Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Доналд Трамп изјави дека можеби никогаш нема да се дознае кој е виновен за смртоносниот напад врз школо за девојчиња во Иран, што се случи на првиот ден од американско-изреалските напади на 28 февруари. Според иранските власти, во нападот загинале повеќе од 175 ученички и наставници. Како што објави „Ројтерс“ во март, првичната внатрешна воена истрага на САД покажала дека американските сили веројатно се одговорни за фаталниот напад во Минаб ...
Македонија ќе добие национална фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“. Со проектот кој беше промовиран денес, Македонија станува дел од европската мрежа на центри за вештачка интелегенција и добива пристап до најсовремена инфраструктура за развој на вештачка интелигенција, европски суперкомпјутери и нови можности за истражување и иновации. Проектот го спроведува Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при ...
Два моќни земјотреса ја погодија Венецуела, при што, според последните потврдени информации, загинале најмалку 32 луѓе, а над 700 се повредени. Згради се урнаа и во и околу главниот град Каракас, изјави претседателката Делси Родригес. Првиот земјотрес имал јачина од 7.2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 160 километри западно од Каракас. Помалку од една минута подоцна се случи уште посилен земјотрес од 7,5 степени близу малиот ...
Со 58 гласа „против“ и 19 „за“, пратениците на денешната седница не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од опозициската Левица. На претходната, втора по ред интерпелација за Тошковски која беше на 29 април, „против“ имаше 72 гласа. Денеска новинарите од галеријата забележаa дека пратеникот од владејачкото мнозинство Љупчо Пренџов, ги молеше колегите од „Вреди“ кои беа станати и ...
Некогашниот симбол на новинарството и една од најпрепознатливите згради во Загреб, кулата на „Вјесник“, денеска е урната, седум месеци откако целосно изгоре во пожар. За палењето се обвинети двајца 18-годишници, кои се товарат за тешко кривично дело против општа безбедност. Во обвинението се вели дека тие ја запалиле зградата на 17 ноември 2025 по претходен договор. Една недела подоцна, властите потврдија дека зградата ќе се урива зашто ...
Полицијата во Унгарија уапси 30-годишен маж, тврдејќи дека собирал делови од човечки тела од напуштени гробишта и од неговото работно место во болница. „За време на претресот беа пронајдени човечко лице, кожа од лице, коски складирани во куфер, потколеница, мозок, рака, глава, черепи и срце. Сè уште се истражува дали срцето најдено во тегла е од човечко или животинско потекло“, објави унгарското Национално биро за истраги. За време на ...
Во третата интерпелација за две години против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, лидерот на Левица Димитар Апасиев го нападна прво лично, за да му предочи на Собранието, како што рече, како министерот кој бил лепак за контроверзни бизнисмени, ја направил сомнително својата кариера и дека е криминален ум кому местото, како што рече, не му е за министер. „Бевте трет ешалон во времето на Никола Груевски и тој епитет, нема љутиш, ќе ...
Откако дождот синоќа ја разори улицата Дебарска, оддалечена пет минути пешки од строгиот центар на Битола, од Општината денеска започнаа со реконструкцијата на оштетената делница. Во денешното соопштение од локалната власт се вели дека по 30 години негрижа, оваа локална самоуправа создала комплетни услови за почеток на реконструкцијата. Посочуваат дека уште пред две години започнале со подготовка на документацијата, а сега и со реализација на ...
Под мотото „Каде што живее поезијата“, денеска во Струга започнува јубилејното 65. издание на Струшките вечери на поезијата (СВП), една од најзначајните и најреномирани поетски манифестации во светот. Фестивалот, чиј покровител е претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, ќе трае до 29 јуни и ќе собере околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни дејци од земјава и странство. Традиционално, манифестацијата започнува со ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вели дека македонско-бугарската историска комисија ќе даде резултати како што бара Европскиот парлемент ако работи врз основа на факти, докази и аргументи и се тргне од стегите на политичкиот притисок кој го прави Бугарија. Европскиот парламент (ЕП) на 17 јуни го усвои извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година на пленарна седница во Стразбури и во член 73 се бара заедничката историска ...
Русија размислува да воведе забрана за извоз на дизел, најави вицепремиерот Александар Новак, додека медиумите известија за можен увоз на гориво за да се надмине недостигот, особено на Крим, каде што веќе се ограничени јавни активности. Украина во изминатиот период ги зачести нападите во длабочината на Русија и врз окупираниот полуостров Крим, гаѓајќи рафинерии и ланци на снабдување. Претседателот Владимир Путин ја повика владата да преземе ...
Во собраниска процедура денеска, пред Интерпелацијата на министерот Панче Тошковски, влегоа предлог-измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кој група пратеници бараат забрана малолетници да возат електричен тротинет. Се предлага и брзината на движењето со електричен тротинет да се ограничи на 20 километри на час. Нејасно е како ќе се ловат оние што ќе возат со поголема брзина, зашто со камерите на „Безбеден град“ не ги регистрираат ...
Шефот на европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ), Штефан Шулте, изјави дека новиот дигитален систем за гранична контрола на Европска Унија му задава многу главоболки. Системот за влез и излез (ЕЕС), воведен во април оваа година, бара од патниците кои не се од ЕУ да регистрираат биометриски податоци при патување во земјите од Шенген зоната. Иако ЕЕС работи добро во некои земји, тој исто така предизвикува редици и значителни ...
Со ребаланс на буџетот на Град Скопје обезбедени се 350.000 евра за сервисирање на жичницата на Водно. Жичницата два месеца не работи оти има ризик некоја од гондолите да падне бидејќи 15 години не била сервисирана. Сервисирањето треба да почне летово, и како што велат од ЈСП „Скопје“, во септември жичницата повторно ќе биде ставена во функција. „До крајот на неделава ќе биде објавен тендерот за избор на фирма за сервисирање по што летово ќе ...
Почина Јован Павловски, еден од најзначајните македонски писатели, публицисти, енциклопедисти и новинари, објави семејството. Имаше 89 години. Беше долгогодишен новинар и уредник во „Нова Македонија“, нејзин дописник од Париз и Москва, професор по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и трикратен претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Неговото повеќе од шестдецениско творештво се остваруваше во ...
Големи плочи асфалт, долги и широки по еден метар, ископа вчера силниот дожд во делови од улицата Дебарска во Битола, на која и претходно имаше големи улични дупки кои со месеци не беа закрпени. „Под дождот буквално се распадна асфалтот, излегоа крпениците кои со години беа правени. Се откорнаа големи делови. Некаде и асфалтот е кренат. А дупките сега се долги и по неколку метри. Не е ни чудо, зашто дупките низ улицата беа толку големи што во ...
Русија кажа дека САД веќе не се објективен посредник во напорите да се стави крај на војната во Украина. Преговорите за завршување на војната се замрзнати откако Доналд Трамп го сврте своето внимание кон Иран. „Судејќи според нивните постапки, се чини дека САД се откажуваат од улогата на објективен посредник и наместо тоа, следат курс на ескалација на притисокот врз Русија“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. На ...
Екоактивистите од Струмичко повторно го кажаа ставот дека нема да дозволат рудник на планината Огражден над селата Иловица и Штука. Реакцијата излезе откако Владата објави дека Вишиот управен суд донел пресуда со која се поништува претходно донесена одлука со која се поништи спојувањето на двете концесии. Владата во 2023 година донесе одлука за спојување на двете концесии за експлоатација на минерални суровини, но еден месец подоцна донесе ...
Американскиот Сенат, кој е под контрола на републиканците, одобри мерка со која му се наложува на претседателот Доналд Трамп да ја запре војната во Иран или да побара одобрение од Конгресот пред да продолжи со воените дејствија. Група републиканци им се придружи на демократите во гласањето, кое заврши 50:48. Истата мерка беше усвоена и од Претставничкиот дом овој месец. Резолуцијата е во голема мера симболична бидејќи, иако усвоена во двата ...
По 35 години, повторно проработи базенот во Спортско-рекреативниот центар (СРЦ) „Сарај“ во Скопје. Олимпискиот базен кој во 1970-тите и 1980-тите години заедно со Езерото Треска беше главно излетничко место во лето, со години не работеше, беше запуштен, обраснат со трева, преполн со ѓубре и руиниран. Од ова лето е реновиран и ставен во функција. Со базенот стопанисува приватната фирма „Дути-аква ресторан“ од Крушопек, која го добила под ...
„Не“ за нова дозвола по стари правила, рекоа граѓаните на денешниот протестен марш во Скопје против издавањето на нова А-интегрирана дозвола на цементарницата „Титан УСЈЕ“. Маршот почна пред Собранието, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за животна средина, кое треба да издаде нова дозвола на цементарницата. „Маршот е организиран поради сериозните недостатоци во постапката за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола за ...
Западот предводен од НАТО активно се подготвува за војна против Русија, им рече претседателот Владимир Путин на стотиците најнови офицери на руската војска. „Членовите на западната алијанса досега се ограничија на поддршка на Украина. Сега на западот отворено се зборува дека се подготвуваат за војна против нас и ги зголемуваат своите воени и офанзивни буџети“, им рече Путин на дипломираните студенти на руските воени академии собрани во Кремљ. ...
Градоначалникот на Општина Брвеница Јовица Илиевски ненадејно почина денеска на 58 години. Веста за смртта на Илиевски, кој беше градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја објави премиерот Христијан Мицкоски. „Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше. Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати. ...
Четириесет лица се удавиле во последните пет дена во инциденти поврзани со топлотниот бран во Франција, изјави премиерот Себастијан Лекорну, додека температурите достигнаа рекордни нивоа во неколку поголеми градови, а топлотниот бран достигна врв во некои европски земји. „Пливањето во ненадгледувани области за време на топлотен бран носи ризици. Премногу луѓе се обидуваат да се разладат во реките и каналите без нужно да ги земат предвид ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ги информирал партнерите во НАТО дека Бугарија ја загрозила безбедноста на неговото семејство зашто протекол документот за престојот на неговата сопруга и помалиот син во бугарското зимувалиште Пампорово во јануари и е објавен на социјалните мрежи. Станува збор за дипломатската нота односно документот кој македонската амбасада во Софија го испраќа до бугарското Министерство за внатрешни работи на 6 ...
Филмот „8 Март – Меѓународен ден на жената“ на српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ по расказ на македонската псиателка Румена Бужаровска, во кој Македонија е малцински копродуцент, доби 316.000 евра од Еуримаж. Овој проект е меѓу 33 долгометражни филмови чија копродукција ја поддржа паневропскиот филмски фонд во вториот рок годинава, во вкупен износ од 10.212.000 евра . Меѓу поддржaните проекти се и 3 документарни и 4 анимирани филмови. „Веда ...
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, еден од коалициските партнери во Владата на Христијан Мицкоски, кажа дека утре ќе се донесе конечната одлука за реконструкција на Владата. Тој веќе имал разговори со премиерот и работните групи, но клучната средба ќе се одржи утре. „Утре ќе имаме нова средба, кога ќе биде донесена конечната одлука. Како и да е, односите помеѓу коалициските партнери се на највисоко ниво и сметам дека многу објективно ги ...
Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека поднел тужба против владата, оспорувајќи ја одлуката на премиерот Андреј Бабиш да не го вклучи во владината делегација за самитот на НАТО во Анкара во јули. Тужбата за компетентност, поднесена до уставниот суд на Чешка, бара појаснување за тоа кој има овластување да одлучи дали шефот на државата може да присуствува на самитот на НАТО. „Бабиш се обидува да ме исклучи од самитот и со тоа да ја ограничи ...
Одделот за имунологија на Клиниката за детски болести ќе се спои со Одделот за пулмологија оти има недостаток на медицински сестри, кажа директорот Реџеп Мемеди. Тој рече дека Одделот за имунологија не е укинат туку поради недостигот на медицински кадар е направено спојување. „Бидејќи не можевме со главната сестра никако да организираме сменска работа, организација на распоред за дежурства, бевме приморани привремено да направиме фузија на ...
Поранешниот министер за транспорт на Шпанија, Хосе Луис Абалос, кој беше долгогодишен сојузник на премиерот Педро Санчес, е осуден на 24 години и три месеци затвор за корупција, поврзана со набавка на маски за време на ковид-пандемијата. Врховниот суд, исто така, го осуди поранешниот советник на Абалос, Колдо Гарсија, на 19 години и осум месеци затвор. Абалос и Гарсија негираа злоупотреби во текот на судењето. Сепак, судот утврди дека тие се ...