
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Судот во Њујорк го осуди Доналд Трамп на „безусловен отпуст“ по обвиненијата за фалсификување деловни книги во врска со тајната исплата за порноактерката Сторми Даниелс. Тоа значи дека Трамп нема да добие никаква казна, ни парична, ни условна, ни затворска, но пресудата за кривичното дело ќе остане заведена во неговото досие. „Ова беше навистина исклучителен случај. Ви посакувам среќа во вашиот втор претседателски мандат“, изјави судијата Хуан ...
Граѓани кои сè уште не ги смениле личните карти со името Република Македонија во новото уставно име Република Северна Македонија, уште можат да ги користат до важечкиот датум на документот, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Со личните карти ќе може и да се напушти државата во оние земји со кои имаме билатерални договори, а исто така и ќе може да се влезе во Македонија. Засега, задолжително е пасошите и возачките дозволи да се ...
НАТО нема да го поддржи предлогот на Доналд Трамп за масивно зголемување на трошењето за одбраната, но веројатно ќе се согласи да оди над сегашната цел, велат официјални лица и аналитичари. Трамп пред неколку дена кажа дека членките на НАТО би требале да ги зголемат трошоците за одбраната од сегашните 2% на 5% од својот бруто домашен производ, што моментално не го исполнуваат ни самите САД. Функционери од земји-членки на НАТО сметаат дека ...
Пожарите во областа Лос Анџелес се најлошото сценарио предизвикано од силните ветрови кои доаѓаат по месеци без дожд. Експертите за пожари, минатите анализи и проценките на ризик – сите предвидуваа катастрофа од шумски пожар до одреден степен. Географијата и временските услови на погодениот регион, во комбинација со климатските промени и напливот на градење приградски населби во областите подложни на пожари, создадоа ранлива ситуација. Бројот на ...
Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се зголеми на десетмина, а речиси 10.000 структури се уништени, додека округот продолжува да се бори со пет активни пожари, на кои сила им даваат пустински ветрови. Пожарот Палисадс меѓу градовите Санта Моника и Малибу и пожарот Истон кај Пасадена веќе се сметаат за најразорните во историјата на Лос Анџелес, зафаќајќи површина од над 13.700 хектари и претворајќи цели населби во прав. Шерифот на ...
Поради конфигурацијата на теренот, Скопскиот аеродром е ограничен на Категорија 1 и не може да добие прекатегоризација во Категорија 2 со што би се намалиле минимумите за слетување при намалена видливост. На 2 и 7 јануари, поради густа магла дел од летовите на Скопскиот аеродром беа пренасочени кон аеродромите во Приштина, Софија, Тирана, Солун и Ниш, а некои летови беа откажани. Така е речиси секоја година во декември и јануари. Од ...
За време на предновогодишните и новогодишните прослави, 54 угостителски објекти се казнети од Управата за јавни приходи (УЈП) поради прекршувања на законот. Четири угостителски објекти се затворени за Нова година и не смеат да работат 15 дена поради повторување на наод за неиздавање на фискални сметки во рок од две години. Како што велат од УЈП, во периодот од 14 до 31 декември низ целата земја се извршени контроли во 407 објекти. „Неправилност ...
Илон Маск ги повика Германците да гласаат за крајната десница на претстојните парламентарни избори за време на интервјуто со лидерката на партијата Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел. Во текот на 74-минутниот разговор што се пренесуваше во живо на Икс, тие поминаа низ разни теми, како енергетска политика, германска бирократија, Адолф Хитлер, Марс и значењето на животот. Откако му помогна на Доналд Трамп да победи на изборите во САД, ...
Два огромни шумски пожара кои му се закануваат на Лос Анџелес од исток и од запад и натаму се вон контрола два дена откако избувнаа, но пожарникарите успеале да го скротат помалиот пожар кој гореше на ридовите над булеварот Холивуд. Пожарот Палисадс, кој беснее меѓу градовите Санта Моника и Малибу и пожарот Истон кај Пасадена се веќе најразорните во историјата на Лос Анџелес, зафаќајќи подрачје од над 117 квадратни километри. Досега е потврдено ...
Тоа што домаќинствата, а и индустријата користат несоодветни средства за загревање е главната причина за енормно загадениот воздух во градовите, смета министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Тој денеска, при посетата на Општина Тетово и средбата со градоначалникот Билал Касами, најави дека наскоро треба да почне постапка за секундарна гасификација, како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот. „Главната ...
Најмногу за два месеца ќе биде распишан нов тендер за избор на фирма која ќе го гради 400-киловолтниот далекувод од Трансформаторската станица Битола 2 до македонско-албанската граница, рече министерката за енергетика Сања Божиновска. Поради неисполнување на обврските, во декември 2024 државната компанија за пренос на електрична енергија АД МЕПСО го раскина договорот со сараевската фирма „Енергоинвест“ која го имаше добиено тендерот за градба ...
Неделата на независна сцена во Драмскиот театар од Скопје ќе почне на 14 јануари со претставата „Еволуција на распадот“, работена по „Отело“ од Шекспир, во продукција на „Артема – театарска лабораторија“. Режијата е на Дамјан Димовски, а играат Илин Јовановски како Јаго, Бранко Михајлоски како Отело, Дездемона е Леонида Гулевска, Емилија е Илина Чонкова, Касио е Тодор Стојковски, Родриго е Ѓорѓе Нешковиќ. Музички соработник е Дарко Спировски. Од ...
Едногласно со 22 гласа „за“, Советот на Општина Велес на вонредна седница го усвои времениот режим со кој се регулира сообраќајот на тешките возила, камиони со носивост над 7 тони, кои треба да минуваат низ центарот на градот. Оваа одлука следи откако Државниот инспекторат за сообраќај го затвори мостот на Вардар кај Башино Село, поради небезбедност. Поради тоа имаше итна потреба од пренасочување на сообраќајот за тешките камиони низ центарот на ...
„Ова е само моментален договор кој во иднина нема да биде пракса“, рече министерката за енергетика Сања Божиновска за договорот што Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) без јавен оглас, односно преку постапка на преговарање, го потпишаа со фирмата „Топлина“ од Подмоље, Охридско, за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК „Битола“. Оваа фирма до пред еден месец беше подизведувач на „Марковски компани“, со која новото раководство на ЕСМ го ...
Џо Бајден смета дека би го победил Доналд Трамп на претседателските избори во ноември. Во интервју за „Ју-Ес-Еј тудеј“, тој сепак призна дека не е сигурен дали би имал физичка сила за уште еден четиригодишен мандат. „Засега сум добар. Но, кој знае каков ќе бидам на 86 години“, изјави 82-годишниот Бајден. Тој одлучи да се повлече од претседателската трка по лошиот настап на дебатата со Трамп, по која се најде под голем притисок во својата партија ...
Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, одлучи Окружниот суд во градот Перник. Главната вина е лоцирана кај возачот, кој исто така загина. Се наведува и дека возачот го возел автобусот со 106 километри на час, што е максималната брзина на делницата. Делумно виновниот експресен пат е долг 120 ...
„Некст тајм“ е најплатениот музички бенд на празничната манифестацијата „Зимска приказна“ што се одржа за време на Новогодишните празници во Битола. Општината која е организатор на манифестацијата, јавно го објави списокот на хонорари на уметниците што беа ангажирани за забава на битолчани и на гостите. Етно поп-дуото од Скопје за двочасовен настап на 28 декември 2024 година од општинската каса ќе добие хонорар од 341.663 денари или нешто над ...
Матичните лекари и терциерното здравство работат доста со пациентите, а во секундарното здравство забележуваме дека имаме доволно доктори, а недоволен број на третирани пациенти, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Поликлиниките и клинките се институции во секундарното здравство, а болниците во терцијарно. На новинарско прашање каква е состојбата со рентген апарати во јавното здравство, откако вчера на социјалните мрежи се ...
Костадин Костадинов, лидерот на бугарската крајнодесничарска проруска партија Преродба, предложи обединување на Македонија и Бугарија во една држава, надоврзувајќи се на повикот на Доналд Трамп дека Канада би требала да стане американска сојузна држава. Во објава на социјални мрежи, Костадинов се согласи со ставот на Трамп за Канада, велејќи дека е комплетно логично САД и Канада да се обединат бидејќи делат историја, јазик и народ. Тој го ...
Гренланд би можел да стане независен ако тоа го сакаат неговите жители, но тешко дека ќе биде американска сојузна држава, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен по заканите од Доналд Трамп дека со сила би можел да го заземе арктичкиот остров. Лидерот на Гренланд Муте Егеде вчера се сретна со данскиот крал Фредерик откако Трамп предизвика голема бура со своите изјави, тврдејќи дека островот е од витално значење за ...
Американскиот претседател Џо Бајден издаде извршна наредба за воведување санкции против поединците и субјектите кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан, што се однесува и на кршењето на Охридскиот и Преспанскиот договор. Мерката ќе се однесува и на возрасните членови на семејствата на поединците против кои се изречени санкции. Бајден кажа дека го изменил указот од јуни 2021 со оглед на настаните на Западен Балкан и поради ...
Пожарите кои веќе три дена беснеат во округот Лос Анџелес стигнаа до Холивуд Хилс, откако досега загинаа најмалку петмина луѓе, беа уништени стотици домови, а капацитетите на пожарникарите и залихите на вода се растегнаа до крајните граници. Повеќе од 100.000 луѓе добија наредба за евакуација, додека суви ветрови со силина на ураган ги отежнуваат напорите на пожарникарите и брзо ги шират огновите. „Оваа огнена бура е навистина голема“, изјави ...
Били Кристал и Парис Хилтон се меѓу познатите личности кои ги загубија своите домови во смртоносните шумски пожари кои беснеат во областа на Лос Анџелес. Повеќе од 1.000 објекти се уништени додека шест одделни пожари горат во и околу градот, кој е преполн со куќи на филмски ѕвезди. Еден од најлошите пожари имаше во живописната енклава Пацифик Палисејдс. Актерот Џејмс Вудс се расплака на „Си-Ен-Ен“ додека кажуваше како го загубил својот имот во ...
Од Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ) по е-пошта му пратиле известување дека му е прекинат работниот однос на поранешниот прв вицепремиер и универзитетски професор Артан Груби, кој е во бегство и МВР го бара со меѓународна потерница. Тој во текот на неколку дена во декември 2024 не се јавил на работа, поради што биле покрената постапка за отказ која била завршена кон крајот на годината. Груби на Универзитетот во Тетово бил предавач на отсекот ...
Две лица загинаа, а повеќе се повредени во пожарите кои од вчера беснеат во округот Лос Анџелес. Пожарникарите досега успеаја да изгаснат само еден од петте пожари, од кои најголемиот, во областа Палисадс, има зафатено површина од над 2.000 хектари. На терен се распоредени 1.400 пожарникари и досега е наредена евакуација на околу 70.000 луѓе. „Во пожарот во Палисадс се изгорени околу 1.000 структури. Пожарот и натаму расте, очекуваме влошување ...
Европската Унија ѝ понуди гас на отцепената молдавска област Транснистрија и ја повика да престане да одбива алтернативни извори на енергија откако Русија го прекина протокот на гас низ Украина на 1 јануари. Стотици илјади жители на овој проруски регион се без парно греење и топла вода откако рускиот енергетски гигант „Газпром“ престана да испорачува гас кон Европа по истекот на петгодишниот договор помеѓу Русија и Украина. „Разбравме дека ...
Сестрата на креаторот на ЧетГПТ Сем Алтман поднесе тужба во која тврди дека тој сексуално ја злоставувал меѓу 1997 и 2006. Ен Алтман во тужбата наведува дека злоставувањето почнало кога таа имала три, а тој 12 години. Алтман, кој е извршен шеф на компанијата „ОпенАИ“, ги негираше обвинувањата во заедничка изјава со мајка му и двајцата браќа. „Сите овие тврдења се целосно неточни. Грижата за член на семејството кој има ментални проблеми е ...
За „Зимската приказна“, која траеше 18 дена со над 150 настани, 3.000 изведувачи и 400 часа активна програма, Општина Битола и Културно-информативниот цеНтар (КИЦ), чиј основач е исто така Општината, потрошија 6.185.467,00 денари (100.905 евра). Бројките од празничната манифестација ги презентираше градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција посочувајќи дека ова е транспарентна Општина. Тој рече дека 3.997.982 денари (над 65.000 евра) ...
До крајот на септември, во Штип треба да биде изграден новиот резервоар за вода кој ќе биде наменет за потребите на идната станбена и индустриска населба Пребег, Низ населбата ќе минува нов пат со обиколница која ќе води до бањата Кежовица каде е планирана изградба и на нов мост на реката Брегалница. „Веднаш ги започнавме работите за темелна плоча на двете комори на резервоарот кои ќе бидат со вкупен капацитет од 1.500 кубни метри вода. За три ...
Франција кажа дека Европската Унија нема да дозволи напади врз нејзините суверени граници откако Доналд Трамп кажа дека не ја исклучува можноста за преземање на Гренланд со воена сила. Трамп вчера кажа дека оваа автономна данска територија е од витално значење за националната и економска безбедност на САД. „Не доаѓа предвид дека Европска Унија би дозволила други нации да ги нападнат нејзините суверени граници, без разлика кои се. Не верувам дека ...