
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Русија запре со испораките на гас во Европска Унија преку Украина во раните часови на новата година откако истече петгодишниот договор за транзит помеѓу украинската компанија „Нафтогаз“ и рускиот енергетски гигант „Газпром“. Единствените европски држави кои ќе продолжат да добиваат руски гас се Србија, Унгарија и Турција, но преку гасоводот „Туркстрим“ во Црното Море. Володимир Зеленски порано кажа дека „Украина нема да дозволи Русија да ...
Германската полиција уби маж кој украл багер во јужната сојузна покраина Баден-Виртемберг и одбил да запре. Полицијата во прв момент објави на Икс дека постои можност тој да тргне во поход со возилото што го украл од една градежна компанија, каде што предизвикал штети. Весникот „Билд“ објави дека 38-годишниот маж го возел багерот од Гринсфелд до Таубербишофсхајм во Баден-Виртемберг и запрел дури откако бил застрелан и починал на самото место. Во ...
Руската енергетска компанија „Газпром“ кажа дека ќе пумпа намалени количини гас кон Европа преку Украина денеска, на последниот ден од договорот кој овозможи гасот непречено да тече за време на војната. Отфрлајќи ја можноста за изненадувачки нов договор, се очекува протокот на рускиот гас да запре на 1 јануари, кога истекува петгодишниот договор за транзит склучен помеѓу Русија и Украина. Со тоа ќе заврши некогаш речиси комплетниот монопол на ...
Треба да се внимава и со исхраната и пиењето за време на празниците и да се обрне внимание на правилна хидратација, се дел од препораките на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Велат, ова „опуштање“, за жал, не е „ајде, само денес“, туку трае околу триесет дена. Слатките пијалаци кријат кисела вистина, вели Институтот. Пиењето вакви пијалаци е една од главните причинители за зголемената преваленца на дебелина, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни ...
Двајца мажи се пронајдени мртви во зафрлена шума додека биле во потрага по Сасквач, митско суштество познато и како Бигфут, објавија властите на американската сојузна држава Вашингтон. Телата на двајцата мажи од Портланд се пронајдени по тридневна потрага, која почна на Божиќ откако член на семејството пријавил дека тие не се вратиле од националната шума Гифорд Пинчот, каде што барале доказ за постоењето на Бигфут. Во потрагата, која се одвивала ...
Скопското обвинителство и Финансиската полиција нашле докази против поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски и уште 7 лица: три од Бирото за јавни набавки и уште 4 лица од Државната комисија за жалби по јавни набавки дека од јануари до јули 2022 година, со незаконски тендер и неколку анекси на договорот за јавната набавка, на фирма, ѝ овозможиле таа да стекне незаконска имотна корист од 622.981.190 денари. Тие се осомничени за злоупотреба ...
Светската популација се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во 2024 година и ќе има 8,09 милијарди луѓе на Нова година, според проценките на Бирото за попис на САД. Зголемувањето од 0,9% во 2024 беше мало забавување во однос на 2023, кога светската популација порасна за 75 милиони луѓе. Според проценките, во јануари 2025 во светот се очекуваат 4,2 раѓања и 2,0 смртни случаи секоја секунда. САД пораснаа за 2,6 милиони луѓе во 2024, а населението ...
Кинескиот претседател Шји Џинпинг рече дека Кина и Русија секогаш оделе напред „рака под рака“ на вистинскиот пат, објави официјалната кинеска новинска агенција Хсинхуа, неколку месеци откако двете земји постигнаа „стратешко партнерство во нова ера“ за клучните прашања. Двајцата лидери во мај се согласија да ги продлабочат билатералните врски и да соработуваат на области од взаемен интерес, како што се Тајван, Украина и заедничкиот ривал САД. ...
Јужнокорејските власти ја засилија истрагата за падот на авионот на „Џеџу ер“ викендов, додека семејствата на загинатите ги притискаат да дадаат повеќе информации за најсмртоносната авионска несреќа во историјата на земјата. Авионот „боинг 737-800“ се излизга од пистата при слетувањето на аеродромот „Муан“, по што удри во ѕид и се запали. Притоа загинаа сите 175 патници и четворица од шестемина членови на екипажот. Министерството за транспорт ...
Кинески хакер спонзориран од државата упаднал во системите на американското Министерство за финансии, пристапувајќи до работните станици на вработените и некои некласифицирани документи, соопштија американските власти. Упадот се случил на почетокот на декември и беше јавно објавено во писмо напишано од Министерството за финансии до пратениците во кое ги известија за инцидентот. Американската агенција го окарактеризира прекршувањето како „голем ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се противи на распоредувањето на западни мировни сили во Украина како дел од каков било договор за крај на речиси тригодишната војна. Францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот премиер Доналд Туск овој месец ја предложија идејата за распоредување странски трупи за да се спроведе потенцијален мировен план помеѓу Русија и Украина. Во интервју за новинската агенција ТАСС ...
Деца со посебни потреби заедно со амбасадорката на САД Анџела Агелер денеска го посетија стационарот за бездомни кучиња „Лајка“. Децата се дружеа со кучињата кои чекаат посвојување. „Целта ни е да ја заокружиме 2024 година, во топлина, дружење и љубов, со деца и човековиот најверен пријател, кучињата. Нашата новогодишна желба е да создадеме хумано општество кое ги прифаќа сите, луѓето и животните, свет во кој се препознаваат различностите и се ...
Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на 14-годишниот Коста Кецмановиќ кој лани изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, се прогласени за виновни на крајот на судењето во Белград. Владимир Кецмановиќ доби казна од 14 години и шест месеци затвор, додека неговата сопруга е осудена на три години затвор. Затворска казна од една година и три месеци доби Немања Маринковиќ, инструкторот во стрелиштето каде што Коста учел ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека уште некое време ќе има лица кои даваат информации за полициските акции, нарекувајќи ги кртови, но додаде дека тие ќе бидат пронајдени и ќе одговараат „како глувци“. „Кртови ќе се појавуваат уште некое време, сѐ додека имаме рецидиви од седумгодишното управување со Владата и институциите на претходната Влада и претходната коалиција. Но тие кртови, ќе бидат пронајдени и извадени од дупките во коишто се ...
Кајакарот Ангелче Петрушев е спортист на Велес за 2024 година. Тој го освои шестото место на Европското првенство во Словенија, што е највисокиот пласман на еден македонски кајакар на големо натпревaрување. Петрушев го доби ова признание од градот и во 2019 и 2022. „Моите планови за наредната година се да го повторам овој резултат во сениорска, но и медал во конкуренција на кајакари до 23 години, каде што исто така веслам. Затоа веќе три месеци ...
Советниците на Општина Тетово на денешната седница го усвоија буџетот за 2025 година. Во експозето, градоначалникот Касами рече дека буџетот изнесува 48,5 милиони евра, дека е развоен и дека значителни средства ќе одат на капитални инвестиции. Сега, тој уверува дека финансирањето на невладината организација Академија на Албанците нема да оди од буџетот, туку за таа намена ќе се изнајдат средства од други извори. „Што се однесува за Албанската ...
Секаде во регионот се проблем човечките ресурси, посебно во здравството, таква е состојата и во Словенија, Хрватска кои бараат лекари, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари, на средба со медиумите. На новинарска реакција дека од Здруженијата на матични лекари рекоа оти за една деценија 400 лекари се пензионирале, дека никој млад доктор не сака да биде матичен лекар, министерот рече дека како Влада може да ги подобрат условите и ...
На Клиниката за психијатрија во склоп на Дневната болница веќе функционира Кабиент за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет зависност, злоупотреба на алколол и психоактивни суптанци и ќе биде проширен на „Мој термин“, најави денеска директорката д-р Славица Арсова. Денеска беше промовиран целосно реновираниот прв кат на Клиниката за психијатрија во Скопје, со нова фасада, нов кров и нова фасадна столарија на клиниката. ...
Кровот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче, во Општина Липково, ќе се покрива со византски тип ќерамиди, откако пред две години вандали ги украдоа плочите од олово од кровната површина и на првата платформа над вратите. Ова го најави директорката на Националниот конзерваторски центар Цветанка Хаџи-Пецова, која заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, беа во посета на црквата „Свети Ѓорѓи“ ...
Кровот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче, во Општина Липково, ќе се покрива со византски тип ќерамиди, откако пред две години вандали ги украдоа плочите од олово од кровната површина и на првата платформа над вратите. Ова го најави директорката на Националниот конзерваторски центар Цветанка Хаџи-Пецова, која заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, беа во посета на црквата „Свети Ѓорѓи“ ...
Тетовските оџи и џамиските одбори од Тетовското муфтиство се противат на одлуката донесена од реисот на Исламската верска заедница Хаџи Хадис Шаќир Ефенди Фетаи, со која се назначува нов муфтија на Тетовското муфтиство. Велат дека одлуката, со која беше разрешен дотогашниот тетовски муфтија и назначен нов, била незаконска и неуставна според уставот на ИВЗ и бараат таа да се повлече бидејќи така сакало мнозинството во Тетовското муфтиство. ...
Вишото јавно обвинителство на Нови Сад покрена обвиненија против 13 лица, вклучувајќи го бившиот министер за транспорт и градежништво Горан Весиќ, поради уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 луѓе. Меѓу обвинетите се и бившите генерални директори на јавното претпријатие „Инфраструктура железница Србија“ Јелена Танасковиќ и Небојша Шурлан и бившата помошничка на Весиќ, Анита Димовски. Тие се ...
Обвинителството бара притвор за четири лица и предлог за мерки за претпазливост за едно лице од вкупно десетмина осомничени дека учествувале во криумчарење украдени возила и фалсификување исправи и службени исправи. Од осомничените еден не е достапен на органите на прогонот и за него притворската мерка ќе започне да се применува откако ќе биде најден и лишен од слобода. „Дополнително, за едно лице од осомничените во вчерашната акција веќе е ...
Еден турист загина, а друг е повреден во напад на ајкула во Црвеното Море покрај брегот на Египет. Тамошното министерство за животна средина објави дека инцидентот се случил северно од Марса Алам, одморалиште во источен Египет популарно кај нуркачите. „Инцидентот се случи во длабоки води надвор од означените области за пливање“, кажаа од министерството. Властите само кажаа дека жртвите се странци, додека извор од италијанското министерство за ...
Привремениот јужнокорејски претседател Чои Санг-мок нареди вонредна безбедносна инспекција на целокупното работење на авиокомпанијата „Џеџу ер“, ден по најтешката авионска несреќа во земјата, во која загинаа 179 луѓе. Авионот на „Џеџу ер“ се запали откако удри во ѕид веднаш по слетувањето на меѓународниот аеродром „Муан“ на југот на земјата, при што преживеаја само двајца луѓе. Претседателот Чои нареди истрага откако денеска уште еден авион на ...
Почина Џими Картер, фармерот на кикирики кој ја освои претседателската функција по скандалот Вотергејт и Виетнамската војна, претрпе смирен пораз по еден бурен мандат, а потоа го редефинира животот по Белата куќа како глобален хуманитарец. Имаше 100 години. Најдолговечниот американски претседател почина денеска, повеќе од една година откако влезе во дом за нега, во неговиот дом во гратчето Плејнс, Џорџија, каде тој и неговата сопруга Розалин, ...
Aктуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ, кој е поддржан од СДП и нејзините партнери, и кадидатот на ХДЗ Драган Приморац одат во вториот круг на претседателските избори во Хрватска што ќе се одржи на 12 јануари. Според нецелосните резултати по обработени 98,65 отсто избирачки места, Милановиќ води со освоени 49,20 отсто, а Приморац 19,43 отсто од гласовите. На изборите за претседател на државата во првиот круг кандидати беа и Миро Буљ ...
Одржување избори во Сирија би можело да има дури по четири години, изјави де факто лидерот на Сирија Ахмед ал Шара во интервју за „Ал Арабија“, што е првпат да коментира за можниот распоред за избори откако Башар ал Асад беше соборен овој месец. Подготвувањето на новиот Устав може да потрае до три години, рече Шара во делови од интервјуто со саудиската државна телевизија. Тој рече и дека ќе биде потребна околу една година за Сиријците да видат ...
Американскиот милијардер Илон Маск денеска беше критикуван од германските политичари од владата и опозицијата за колумната што го напиша за поддршка на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), и сметаат дека тоа е „натрапничко“ надворешно влијание. Поддршката на АфД од Маск, кој во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе бие надворешен советник, е во време кога Германија распиша избори за 23 февруари откако ...
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска изјави дека патничкиот авион што се урна на 25 декември, при што загинаа 38 лица, бил оштетен со пукање од земја во Русија, и рече дека некои во Русија лажеле за причината за катастрофата. Претседателот Владимир Путин вчера му се извини на Алиев за „трагичниот инцидент“ во рускиот воздушен простор, откако руската противвоздушна одбрана стрелаше во украински беспилотни летала. Во соопштението на ...