, информира Ангелов. Јанчев, пак, на Фејсбук објави дека поради високите температури и силниот ветер, пожарот во околината на село Раец повторно се разгорел и ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
44%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
5.8
52%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.18
76%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.19
48%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.77
48%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.0
87%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.47
41%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.61
52%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.08
38%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
5.81
56%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
1.79
42%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Алуминиум

3.34

Цинк

0.00

Паладиум

43853.62

Злато

141498.65

Калај

56.16

Сребро

2102.98

Платина

56328.11

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Бакар

13.36

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29