Виктор Орбан неодамна кажа дека ќе отвори неколку шишиња шампањ ако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД. Унгарскиот конзервативен популист долго време кажува дека тој и растечкиот број негови сојузници ќе се најдат на победничката страна на историјата со агенди кои се противат на имиграцијата и Украина и се посветени на традиционалните христијански семејни вредности. Победата на Трамп сега им дава голем поттик на оние европски ...

Кандидатката за нов еврокомесар за проширување, Словенката Марта Кос, денеска кажа дека очекува Македонија да го промени уставот, на сослушувањето во Европскиот парламент во Брисел. Таа вели дека не е реално повторно да се преговара за Преговарачката рамка. „Она што е прифатено – треба да биде исполнето. Тоа е предуслов и на тоа ќе работиме со Северна Македонија. Очекуваме земјата кандидатка Северна Македонија да го промени Уставот, како што ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, соопштија од ова обвинителство. Неофицијално, станува збор за шефот на Скопското вишо обвинителство ...

Дупка од шахта со денови стои отворена на новата сервисна улица кај објектот во кој беше сместено поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) во Скопје. Дупката зјае отворена, а за да не пропадне некој поставена е метална шипка која треба да биде предупредување за минувачите и возачите. Улицата на која се наоѓа дупката ја направи летово Општина Центар за пристап до зградите кои се направија во овој дел. Објектот каде беше сместено СЈО сега ...

Генерално, ние дишеме загаден воздух и внатре и надвор, рече денеска ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, пред почетокот на панел-дискусијата „Подобрување на квалитетот на воздухот со цел креирање безбедна, креативна и продуктивна средина за учење“, на кој беа презентирани резултатите од истражувањето за загадувањето на внатрешниот воздух во пет училишта и пет градинки во Куманово, Гостивар, Струмица, ...

Русија се обидува да ги истера украинските сили од Курск со десетици илјади војници во обид да ја поврати територијата што ја изгуби летово, изјави главниот заповедник на украинската војска Олександр Сирски. „Њујорк тајмс“ претходно објави дека Русија ќе тргне во офанзива во овој пограничен регион со 50.000 војници, што ги вклучува и засилувањата од Северна Кореја. „Руските сили се обидуваат да ги изместат нашите трупи и да напредуваат длабоко ...

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека албанската опозиција се обидува на секаков начин да прикажува дека сега сѐе катастрофа, откако тие не се на власт. Изминатов период имаше три смртни случаи на деца на Клиниката за детски болести, и на новинарско прашање дали го добил извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во врска со смртта на 5-годишно девојче, Таравари кажа дека го очекува деновиве и додаде дека не ...

Од 15 до 21 ноември, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржува 49. издание на Млад отворен театар (МОТ). Најавени се театарски настани, претстави и работилници. Ова издание на фестивалот се отвора со минатогодишните победници, театарот „Златен Елец“ и претставата „Хинкеман“, по текст на Ернест Толер, во режија Тамара Стојаноска. Ќе се прикаже и претставата „Без крв“, која е производ на двегодишниот меѓународен проект ...

Владимир Путин понудил целосна поддршка за Африка, вклучувајќи ја борбата против тероризмот и екстремизмот. Неговиот говор беше прочитан од страна на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на самит во Сочи. Неколку африкански држави ги прекинаа врските со традиционалните западни сојузници и се свртеа кон Москва за да се одбранат од честите џихадистички напади. „Односите на Русија со Африка се повеќе се зајакнуваат на сите ...

Доналд Трамп разговарал со Владимир Путин по победата на претседателските избори во САД и го советувал да не ја засилува војната во Украина, изјави добро упатен извор за „Ројтерс“. Тој рекол дека Трамп и Путин разговарале во изминатите денови. Од украинското министерство за надворешни работи рекоа дека однапред не биле известени за ова. „Не ги коментираме приватните повици на Доналд Трамп со другите светски лидери“, изјави Стивен Чеунг, неговиот ...

„Среќни празници“ на палестинскиот режисер Скандар Копти ја освои наградата за најдобар филм „Златен Александар – Тео Ангелопулос“ на 65. Филмски фестивал во Солун која носи и 10.000 евра. Копти, Палестинец кој живее во Јафа, Израел, се прочу со дебито „Аџами“ кое го режираше заедно со израелскиот режисер Јарон Шани во 2009 со кое и тогаш победија во Солун, а освоија и номинација за Оскар за најдобар филм. „Среќни празници“ е комплексна приказна ...

Kомисијата за спречување и заштита при дискриминација утврди случај на политичка дискриминација во областа на работата, работните односи и образованието врз поранешниот директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, Владимир Роме, сегашен професор во школото, од страна на инспектор од Државниот просветен инспекторат. Ова е втор случај во кој Комисијата утврдува политичка дискриминација врз професор од ова училиште од истиот ...

Анестезиологот д-р Јордан Нојков ја доби највисоката општинска награда на Велес „Гемиџии“, која се доделува за животно дело. Тој со своите вложен труд, професионалност, човечност и однос кон пациентите остана запаметен како врвен стручњак, но и голем човек и хуманист. При врачувањето на признанието Нојков беше најавен како „велешка гордост“. „Почитувани сограѓани, јас гордо се чувстувам како велешанец, иако половина живот минав во Скопје. Често ...

Откако претходната власт во два обида неуспешно бараше проектант за нов мост на реката Вардар кај Башино Село, директорот на ЈП „Државни патишта“ Коце Трајановски оптимистички најави дека тие деновиве ќе распишат нов повик. Мостот е во лоша состојба, според стручните проценки. „Мостот на Вардар кај Башино Село е во критична состојба, затоа ЈПДП овој месец ќе објави јавна набавка за проектирање нов мост. Доколку сѐ биде во ред, изборот би бил во ...

Холандските детективи се надеваат дека иновативен холограм ќе им помогне да го решат убиството на млада сексуална работничка што се случи во Амстердам пред 15 години. Бернадет Сабо ја напуштила родната Унгарија кога имала 18 години и заминала за Амстердам, каде што набргу потоа почнала да работи како сексуална работничка во „зоната на црвените фенери“. Родила и син, кој бил даден во згрижувачко семејство. Откако не се појавила во нејзината ...

Деновиве треба да биде познато колку вода од хидросистемот Ѓавато ќе се влева во Дојранското Езеро откако вчера беа ставени во функција три потопни пумпи со капацитет од 200 литри во секунда. Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и раководителот на системот Јован Попов не можеа да прецизираат колку вода од тие 200 литри во секунда ќе завршат во езерото по 22-километарскиот цевковод од Ѓавато кај Богданци до езерото. Признаа ...

Украина денеска ја нападна Москва со најмалку 34 дронови, што е најголемиот напад врз руската престолнина од почетокот на војната и доведе до пренасочување на летови од три градски аеродроми. Противвоздушната одбрана соборила 34 дронови кои летале кон Москва преку окрузите Раменскоје и Коломенски, како и во градот Домодедово, каде што се наоѓа еден од најголемите московски аеродроми, објави руското министерство за одбрана. Градоначалникот Сергеј ...

Огромен број луѓе излегоа на улиците на Валенсија за да протестираат против начинот на кој власта се справува со неодамнешните смртоносни поплави, при што бараа оставка од регионалниот лидер Карлос Масон. Од владата кажаа дека повеќе од 130.000 луѓе се придружиле на протестот, при што се извикуваше „ние сме извалкани со кал, вие сте извалкани со крв“. Демонстрантите ги обвинија локалните власти дека предоцна издале предупредувања за поплава. На ...

Барокната фасада на владината зграда три години стои распадната, со паднати парчиња стиропор. На објектот, за кој беа потрошени 17 милиони евра, се гладаат парчиња железо и дупки. Власта на СДСМ, во чиј мандат почнаа да паѓаат парчиња од фасадата, не спроведе постапка за реконструкција на распаднатите делови. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека ги разгледува сите објекти на кои им треба реконструкција и во наредниот период ќе ...

Штипските пилоти Метотка Стојанов и Драган Јовановски летово два месеца секој ден ги гаснеа пожарите кои ја зафатија целата територија на Македонија. Стојанов е пилот на ер трактор вработен во Дирекцијата за заштита и спасување, а Јовановски е пилот на хелокоптер, вработен во Министерството за внатрешни работи во специјалните хелокоптерски единици. Искусните пилоти со голема пожртвуваност, активно и деноноќно, се вклучија во акцијата со сите ...

На 82 години почина Јанис Бутарис, некогашниот градоначалник на Солун по потекло од Крушево кој се залагаше за нормализирање на односите помеѓу Македонија и Грција. Веста за неговата смрт ја потврди компанијата за производство на вино „Кир-Јани“, што Бутарис ја основа и водеше со неговите двајца синови. Потекнувајќи од винарска фамилија, Бутарис беше еден од најзначајните енолози во Грција. Од 2011 до 2019 беше градоначалник на Солун и по 24 ...

Доналд Трамп се враќа во Белата куќа со исклучително силен мандат откако беше објавено дека победил и во Аризона, последната сојузна држава која го доврши броењето гласови на претседателските извори. Републиканецот на крајот освои 312 електорски гласови, 86 повеќе од Камала Харис, иако во предизборната кампања се предвидуваше една од најнеизвесните трки во историјата на САД. Тој исто така победи во сите седум колебливи сојузни држави, во кои ...

Виш советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кажа дека новата администрација ќе се фокусира на постигнување мир во Украина, а не на враќање територии. Брајан Ланза, стратег во Републиканската партија, кажа дека владата на Трамп ќе побара од Володимир Зеленски „реалистична визија на мирот“. „Ако претседателот Зеленски ни дојде и ни каже дека може да има мир само ако го имаат Крим, тој само ќе ни покаже дека не е сериозен“, ...

Владата напролет повторно ќе распише повик за ваучери за инвертeри, по големиот интерес годинава. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали и догодина ќе се доделат средства за набавка на инвертeри. „Да, апсолутно. Пред да дојдам во Велес имав средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и бев информиран дека за помалку од два дена се поделени ...

Под мотото „Без здравје сè е ништо! Збогум Буково“, граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ преку информативен настан на градскиот плоштад во Охрид ги запозна граѓаните со штетноста од нестандардните депонии и со проблемот на третманот и депонирањето на комуналниот отпад. Екологистите и активистите за заштита на животната средина на денешниот собир побараа од надлежните да ги отпочнат процесите за изградба на регионалната депонија во Новаци како ...

Изјавата на кандидатката за нов еврокомесар за проширување, Словенката Марта Кос, е дадена за потребите на нејзиниот избор на оваа функција, кажа премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Велес по повод 9 ноември, Денот на ослободувањето на градот. Кос пред неколку дена изјави дека од Македонија се очекуваат уставни изјави, ништо повеќе, ништо помалку. „Ја разбирам еврокомесарката. Со нејзината изјава таа требаше да го помине сослушувањето, ...

Тони Тод, американскиот актер најпознат по насловната улога во хорор класикот „Кендимен“, почина на 69 години во Лос Анџелес. Тод остварил повеќе од 200 филмски и телевизиски улоги во речиси четиридецениската кариера, почнувајќи од „Вод на смртта“ на Оливер Стоун, каде што го играше наредникот Ворен. Се истакна и во „Карпа“ со Николас Кејџ, хорор серијалот „Последна дестинација“ и „Врана“ со Брендон Ли. Меѓу бројните серии во кои се појави се ...

Високи американски функционери изјавија дека Вашингтон веќе не може да го прифати присуството на претставници на Хамас во Катар, обвинувајќи ја палестинската група дека ги отфрлила последните предлози за примирје во Газа и договор за заложници. Тие кажаа дека катарската влада се согласила да побара од Хамас да ја затвори својата политичка канцеларија во земјата. Хамас има политичка база во Доха од 2012, наводно на барање на администрацијата на ...

Kомисијата за спречување и заштита при дискриминација утврди случај на политичка дискриминација во областа на работата, работните односи и образованието врз поранешниот директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, Владимир Роме, сегашен професор во школото, од страна на инспектор од Државниот просветен инспекторат. Ова е втор случај во кој Комисијата утврдува политичка дискриминација врз професор од ова училиште од истиот ...

Рускиот генерал Павел Клименко, кој водел единица обвинета дека мачела сопствени војници и убила американски државјанин, загинал во Украина, објавија повеќе руски воени блогери, а потврдило и неговото семејство. Четириесет и седумгодишниот генерал-мајор бил убиен во напад со дрон додека возел мотоцикл во Доњецк. Тој бил заповедник на копнените сили на Петтата одделна механизирана бригада на руската војска, која дејствува во окупираниот дел на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.69
36%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
1.2
38%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.65
34%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
37%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.75
36%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.89
36%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
53%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.31
38%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.79
49%
1015
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
4.02
44%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
31%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.43
36%
1017
Currency

61.525

Currency

54.9881

Currency

73.1796

Currency

35.6426

Currency

39.5037

Currency

65.5444

Currency

7.63169

Currency

0.68868

Currency

0.37382

Currency

0.52117

Currency

1.41766

Currency

0.64544

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15680.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.75

Сребро

1050.28

Злато

104174.99

Бакар

9.39

Паладиум

30060.95

Платина

31335.09

Родиум

172810.26

Цинк

2.69