Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Легендарниот македонски бенд „Леб и сол“ во чија актуелна постава се басистот Бодан Арсовски, клавијатуристот Кокан Димушевски, тапанарот Михаил Парушев и гитаристот Димитар Божиков, со концерт на 26 јуни во античкиот локалитет Хераклеја во Битола, ќе одбележат 50 години постоење. Со концертот ќе се отвори Битолското културно лето „Битфест“. Димушевски рече дека во неговата музичка кариера има три значајни градови: Скопје, зашто таму настана ...
Австрија прогласи три дена национална жалост по денешното пукање во средно училиште во Грац, во кое се убиени девет лица. Десеттата жртва е напаѓачот, кој извршил самоубиство на самото место. „Ова е мрачен ден во историјата на нашата земја. Пукањето во Грац е национална трагедија. Мора да покажеме единство во вакви моменти и да останеме човечни“, изјави австрискиот канцелар Кристијан Штокер. Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер потврди ...
Почесното Рациново признание за ширење на македонската литература и култура во странство го доби проф. д-р Намита Субиото од Словенија, а Оливера Ќорвезироска е добитничка на Рациновото признание за книга на годината, за „Три Марии“, издание на „Арс Либрис“. Оваа одлука денеска ја соопшти жири-комисијата, во состав Илија Велев – претседател и членовите Искра Тасевска-Хаџи-Бошкова и Игор Крајчев. Наградата се доделува како дел од содржините на ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски верува дека ќе добие уште еден мандат и најавува дека догодина ќе стартува изградбата на новата општинската зграда. Сега општинарите работат во старите бараки, а со проектот кој се изработува се планира на нивно место да има две згради и подземен паркинг на две или три нивоа. „Недозволиво е во Центар администрацијата да работи во вакви лоши услови како сега. Општината го доби земјиштето во ...
Скоро 38 милиони евра заработиле фирмите поврзани со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, дел од нив и наменски формирани за незаконски поврат на ДДВ од државата со купи-продај недвижнини само на хартија, без претходна физичка уплата. Потоа ги переле тие огромни суми пари кои УЈП им ги враќала како ДДВ од „купопродажните“ меѓусебни активности на тие фирми. Од 4.000 до 20.000 евра метар квадратен чинел деловниот простор кој фирмите меѓусебно ...
Русија го изведе еден од најголемите напади врз Киев досега, предизвикувајќи штети во седум од десетте градски окрузи. Властите кажаа дека едно лице загина. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Русија лансирала 315 дронови кон Украина ноќеска, при што има двајца загинати во Одеса, каде што биле погодени станбени и болнички објекти, вклучувајќи породилиште. „Ноќешниот напад врз Киев беше еден од најголемите од почетокот на војната“, рече ...
Верниците и туристите со години чекаа да се завршат административните постапки за заштита на црквата во Курбиново, па да заврши конзервацијата на ѕидното сликарство во внатрешноста, а сега чекаат да се најде човек кој ќе работи во храмот за тој да може да ги отвори вратите за посетители. Директорот на Завод и музеј Битола Зоран Николовски, институција под чија надлежност е заштитата на храмот “Св. Ѓорги“, одговарајќи на новинарско прашање при ...
Основното училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ од Тетово го одбележа крајот на учебната 2024/2025 година со нова фасада. Со тоа се заокружува еден поголем инвестициски циклус со кој претходно се инвестираше во изградба на спортска сала и уредување на дворот на училиштето. „Денешниов настан не е само свечен туку претставува симболичен врв на идејата што ја имавме и ја носевме долго време, а таа е училиштето да биде место кое што инспирира, кое што ...
Помина цела година откако се урна дел од потпорниот ѕид зад Клиниката за детски болести во Скопје, а тој сѐ уште не е ниту саниран, ниту се знае кога ќе биде саниран, ниту пак зошто не се решава проблемот. Ѕидот се урна на 10 јуни лани, и по неколкумесечни преговори која институција е надлежна за интервенцијата, на 31 октомври лани Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека Министерството за здравство треба да почне со изградба на ...
Обвинителството ќе ги провери наодите на Државниот завод за ревизија(ДЗР), кој пред една недела утврдил дека биле вложени во Управата за водење матични книги влегле 8,5 милиони евра за дигитализација на матичните книги, а процесот уште не е завршен. Не само што матичните податоци на граѓаните не се внесени електронски, туку дел од граѓаните добиваат изводи издадени на машина за пишување, вели ДЗР. „И покрај тоа што дигитализацијата на матичните ...
Полицијата во Грац потврди дека неколку лица се убиени, а има и ранети во нападот врз Средното училиште „Драјершиценгасе“. На прес-конференцијата тие одбија да го кажат точниот број на жртви, но некои австриски медиуми објавија дека има најмалку девет убиени, вклучувајќи го и осомничениот вооружен напаѓач. Градоначалникот Елке Кар изјави за агенцијата АПА дека осомничениот вооружен напаѓач е меѓу убиените. Портпарол на полицијата изјави за ...
Слај Стоун, лидерот на групата „Слај енд д фемили Стоун“ и еден од зачетниците на фанкот, почина на 82 години, објави неговото семејство. „Слај беше монументална личност, револуционерен иноватор и вистински пионер кој го редефинираше пејзажот на поп, фанк и рок музиката“, вели неговото семејство. Стоун, чие вистинско име беше Силвестер Стјуарт, почнал да пее госпел музика на рана возраст. Работел како диџеј во радиостаници во Калифорнија, пред ...
Американскиот министер за здравство Роберт Кенеди Џуниор ги отпушти сите 17 членови на комитетот за вакцини кој издава официјални препораки за имунизација. Правдајќи го својот потег, Кенеди кажа дека судирот на интереси во Советодавниот комитет за практики за имунизација (АЦИП) ја поткопал довербата во вакцините. „Сакам да осигурам американскиот народ да ги добива најбезбедните можни вакцини“, изјави Кенеди. Лекарите и здравствените експерти го ...
Владата на Доналд Трамп нареди да се испратат маринци во Лос Анџелес и да се засилат рациите на осомничените имигранти без документи, што поттикна нови улични протести и ги загрижи демократските политичари дека би можело да дојде до национална криза. Се очекува околу 700 маринци стационирани во јужна Калифорнија да пристигнат во Лос Анџелес како дел од сојузната стратегија да се смират уличните протести поради рациите на имигрантите. Иако ...
Пред да ги даде завршните зборови, денеска обвинителката Жаклина Крстевска – Јосифовска изврши прецизирање на времињата на убиствата на Панче и на Вања на 22 и на 27 ноември 2023 година. Така, 74-годишниот Панче Жежовски од Велес бил убиен околу 11 часот, а 14-годишната Вања Ѓорчевска во време од 8.30-9.30 часот. Таткото на Вања, Алекдандар Ѓорчевски остана во обвинението. Тој и на денешното судење мижи, бидејќи како што кажа неговиот бранител ...
Иранските власти ја проширија забраната за шетање кучиња на низа градови во земјата, оправдувајќи го тоа со јавниот ред и безбедносните грижи. Забраната, која прво беше воведена во Техеран во 2019, била проширена на најмалку 18 други градови во изминатата недела. Противзаконски е и да се превезуваат кучиња со автомобил. Чување куче не се одобрува во Иран од Исламската револуција во 1979, при што властите ги сметаат кучињата за валкани и остаток ...
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом кажа дека ќе ја тужи владата на Доналд Трамп зашто распореди илјадници припадници на Националната гарда без негово одобрение. Трамп донесе ваква одлука за да спречи немири кои избувнаа поради рациите на федералните агенти за имиграција и кажа ако треба, ќе ја повика и војската. „Ова е точно она што Доналд Трамп го сакаше. Тој го потпали огнот и делуваше незаконски за да ја федерализира Националната гарда. ...
Општина Аеродром ѝ пиша казна на „Комунална хигена“ од 88.000 евра бидејќи не го собира ѓубрето од контејнерите и општината е затрупана во смет. Од Општината велат дека казната е пишана за непостапување врз основа на член 37 став 1 од Законот за управување со отпад. „По долг период на трпение и многубројни укажувања, Општина Аеродром изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП ‘Комунална хигиена‘ поради континуирано нефункционирање, ...
Азир Алиу е нов министер за здравство, а Албрим Хоџа нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, откако на денешната 54. седница ги избраа пратениците во Собранието со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан. На 12 мај, лидерот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари соопшти дека партијата оди во опозиција, а со тоа и престана неговата функција како министер за здравство. По заминувањето на Алијансата за Албанците ...
Старото кино „Партизан“ кое денес е руиниран објект, ќе започне да се реконструира во следните 15 дена, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој денес посети дел од културните установи во Битола. „Договорот го потпишав пред два дена, избран е изведувачот и надзорот на објектот со буџет одобрен од 94 милиони денари или околу 1 милион и пол евра. Со тоа што е потпишан договорот, сите постапки се завршени, па се надевам дека во ...
Полицијата утринава по налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го приведе струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Заедно со него, обезбедени се уште две други лица во рамки на истрага за злоупотреби и затајување данок, каде штетата се проценува на околу 15 милиони евра. Од Обвинителството потврдија дека акцијата е резултат на предистражна постапка отворена за Крмзов уште во септември минатата ...
Ким Новак, холивудска дива од 1950-тите и 1960-тите, која глумеше во филмот „Вртоглавица“ на Алфред Хичкок, ќе добие Златен лав за животно дело на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал, соопштија организаторите. Фестивалот ќе се одржи од 27 август до 6 септември. Позната по својата главна улога во психолошкиот трилер од 1958, Новак имаше и значајни улоги во класици како што се „Пикник“ и „Човекот со златна рака“. „На 92-годишната актерка ...
Планинар паднал во провалија и се здобил со тешки повреди додека вчера во попладневните часови се движел по Шар Планина во близина на Ливадичко Езеро. Бидејќи спасувањето од провалијата било многу тешко и ризично, на помош била повикана армијата, која испратила хеликоптер за извлекување на повредениот планинар. „Поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, Армијата на Република Северна Македонија изврши итна медицинска евакуација со ...
Русија лансирала 479 дронови кон Украина ноќеска во најголемиот ваков напад од почетокот на војната, објавија украинските воздушни сили. Покрај дроновите, биле испукани и 20 проектили од различен тип, а мета биле главно западните и централните делови на земјата. „Противвоздушната одбрана уништи 277 дронови и 19 проектили во воздух. Само десет дронови или проектили ја погодиле целта. Едно лице е повредено“, соопштија украинските воздушни сили. ...
Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко доби ослободителна пресуда во случајот поврзан со набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра и уште три други автомобили. Судот утврди дека во процесот на јавната набавка нема докази кои укажуваат дека Мерко имал намера да ја злоупотреби својата службена положба. Судијата Јордан Јованов во усната објава кажа дека Судот не утврдил дека Мерко сторил кривично дело. Неговиот адвокат Игор ...
За набавка на мобилни телефони, односно за телефонска претплата за функционери и за вработените во администрацијата во државните, во органите на општините, агенциите, јавните претпријатија, болници, здравствени установи, факултети, средни училишта, за само пет месеци досега се потпишани договори од 175.199.882 денари, или 2,9 милиони евра државни пари. САКАМДАКАЖАМ.МК ги анализираше склучените договори од јануари заклучно со мај 2025 година, за ...
Сопственикот на Агенцијата за обезбедување која ја обезбедувала кочанската дискотеката „Пулс“ е опфатен со истрагата за пожарот на 16 март во кој загинаа 62 лица. Агенцијата за обезбедување немала склучено договор за обезбедување на кабарето „Пулс“, немала безбедносна проценка и дозволиле влез на малолетници. Сопственикот се терети за тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Според досега ...
Тензиите во Лос Анџелес се засилија вчера откако илјадници луѓе излегоа на улиците за да протестираат против одлуката на Доналд Трамп да ја распореди Националната гарда во градот за да спречат судири помеѓу федерални имиграциски агенти и демонстранти. Тие блокираа важна сообраќајница и запалија самовозечки автомобили, додека полицијата возврати со солзавец и гумени куршуми. Некои полицајци патролираат по улиците на коњи, додека други во опрема ...
Израелските сили зазедоа хуманитарен брод кој се обидел да ја пробие поморската блокада на Појасот Газа. На бродот имало 12 луѓе, вклучувајќи ја активистката Грета Тунберг. Властите кажаа дека бродот е одведен во пристаниште во Израел. Со бродот „Матлин“, кој пловел под британско знаме, управува пропалестинската хуманитарна организација „Фридом флотила“. Тој се обидел да достави симболично количество помош во Газа, со цел да го привлече ...
Матија Дедиќ, еден од најзначајните современи хрватски музичари, почина на 52 години. Потекнуваше од славно музичко семејство: тој беше единствениот син на кантавторот Арсен Дедиќ и пејачката Габи Новак. Иако изложен на разни музички стилови во едно такво окружување, Матија Дедиќ се посвети на џезот. Роден е на 2 март 1952 во Загреб, каде што го завршил средното музичко образование, а дипломирал џез на Уметничката академија во Грац, Австрија. На ...