Најмалку 10 луѓе загинаа, а 100 се ранети откако Русија среде ден ракетираше воен тренинг-центар близу Киев додека таму се одржуваше изложба на оружје. Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јури Ихнат изјави дека Русија лансирала три балистички проектили, од кои еден бил пресретнат. На изложбата присуствувале и претставници на украинската воена индустрија. Ова е третпат од почетокот на војната Русија да нападне ваква изложба. ...

Украински беспилотни летала во текот на ноќта извршија напади врз руските региони Белгород и Ростов, при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните руски власти. Според Оперативниот штаб на Белгородската област, во нападот врз градот Белгород повредени се 12 лица. Во нападот се запалила станбена зграда, изгореле 15 паркирани автомобили, делумно е уништена една куќа, а оштетени се и повеќе станбени објекти. ...