Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Во Македонија бројот на пензионери се израмнува со бројот на работници. Врз основа на податоците од матичната евиденција на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), бројот на осигурениците е 556.294 лица додека бројот на пензионери е 343.048 лица, односно соодносот пензионери/осигуреници на крајот од 2024 година изнесувал 1:1,63 и бележи намалување во однос на 2023 кога изнесувал 1:1,70. Ова се вели во извештајот на Државниот завод ...
Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип ја даде на користење на Министерството за внатрешни работи зградата на „Кампус 4“, која досега беше наменета за студентите на Филолошкиот факултет и Факултетот за туризам, потврди ректорот на УГД Дејан Мираковски. Тој вели дека отстапувањето, кое е по барање на МВР, одговора и на Универзитетот затоа што „Кампус 4“ е единствениот објект кој е надвор од градот, за разлика од останатите факултети кои се ...
Околу 700.000 денари (над 11.000 евра) обезбеди Министерството за култура и туризам во 2026 година за заштита на мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја кај Битола. Средствата ќе бидат наменети за препокривање со кровна конструкција на мозаиците заради поголема заштита од атмосферските влијанија. „Радува фактот што во последните неколку години посетеноста на Херкалеја се движи од 22.000 до 25.000 посетители годишно. И ние сме со тенденција ...
Клајв Дејвис, еден од највлијателните извршни директори во историјата на рок и поп музиката, почина на 94 години во својот дом во Њујорк. Поранешниот шеф на издавачките куќи „Колумбија“ и „Ариста“ е заслужен за кариерите на Џенис Џоплин, Брус Спрингстин, Били Џоел, Витни Хјустон, Кристина Агилера, Алиша Кис и многу други. Роден во Бруклин во 1932, Дејвис дипломирал право и немал никакви познавања од музичката индустрија кога се вработил во ...
САД ги ублажија санкциите за Иран на 60 дена, дозволувајќи му да продава нафта во американски долари за првпат во последните децении. Со овој потег се демонтираат централните столбови на долгогодишното ембарго на Вашингтон, кое историски ја задушуваше иранската економија. Вонредната лиценца ги дозволува производството, продажбата и испораката на иранска сурова нафта и петрохемикалии до 21 август. Иранската нафта дури ќе може директно да се ...
Две деца на возраст од две и четири години се пронајдени мртви во автомобилот на нивната мајка во Карпентрас во југоисточна Франција среде силниот топлотен бран. Браќата биле откриени околу пладне во возило паркирано во близина на нивната куќа, соопшти јавниот обвинител. Обвинителката на Карпентрас, Елен Мурже, рече дека причината за смртта сè уште се испитува, но дека екстремната топлина во моментов е водечка линија на истрагата. Според „Ле ...
Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, изјави дека Иран се согласил повторно да ги пушти нуклеарните инспектори во земјата, а разговорите со Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) би можеле да се одржат уште денеска. Тој рече дека бил постигнат голем напредок на првата рунда разговори помеѓу САД и Иран во Швајцарија. Меморандумот за разбирање потпишан минатата недела вклучува обврска за повторно отворање на Ормускиот Теснец и прекин ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков изјави дека е најден сопственикот на приватната парцела со која граничи црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа, и тој дал согласност трајно да ја користат, па може да се продолжи со конзервација и рестварација на ова првокласно културно наследство. САКАМДАКАЖАМ.МК на 26 март 2026објави дека поради необезбедената согласност од приватните сопственици на парцелата, со која граничи едниот ѕид од ...
Три возрасни лица починаа во Франција од здравствени проблеми предизвикани од екстремна топлина, а речиси 2.700 училишта во земјата требаше да затворат или да ги изменат распоредите, бидејќи властите низ цела Европа издадоа предупредувања за топлотен бран за оваа недела. Се предвидуваше дека температурите во Бордо во југозападна Франција ќе надминат 42 степени денеска, а метеоролошката агенција „Метео Франс“ соопшти дека 49 административни ...
Данскиот кинематографер Дан Лаустсен е лауреат на наградата Златна Камера 300 на 47. фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, соопшти директорот на фестивалот Димитрија Доксевски. „Една од големите ѕвезди што ќе бидат во септември на фестивалот, е еден од најголемите кинематографери на денешницата, човек којшто успеа да ја спои европската традиција на снимање филмови со најсовремената ...
Од полноќ се намалуваат цените на безнините и дизел горивото. Како што соопштија од Регулаторната комисија за енергетика , водни услуги и услуги за управување (РКЕ), намалување на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15 јуни. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 денари за литар и ќе биде 84 денари, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 денари и ќе ...
На просторот на некогашниот текстилен гигант „Астибо“ во Штип, во мал производствен погон се шијат торби, качкети, капи, понекогаш и јакни и кошули. Но, „Депакон“ не е класична конфекција. Во основата на нејзината работа е рециклирање, а материјалите што ги користи се фудбалски дресови и банери од спортски терени. Производите на „Депакон“ не можат да се купат во Македонија, туку најголемиот дел оди за Холандија. Основаачот на оваа фирма е ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе има средба со претставници на дистрибутивните компании и маркетите, заради намалување на цените на прехранбените производи. Мицкоски кажа дека редно време е трговците да ги намалат цените, а ако не го сторат тоа Владата ќе преземе соодветни мерки и ќе ги објавува јавно маркетите. „Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е време тие да им се оддолжат на ...
Московските аеродроми привремено ги суспендираа летовите утрово по извештаите дека десетици дронови го напаѓаат главниот град, само неколку дена откако тој се бранеше од најголемиот напад од почетокот на војната. Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека противвоздушната одбрана пресретнала околу 80 украински дронови околу градот, при што итните служби реагирале на повеќе места каде што паднале дронови, но немало жртви. Воздухопловните ...
Британскиот премиер Кир Стармер објави дека ќе поднесе оставка, при што нов лидер ќе биде избран до септември, седми за период од десет години. Ова следува помалку од две години по убедливата победа на Лабуристите на парламентарните избори, по кои Стармер вети дека ќе стави крај на хаосот во британската политика, Тој изјави дека во партијата јасно му ставиле на знаење дека сака да се повлече. Стармер кажа дека номинирањето за негов наследник ...
Земјоделските фолии во земјава по нивниот век на употреба или завршуваат во депонии како отпад кој тешко се разградува или земјоделците ги палат. И во двата случаи тие ја загадуваат животната средина бидејќи во државата нема соодветно решение како да се постапува со пластичните фолии што ги користат земјоделците во процесот на одгледување зеленчук и градинарски култури. Ова беа заклучоците на работилницата во Струмица на тема „Управување и ...
Анета Бошевска од Битола, пациентка со дијагностицирана мултиплекс склероза, на која пред 6 години ѝ беше утврдена инвалидност од прв степен и дадена времена инвалидска пензија, не само што остана без пензијата, туку државата ја тужи и бара да врати околу половина милион денари (25.000 евра) што ѝ ги исплаќала во последните две години. Проблемот настана откако таа не се јави на контролниот преглед на 31 јануари 2024 година, за што вели дека ...
Во текот на 2025 година, традиционално како и секогаш, најголем подносител на кривични пријави до Обвинителството е Министерството за внатрешни работи (МВР), кое од вкупно 19.976 лица пријавило 14.422 лица или 72,2 % од вкупно поднесените пријави, вели Јавното обвинителство на Македонија во Извештајот за работа за 2025. Во Извештајот кажува и дека од примените и решените кривични пријави во 2025, Обвинителството отфрлило дури 42 отсто од ...
Анета Бошевска од Битола, пациентка со дијагностицирана мултиплекс склероза, на која пред 6 години ѝ беше утврдена инвалидност од прв степен и дадена времена инвалидска пензија, не само што остана без пензијата, туку државата ја тужи и бара да врати околу половина милион денари (25.000 евра) што ѝ ги исплаќала во последните две години. Проблемот настана откако таа не се јави на контролниот преглед на 31 јануари 2024 година, за што вели дека ...
Државниот просветен инспекторат ќе изврши вонредна контрола во училиштата во Лозово и Конче, каде што минатата недела, по завршувањето на учебната година, имаше реакциии од родители чии деца, според нив, неоправдано ќе мора да го повторуваат одделението, поради етнички и политички причини. Во Лозово се работи за петмина ученици, од кои еден е од македонска националност, а останатите од турска и албанска националност. Родителот кој јавно ...
Десничарскиот кандидат Абелардо де ла Есприела тесно победи на претседателските избори во Колумбија, покажува првичното пребројување на гласовите, што може да доведе до драматична промена во начинот на кој владата ќе се справи со внатрешниот вооружен конфликт. Де ла Есприела, кој беше поддржан од Доналд Трамп, вети воена акција против илегалните вооружени групи, трговијата со дрога и криминалот. Со над 99 отсто преброени гласови, Де ла ...
На просторот на некогашниот текстилен гигант „Астибо“ во Штип, во мал производствен погон се шијат торби, качкети, капи, понекогаш и јакни и кошули. Но, „Депакон“ не е класична конфекција. Во основата на нејзината работа е рециклирање, а материјалите што ги користи се фудбалски дресови и банери од спортски терени. Производите на „Депакон“ не можат да се купат во Македонија, туку најголемиот дел оди за Холандија. Основаачот на оваа фирма е ...
САД и Иран разменија закани по првата рунда разговори во Швајцарија, но и кажаа дека постигнале охрабрувачки напредок во постигнувањето конечен договор. Техничките разговори ќе продолжат во текот на неделата. Во заедничка изјава објавено рано утрово, посредниците Катар и Пакистан кажаа дека „Комитетот на високо ниво“ се согласил на „мапа на патот кон постигнување конечен договор во рок од 60 дена“. Министерот за надворешни работи на Иран, ...
Новинарката Биљана Мартиноска почина денеска во Скопје на 76 години, соопшти нејзината ќерка, писателката Ана Мартиноска. Мартиноска (родена Пенушлиска) беше дел од весникот „Нова Македонија“, каде во културната рубрика беше истакната авторка на текстови за разни аспекти на културното творештво, особено за ликовната уметност. Таа работеше во златното време на новинарството, во последните децении на 20. век, кога културните рубрики беа ...
Сезонската директна авиолинија од Виена до Охрид на „Аустријан ерлајнс“ почна денеска, со слетување на првиот авион на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Новата директна линија ќе сообраќа двапати неделно, секој четврток и недела, до 18 октомври. На 16 јуни во Охрид слета и првиот сезонски лет од Истанбул на „Туркиш ерлајнс“ со што продолжи директното поврзување на двата града во летната сезона. Со овие две нови редовни линии, од ...
Владата на САД вели дека ќе престане да финансира програми во Јужна Африка наменети за справување со ширењето на ХИВ и СИДА. Повеќе од осум милиони Јужноафриканци живеат со ХИВ – најголем број од која било земја во светот. Се чини дека Стејт департментот на САД ја поврзува одлуката со наводниот неуспех на Јужна Африка да ја заштити заедницата на бело малцинство Африканери – тврдење што владата на Јужна Африка постојано го отфрла. ...
Петнаесетгодишно девојче од Скопје се обидело да се самоубие зашто татко ѝ подолг временски период психички и физички ги малтретирал нејзе, 18-годишната сестра и мајка им. Основното јавно обвинителство Скопје против 56-годишниот татко поведе постапка за кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата ...
Јубилејното 65. издание на Струшките вечери на поезијата (СВП) ќе се одржи во јуни, наместо како што е долгогодишна пракса да се одржува во втората половина на август. Свеченото отворање е на 24 јуни во 20:30 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Од Фестивалот па преку соопштение на социјалните мрежи поконкретно ги наведоа причините зошто јубилејното издание ќе се одржи од 24 до 29 јуни. „И најмалку упатените во ...
Македонски државјанин признал дека ја убил 45-годишната Ставрула Левентаки, која во изминатите денови се водеше како исчезната во градот Ханија на грчкиот остров Крит. Според грчките медиуми, осомничениот 43-годишник пред истражителите признал дека настанала тензија по расправија со жената околу прашања поврзани со куќата што ја изнајмувал од неа, по што ја нападнал со нож и ја усмртил. По злосторството, телото на жртвата го ставил во кеса, ...
Почина Славенка Дракулиќ, хрватската писателка, новинарка и феминистичка теоретичарка чиј опус остави длабока трага во европската литература и јавна мисла. Имаше 76 години. Родена во 1949 година, кариерата ја започна во Загреб, пишувајќи за „Старт“, „Данас“ и „НИН“. Со книгата „Смртните гревови на феминизмот“ (1984) ја отвори јавната дебата за правата на жените во Југославија. Во тие свои пионерски есеи од 1970-тите и 1980-тите години, ...