Жена со нож го прободела невенчаниот сопруг во Велес, кој во животозагрозувачка состојба е пренесен во Скопје. Велешката полиција ни потврди дека таа лани го пријавувала за насилство и дека против партнертот е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес. „На 6 јули во 19 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т. Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела ...

Штипски археолози открија голема и мошне значајна некропола кај археолошкиот локалитет Баргала, кој се наоѓа во подножјето на планината Плачковица, во близина на селото Козјак, во Општина Карбинци. „Проектот, поддржан од Министерството за култура, е во почетна фаза, па засега на Џамалиски гробишта, на оддалеченост од 500 метри од античкиот град Баргала, се откриени осум гробни места. Според првичните сознанија, тие потекнуваат од 4, 5 и 6. ...

Советот на Општина Битола едногласно одлучи паркирањето на јавните паркиралишта во градот да биде бесплатно за родителите или старателите на лица од аутистичниот спектар. Тие ќе можат да користат повластена паркинг-карта за зоните Б1, Б2, Б5, Б7, Д1, Х1, А8, А10 и А2. Картичката ќе важи една година и ќе му се издава на барателот по претходно поднесено барање. Таа нема да биде пренослива на други лица и возила. Повластената паркинг-карта се ...

Апелацискиот суд во Париз потврди дека лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен е виновна по обвиненијата за проневера, поради што е неизвесно дали ќе се кандидира на следните претседателски избори. Судот ѝ го овозможи тоа откако ѝ ја намали забраната за вршење јавна функција од пет години на 15 месеци. Судот ги потврди казните од 100.000 евра и три години затвор, од кои две условно. Третата година Ле Пен треба да ја отслужи со ...

Од 1 јули на позитивната листа на лекови се ставени три нови антикоагулантни лекови позитивната листа: „еноксапарин“, „надопарин“ и „ривароксабан“, кои се достапни сега во аптеките, кажа денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. „За ‘еноксапаринот’ се достапни два бренда, кај ‘надопаринот’ е достапен еден бренд и кај ‘ривароксабанот’ во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Што ќе значи ова? Првите ...

При повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога-Лемос во Преспа би било од особена вредност надлежните органи на Грција и Македонија заеднички да ја разгледаат промоцијата на спомен-плочата за седумтемина младинци од Лерин убиени од бугарскиот фашистички окупатор на 17 јануари 1944 година и историските настани поврзани со тоа. Ова го предлага Стратос Василопулос, генерален секретар на Здружението на хотелиери на Општина Преспа, ...

Групацијата „БАЛФИН“ го здоби сертификатот Најдобар работодавач 2026 (Top Employer 2026) кој го доделува Top Employers Institute – глобален авторитет за препознавање на извонредноста во практиките за управување со човечки ресурси. Сертификатот се доделува исклучиво на организации кои успешно ќе поминат низ ригорозен и независен процес на евалуација, при што се оценуваат нивните резултати во клучни области како што се стратегијата за човечки ...

Телото на жената осомничена дека го извела бомбашкиот напад во Монако е пронајдено синоќа близу Киев, објави „Украинска правда“. Според изворите, таа била застрелана. Јавното обвинителство на Монако пред неколку дена ја идентификуваше осомничената како 38-годишната украинска државјанка Анастасија Березовска, за која беше активиран меѓународен налог за апсење. „Украинска правда“ објави дека таа престојувала надвор од Украина од 22 март 2025 до ...

Хамас соопшти дека ја распуштил својата влада во Газа и дека е подготвен да ја предаде власта на група палестински технократи, што Израел го отфрли како трик. Ветувањето на Хамас дека ќе го укине своето тело за надзор на министерствата беше клучен дел од планот за цивилно управувана повоена Газа, што го претстави Доналд Трамп по почетокот на кревкото примирје со Израел во октомври. Хамас кажа дека ќе продолжи да ги надгледува безбедноста и ...

Лидерите на НАТО пред самитот во Анкара ќе претстават договори за купување оружје во вредност од десетици милијарди долари, за да покажат дека ги почитуваат повиците на САД за трошење повеќе за одбрана на Европа. Европските влади ќе ги објават договорите на форумот на одбранбената индустрија на НАТО, пред Доналд Трамп да долета за самитот, кој почнува вечерва. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека Европејците направиле ...

Владата донесе длука за еднострано раскинување на договорот за концесија за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Одлуката, донесена на 30 јуни, излезе во Службен весник на 3 јули, а инвеститорот „Енерџи лукс“ од Кочани има 30 дена можност да се жали пред Управниот суд. „Енерџи лукс“ ја има концесијата од 2012 година, а Владата во октомври лани ѝ го продолжи рокот за изградба на хидроцентралата до 7 март 2026. Градоначалникот на ...

Доналд Трамп изјави дека решавањето на повеќе од четиригодишната војна во Украина е поблиску одошто луѓето сфаќаат и дека ќе зборува за Украина за време на самитот на НАТО во Турција оваа недела. Тој ги даде овие забелешки откако викендов разговараше и со Владимир Путин и со Володимир Зеленски, но не даде детали за своето уверување. Наспроти ова, Русија вчера повторно ги нападна Киев и околниот регион со ракети и дронови, при што загинаа ...

Американскиот актер, режисер и продуцент Џорџ Клуни ќе добие Златен лав за животно дело на 83. Венециски филмски фестивал (2 – 12 септември), соопштија организаторите. „Имав толку многу прекрасни моменти во Венеција. Овој фестивал без сомнение ми е омилен и да го добијам Златниот лав е огромна чест. Веројатно тоа значи и дека сум стар, но ќе го прифатам“, изјави 65-годишниот Клуни. Директорот Алберто Барбера рече дека во своето тројно ...

Австралискиот премиер Ентони Албаниз се извини за коментарите што ги даде за поп-ѕвездата Кајли Миног. Тој гостуваше во подкастот на комичарката Ники Озборн, која го праша „дали би имал секс, би се оженил или би излегол со Миног, актерката Никол Кидман или со забавувачката Ронда Берчмор“. Откако првично се обиде да го избегне прашањето, Албаниз рече: „Кајли, јасно“. Тој веднаш се соочи со осуди, при што еден пратеник ги нарече неговите ...

Украински дронови ја погодија рафинеријата во Омск, најголема во Русија и лоцирана длабоко во Сибир, што е еден од најоддалечените украински напади од почетокот на војната. Локалните руски власти го потврдија нападот. Генералштабот на украинската војска соопшти дека нападот предизвикал пожар во рафинеријата на „Газпром“, која се наоѓа околу 2.500 километри од територијата под контрола на Украина и во близина на границата на Русија со ...

Полицијата ги зајакна акциските контроли во Штип поради ноќни трки на моторџии и автомоболисти што неколку дена се одвиваат по главните улици во градот. За неполни десет дена биле приведени десетина лица кои со своиге мотори и автомобилии дивееле по штипските улици. На ваков чекор, полицијата се одлучила по честите реакции на граѓаните, кои пријавувале крајно недолично однесување по улиците во нивните населби и поради силната бучава преку ...

Контактот со гасеницата боров четник (Thaumetopoea pityocampa) може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај луѓето, а опасноста не доаѓа само од директен допир со инсектот, туку и од неговите микроскопски влакненца кои лесно се шират преку воздухот, вели д-р Томица Сотировски, специјалист-дерматовенеролог од Клинката за дерматовенерологија во Скопје. Боровиот четник е инсект чиј фасцинантен животен циклус предизвикува значајни ...

Параглајдерист од САД е тешко повреден при слетување со параглајдер кај селото Породин, Битолско. Несреќата се случила вчера околу 15,30 часот при слетување на параглајдерсистот Ф. Б. (59) во атарот на Породин, во близина на индустриската зона Жабени. Американецот бил сместен во Крушево, а вчера со параглајдерот летал над Пелагонија. Од СВР Битола соопштија дека со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Битола, ...

Комеморацијата за режисерот Сашо Миленковски ќе се одржи на 15 септември во 12 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје, соопшти неговата матична куќа. Од 2010 Миленковски беше вработен како драматург во Драмски. Миленковски почина на 29 јуни на63 години, а погребот беше на 1 јули во неговиот роден град Битола. Неговата професионална кариера започнува уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во ...

Украинските воздухопловни сили велат дека се соочуваат со сериозен недостиг на пресретнувачки ракети, додавајќи дека не била соборена ниедна од 29-те балистички ракети испукани кон Киев во последниот руски напад. Најмалку 12 луѓе загинаа во Киев и уште шестмина во поширокиот регион. „Русите го користат фактот дека сега има сериозен дефицит на пресретнувачки ракети во Украина и во светот“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј ...

Обвинетиот Димче Цветковски (44) не го признава делото убиство за кое е обвинет, дека на 5 ноември 2025 го убил Гело Ѓошев. Тој на почетокот на судењето кое започна во Основен суд Велес, на прашањето од претседателот на Советот судијата Шефшет Адеми, кажа дека не се чувствува виновен. Обвинителството го товари дека делото го сторил од користољубие. „Обвинетиот со убиениот биле познаници кои заедно барале културни и природни реткости. ...

Уапсени се две лица од скопје под сомнение дека на 5 јули го предизвикале пожарот на Јужен булевар во Скопје во близина на Рампа, на километар до центарот на градот. Во пожарот беше повреден еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи лишени од слобода се С. А. (34) и И. Х. (39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

Собранието по скратена постапка ги усвои законските измени со кои се врши привремена прераспределба на стапките за социјално осигурување. Според новите одредби, кои стапуваат на сила со исплатата на јулската плата во 2026 година, придонесот за пензиско и инвалидско осигурување се зголемува од 18,8 на 19,9 проценти од бруто платата. Истовремено, придонесот за осигурување во случај на невработеност се намалува од 1,2 на 0,1 процент. Предлагачи ...

Тројца синови се појавија на погребната церемонија за убиениот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи, но го немаше Моџтаба, синот кој го наследи на највисоката функција во државата. Државната телевизија ги прикажа Мостафа, Мејсам и Масуд Хамнеи како се молат зад ковчезите на Али Хамнеи и четворица други роднини поставени во огромниот двор на религиозниот комплекс Голема мосала на Техеран. Али Хамнеи беше убиен на првиот ден од ...

„Еуролинк осигурување“ го зголемува својот капитал за 5,85 милиони евра преку докапитализација обезбедена од матичната компанија Grazer Wechselseitige Versicherung AG (групација ГРАВЕ) со седиште во Грац, Австрија, една од водечките европски осигурителни групации. Одлуката беше разгледана на Собранието на акционери, а со нејзиното усвојување вкупниот капитал на Друштвото надминува 20,5 милиони евра. Со докапитализацијата, вкупниот капитал на ...

Во август ќе почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри, и ќе биде завршен за 4 години. Денеска во Владата беше потпишан договорот за заем меѓу Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 167,6 милиони евра. За овој проект од Европската унија (ЕУ) е добиен грант од 30 милиони евра. Како што кажа на потпишувањето на договорот директорот на Јавното ...

Контактот со гасеницата боров четник (Thaumetopoea pityocampa) може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај луѓето, а опасноста не доаѓа само од директен допир со инсектот, туку и од неговите микроскопски влакненца кои лесно се шират преку воздухот, вели д-р Томица Сотировски, специјалист-дерматовенеролог од Клинката за дерматовенерологија во Скопје. Боровиот четник е инсект чиј фасцинантен животен циклус предизвикува значајни ...

Цел живот ми помина по комисии. Годишно се јавувам на 3 до 4, што во Битола, што во Скопје, а на секои 6 месеци вадам нови документи од невролог, вели Анета Бошевска од Битола, пациентка со дијагностицирана мултиплекс склероза, на која пред шест години ѝ беше утврдена инвалидност од прв степен. Таа е само една од многуте пациенти со траен инвалидитет или тешки заболувања, кои комисиите ги враќаат на контролни прегледи на 6 месеци, на една или ...

Најмалку девет луѓе загинаа во вториот голем руски напад врз Киев во рок од неколку дена, при што спасувачите бараат преживеани под урнатините на делумно уништени станбени згради. Шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека се повредени најмалку 56 луѓе, од кои пет деца. Нападите се случија во пресрет на самитот на НАТО во Турција, на кој Володимир Зеленски треба да се сретне со Доналд Трамп. Неколку часа порано, Зеленски ...

„Нешенал џиографик“ на 26 јуни го отвори новиот Музеј на истражувањето (National Geographic Museum of Exploration), вреден 300 милиони долари и со површина од околу 9.300 квадратни метри, на местото на поранешниот музеј на „Нешенал џиографик“, кој беше затворен во 2023. Во новиот музеј во Вашингтон, посетителите можете да се сретнат „очи в очи“ со дивиот свет преку 1.000 портрети на животни, да ги следат стапките на експедиција на Монт ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.94
47%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
55%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.58
61%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.88
61%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.41
57%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.43
83%
1015
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
51%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.34
34%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.58
44%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
74%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
1.18
45%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
5.71
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8859

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Паладиум

41120.80

Злато

131085.02

Иридиум

252383.36

Бакар

13.07

Алуминиум

3.19

Рутениум

53852.50

Калај

54.37

Родиум

265243.66

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Сребро

1880.63

Платина

52437.87