Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Седумнаесетгодишник со сириско потекло е уапсен во Хамбург поради планови да изврши терористички напад, објавија властите. Јавното обвинителство на Хамбург кажа дека тој веројатно бил инспириран од Исламска држава. Тинејџерот беше уапсен од специјалните сили, по истрагите водени од неколку сојузни агенции и локалната полиција. Обвинителите кажаа дека тој планирал „да убива неверници“ и дека меѓу неговите мети биле трговски центар, бар и ...
Жителите на Водно денеска ја блокираа улицата Питу Гули и протестираа бидејќи Општина Центар не презема ништо за безбедно движење на пешаците. Како што рекоа жителите, тие секој ден стравуваат дали нивните деца безбедно ќе отидат и ќе се вратат од училиште бидејќи тротоарите се блокирани со коли па мораат да се движат по улица. „Водно се третира како елитна населба и огромни цени по метар квадратен, а нема основни услови за безбедно движење. ...
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници, соопшти концесионерот на двата македонски аеродроми. . Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7%. „ТАВ Македонија ...
Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026-2030, кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на мрежата на установите. Има манифестации, рече Љутков, ...
ВМРО-ДПМНЕ го стави Сотир Лукровски во домашен притвор, вели ексградоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Градоначалникот Лукровски официјално од минатата недела е на боледување, а со Општината раководи членот на Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ Неделчо Крстевски. Тој денеска дошол во Општината и одржал и состанок со раководителите на секторите. Крстевски со овластување од Лукровски е назначен за в.д. градоначалник. Според ...
Уписот на идните првачиња започна од 4 мај и ќе трае до крајот на месецов. Во велешко треба да се запишат 511 деца. Тоа е за 45 деца помалку од лани. Нивните родители во меѓувреме се иселени, дали внатрешно, дали во странство. И од тие што требаше лани да тргнат на училиште 556 ученици, учебната година 2025/26 година ја започнаа 476 ученици, 80 помалку од родените. Во Велешко основци се запишуваат во прво одделение во седум основни училишта, ...
Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, денска ја посети компанијата „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше генералниот директор и претседател на УО, Живко Мукаетов. За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за ...
Грчките власти ја засилуваат истрагата откако дрон наполнет со експлозиви беше пронајден покрај популарниот јонски остров Лефкада. Истрагата, во која учествуваат специјализирани воени тимови, беше проширена викендов, откако пиротехничари го детонираа дронот на море. Грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас кажа дека поморскиот дрон, за кој се верува дека е од украинско потекло, сигурно дошол од друга држава, без да ја идентификува. „Знаеме ...
Кристијан Шмит поднесе оставка од функцијата висок претставник за Босна и Херцеговина, на која што помина речиси пет години, во текот на кои го надгледуваше спроведувањето на мирот во земјата, но и се судираше со лидерот на босанските Срби, Милорад Додик. За заминувањето на 68-годишниот Шмит прв извести германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, кој објави дека тој лично одлучил да се повлече. Според весникот, Шмит ќе остане на ...
Првата група патници евакуирани од крузерот „МС Хондиус“, на кој се појави зараза со хантавирус, пристигнаа во Мадрид. Четиринаесет шпански државјани со чартер-лет од Тенерифе беа пренесени во главниот град, каде што ќе бидат сместени во задолжителен карантин во воена болница. Пред качувањето во авионот во Тенерифе, персоналот ангажиран во операцијата им облече на евакуираните бели заштитни одела и ги прскаше со средства за дезинфеција на ...
Американски државјанин имал позитивен тест за хантавирус, додека друг бил со благи симптоми, откако се вратиле од патувањето со крузерот погоден со смртоносниот вирус, објави американското министерство за здравство. Тие се меѓу 17-те мина патници кои се вратиле во САД со владиниот чартер-лет, кои дополнително ќе бидат проверени во здравствена установа во Небраска. Повеќе од 90 патници од холандскиот крузер „Хондиус“, кој сега е закотвен на ...
Жителите на Општина Центар ќе плаќаат 500 денари за паркирање надвор од зоната во која живеат. Ова е предвидено со новиот ценовник на ЈП „Паркинзи Општина Центар“, кој беше усвоен на последната седница на Советот. Досега жителите на Центар можеа да се паркираат бесплатно на сите паркинзи со кои стопанисува претпријатието, односно и во другите зони, не само во онаа каде што живеат. Тоа значи дека сега жителите на Капиштец нема да може да се ...
Бившиот полски министер за правда Збигњев Зиобро, кој се бара во неговата татковина за неколку кривични дела, избега од Унгарија во САД, откако владата на Виктор Орбан му одобри азил минатата година. „Јас сум во САД. Пристигнав вчера“, потврди Зиобро за полската десничарска телевизија „Република“. Зиобро се соочува со 25 години затвор ако биде осуден за сите обвиненија. Тие вклучуваат злоупотреба на службената положба, водење на организирана ...
Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на американските предлози за завршување на војната како целосно неприфатливи. Иранската новинска агенција „Тасним“ соопшти дека одговорот на Иран, испратен преку посредникот Пакистан, вклучува моментален крај на војната на сите фронтови, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и гаранции дека нема да има нови напади. Минатата недела, Трамп кажа дека војната во Иран ќе заврши ...
Шпанија започна со операција за евакуација на патниците од крузерот „МС Хондиус“, кој се наоѓа во близина на Тенерифе на Канарските Острови поради појава на хантавирус. Шпанската министерка за здравство Моника Гарсија вели дека процесот тече во најдобар ред и оти во моментов кај ниту еден од патниците не се забележани симптоми на болеста. Патниците се префрлаат до брегот во мали групи со помош на чамци, по што се транспортираат до локалниот ...
Иран го испрати својот одговор на предлозите на САД за прекинување на војната преку медијатори во Пакистан, јавуваат иранските државни медиуми. Иако деталите од одговорот не се објавени, се верува дека американските предлози се фокусирани на меморандум од 14 точки кој би можел да отвори пат за преговори околу нуклеарните амбиции на Техеран. Според извештаите на американските медиуми, документот предвидува суспензија на збогатувањето нуклеарно ...
Во 86-тата година од животот почина Македонка Јанчевска, објави нејзиното семејство. Таа беше истакната македонска поетеса, авторка на 13 дела за деца. Напиша повеќе збирки поезија за најмладите, како и текстови за песни изведени на детски фестивали. Долги години беше дел од организацијата на „Детските Рацинови средби“ во Велес и директорка на Пионерскиот дом „Ѓоре Органџиев“. Добитничка е на општинската награда „9 Ноември“ и на наградата ...
Добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, во своите сведоштва тајно изнесени од затвор во Иран, ја опишува тортурата на самицата и систематското здравствено занемарување со кое се соочува во затворскиот систем. Мохамади во моментов се наоѓа во критична состојба во болница во градот Занџан. Нејзините записи, кои наскоро ќе бидат објавени во форма на мемоари, откриваат детали за тепања, постојани испрашувања и долги периоди ...
Португалската влада наскоро ќе претстави мерки со кои планира да ја намали зависноста на земјата од фосилни горива за 50 отсто во следните десет години. Иако Португалија веќе е меѓу лидерите во Европа со 80 отсто производство на струја од обновливи извори, нафтата и гасот сè уште сочинуваат над 60 отсто од вкупната потрошувачка на енергија, каде се вклучени транспортот, индустријата и греењето. Министерката за животна средина и енергија, ...
Медицински тим на британската војска со падобрани се спушти на Тристан да Куња, најодалечениот населен остров во светот, за да му пружи помош на локален жител за кој постои сомнеж дека е заразен со хантавирус. Мажот бил патник на крузерот МВ Хондиус, каде што претходно беше регистрирано жариште на овој вирус. Пациентот ги почувствувал првите симптоми две недели по напуштањето на бродот во средината на април и во моментов е во стабилна ...
Претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција го обвини премиерот Христијан Мицкоски за ширење невистини во врска со статусот на македонскиот јазик во евроинтегративните процеси. Филипче изјави дека премиерот го користи јазикот и идентитетот како изговор за сопствените политики и вели дека претходно давал неточни тврдења за почетокот на преговорите и за наводни фусноти во меѓународните договори. Лидерот на ...
Полошкиот Регион во март 2026 година предничи според бројот на издадени одобренија за градење на ниво на цела држава, според податоците објавени од Државниот завод за статистика. Од вкупно 245 дозволи издадени во Македонија, 62 се регистрирани во овој регион, што го позиционира како најактивен во градежниот сектор за овој месец. Како инвеститори во овој дел од земјата доминантно се јавуваат физичките лица. Од вкупниот број одобренија, 54 се ...
Во Конгресната библиотека во Вашингтон, САД се чуваат многу документи поврзани со историјата на Македонија. Меѓу нив има и документи за Илинденското востание, како и за страдањето на македонскиот народ од страна на османлиската власт по задушувањето на востанието. Меѓу тие документи се и писмата на Клара Бартон од 1903-1904 година во кои ја споменува Македонија во контекст на хуманитарни активности на Американскиот Црвен крст, поврзани со ...
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека ќе ги нападне американските центри на Блискиот Исток доколку нејзините танкери бидат цел на оган, пренесоа иранските медиуми. Ова предупредување доаѓа во период кога Вашингтон очекува одговор од Техеран на последниот предлог за преговори. Од гардата изјавија дека секој напад врз ирански танкери и трговски бродови ќе резултира со тежок удар врз американските позиции во регионот и врз непријателските ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека конфликтот во Украина се приближува кон крајот. Тој зборуваше пред новинарите по воената парада во Москва со која се одбележа победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна. Путин рече дека работите завршуваат кога станува збор за специјалната воена операција, додека истовремено ја критикуваше поддршката што Западот ја дава за владата во Киев. Годинашната парада во Москва помина без ...
Коалицијата Вреди на Конгрес во Скопје, во присуство на 850 делегати, синоќа донесе одлука за обединување во еден политички субјект. Со овој чин, партиите и организациите кои беа дел од оваа коалиција продолжуваат со заедничко дејствување како една политичка партија. Копретседателот на Вреди и градоначалник на Чаир, Изет Меџити, во изјава за медиумите кажа дека овој чекор е одговор на долгогодишните барања на гласачите за промени во ...
Авион на американската компанија „Фронтиер ерлајнс“ удри и усмрти човек на пистата на меѓународниот аеродром во Денвер за време на полетување, по што изби пожар во еден од моторите и патниците мораа итно да се евакуираат. Летот 4345 беше за Лос Анџелес, а според официјалните информации од аеродромот, пилотот пријавил дека удрил во пешак во петокот околу 23:20 часот по локално време. Од аеродромот во Денвер соопштија дека лицето кое го загуби ...
Педесет и шестгодишната Милена Витанова е убиена во италијанскиот град Пјаченца, а убиството го признал нејзиниот сопруг, 59-годишниот Хако. Трагедијата се случила во семејниот стан на шестиот кат во зграда на периферијата на градот, каде што Хако ја нападнал сопругата со нож. По извршеното дело, тој самиот се јавил во полиција и признал дека ја убил сопругата, по што ја заклучил вратата од станот и побегнал. Италијанските карабинери по ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, пристигна во Тенерифе за лично да ги смири граѓаните пред впловувањето на крузерот „МВ Хондиус“, на кој се појави епидемија на хантравирус. Тој изјави дека ризикот од инфекција за локалното население е многу низок и дека моменталната ситуација не е повторување на кризата со ковид-19. Бродот, кој патува од Јужна Америка, се очекува да вплови во пристаништето ...
Претседателот на Советот на Европската Унија, Антонио Кошта, упати честитка до граѓаните на Северна Македонија по повод 9 Мај, Денот на Европа, при што им се обрати како на идни членови на Унијата. Во обраќањето, тој рече дека на овој ден се слави заедничкиот европски потфат и моментот кога земјите основачки избраа единство и соработка наместо поделби и конфликти. Кошта вели дека на пепелта од Втората светска војна е изградена иднина која се ...