Со планинарски марш од село Бозовце до Лешничката Долина беше одбележан петгодишниот јубилеј од прогласувањето на Шар Планина за национален парк. НП „Шар Планина“ денес управува со речиси целиот шарпланински масив од македонска страна и се протега од селото Јажинце до селото Дуф. Ова подрачје е дом на исклучително богат биодиверзитет, бројни глацијални езера, планински пасишта, шуми и десетици населени места кои со векови живеат во склад со ...

Тригодишно момче е извлечено живо од урнатините шест дена по катастрофалните земјотреси во Венецуела, соопшти јордански спасувачки тим. Детето именувано како Клибер Моран беше извлечено од урнатините во тешко погодената област Ла Гваира, изјави привремената претседателка Делси Родригес. Ова доаѓа откако Обединетите нации предупредија дека десетици илјади луѓе итно имаат потреба од храна и засолниште. Бројот на загинати во земјотресите со ...

Директорот на Фондот за здравство (ФЗО) Сашо Клековски е предлог на ВМРО-ДПМНЕ за министер на Министерството за здравство, а досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински ќе раководи со ФЗО, кажа премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој по вечерашниот партиски состанок на Извршниот комитет ги соопшти кадрите опфатени со реконструкцијата на Владата. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за министер за социјална политика, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година заработил над 1,4 милијарди долари од деловни зделки со криптовалути, според неговиот задолжителен финансиски извештај за 2025 година. Ова покажува дека Трамп сега го добива поголемиот дел од својот приход од дигитални средства кои имале корист од неговите политики. Во објава од 927 страници, тој пријавил 635 милиони долари авторски права од меме-монета на Трамп чија вредност падна откако ...

Постапката на експропријација на земјиштето каде што треба да минува колекторскиот систем за прифаќање на отпадните води од Велес ја зголеми неговата цена, па локалната власт не може да започне со исплатата на средствата. Од Општина Велес велат дека експропријацијата е ставена на приоритетна листа и најавуваат дека ќе заврши во најбрзо време. Проектот е во вредност од 24 милиони евра, од претпристапна помош на Европската комисија за ...

Кремљ потврди дека руската влада е во преговори со други земји за купување бензин, додека се обидува да го стабилизира својот домашен пазар по серијата украински напади врз рафинериите и енергетската инфраструктура. „Активно се водат разговори. Доколку можат да се постигнат договори по прифатливи цени, тогаш увозот ќе продолжи“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, кој одби да ги именува конкретните земји вклучени во разговорите. ...

Два пожара попладнево опустошија големи површини на обработлива површина и неколку објекти во околината на Велес. Огнот кој утринава се појави покрај патот Велес-Штип, кај месноста Штипско Џаде, се прошири на два различни дела од општината. Првиот крак беше во околината на село Мамутчево, додека вториот крак кон месноста Трите Дола. Горела сува трева. Во месноста Трите Дола има изгорено лозја, овоштарници, сандaци со пчели, викендички. На ...

Пуштени се во употреба семафорите кои ќе го регулираат сообраќајот на крстосниците на Широк Сокак кај хотелот „Епинал“ и Камен Мост во центарот на Битола. Крстосниците на кои имаше пешачки премини беа дел од пешачката зона, па минувачите секогаш имаа предлост, а зад нив се создаваа колони возила и тесни сообраќајни грла. Со семеафорите ќе се регулира протокот на пешаци и возила. Сега продолжен е пешачкиот дел, односно со бела боја исцртани се ...

Ако за 10 дена не се исплатат заостанатите субвенции во земјоделството и сточарството, не се дефинира откупната цена на млекото и житото, пелагониските земјоделци најавија дека ќе организираат голем протест во Скопје. Тие денеска протестираа пред Подрачната канцеларија на Министерството за земјоделство во Битола. Се пожалија дека земјоделството е на колена и ако државата скоро не најде решение ќе почнат со блокади на патиштата. „Субвенците во ...

Петкатна станбена зграда во централниот атински кварт Петралона се урна за време на рушење на соседна зграда, но сите жители успеаја навреме да ги напуштат своите домови и нема пријавено повредени. Снимките на државната телевизија „ЕРТ“ покажаа куп урнатини каде што некогаш се наоѓаше зградата со седум стана. Инцидентот се случи додека на соседната парцела се вршеле работи за рушење на двокатна зграда заради изградба на нова зграда. Уривањето ...

Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид веќе една недела е без електрична енергија поради долг кон ЕВН кој, според информациите, надминал три милиони денари (околу 50.000 евра). Во меѓувреме, директорот на установата, Жарко Куциноски, си поднесе неотповиклива оставка, наведувајќи лични причини. Студентите кои до денеска престојуваа во домот, наместо достоинствени услови за живот и учење, се соочуваа со секојдневие исполнето со темни ...

Речиси 84 отсто од анкетирани 410 здравствени работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа, вели истражувањето на Здружението за еманцијапција, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, спроведено во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на ...

Се одлага почетокот на издржувањето на затворската казна на поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, кој од здравствени причини го побарал тоа уште на 12 јуни. Основниот кривичен суд Скопје му излегол во пресрет и судијата за санкции му го прифатил барањето, но на барањата за проверка за моменталната здравствена состојба на Јакимовски, лекарите од двете приватни здравствени институции што тој ги навел, не му одговараат на Судот. ...

Дали знаевте дека Македонија го потпиша Договорот за асоцијација и стабилизација со Европската Унија уште во 2001 година, и тоа неколку месеци пред Хрватска? Во меѓувреме, Хрватска е веќе 13 години земја-членка на ЕУ. Во овој квиз нема да ви поставуваме толку сложени прашања, но ве покануваме да се проверите што знаете и колку знаете за Унијата. Ние нема да ве прашаме кога ќе влеземе во ЕУ, бидејќи тоа прашање е блокирано со вето. На квизот ...

Германија треба да го прекине бојкотот на руските нафта и гас за да ја зајакне својата ослабена економија, изјави за „Ројтерс“ лидерката на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, истакнувајќи ги своите амбиции да ја предводи националната влада. Вајдел рече дека АфД може да победи на две клучни покраински гласања во наредните месеци, опишувајќи ги како пресвртници за обезбедување на функцијата канцелар веднаш ...

Александар Вучиќ изјави дека предвремените избори во Србија ќе се одржат во следните три до четири месеци и повтори дека претходно ќе поднесе оставка од претседателската функција. Тој не понуди точни датуми. Овој потег се смета за политички маневар што ќе му овозможи да стане премиер, формално најмоќната функција во земјата. Вучиќ е во својот втор претседателски мандат и забрането му е повторно да се кандидира. „Да, логично е дека наскоро ќе ...

Тројца луѓе се повредени во експлозија во станбена зграда во Монако, од кои двајца се во критична состојба. Експлозијата се случи синоќа околу 21 часот откако торба била оставена во зградата. Премиерот на Монако, Кристоф Мирман, изјави дека веројатно станува збор за напад и дека полицијата отвори истрага во соработка со француските власти. Мирман кажа дека двојка во 50-ти и 60-ти години има повреди опасни по живот, додека 13-годишник се ...

Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, со 58 гласа „за“ и шест „против“. Со усвојувањето на овој закон, донесен по скратена постапка, се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплантација, вели Министерството за здравство. Министерот за здравство Азир Алиу, образложувајќи го законот рече дека има големо значење, ...

Обвинителката Наташа Сарамандова останува во тимот обвинители кои го застапуваат обвинението против 34-цата обвинети за свој придонес во страшната трагедија во диското „Пулс“ во Кочани. Државниот обвинител Ненад Савески одбил да ја изземе по барањето на дел од адвокатите на обвинетите на последното рочиште на 25 јуни. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, Савески не нашол основа, односно аргумент за наводна пристрасност во постапувањето на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе предлог-закон во парламентот за отворање национален пантеон во чест на хероите на земјата. „Имињата на сите херои кои низ различни векови и епохи се бореле за Украина и ја инспирирале Украина ќе бидат собрани и засекогаш врежани во нашата историја“, кажа Зеленски. Спомен-местото ќе биде изградено во Киев. „Никој веќе нема да им диктира на Украинците кои херои треба да ги почитуваат, кои ...

Собранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој се воспоставува значително појасна и построга регулаторна рамка за целиот сектор, соопшти Министерството за финансии. Со законските измени, прво се предвидува засилена контрола и надзор врз приредувањето на игрите на среќа заради намалување на сивата економија и спречување на финансиски злоупотреби. Новина е и воведувањето задолжителна оддалеченост од ...

Град Скопје почна да ја поправа подната фонтана на Плоштадот Македонија која со години не работи. Во моментов се изведуваат градежните активности, а како што најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе биде завршена за неколку дена. „Ова повеќе нема да биде простор по кој ќе минуваат автомобили и тешки товарни возила. Ова нема да биде запуштено место оставено на забот на времето туку место за прошетка и фотографија“, напиша на својот фејсбук ...

Петмина луѓе се убиени во пукање во северниот германски град Штаде, оддалечен околу 40 километри од Хамбург. Германските медиуми објавија дека едно лице е уапсено. Полицијата соопшти дека се испукани истрели во близина на центар за млади и дека спроведува голема операција во улица јужно од центарот на градот. Засега нема повеќе информации за тоа што се случило и кои биле жртвите. Петмина луѓе се убиени во пукање во северниот германски град ...

Зголемените обврски на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) кон Фондот за здравство (ФЗО) и кон вториот пензиски столб се директен резултат на повисоките пензии и подобриот животен стандард на пензионерите, а не последица на нарушена финансиска стабилност или нефункционирање на системот, велат од ПИОМ откако Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави извештајот за работењето во 2024 година. Извештајот на ревизорите покажа дека ...

Погребот на пејачот и кантавтор Владо Јаневски, кој почина вчера по кусо боледување во Скопје, ќе се изврши на 1 јули од 10 до 11 часот во капелата на Градските гробишта во Бутел, објави „Авалон“. Од продукцијата велат дека добиле информација од семејството на Владо Јаневски и презеле обврска да ја споделат со јавноста. „Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта ...

Татко и неговиот син се извлечени живи од урнатините на зграда, четири дена по катастрофалните земјотреси во Венецуела. Тоа им даде надеж на француските и американските спасувачи кои се активни во тешко погодената област Ла Гварија, додека се тркаат со времето да пронајдат повеќе преживеани. Досега е потврдено дека загинале најмалку 1.450 луѓе, но илјадници и натаму се водат како исчезнати. Најмалку 33 луѓе беа спасени викендов, додека ...

Со еден милион евра грант од Светската банка ќе се прави проект за реформа во железничкиот сектор. Договорот за грант го потпишаа вицепремиерот Александар Николоски и директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван. Договорот кој е во износ од еден милион евра треба да даде поддршка во реформата во преструктурирање на Македонски железници (МЖ) – Транспорт со цел созадавање на функционално претпријатие. „Најпрво направивме законски ...

Девет независни граѓански иницијативи побараа итни измени на Изборниот законик со кои ќе се изедначат условите за учество на изборите со оние што важат за политичките партии, за сите учесници да имаат фер, еднаков и реално достапен изборен процес. Во повикот, потпишан од „Шанса за Центар“, „Независи заедно“, „Подобро за Тетово“, „Ред за Куманово“, „Поинаку – Битола“, „Зелените од Гази Баба“, „Стига е – Струмица, Ново Село и Босилово“, „Ја ...

Раниот летен топлотен бран во Европа е можеби одговорен за стотици прекумерни смртни случаи, кажа Светската здравствена организација (СЗО). Вчера беа измерени нови температурни рекорди во Германија, Полска и Чешка, додека екстремната жештина се сели кон истокот. „Од 21 јуни се регистрирани повеќе од 1.300 смртни случаи поврзани со високите температури во Европа. Топлинскиот стрес често се нарекува ‘тивок убиец‘, а европските домови, работни ...

По апсењето на мажот од селото Таор, Општина Зелениково, кој загрижен пријавил дeка неговата 48-годишна сопруга е исчезната, Скопското обвинителство синоќа донело Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 25 јуни, на тешко пристапен шумски терен во атарот на селото Летевци, при вршење семејно ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.15
51%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
3.58
54%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.18
67%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.44
62%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.77
57%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.45
85%
1015
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.94
31%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.55
46%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
0.45
52%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
5.76
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8859

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Алуминиум

3.19

Паладиум

41120.80

Рутениум

53852.50

Сребро

1880.63

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Родиум

265243.66

Калај

54.37

Бакар

13.07

Платина

52437.87

Злато

131085.02

Кобалт

56.29