
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Во Основниот суд во Тетово по четврти пат е одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна ковид болница. Рочиштето денеска е одложено поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е на боледување. Од иста причина беше одложено и претходното рочиште, кое беше во ноември 2024. Судијката која го менуваше го закажа почетокот на судењето за 18 март во 10 часот. До повторено судење за пожарот во ковид болницата доаѓа откако Апелациониот суд ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос предлага да се одигра фудбалски натпревар меѓу тим на кандидатките земји и земјите членки на ЕУ. Кос, зборувајќи пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ), кажа дека културата и спортот нудат уникатна можност да ги обединат луѓето преку границите и затоа веќе зборува со кандидатките земји за да се организира ваков фудбалски меч. „Ако имаме спортисти членови на АФЕТ или на ЕП, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во посета на Полска откако двете држави постигнаа договор за едно од најспорните прашања во меѓусебните односи: ексхумацијата на полските жртви на масакри од Втората светска војна извршени од украински националисти. Посетата доаѓа неколку дена откако полскиот премиер Доналд Туск објави дека е направен напредок за да се започне со ископувањата. „Конечно напредок. Донесена е одлука за првите ...
Бројот на заболени од голема кашлица се намалува, од 3 до 9 јануари не е пријавен нов случај, и ако во следните две недели нема нов случај очекуваме да заврши епидемијата, вели епидемиологот д-р Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје. Епидемија на голема кашлица беше прогласена лани на 18 јануари, и според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), до 9 јануари годинава во Македонија се рeгистрирани вкупно 1.174 ...
Русија изведе голем воздушен напад врз Украина утрово, при што биле користени и крстосувачки ракети, објавија украинските воздушни сили. Москва претходно вети дека ќе се одмазди за вчерашниот голем украински напад, чија мета беа воени и индустриски објекти низ Русија. Во целата земја се огласија сирени за воздушна тревога по информациите дека група стратешки бомбардери „ту-95“ полетале од аеродромот „Оленија“ во регионот Мурманск. Русија исто ...
Јун Сук Јеол стана првиот јужнокорејски претседател кој бил уапсен, со што беше ставен крај на еднонеделниот судир помеѓу истражителите и неговото лично обезбедување. Јун се најде под истрага за побуна откако прогласи воена состојба во државата, по што беше отповикан во парламентот. Тој технички и натаму е претседател зашто уставниот суд треба да одлучи дали отповикувањето е валидно. Полицијата мораше да користи скали и клешти за да стигне до ...
Украина вели дека погодила неколку мети во внатрешноста на Русија во она што го опиша како најголем напад од почетокот на војната. Генералштабот на украинската војска објави дека се погодени складишта за муниција и хемиски фабрики во неколку региони, некои оддалечени стотици километри од границата. Извори од украинската безбедносна служба СБУ кажаа дека ноќешниот напад бил болен удар за руските способности за водење војна. Наспроти ова, Русија ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека прашањето во врска со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути е решено, бидејќи, како што вели тој, интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Пратеничката на ДУИ на 10 јануари беше разрешена со 61 глас од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ЗНАМ од функцијата претседател на Комисијата, но таа останува ...
Денеска во употреба е пуштен експресниот пат Градско-Дреново во должина од 15,5 километри. Делницата почнува кај клучката Градско, а завршува кај клучката Дреново. Вкупната вредност изнесува 37 милиони евра, од кои над 70 отсто се од фондовите на Европската унија. Како што кажа директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски постапката за изградба на оваа делница како што е проектирање и избор на изведувачи почнал во 2013 ...
Околу 20.000 евра чини празничната програма на Општина Куманово за новогодишните празници, која се одржа на 27 и 28 декември минатата година. Половина од средствата се потрошени за хонорари на музичарите за концертот на градскиот плоштад, а останатото за другите активности и техничка подготовка. Новогодишната програма ја спроведува Фондацијата за култура и спорт Куманово, по одобрени средства од Секторот за култура во Општина Куманово. „Во ...
Управниот суд го укина негативното мислење на Конзерваторскиот центар Скопје за изградба на 17-катницата кај Воена болница, соопшти Општина Карпош. Општина Карпош на 9 јануари објави дека Управниот суд го укинал негативното мислење и со тоа нема никакви пречки зградата да се гради. Од Конзерваторскиот центар ни изјавија дека до денеска немаат добиено никаква одлука од Управен суд. САКАМДАКАЖАМ.МК на 9 јануари испрати прашања до Управен суд за ...
Вработените во државната администрација од денеска секој ден ќе протестираат по половина час пред работните места. Велат дека протестите ќе траат додека владата не го исполни нивното барање за 30 отсто повисока плата. Бараат Владата на денешната седница да стави на дневен ред точка за зголемување на платите. „Во изминатиот период остваривме средби со речиси сите министри и подготвивме предлог-колективни договори кои беа поднесени во ...
Кавадаречкото обвинителство поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес и двајца сопружници, кои се сопственици на ланец аптеки, соопштија од обвинителството. Трите лица се обвинети за фалсификување службена исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина. Според обвинителството, судијката постапувајќи во предмет во кој тужители се останатите обвинети, донела пресуда со која им го усвоила тужбеното барање и им утврдила ...
Седуммина битолчани со скршеници се јавиле за лекарска помош на Одделението за ортопедија при Клиничката болница во Битола, а седумнаесетмина на Ургентното одделение со повреди при пад по снегот и голомразиците, соопшти директорката на болницата д-р Ненси Лозанче. Од седумте пациенти на Ортопедија, пет биле оперирани и се во добра состојба, а на другите двајца им се пружа исто така соодветен медицински третман. Д-р Лозанче вели дека ова се исти ...
Преговарачите ќе се сретнат во Доха за да ги утврдат деталите од план за крај на војната во Газа, што следува откако Џо Бајден навести дека наскоро треба да се постигне договор за прекин на огнот и за ослободување на заложниците. Израел и Хамас вчера ја добија финалната нацрт-верзија на договорот откако бил постигнат напредок во преговорите, на кои присуствувале и претставници на Бајден и Доналд Трамп. Палестински извори кажаа дека договорот би ...
ТикТок ги негираше извештаите дека Кина размислува да му ги продаде американските операции на оваа социјална мрежа на Илон Маск, опишувајќи го тоа како чиста фикција. Компанијата реагираше на пишувањето на „Блумберг“ дека кинеските функционери ја разгледуваат опцијата за продажба на нејзиниот бизнис во Америка на најбогатиот човек на светот ако Врховниот суд на САД ја потврди забраната на популарната апликација. Судот ќе одлучува за законот ...
Републикански сојузници на Доналд Трамп се обидуваат да добијат поширока поддршка за нацрт-закон за почнување разговори за купување на Гренланд. Нацрт-законот е наречен „Да го направиме Гренланд повторно голем“, кажаа од канцелариите на конгресмените Енди Оглс и Дијана Харшбаргер. За нацрт-законот претходно извести „Фокс њуз“ и до вчера тој добил десетмина коспонзори меѓу републиканските конгресмени. Трамп кажа дека сака да го направи Гренланд ...
Швајцарија и Србија понудија да бидат домаќини на можна средба на Владимир Путин и Доналд Трамп, кој деновиве кажа дека негов тим работи на договарање на средбата. Трамп, кој в понеделник ќе се врати во Белата куќа, се надева дека може да ја искористи средбата за да го исполни своето ветување за брз крај на војната во Украина. Швајцарското министерство за надворешни работи се понуди да биде домаќин на оваа средба. Пречка би можела да биде ...
Претседателите на Русија и Иран, Владимир Путин и Масуд Пезешкијан, ќе се сретнат в петок за да потпишат договор за партнерство, објави Кремљ. „На 17 јануари, Владимир Путин ќе разговара со претседателот на Исламската Република Иран, кој ќе дојде во Москва во официјална посета. По разговорите, тие ќе потпишат договор за сеопфатно стратешко партнерство помеѓу Русија и Иран“, објави Кремљ. Се додава дека двајцата лидери ќе разговараат за ...
Битолчани кои живеат во посвисоките делови на градот, посебно во населбата Баир, велат дека им се потребни хеликоптери или жичници за да излезат од дома откако од вечера во Битола без престан врне снег и прекривката стигна околу 35 сантиметри. „Ние сме во отпишаните. Или на санки да се качиме и со санкање да слеземе во градот или, пак, да ни пратат жичница. Со години живеам на Баирот, а не паметам машина да поминала да ги исчити уличките. Ќе ...
Модниот фотограф Оливиеро Тоскани, кој се прослави со своите шокантни рекламни кампањи за „Бенетон“, почина на 82 години, објави неговото семејство. Поранешниот уметнички директор на „Бенетон“ минатата година објави дека боледува од амилоидоза, ретка неизлечива состојба која ги напаѓа виталните органи и нерви. Тој бил примен во болница во сериозна состојба во петокот. Неговата работа го привлекуваше вниманието кон општествени теми, како ...
Модниот фотограф Оливиеро Тоскани, кој се прослави со своите шокантни рекламни кампањи за „Бенетон“, почина на 82 години, објави неговото семејство. Поранешниот уметнички директор на „Бенетон“ минатата година објави дека боледува од амилоидоза, ретка неизлечива состојба која ги напаѓа виталните органи и нерви. Тој бил примен во болница во сериозна состојба во петокот. Неговата работа го привлекуваше вниманието кон општествени теми, како ...
Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го претстави својот манифест во пресрет на вонредните парламентарни избори во земјата, кој вклучува затворање на границите на Германија, повторно купување руски гас и растурање на Европската Унија. Германските медиуми објавија дека во манифестот се ветени напуштање на Парискиот климатски договор и на еврото како валута и создавање нова конфедерација на држави. Лидерката на АфД, Алис ...
Нов Закон за работни односи е заглавен пет години, а нема најава ниту до каде е процесот. Претходното Министерство за труд и социјална политика, во 2021 го изготви Предлог-законот кога министерка за труд и социјална политика беше Јагода Шахпаска. Со него, меѓудругото се предвидува родителско отсуство од вкупно 13 месеци, од кои 9 за мајката и 4 за таткото. Законот требаше да стапи на сила уште во 2022, но досега освен објави за јавни расправи, ...
Основниот кривичен суд денеска донесе ослободителна пресуда за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во предметот „Тврдина“. Станува збор за остаток од големиот предмет „Тврдина-Таргет“ за масовното незаконско прислушување, од кој што многу кривични дела застареа по измените на Кривичниот законик минатата година. Од предметот остана делот со уништување на опрема за прислушување и фалсификување исправа во врска со ...
Советникот во Општина Велес Марјан Николов, побара ова тело да ја започне постапката за манифестациите Рацинови средби и Детски Рацинови средби да станат национални установи. Тој смета дека оваа иницијатива е долг кон делото на поетот Коста Солев Рацин. „Потребно е овие две манифестации да станат институции од национален карактер. Затоа треба Советот да ја покрене иницијативата. Манифестациите кои низ годините го славеа Рацин, заслужуваат да се ...
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека неговата земја не е ни во војна ни во мир откако објави дека Шведска за првпат ќе испрати свои вооружени сили во Балтичкото Море за да се засили надзорот по серија наводни саботажи на подводни кабли. Тој кажа дека Шведска ќе стави на располагање три воени брода и набљудувачки авион за да се следат клучната инфраструктура и руската „тајна флота“, додека НАТО се обидува да ја заштити подводната ...
Володимир Зеленски кажа дека е подготвен да ги размени двајцата заробени севернокорејски војници за украински воени затвореници. „За оние севернокорејски војници кои не сакаат да се вратат можеби има други опции. Оние кои сакаат да ја кажат вистината за оваа војна на корејски ќе ја добијат таа можност“, напиша Зеленски на Икс. Безбедносната служба на Украина (СБУ) кажа дека двајцата војници рекле дека мислеле дека одат на вежба, а не да се ...
За најавените снег и мраз на улиците и патиштата зимава 2024-2025 година, државните институции досега само за сол и ризла потрошиле 219 милиони денари (3.569.106 евра). Најголеми се тендерите на Јавното претпријатие за одржување на патишта „Македонија пат“, кое засега има склучено три двегодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно. Но сите три договори се за набавка на индустриска сол и ризла за патиштата, без јавни набавки за ...
Американските метеоролози предвидуваат повторно засилување на ветровите кои минатата недела им даваа сила на пожарите околу Лос Анџелес, додека пожарникарите продолжуваат да се борат против три шумски пожари. По релативно благите ветрови викендов, официјални лица велат дека сувите ветрови Санта Ана повторно ќе бидат силни до среда, достигнувајќи брзина од стотина километри на час. Во меѓувреме, пожарникарите успеале да постигнат напредок во ...