Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа додаде дека во многу семејства недостасува воспитната компонента и оти е потребно ангажирање на родителите за справување со врсничкото насилство. Последниот драматичен случај на врсничко насилство се ...
Заврши реконструкцијата на железничката пруга од Скопје до Зелениково и од денес повторно сообраќаат железничките патнички возови кон Гевгелија и кон Велес, соопштија од Јавното претпријатие (ЈП) Македонски железници (МЖ)-Инфраструктура. Остануваат двата пара воза утрински и попладневен од Скопја за Гевгелија и обратно и утринскиот од Велес за Скопје и ноќниот од Скопје за Велес. Нема да сообраќаат пладневните возови на оваа релација. Одреден ...
Жена маскирана во маж го извела бомбашкиот напад во Монако, во кој беа повредени контроверзниот украински бизнисмен Вадим Јермолаев, неговата сопруга и нивниот син. Јавното обвинителство на Монако кажа дека напаѓачот е идентификуван и денеска е активиран меѓународен налог за апсење. Властите соопштија дека инцидентот без преседан во кнежевството се третира како обид за убиство, а не како терористички напад. По експлозијата, осомничениот бил ...
Над 400 монети досега се пронајдени во петгодишните систематски ископувања во археолошкиот локалитет Градиште кај селото Црнобуки, Битолско. Збирката е збогатена и со монетите од годинешните истражувања кои продолжија во локалитетот, за да се доистражи дрвниот македонски град. Координаторот на проектот, Енгин Насух, археолог советник-кустос во Завод и музеј Битола, вели дека меѓу движните наоди има и моненти ковани во времето на македонскиот ...
Њујоршката полиција соопшти дека еден маж починал од тешки изгореници во близина на седиштето на Обединетите нации, а активисти го идентификуваа како Тибетанец кој се самозапалил во апел за независност. Тој бил пренесен во болница, каде што била констатирана смрт, соопшти полицијата, додавајќи дека истрагата е во тек. „Гласот на Тибет“, медиум на пребегнатите Тибетанци, објави дека активистот Лобга Рангзен се самозапалил пред седиштето на ОН ...
Мнозинството во Советот на Општина Куманово го прифати предлогот на ЈП „Чистота и зеленило“ да се зголеми за 30 проценти цената на услугата за собирање и транспортирање комунален отпад. Предлогот беше усвоен со 17 гласа „за“, пет „против“ и тројца „воздржани“. Според новиот ценовник, за станбен простор физичките лица ќе плаќаат 5,85 денари по квадратен метар. За станбен простор надвор од градежниот реон 3,80 денари по квадратен метар, додека ...
1 Базенот во Спортско-рекреативниот центар „Сарај“ во Скопје повторно работи по 30 години запуштеност. Не ме изненади веста што проработе откако беше даден на приватен инвеститор. Ме изненади дека таа вест беше нашиот најчитан текст неделава. Спортско-рекреативниот Сарај е оформен во 1948 година со урбанистички план што предвидел базени, фудбалски игралишта, трибини и патеки за трчање. Во 1955 е изграден базенот. Во 1971 е направен проект за ...
Маж е спасен од урнатините на зграда осум дена откако два моќни земјотреса ја погодија Венецуела, предизвикувајќи големи жртви и штети. Ернан Гил беше извлечен повеќе од 100 часа откако беше лоциран под 140 тони остатоци. Тимови од Венецуела, Чиле, Костарика, Ел Салвадор, Мексико, Португалија и САД учествуваа во спасувањето на Гил, кој првпат беше забележан во саботата. Тие ноќеска воспоставиле визуелен контакт со него, по што успеале да му ...
Избледените и речиси невидливи пешачки премини низ земјава не се случајност. Тие се последица на начинот на кој Општините ги спроведуваат набавките за нивно обележување, според анализата на тендерите која ја направи Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Анализата покажува дека поголем дел од Општините воопшто немале набавки за т. н. хоризонтална сигнализација на улиците во последните три години, а во многу случаи каде ваквите набавки се ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска објави дека се урива „Али тобако“ на Бит Пазар откако успешно завршиле преговорите со сопственикот. Нелегалниот објект се наоѓаше на пешачка патека и целосно го блокираше движењето низ неа. Ѓорѓиевски денеска на својот фејсбук профил објави фотографија на која се ракува со сопственикот на објектот и напиша: „Добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение“. Градоначалникот Ѓорѓиевски ...
Многу емоции, солзи, болка и тага имаше во судницата на судењето за сообраќајката во која згасна еден млад живот, две момчиња минаа со тешки повреди од кои уште не се заздравени, а возачот се здоби со тешки скршеници. Сите четири момчиња биле другари од деца, се до кобната вечер на 28 август лани. „Изразувам длабоко сочувство кон родителите на починатиот Љупчо, барам прошка од моите другари, жалам од срце и душа за стореното. Ја преземам ...
На неколку локации низ земјава поставени се камери за рана откривање на пожари. Системот овозможува 24/7 мониторинг од Оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК), навремено откривање на чад и почетните знаци на пожар, како и брзо известување на надлежните институции за побрза и поефикасна интервенција. „Камерите се со ротација од 360 степени, кои постојано го надгледуваат просторот и автоматски се насочуваат и запираат на ...
Киев прогласи ден на жалост откако во денешниот руски напад загинаа најмалку 17 луѓе. Тоа е вториот најсмртоносен напад врз главниот град на Украина оваа година. Околу 90 луѓе се повредени. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 74 проектили и 496 дронови во нападот врз Украина, додавајќи дека 25 проектили ја пробиле противвоздушната одбрана. „Речиси половина од овие проектили беа балистички. Главниот напад беше насочен ...
Шеесет и шест отсто од вкупниот број на реализирани прегледи на Клиниката за торакална хирургија се извршени преку итни упати или упати без термин. Постои несразмерен сооднос помеѓу бројот на реализирани редовни и итни прегледи и преголема оптовареност на Клиниката, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за финансиското работење и усогласеноста на Клиниката за 2024. „Ваквата структура на упатувања укажува на значително ...
Мајката на грчката политичарка Афродити Нестора од владејачката партија Нова демократија почина откако беше повредена во експлозија во Солун. Властите велат дека ова е последниот во серијата напади врз функционерите на партијата, за кој обвинија мала анархистичка група. Вагија Нестора (72) се здобила со обемни изгореници, по што ѝ откажале повеќе органи, според болницата каде што беше однесена. Таа беше повредена во експлозија и пожар во ...
Русија изведе голем напад со дронови и проектили врз Украина, при што загинаа најмалку 11 луѓе. Неколку населби беа евакуирани откако беа погодени згради низ градот, неколку часа по предупредувањето на претседателот Володимир Зеленски дека Русија спрема голем напад. Шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека има и деца меѓу значителниот број жртви. „Непријателот повторно намерно ги таргетира станбените области и убива ...
Обилните врнежи од дожд со град попладнево го поплавија Скопје. Улиците низ градот се под вода, возила едвај се движат, а во некои делови сообраќајот е блокиран. Поради високите порои низ улиците во некои делови се блокирани и пристапите до зградите. Досега не е соопштено колку и какви штети има од невремето. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен. Поплавени улици зад ...
Пациентите на дијализа кои се лекуваат во Специјализираната болница за нефрологија во Струга алармираат дека со месеци се соочуваат со недостиг од еритропоетинска терапија, неопходна за одржување на нивото на хемоглобин кај лицата со хронична бубрежна болест. Велат дка недостигот на терапијата сериозно го нарушува нивното здравје и квалитетот на живот, а во одредени случаи може да има и животозагрозувачки последици. Од Министерството за ...
Уапсен е тетовецот кој дошол со автомобил на кејот од Пена во Тетово и од багажникот извадил две вреќи со отпад што ги фрлил во реката. Фрлањето било снимен со камера и објавено на социјалните мрежи, по реагирала и тетовската полиција, па тој брзо бил идентификуван, го признал делото и е приведен во полициската станица. „На 30.06.2026 година во 18:00 часот на улица Љубо Божиновски-Пиш во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од ...
Денеска во Струмица почна да се гради новиот маркет на компанијата „Лидл“, на вкупна површина од 2.445 квадратни метри. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на „Лидл“ во Македонија, насочен кон создавање нови работни места, поддршка на домашното производство и воспоставување на најсовремени малопродажни стандарди , соопшти компанијата. Оперативниот директор на „Лидл Северна Македонија“ Рубријан Хаџиев кажа дека овој проект е симбол на ...
Русија затвори седум железнички гранични премини со Финска, Естонија и Летонија, според владина уредба објавена вчера. Суспензијата, која стапува во сила на 1 јули, го запира движењето на поединци, возила и товар преку назначените железнички премини. Пет од затворените контролни пунктови се наоѓаат на финската граница и по еден во Естонија и Летонија Властите не ги открија причините за затворањето или кога премините би можеле повторно да се ...
По скоро три часа доцнење проследено со реакции и негодувања од родителите на загинатите деца во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани на 16 март 2025 година, првообвинетиот, сопственикот Дејан Јованов, конечно беше спроведен од притвор од затвор „Куманово”. На почетокот, судијката Дијана Груевска-Илиевска кажа дека Државниот обвинител Ненад Савески не нашол основ за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова од тимот што го ...
Кантавторот Владо Јаневски, кој почина на 28 јуни по кусо боледување на 65 години, денеска беше погребан на градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Блиското семејство и многуте колеги музичари, соработници и пријатели го испратија со неговите најголеми хитови. „Никој не пишуваше љубовни песни како него“, рекоа соработниците на Јаневски. Последниот настап за кој објави на социјалните мрежи е од март, кога ѝ беше гостин на хрватската пејачка ...
Републиканскиот конгресмен Том Кин се врати на работа по 142 дена отсуство, за кое појасни дека се должело на депресија. Кин беше номиниран за трет мандат во Претставничкиот дом, иако со недели не се појавувал во Конгресот поради необјаснето боледување. „Ми беше дијагностицирана депресија. Тоа е физичко и емотивно и сè додека не ја искусите сами, тешко е целосно да се разбере колку моќна може да биде оваа болест“ рече застапникот на Њу Џерси ...
Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски рамковен буџет на Европската Унија, кој се однесува на периодот од 2028 до 2034 година, соопшти црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, кој вели дека ова претставува официјална потврда од Брисел за земјата како идна членка на Унијата. Според проценките на Европската комисија, Подгорица ќе има на располагање околу 3,2 милијарди евра, кои ќе ...
Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, кој по два месеца денеска се врати на работа, вели дека не биле точни информациите оти земал лажно боледување и дека се откажал од градоначалничката фунцкија. Тој денеска преку својот фејсбук профил најави дека се вратил на работа и објави фотографија со досегашниот заменик-градоначалник Неделчо Крстевски и претседателот на Советот на Општина Карпош Христо Саракиниов. Лукровски не одговараше ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека нема да се кандидира за претседател на државата на следните избори. Тој, одговарајќи на новинарско прашања при посетата на Општина Кисела Вода за новиот Изборен законик, кажа дека не се точни тврдењата оти измените со кои се овозможува гласање на дијаспората електронски се прават оти тој планира да се кандидира за претседател на изборите во 2029 година. „Еве да им олеснам, нема да се кандидирам. ...
Новиот модул со давање изјава за органодарителство во системот „Мој термин“ е веќе развиен и ќе започне да функционира од 1 октомври 2026, кажа денеска министерот за здравство Азир Алиу. На 29 јуни Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, со 58 гласа „за“ и шест „против“. Со усвојувањето на овој закон, донесен по скратена постапка, се унапредува ...
Виктор Вилис, фронтменот на диско групата „Вилиџ пипл“, почина на 74 години, објави бендот на социјалните мрежи. Тој беше главен вокал и коавтор на најголемите хитови на групата, како „YMCA“, „Go West“ и „In The Navy“. Групата стана меѓународно позната во 1970-тите благодарение на стереотипните маџо имиџи на членовите. Вилис настапуваше како полицаец или морнарички офицер. Тој го напушти бендот во 1980 и потоа со години водеше судски битки за ...
Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денеска се врати на работното место после два месеца боледување и продолжува да ја извршува градоначалничката функција, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски. Лукровски е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Лукровски беше на боледување од 7 мај, а го заменуваше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој е член на Советот на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. ...