
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Украина денеска ја нападна Москва со најмалку 34 дронови, што е најголемиот напад врз руската престолнина од почетокот на војната и доведе до пренасочување на летови од три градски аеродроми. Противвоздушната одбрана соборила 34 дронови кои летале кон Москва преку окрузите Раменскоје и Коломенски, како и во градот Домодедово, каде што се наоѓа еден од најголемите московски аеродроми, објави руското министерство за одбрана. Градоначалникот Сергеј ...
Огромен број луѓе излегоа на улиците на Валенсија за да протестираат против начинот на кој власта се справува со неодамнешните смртоносни поплави, при што бараа оставка од регионалниот лидер Карлос Масон. Од владата кажаа дека повеќе од 130.000 луѓе се придружиле на протестот, при што се извикуваше „ние сме извалкани со кал, вие сте извалкани со крв“. Демонстрантите ги обвинија локалните власти дека предоцна издале предупредувања за поплава. На ...
Барокната фасада на владината зграда три години стои распадната, со паднати парчиња стиропор. На објектот, за кој беа потрошени 17 милиони евра, се гладаат парчиња железо и дупки. Власта на СДСМ, во чиј мандат почнаа да паѓаат парчиња од фасадата, не спроведе постапка за реконструкција на распаднатите делови. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека ги разгледува сите објекти на кои им треба реконструкција и во наредниот период ќе ...
Штипските пилоти Метотка Стојанов и Драган Јовановски летово два месеца секој ден ги гаснеа пожарите кои ја зафатија целата територија на Македонија. Стојанов е пилот на ер трактор вработен во Дирекцијата за заштита и спасување, а Јовановски е пилот на хелокоптер, вработен во Министерството за внатрешни работи во специјалните хелокоптерски единици. Искусните пилоти со голема пожртвуваност, активно и деноноќно, се вклучија во акцијата со сите ...
На 82 години почина Јанис Бутарис, некогашниот градоначалник на Солун по потекло од Крушево кој се залагаше за нормализирање на односите помеѓу Македонија и Грција. Веста за неговата смрт ја потврди компанијата за производство на вино „Кир-Јани“, што Бутарис ја основа и водеше со неговите двајца синови. Потекнувајќи од винарска фамилија, Бутарис беше еден од најзначајните енолози во Грција. Од 2011 до 2019 беше градоначалник на Солун и по 24 ...
Доналд Трамп се враќа во Белата куќа со исклучително силен мандат откако беше објавено дека победил и во Аризона, последната сојузна држава која го доврши броењето гласови на претседателските извори. Републиканецот на крајот освои 312 електорски гласови, 86 повеќе од Камала Харис, иако во предизборната кампања се предвидуваше една од најнеизвесните трки во историјата на САД. Тој исто така победи во сите седум колебливи сојузни држави, во кои ...
Виш советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кажа дека новата администрација ќе се фокусира на постигнување мир во Украина, а не на враќање територии. Брајан Ланза, стратег во Републиканската партија, кажа дека владата на Трамп ќе побара од Володимир Зеленски „реалистична визија на мирот“. „Ако претседателот Зеленски ни дојде и ни каже дека може да има мир само ако го имаат Крим, тој само ќе ни покаже дека не е сериозен“, ...
Владата напролет повторно ќе распише повик за ваучери за инвертeри, по големиот интерес годинава. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали и догодина ќе се доделат средства за набавка на инвертeри. „Да, апсолутно. Пред да дојдам во Велес имав средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и бев информиран дека за помалку од два дена се поделени ...
Под мотото „Без здравје сè е ништо! Збогум Буково“, граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ преку информативен настан на градскиот плоштад во Охрид ги запозна граѓаните со штетноста од нестандардните депонии и со проблемот на третманот и депонирањето на комуналниот отпад. Екологистите и активистите за заштита на животната средина на денешниот собир побараа од надлежните да ги отпочнат процесите за изградба на регионалната депонија во Новаци како ...
Изјавата на кандидатката за нов еврокомесар за проширување, Словенката Марта Кос, е дадена за потребите на нејзиниот избор на оваа функција, кажа премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Велес по повод 9 ноември, Денот на ослободувањето на градот. Кос пред неколку дена изјави дека од Македонија се очекуваат уставни изјави, ништо повеќе, ништо помалку. „Ја разбирам еврокомесарката. Со нејзината изјава таа требаше да го помине сослушувањето, ...
Тони Тод, американскиот актер најпознат по насловната улога во хорор класикот „Кендимен“, почина на 69 години во Лос Анџелес. Тод остварил повеќе од 200 филмски и телевизиски улоги во речиси четиридецениската кариера, почнувајќи од „Вод на смртта“ на Оливер Стоун, каде што го играше наредникот Ворен. Се истакна и во „Карпа“ со Николас Кејџ, хорор серијалот „Последна дестинација“ и „Врана“ со Брендон Ли. Меѓу бројните серии во кои се појави се ...
Високи американски функционери изјавија дека Вашингтон веќе не може да го прифати присуството на претставници на Хамас во Катар, обвинувајќи ја палестинската група дека ги отфрлила последните предлози за примирје во Газа и договор за заложници. Тие кажаа дека катарската влада се согласила да побара од Хамас да ја затвори својата политичка канцеларија во земјата. Хамас има политичка база во Доха од 2012, наводно на барање на администрацијата на ...
Kомисијата за спречување и заштита при дискриминација утврди случај на политичка дискриминација во областа на работата, работните односи и образованието врз поранешниот директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, Владимир Роме, сегашен професор во школото, од страна на инспектор од Државниот просветен инспекторат. Ова е втор случај во кој Комисијата утврдува политичка дискриминација врз професор од ова училиште од истиот ...
Рускиот генерал Павел Клименко, кој водел единица обвинета дека мачела сопствени војници и убила американски државјанин, загинал во Украина, објавија повеќе руски воени блогери, а потврдило и неговото семејство. Четириесет и седумгодишниот генерал-мајор бил убиен во напад со дрон додека возел мотоцикл во Доњецк. Тој бил заповедник на копнените сили на Петтата одделна механизирана бригада на руската војска, која дејствува во окупираниот дел на ...
По предлог на Основното јавно обвинителство Битола изречена е мерка притвор за 23-годишник осомничен за две кривични дела – полов напад и силување од член 186, став 7, во врска со став 1 од Кривичниот законик. Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и почнал да ги допира. Жртвите и во двата случаја успеале сами да го оттурнат и да се ослободат, по што ...
Од денеска, скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посетители откако 21 ден беше затворена поради случај на птичји грип. „Зоолошката градина повторно ќе биде отворена за посетители, со редовно работно време од 9 до 16 часот секој ден“, соопштија од градината. Зоолошката беше затворена на 19 октомври. Кај една гуска која угинала во градината било утврдено присуство на птичји грип и затоа инспектори од Агенцијата за храна и ...
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска прочита десетици доскорешни пратеници кои не се во овој собраниски состав, кои по завршување на мандатот не поднеле анкетен лист за имотната состојба. Истовремено, тие не поднеле ни изјави за судир на интереси. Овие поранешни пратеници веројатно со пресметан „ризик“ дека во ДКСК ќе застане работата ако скријат имот и никој нема да им го пипка во недвижнините и сметките понатаму, си платиле ...
Кога Володимир Зеленски му се јавил на Доналд Трамп за да му честита на победата на изборите, во разговорот ненајавено се вклучил и Илон Маск, објавија американските медиуми. За време на 25-минутниот разговор, Трамп му рекол на Зеленски дека ќе продолжи да ја поддржува Украина, без да изнесе детали, додека Маск ветил дека и натаму ќе обезбедува интернетска врска преку неговите сателити „Старлинк“, објави сајтот „Аксиос“, повикувајќи се на ...
1 Боже, боже, каков оптимизам ни шири премиерот Христијан Мицкоски откако се сретнал со францускиот претседател Емануел Макрон, на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта. Истиот Макрон што прво нѐ зафркна, па по промената на името на државата согласно Преспанскиот договор, наместо да испорача тоа што го вети, почеток на преговори со ЕУ, измисли некаква нова методологија за пристапување кон ЕУ во 2019 и го отвори ...
Агенцијата за филм го поништи конкурсот за финансирање проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2024, што значи дека годинава нема да се сними ниеден македонски филм. Според информацијата на веб-страницата на Агенцијата, Управниот одбор на Агенцијата на седница одржана на 30 октомври донел одлука за поништување на конкурсот, кој беше објавен на 26 јануари. „Конкретниот Конкурс се поништува ...
За време од 130 години откако постои високото обрaзование и најнапредната научна истражувачка работа на дејци кои се родени, потекнуваат или учеле во Штип, досега од овој град докторирале 250 лица кои својата научна истражувачка дејност ја спровеле во повеќе сфери од највисокото образование. Пред 23 години по повод Денот на ослободувањето на градот 8 Ноември, Штип востанови Митровденски средби, манифестација која во Националната универзитетска ...
Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Северна Македонија на патот кон ЕУ, во согласност со нејзините меѓународните обврски. Макрон и македонскиот премиер Христијан Мицкоски вчера имаа средба на маргините на 5. Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, Унгарија. „За време на средбата, двајцата лидери се согласија околу важноста за продлабочување на односите меѓу Франција и Северна ...
Со археолошките истражувања на локалитетот Расница, во атарот на село Корошишта струшко, во рамките на гробната целина пронајдени се околу 80 вредни наоди од архајскиот период, шестиот век пред нашата ера. Оваа Архајска некропола по многу нешта наликува на познатата Требенишка некропола. Денеска во Охрид пред јавноста беа презентирани само дел од предметите пронајдени со ископувањата како бронзен шлем со позлата, бронзен штит, килибарни и ...
Ретката генетска болест фабри за првпат е дијагностицирана во земјава, а за првпат е започнат и третман со ензимска заместителна терапија согласно протоколите на Европската агенција за лекови (ЕМА) и Американската администрација за храна и лекови (ФДА), рекоа денес на прес-конференција директорот на Клиниката за нефрологија Никола Ѓорѓиевски, директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) – Сашо Клековски, претседателот на Комисијата за ...
Четириесет и две дела од Димитар Андонов-Папрадишки се претставени на ретроспективната изложба посветена на неговата работа и 70 годишнината од смртта. Hасликал повеќе од 1.200 икони за околу стотина цркви во Македонија и Србија, со што се смета за еден од најпродуктивните зографи. Тој е последен македонски зограф и прв современ сликар во македонската уметност. Негово дело меѓу другото се фрескоживописот во црквата Св. Јоаким Осоговски воКрива ...
Оливера Николова ни остави огромно дело кое полека го освојува светот и сведочи за нас како за култура. „Зоки Поки“ веќе ги освои Јапонија и Скандинавија и поголем дел од Европа. Но, интересно ќе биде да се следи патот по кој нејзините романи ќе бидат откривани и преведувани, рече на денешната комеморација за истакнатата македонска писателка, Живко Грозданоски, претседател на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Николова почина на 4 ...
Новата програма за поставување урбана опрема на територијата на Општина Битола не е донесена, и очигледно е дека и оваа зимска сезона ќе важат одредбите од старата која дозволува оградување на просторот за пушачи пред кафулињата што најчесто се прави со стакленици и најлони. Нив битолчани ги нарекуваат гулабарници. На денешната седница на Советот беше предложено дополнување на дневниот ред со уште една точка, а тоа е одлука за продолжување на ...
Европската Унија мора повторно да размисли за својата поддршка за Украина по победата на Доналд Трамп на изборите во САД, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека Европа самата не може да ја финансира војната. На средбата на европските лидери во Будимпешта, само Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо побарале да се промени европската стратегија за Украина. Трамп беше критичен кон американската воена помош за Украина и ветуваше дека ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) отвори телефонска линија за советување за откажување од пушење цигари, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување. Линијата на телефонскиот број 078 285 873 ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Од Институтот велат дека во Центарот за советување за откажување, персонализирани совети и стратегии ќе нудат квалификувани стручни лица. „Не чекајте, започнете го патот кон подобро ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да се испратат два спасувачки авиона во Амстердам, каде што синоќа беа нападнати израелски фудбалски навивачи. Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат улични судири, додека полицијата интервенира. Од кабинетот на Нетанјаху кажаа дека одлуката за испраќање на авионите била донесена по „многу сериозен индидент“, во кој биле нападнати израелски граѓани по меѓот помеѓу Ајакс и Макаби Тел Авив. ...