Нема простор за паника во Македонија околу мајмунските сипаници, откако се појави еден случај со заболен во Косово, вели директорот на Инфективната клиника во Скопје, д-р Фадил Цана. Директорот вели дека во земјава досега нема регистрирано случај на мајмунски сипаници, а ако се појави, вели дека се подготвени и дека имаме стручњаци добро запознати со болеста. „Кај нас нема. Запознат сум со случајот, имав долг разговор со директорот на ...

На Инфективната клиника во Скопје има недостиг од 100 вработени, рече денеска директорот на Фондот за здравствено здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски. „Тој одлив се случи со ковидот, не потоа. Делумно поради пензионирање, делумно поради заминување. Состојбата со инфектолози е критична низ територијата на целата држава, бидејќи има многу мал интерес за специјализација по инфективни болести. Во повеќе болници сме оставени на пензионерите ...

Основниот интернистички преглед ќе поскапи за 10 до 15 денари, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски. Сегашната цена за специјалистички преглед кај интернист е 380 денари, а таа е цена пред повеќе од 10 години. „Сите знаеме колку чини специјалистички преглед во приватните здравствени установи. Разгледуваме неколку опции. Цената нема да порасне колку во приватните, но зборуваме за соодветно ...

Вселенско летало на НАСА испиша историја со тоа што го преживеа најблиското приближување до Сонцето. Научниците добија сигнал од соларната сонда Паркер изутринава откако таа беше без комуникација неколку дена за време на жешкото прелетување. НАСА соопшти дека сондата била безбедна и работи нормално откако поминала на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето. Сондата падна во надворешната атмосфера на нашата ѕвезда на 23 декември, ...

Aгенцијата „Никоб“ вели дека на 43 вработени во кои обезбедуваат општински и државни и други витални објекти во 30 градови во Македонија, дека ќе бидат исплатени сите плати кои им се должат, а со договор на заедничката комора од областа обезбедување и заедничкиот синдикат ќе се реши и прашањето за К-15. Вработените велат дека последната исплатена плата била за септември, но Лазаров тврди дека била исплатена плата и за октомври, а за декември ќе ...

Украинските сили заробиле повреден севернокорејски војник кој бил испратен да ја поддржува руската војна, потврди јужнокорејската шпионска агенција. Се смета дека војникот е првиот севернокорејски воен затвореник заробен од декември, кога Пјонгјанг распореди сили за поддршка на руската војна во Украина. Потврдата доаѓа по фотографијата на која се тврди дека го прикажува ранетиот војник објавена на Телеграм. Според Киев и Сеул, Северна Кореја ...

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска соопшти дека членката Цвета Ристовска, за која вчера тврдеше дека не е дел од наставниот кадар на приватниот Универзитет за туризам и менаџмент „Скопје“, сепак имала соработка на ниво на гостин-предавач. Истовремено, Универзитетот денеска напладне повторно ги врати името и фотографијата на Ристовска од вебстраната на која е објавен нивниот наставен кадар, откако синоќа ги тргна кога ТВ ...

Работниците во француската индустрија за шампањ се недоволно платени и принудени се да спијат на улица и да крадат храна за да не гладуваат, откри истражувањето на весникот „Гардијан“. Работниците од западна Африка и од источна Европа во градот Епернеј, дом на седиштата на некои од најскапите светски брендови за шампањ, меѓу кои и „Моет и Шандон“ и „Мерсие“, тврдат дека или не се платени за нивната работа или се незаконски недоволно платени од ...

И оваа година, Тетово нема да биде украсено за новогодишните празници. „Мораме да штедиме и нема да издвоиме пари за украсување на градот“, кратко одговори градоначалникот Билал Касами на прашањето дали Тетово ќе се украсува. Тетово веќе петта година по ред не се украсува за Нова Година. Во 2019, додека градоначалничка беше Теута Арифи, Тетово за првпат не беше украсено бидејќи парите за оваа намена беа пренасочени за настраданите во земјотресот ...

Русија и Казахстан се обидуваат да ги омаловажат шпекулациите за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“, откако американски официјален претставник изјави дека има рани индикации дека руски противвоздушен систем можеби го погодил авионот. Тврдењето доаѓа откако украински функционер за национална безбедност и неколку извори во Азербејџан тврдеа дека несреќата, во која загинаа 38 лица на Божиќ, била предизвикана од оган од руска противвоздушна ...

Десничарската влада на Италија на чело премиерката Џорџа Мелони има намера да ги задржи нејзините контроверзни прифатни центри за мигранти во Албанија и покрај неколкуте правни порази. Во изјавата по состанокот меѓу Мелони и неколку министри, владата ја потврди својата „цврста намера“ да продолжи да работи на т. н. „иновативни решенија“ за феноменот на миграцијата. Италијанските судови двапати ја попречуваа политиката на Мелони во Албанија да се ...

Уште една истрага за финансиски криминал е поведена против директорот на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, кадар на тогашната владејачка партија ДУИ. Заедно со второпријавениот Артан Ајрули, сопственик на фирма „Ритрон копи“, исцицале пари од „Лотарија“ преку лажни фактури. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице. ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Германија мора да биде подготвена да се спротивстави на какви било хибридни напади од Русија, кои вклучуваат кампањи на социјалните мрежи дизајнирани да им помогнат на екстремните десничарски и популистички партии. „Путин се вклучува во хибридни напади, а Германија е особено во фокусот“, изјави Писториус во интервју. „Тој добро нè познава, Путин знае да нè закачи“, додаде министерот за ...

Тетовскиот градоначалник Билал Касами сака на претстојните локални избори повторно да се кандидира за највисоката функција во градот, но уште не знае дали ќе биде поддржан од партијата и од коалицијата. „Да, јас планирам да се кандидирам, но тоа е процесот. Не знам дали ќе ме прифатат или не од партијата, или од коалицијата“, рече Касами на предновогодишниот брифинг со тетовските новинари. Тој одговори на повеќе прашања кои му беа поставени, при ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила неколку заговори на украинските разузнавачки служби за убиство на високи руски офицери и нивните семејства во Москва користејќи бомби маскирани како преносни полначи или папки со документи. На 17 декември, украинската разузнавачка служба СБУ го уби генерал-полковник Кирилов, началник на руските трупи за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, во Москва пред неговата ...

Приватниот универзитет „Скопје“, поранешен Универзитет за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска, која е членка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) од списокот на наставен кадар, откако ТВ „Телма“ постави прашања дали е конфликт на интерес тоа што баш Ристовска го водеше предметот за директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски. Неколку часа подоцна, Универзитетот ја врати ...

Недела треба да биде работен ден за сите кои ќе плаќаат двојна дневница, смета премиерот Христијан Мицкоски. Тој на денешната собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање околу тоа кој е ставот на Владата за недела неработен ден, рече дека тоа не треба да биде селективно како што го направила претходната влада туку или да се даде можност на сите кои ќе постигнат договор со работодавачите за двојна или тројна дневница да ...

Дваесет големи мачки – меѓу кои и бенгалски тигар и четири пуми – угинаа од птичји грип во текот на изминатите неколку недели во резерват за животни во државата Вашингтон, САД. Смртоносната вирусна инфекција, која ја носат дивите птици, се шири првенствено преку респираторните секрети и контактот од птица со птица, а може да се зарази и од цицачи кои јадат птици или друга храна. Резерватот е под карантин и е затворен за јавноста за да се спречи ...

Над 1.500 затвореници избегале од затвор во Мозамбик, искористувајќи ги тековните политички немири предизвикани од спорните изборни резултати, соопшти полицијата. Триесет и три лица загинаа, а 15 се повредени во судирите со стражарите, изјави на прес-конференција началникот на полицијата. Оттогаш повторно се фатени уште околу 150 бегалци, додаде тој. Протестите избија во понеделникот како одговор на највисокиот суд во Мозамбик кој потврди дека ...

Џекпотот на „Мега милионс“ надмина 1 милијарда долари откако ниту еден билет не се совпадна со сите шест извлечени броеви на Бадник. Тоа значи дека проценетиот џекпот за извлекувањето в петок е 1,15 милијарди долари, што е потенцијално петти по големина џекпот во историјата на играта. „Знаеме дека многу луѓе најверојатно ќе добијат лозови за петочното извлекување како празнични подароци, и тоа би бил и тоа каков подарок ако сте го добиле лозот ...

Вечерва во 19 часот во Даут пашин амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ ), ќе се отвори изложба во чест на 100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски, еден од авторите што во одреден културно-историски контекст одиграле важна улога во дефинирањето на македонската историја на уметноста. Кураторките Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделковска-Брзанова, која е и в. д. директорка, велат дека како дел од веќе востановените ...

Ќе се гради втората фаза на жичницата во Скопје, од Капиптец до Средно Водно. Владата најави дека ќе го продолжи овој проект за да може на планината Водно да се стигне без возила. „Сметаме дека овој проект е важен за градот Скопје. Жичницата секојдневно се користи од голем број домашни и странски гости и затоа сакаме целосно да го поврземе градот со Водно. Во наредниот период ќе се прават анализи односно ќе разгледаме што предвидувал претходниот ...

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во првото новогодишно обраќање во Собранието, денеска кажа дека по 20 години лекцијата ја научивме и ние, дека националните интереси се градат овде, консензуално. Потребен е консензус меѓу власта и опозицијата за најважните државни прашања, апелираше таа. Во овој контекст рече дека не жали што ја поддржа отворено Радмила Шеќеринска за заменичка-генерален секретар на НАТО. Кажа: „Имаме ...

За утре најавениот планиран прекин во снабдувањето со струја во делови од Битола, меѓу кои улиците Илинденска и Седми јули, е одложен, соопштија од ЕВН за САКАМДАКАЖАМ.МК. „Планскиот прекин се одложува сè до подобрување на временските прилики. Во текот на утрешниот ден, корисниците на овие две улици ќе имаат нормално снабдување со електрична енергија“, се вели во известувањето до ЕВН. САКАМДАКАЖАМ.МК утрово објавидека на овие две улици се ...

Судот во Турција ги осуди на затвор сопственикот и архитектот на хотелот кој се урна во земјотресот во 2023 година, при што загинаа 72 лица. Сопственикот на „Исијас гранд“, Ахмет Бозкурт, и архитектот Ердем Јилмаз добија по 18 години и пет месеци, објави официјалната новинска агенција Анадолу. Синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години и четири месеци, се вели во соопштението. Хотелот, во југоисточниот град Адијаман, беше домаќин на ...

Советниците од независната советничка група Поинаку на денешната седница на Советот во Битола, на градоначалникот Тони Коњановски му поставија прашања кои му ги дадоа и во писмена форма, за тоа каде завршуваат парите од спонзорстваата на празничната манифестација „Зимска приказна“. Таа трае од 20 декември до 6 јануари и на неа се случуваат бројни забавни и културни настани, а вклучени се и приватни спонзори. „Имам само едно прашање до вас, кај ...

Утрешниот планиран прекин на струјата во Битола ќе биде поради реконструкција и модернизација на електричната мрежа, ни рекоа од ЕВН на прашањето на што се должи овој прекин на снабдувањето со струја во овие студени зимски денови. Од ЕВН велат дека реконструкцијата и модернизацијата на мрежата е нивна секојдневна работа која се случува и во други делови на државата. Утре, 26 декември, делови од Битола односно улиците Илинденска и Седми јули од ...

ЕУ планира да воведе нов систем за влез и излез од територијата на земјите-членки во 2025 година, но засега е неизвесно кога точно тоа ќе се случи. Најважните измени кои ќе ги засегнат и македонските граѓани е онлајн регистрацијата и плаќање 7 евра за патниците кои ги посетуваат земјите-членки на ЕУ за бизнис, туристички, медицински или транзитни цели. Во новата 2025 година, Европската унија планира да воведе два нови система за регистрација на ...

Делови од Битола утре, 26 декември, од 8:30 до 15 часот ќе бидат без струја. Лепенки со вакви известувања од ЕВН се поставени на бандерите на улиците Илинденска и Седми јули, на кои пишува дека се работи за планско исклучување и се молат граѓаните за разбирање. Исто така, и денеска делови ид улицата Илинденска се без струја скоро еден час. Ова се улици со стотици домаќинства, а има и фирми кои има имаат дуќани. Битола нема организирано парно ...

Антикорупциската комисија едногласно одлучи дека директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски ги исполнува сите услови за да биде директор на Агенцијата, откако Државниот просветен инспекторат, Дирекцијата за класифицирани податоци, МВР и други институции, одговориле дека и дипломите, и 240-те стекнати кредити, и работата на приватниот универзитет за туризам и менаџмент му е по закон. За ТОЕФЛ уверението за англиски ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
6.69
26%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.68
42%
1018
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
1.03
40%
1019
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
5.14
30%
1017
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.87
31%
1016
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
2.06
39%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
8.05
38%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.17
26%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
27%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
4.63
37%
1016
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
7.72
37%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
41%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75