
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Канадскиот премиер Џастин Трудо би можел да поднесе оставка во следните денови, објавија тамошните медиуми. Тој размислувал да се повлече од лидерската позиција во владејачката Либерална партија, што ќе стави крај и на неговите девет години како премиер. Канадската влада е во криза и минатиот месед оставка поднесе министерот за финансии, а популарноста на Трудо опадна кај гласачите. Анкетите предвидуваат пораз на Либералите на парламентарните ...
Здружението на новинари на Македонија бара Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и темелна истрага за запаленото возило на дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК од Охрид Сузана Вренцовска. Возилото беше запалено синоќа околу 21:30 часот во дворот на семејната куќа на Вренцовска, во гаражата каде што било паркирано. Како што велат од ЗНМ, според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт. Од ЗНМ велат ...
Коледарски оган вчеравечер беше запален и во Пациото во Завод и музеј во Битола, кое пред година и пол беше реконструирано преку проект за прекугранична соработка, финансиран од ЕУ и Министерството за локална самоуправа. Директорот на Завод и музеј Зоран Николовски вели дека огнот го запалиле со поставена изолација за да не дојде до никакво оштетување на Пациото. „Сакавме со вработените да се одбележи коледарската традиција. Поставивме целосна ...
Општина Центар почна со реконструкција на спортската сала „Работнички“ во Градски парк. Се очекува салата да биде комплетно завршена до крајот на годинава и пуштена во употреба. Минатата недела се демонтираше кровот и почна да се поставуваат нов кров и нова фасада. „Реконструкцијата се одвива според предвидената динамика. Во првата фаза, до март, планираме да поставиме нови кров и фасада, како и комплетно реновирање на канцелариските простории ...
Со најновите измени на Законот за електронски документи донесени на собраниската седница на 27 декември, граѓаните ќе може да си извадат, т.е. симнат и испечатат документи од електронска форма и притоа ќе им важат како оригинали, како да ги извадиле на шалтер. Притоа, ќе се внимава на злоупотреби и фалсификати, преку кјуар (QR) код кој ќе биде на испечатениот лист, а кој ќе мора институциите, односно примателите на документот, задолжително да го ...
Русија денеска објави дека нејзините сили го освоиле важниот логистички центар Курахове во источна Украина, што би бил значаен напредок по неколку месеци жестоки борби во оваа област. „Руските единици целосно го ослободија градот Курахове, најголемото населено место во југозападен Донбас“, напиша руското министерство за одбрана на Телеграм. Курахове, кој пред војната имал 22.000 жители, се наоѓа 32 километри јужно од Покровск, уште еден важен ...
„Емилија Перез“ доби четири, а „Бруталист“ три златни глобуси, поведувајќи во трката за Оскари. Нискобуџетниот „Бруталист“, кој следи маж кој го преживеал Холокаустот и доаѓа во Америка за да биде архитект, е прогласен за најдобра драма, а ги освои и наградите за најдобар актер (Ејдриен Броди) и за најдобар режисер (Брејди Корбет). „Ова е приказна за човечкиот капацитет за создавање. Се надевам дека филмот ќе ги инспирира оние што се имигранти“, ...
Охридските сопственици на помали бродови и чамци велат дека не се задоволни од заработката за новогодишните празници. „Послаба е сезоната, сме имале и повеќе туристи во овој период кои биле заинтересирани за прошетка по вода. Работава оди оди, па застанува, но сепак ова се реални цени со оглед на трошоците“, ни рече еден од капетаните на помал брод на охридскиот кеј. Цената за лице за возење во Свети Наум чини 25 евра, а турите тргнуваат секое ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го потпишала Указот за прогласување на Законот за заштита на децата со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. За првото вето на претседателката се дозна од соопштение на опозициската СДСМ, која што го поздрави потегот на Сиљановска-Давкова и ја повика владејачката ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од овие законски измени. „Го поздравуваме непотпишувањето на Указот од страна на ...
Грчката влада прогласи четири дена на национална жалост по смртта на поранешниот премиер Костас Симитис, а ќе се одржи и државен погреб во чест на неговата оставштина. Симитис, кој беше премиер и лидер на ПАСОК од 1996 до 2004 година, и во тој период Грција влезе во еврозоната. Симитис почина денеска во неговиот дом на Пелопонес, на возраст од 88 години. Премиерот Кирјакос Мицотакис го опиша Симитис како „благороден политички противник“ и ...
Украина почна нова офанзива во рускиот регион Курск, вели руското Министерство за одбрана. Во соопштение, руската војска вели дека се во тек напори за уништување на украинските офанзивни групи. Украински функционери, исто така, сугерираа дека се спроведува операција во Курск. Украина првично почна операција во Курск во август минатата година и успеа да зазеде голема територија. Но, во текот на изминатите месеци, руските сили напредуваа во ...
Унгарската авиокомпанија „Визер“ се повлекува од аеродромот во Салцбург, Австрија, со што се укинуваат линиите до Скопје, Букурешт и Лондон, објавија локалните медиуми. Според извештаите во австриските медиуми, линиите за Скопје и Букурешт ќе бидат укинати од 10 јануари, а летовите за Лондон ќе бидат укинати од 22 февруари. Една од причините за повлекувањето на „Визер“ се трошоците за аеродромски такси, вели портпаролот на аеродромот во ...
Изненадувачката посета на италијанската премиерка Џорџа Мелони на избраниот американски претседател Доналд Трамп траеше неколку часа. Таа пристигна во Мар-а-Лаго во Флорида околу 1.30 часот по средноевропско време и замина четири часа подоцна. Мелони е една од првите лидери на земји од ЕУ кои се сретнале со Трамп по неговиот реизбор. Од светските лидери, на средба со Трамп во Флорида беа Аргентинецот Хавиер Милеи и Канаѓанецот Џастин Трудо, ...
22-годишник од Гостивар е осомничен за силување 13-годишно девојче, соопшти Основното јавно обвинителство Гостивар. Станува збор за кривично дело од член 188 став 1 од Кривичниот законик, поврзано со силување дете кое не наполнило 15 години. Од обвинителството велат дека осомничениот и жртвата се запознале преку апликацијата Снепчет, а потоа почнале и да се гледаат. „Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со него, осомничениот вршел ...
Ученик од општинското основно училиште „Свети Климент Охридски“ од Миравци бил дискриминиран од наставничката, директорката, педагогот, зашто неговата фризура не им се допаѓала. Не помогнале ни убедувањата од детето дека фризурата е модерна и оти неа ја носат и соиграчи од фудбалскиот клуб каде што тренирало. Расплакано, самото со ножици ја испосекло косата во знак на револт и така отишло на училиште. Мајката ова малтретирање го пријавила во ...
Претседателот на Транснистрија Вадим Красноселски апелираше до граѓаните да горат дрва за да се згреат и предупреди дека неизбежни се рестрикции на струја, откако Русија ги прекина испораките на гас преку Украина. Красноселски, лидер на отцепениот молдавски регион, кажа и дека 1.500 згради се без греење и топла вода и речиси 72.000 приватни домови немаат гас. „За среќа, нашиот регион е богат со дрва. Имаме резерви“, кажа тој, охрабрувајќи ги ...
Украински војници пристигнаа во Грција со траги од војна, еден со лузна на главата, друг со две ампутирани нозе над колената, некои со невидливи ментални рани од тригодишниот конфликт во нивната татковина. 22-цата војници патуваа со автобус над 1.000 километри од украинскиот град Лвив до манастир на полуостровот Атос (Света Гора) во северна Грција, со надеж дека ќе избегаат од сеќавањата на бојното поле. Станува збор за програма за психолошка ...
Експресниот пат Страцин-Крива Паланка беше официјално пуштен во употреба денеска, со што патувањето од Куманово до Крива Паланка се крати од еден час на 40 минути. Овој пат почна да се гради во мај 2018 година и е дел од Коридорот 8 со должина од 25,5 километри. Вкупната инвестиција е 93,7 милиони евра од кои 80,2 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,5 милиони евра. На експресниот пат има ...
Јапонката Томико Итока, признаена како најстар човек на светот од Гинисовата книга на рекорди, почина на 116 години. Итока почина во старечки дом во градот Ашија, според локалните власти. Таа стана најстариот човек на светот во август 2024 година, кога почина Шпанката Марија Морера на 117 години. „Госпоѓата Итока ни даваше храброст и надеж низ целиот нејзин живот. Ѝ благодариме за тоа“, кажа градоначалникот на Ашија Ријосуке Такашима во ...
Затворањето на мостот на Вардар кај Башино село ќе предизвика зголемување на транспортните трошоци, а со тоа и поголеми расходи во работењето на фирмите во Велес. Ова беше кажано на средбата помеѓу градоначалникот Марко Колев и службите од локалната власт со стопанствениците од градот. „Сообраќајот на тешките возила ќе се одвива од 22 до 6 часот. Баравме до 7, но ни беше речено дека од 7 часот децата почнуваат да одат на училиште и не е добро ...
Ученик од општинското основно училиште „Свети Климент Охридски“ од Миравци бил дискриминиран од наставничката, директорката, педагогот, зашто неговата фризура не им се допаѓала. Не помогнале ни убедувањата од детето дека фризурата е модерна и оти неа ја носат и соиграчи од фудбалскиот клуб каде што тренирало. Расплакано, самото со ножици ја испосекло косата во знак на револт и така отишло на училиште. Мајката ова малтретирање го пријавила во ...
Јана прооде дури откако ја зедовме, а имаше пет и пол години, сега ќе прави десет и ќе ја чуваме додека сме живи, рече Пенелопе Марковска од Крушево, чие семејство го има згрижено девојчето со Даунов синдром веќе четири и пол години. „Јана ни го промени животот, многу сме среќни. Од душа ни дојде да бидеме згрижувачи. Моите деца посакаа да имаме згрижено дете, синот ми е 30, а ќерката 27 години, мажена е. Јана ни донесе голема радост во ...
Порибување на рибниот фонд е извршено на неколку локации од велешкото риболовно подрачје, во реките Вардар, Бабуна и Тополка. Пуштено е вкупно 280 кила подмладок на крап и на пастрмка. Порибувањето е во рамките на обврските на Здружението на спортски риболовци (ЗСР) „Бабуна“ од Велес кон Министерството за земјоделие и водостопанство. „Се изврши редовно порибување на дел од водите кои се во ревирот на ЗСР ‘Бабуна’ по основ на концесија, а во ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги откажа сите нејзини активности во наредните две недели поради ‘тешка пневмонија’, соопштија од нејзиниот кабинет. Портпаролот Стефан де Керсмекер наведе дека распоредот на Фон дер Лајен е исчистен од активности. Таа требаше да ја посети Варшава за да го одбележи почетокот на претседателството на Полска со Советот на ЕУ на гала церемонија. Фон дер Лајен, исто така, требаше да одржи ...
Судијата нареди Доналд Трамп да биде осуден на 10 јануари во случајот за тајната исплата на 130.000 долари во Њујорк , помалку од две недели пред да положи заклетва како претседател. Судијата во Њујорк, Хуан Мерчан, рече дека нема да го осуди Трамп на затворска казна, условна казна или парична казна, туку наместо тоа ќе му даде „безусловно отпуштање“ и напиша во својата наредба дека новоизбраниот претседател може да се појави лично или виртуелно ...
Главниот лекар на САД Вивек Мурти побара да се стави предупредување на алкохолните пијалаци налик на ознаките на цигарите откако последно истражување откри врска помеѓу пиењето и седум типови рак. Главниот лекар на САД има надзор над американската Служба за јавно здравје и е именуван од американскиот претседател. Мурти кажа дека мнозинството Американци се несвесни за овој ризик кој води до 100.000 случаи на рак и 20.000 смртни случаи во САД ...
Мостот на реката Вардар кај Башино Село за влез во Велес е затворен за сообраќај. Ова го побарал Државниот и инспекторат за сообраќај, откако вчера Градежниот факултет испратил извештај до ЈП за Државни патишта, за нарушена стабилност на мостот. „Овој извештај не можеме да го ставиме во фиока и мораме да преземеме соодветни дејствија. Така, од денес мостот е затворен и за леки возила и за тешки камиони. Во извештајот пишува дека е нарушена ...
Апелациониот судија од Битола Александар Камбовски денеска е избран за нов претседател на Судскиот совет, по оставката на Весна Дамева. За првпат на чело на Советот ќе застане судија кој завршил на Академијата за судии. Досега го воделе судии и членови кои биле избрани во Собранието, односно од мнозинството на политичките партии. Камбовски беше предложен од врховниот судија Исамедин Лимани, а потоа го поддржаа сите членови. Од вкупно 13 присутни ...
Пропаднаа преговорите за формирање нова трипартиска влада во Австрија откако најмалиот потенцијален коалициски партнер се повлече од разговорите. Преговорите се одолжија откако австрискиот претседател Фан дер Белен му го додели мандатот за формирање влада на актуелниот канцелар Карл Нехамер во октомври. Ваквата одлука уследи откако сите партии одбија соработка со крајнодесничарската Партија на слободата, која во септември за првпат победи на ...
Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово и оваа година останаа верни на традицијата, па на вториот ден од Новата година повторно се искачија на вториот по височина врв на Шар Планина, Љуботен висок 2.499 метри, по кој и клубот го носи името. На врвот и оваа година се искачија само неколку најискусни планинари, бидејќи качувањето во зимски услови на Љуботен е многу тежок потфат. „Веќе цел век, планинарскиот клуб ‘Љуботен’ на овој ден ...