Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
На археолошкиот локалитет Стоби во тек е меѓународна археолошка теренска школа, која ја посетуваат 16 студенти од САД и еден од Канада. Тие еден месец работат на стекнување практично искуство во археолошки ископувања, документација и истражување во урбана средина од римскиот и доцноримскиот период. „Како и претходните години, и годинава работиме на објектот познат како ‘затворот’. Тоа е простор помеѓу Епископската базилика и Теодосијанската ...
Бројот на жртви од двојните земјотреси во Венецуела се искачи на најмалку 2.954, а повеќе од 16.500 лица се повредени, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез. Откако на 24 јуни се случија двојните земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, властите регистрираа 942 последователни потреси. Околу 190 згради се урнаа во првичните потреси, а уште 850 беа оштетени. Повеќе од 16.000 луѓе ги загубија своите домови во ...
Гори магацин или друг простор на Јужен булевар, во скопската Општина Кисела Вода, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Пожарот e во близина на Пазарната инспекција, на еден километар од центарот на Скопје близу до Рампа. „Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од далеку“, вели Ангелов, додавајќи дека Бригадата за противпожарна заштита на ...
Пожарот што уништи два индустриски погони и ноќеска предизвика евакуација на три села и еден дом за нега во близина на Солун е во голема мера локализиран и повеќе нема активен фронт, соопшти противпожарната служба. Вкупно 160 пожарникари, поддржани од 52 противпожарни возила, пет копнени екипи, два авиона и два хеликоптера, остануваат на местото на настанот во Ореокастро, предградие на градот. Пожарот сега е ограничен на пошумена област, каде ...
После многу години запустеност, Општина Тетово реши да го уреди паркчето веднаш до Музичкото училиште во Тетово, во кое се наоѓа споменикот на еден од првите македонски преродбеници Кирил Пејчиновиќ. Паркот досега никој не го одржуваше, секогаш беше преполно со ѓубре кое се претураше од неколкуте контејнери поставени веднаш до него и со тоа беше главно собиралиште на кучињата скитници. На овој простор од градот секогаш има голема фреквенција ...
На 3 јули излезе конкурсот на Министерството за внатрешни работи (МВР) за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште-Полициска академија за учебната 2026/2027 година. За упис во новото училиште, кое е именувано „7 Мај“ (Денот на македонската полиција), ќе може да конкурираат ученици кои завршиле втора година средно образование во кое било четиригодишно средно училиште во државава. Со ова училите ќе се возобнови средното ...
Претседателот Доналд Трамп вчера ја одбележа 250-годишнината на Соединетите Американски Држави (САД) со говор во стил на изборна кампања, во кој ги повтори своите повици за воведување нови ограничувања при гласањето, предупреди дека „комунистите“ би можеле да добијат поголемо влијание во земјата и ги наброја, според него, своите најзначајни достигнувања. По доцнење од речиси два часа поради невреме, Трамп се појави во Националниот парк во ...
Родителите се предупредени да не објавуваат слики од своите деца на интернет, бидејќи тие би можеле да се користат за креирање материјал за сексуална злоупотреба генериран од вештачка интелигенција (ВИ), соопшти Националната агенција за криминал (НЦА). НЦА и Фондацијата за надзор на интернет (ИВФ) издадоа нови упатства за заштита на децата поради порастот злоупотреба со ВИ на слики од деца, како дел од новата кампања насочена кон родителите и ...
Цел живот ми помина по комисии. Годишно се јавувам на 3 до 4, што во Битола, што во Скопје, а на секои 6 месеци вадам нови документи од невролог, вели Анета Бошевска од Битола, пациентка со дијагностицирана мултиплекс склероза, на која пред шест години ѝ беше утврдена инвалидност од прв степен. Таа е само една од многуте пациенти со траен инвалидитет или тешки заболувања, кои комисиите ги враќаат на контролни прегледи на 6 месеци, на една или ...
Владата изминативе три месеци свечено ги промовираше реновираните хируршки сали во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“, Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје и во Струмичката болница, но ниту една од салите до ден денес не е во функција. На 6 април, државнот врв на чело со премиерот Христијан Мицкоски презентираше дека шест сали сали се комплетно реновирани на Одделот на хирургија на Клиниката за трауматологија, ...
Папата Лав Четиринаесетти, кој се расправаше со администрацијата на Доналд Трамп околу нејзината репресија против имиграцијата, го помина празникот на американската независност Четврти јули во епицентарот на дебатата за миграција во Европа за да им оддаде почит на десетиците илјади луѓе кои загинаа обидувајќи се да стигнат до Европа за да најдат слобода и просперитет. Додека САД денеска ја одбележуваат 250-годишнината од Декларацијата за ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска им честиташе на САД за 250-годишнината од независноста, и го пофали она што го нарече вековна соработка меѓу двете земји. „Почитуван господине претседателе, драг Доналд“, напиша Путин во честитка до американскиот претседател Доналд Трамп, која ја објави руското Министерство за надворешни работи во Москва. „Потпишувањето на Декларацијата за независност на САД не само што го означи почетокот на ...
По неколку недели протести, обвинувања за измама и преглед на спорните гласачки ливчиња во тесна трка, конзервативката Кеико Фухимори официјално беше прогласена за победничка на претседателските ибори во Перу од изборната канцеларија на земјата. Фухимори освои 50,135% од гласовите во вториот круг на 7 јуни за да ја обезбеди највисоката функција во земјата во нејзиниот четврти обид за претседателка, пред левичарскиот конгресмен Роберто Санчез ...
Илјадници противници на германската крајно десничарска партија АфД денеска излегоа на улиците на Ерфурт и ги блокираа патиштата кон годишната конференција на партијата пред регионалните избори на кои таа би можела за првпат да ја преземе власта на покраинско ниво. Конференцијата, каде што се очекува да бидат реизбрани колидерите Алис Вајдел и Тино Хрупала, се одржува пред изборите во источните покраини Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Западна ...
Тимот за интервентна кардиологија во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје за првпат во Македонија ја примени новата иновативна метода „корофлоу“ (CoroFlow), соопшти Министерството за здравство. Станува збор за нов систем што им овозможува на кардиолозите попрецизно да утврдат дали има нарушувања во циркулацијата на крвта во срцевиот мускул. Од Болницата велат дека методата обезбедува подетална проценка на состојбата на ...
Двајца болни со западно-нилска треска се лабораториски потврдени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, кажа директорот д-р Фадил Цана. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. „Нивната здравствена состојба внимателно се следи“, вели д-р Цана. Западно-нилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во говорот синоќа, по повод 250-годишнината од Соединетите Американски Држави (САД), ги предупреди своите сонародници против комунистичката идеологија, прикажувајќи слика за САД како нација вкоренета во верата. Зборувајќи пред поддржувачите во американската држава Јужна Дакота, со познатиот споменик „Планина Рашмор“ како позадина во пресрет на Денот на независноста, 4 Јули, Трамп рече: „Можете да бидете ...
Во иранскиот главен град Техеран започнаа јавни церемонии за жалост за убиениот ирански врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, неколку месеци откако беше убиен во израелски воздушен напад на првиот ден од американско-израелската војна со Иран, а толпи се собраа кон местото на настанот уште од зори. Снимките од државната телевизија денеска го покажаа ковчегот на верскиот водач како лежи во Големата џамија Мосала, а голем број поддржувачи ...
Русија објави дека го зазела источниот украински град Костјантинивка, стратешки важна точка на патот кон последните поголеми градови во регионот Донбас кои сè уште се под контрола на Украина. „Костјантинивка е целосно заземена. Градот сега е целосно под наша контрола“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Украинска реакција засега нема. Неодамна украинската војска призна дека ситуацијата во многу разурнатиот град е исклучително тешка. ...
Повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога во Преспа ќе нема само политичко, економско и билатерално значење. Преминот ќе биде и место за историско сеќавање бидејќи непосредно до него, на македонската страна, се наоѓа спомен-плочата за седумте младинци од Лерин кои беа измачувани и убиени од фашистичките сили за време на Втората светска војна. Плочата долги години беше надвор од вниманието на јавноста, зашто преминот кон Грција не ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, призна дека новиот дигитален систем за контрола на границите на ЕУ (ЕЕС) се соочува со технички проблеми. „Работиме со земјите-членки за да се решат техничките проблеми“, изјави фон дер Лајен на прес-конференција во Корк, Ирска. Според аеродромите и авиокомпаниите, системот, кој бара патниците од земји надвор од ЕУ да регистрираат биометриски податоци, предизвикува повеќечасовни ...
Општина Куманово доби согласност од Советот да почне постапка за задолжување кај комерцијални банки во износ од 100 милиони денари за купување камиони за ЈП „Чистота и зеленило“ и поставување фотоволтаични системи за ЈП „Водовод“. Мнозинството советници од ЗНАМ, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ја поддржаа предлог-одлуката, која беше усвоена со 16 гласа „за“, пет „против“ и еден „воздржан“. „Секторот за финансиски прашања изработи ...
Чекорењето се поврзува со подобро здравје и англиската Национална здравствена служба (НХС) за првпат ќе им дава награди на луѓето за оваа активност. На почетокот на следната година, НХС ќе започне предизвик „месечен маратон“, барајќи од луѓето да пешачат околу 30 минути на ден. Оние кои ќе го прават тоа секој ден ќе достигнат приближно 42 километри месечно, што е растојанието на маратон. Корисниците ќе можат да ги евидентираат своите прошетки ...
Собранието ќе ги избере новите 8 министри во Владата на седницата на 13 јули. Претседателот на Собранието денеска ја закажа 112. пленарна седница на која прво ќе бидат разрешени 8 актуелни министри и двајца заменик-министри опфатени со реконструкцијата на Владата на премиерот Христијан Мицкоски, а потоа ќе се гласа за предложените 8 нови министри. За нови министри се предложени Јетон Шасивари за правда, Агрон Ферати за односи меѓу заедниците, ...
Со брза интервенџција на локалното население, противопожарната единица, но и на „ер тракторите“ што ги ангажираше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), за два часа се локализираше пожарот што околу пладне избувна на штипската тврдина Исар. Пожарот почна на источната страна на Исарот, веднаш до првите куќи, кои беа најмногу загрозени. Пожарот зафати трева, грмушки и дрвја, па носен од ветерот почна да се шири кон врвот на Исарот. Но, ...
Дали може да гарантирате на децата кои живеат околу цементарницата УСЈЕ дека не се изложени на загадување од токсични материи, рече Драги Змијанац од „Првата детска амбасада во светот Меѓаши” на денешната јавна дебата за издавање нова А-интегрирана дозовола за „Титан УСЈЕ“ во Скопје. Тој кажа децата се најранлива категорија и праша дали некој ќе поднесе одговорност ако во иднина се покаже дека УСЈЕ загадува и побара гаранции од Министерството ...
Жители на Тетово алармираат до надлежните институции да преземат мерки против граѓани кои дозволуваат коњи и крави да шетаат по тетовските улици. Добитокот во неколку наврати е забележан на улиците во реонот на стариот градски стадион и е потенцијална опасност од сообраќајни несреќи. „Неколку дена се движат овие животни во овој дел од градот. Не знаеме чии се, од каде се и каде одат. Предупредуваме дека нивното неконтролирано движење ...
Денеска по 12 часот избувна пожар на источната страна на тврдината Исар во Штип, веднаш до првите куќи. Најпрвин гореше сува трева, но пожарот зафати и грмушки, но и дрвја во близина на куќите. Станарите први почнаа да го гасат огинот со вода, но пламенот носен од ветрот почна да се шири кон врвот на Исарот, но и кон останатите куќи кои гравитиораат кон Штипско Ново Село. Од Противпожарната единица велат дека се пратени првите екипи за рачно ...
Денеска во касарната „Илинден“во Скопје беше промовирана нова опрема за Армијата набавена со пари од Европската Унија (ЕУ). Опремата е набавена во рамки на соработката со Европската Унија, односно Европскиот мировен фонд и е поделена во три пакети. Опремата од првиот и дел од од вториот пакет е пристигната во земјава. Станува збор за опрема од различен тип односно радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д радар и преносни ...
Моќниот генерал Ахмад Вахиди, кој ја предводи паравоената Иранска револуционерна гарда, се појави јавно за првпат по неколку месеци, додека во Иран започна неколкудневниот погреб на убиениот врховен лидер Али Хамнеи. Фотографиите објавени на интернет од иранските државни медиуми го покажаа генералот Вахиди како присуствува на состанок за погребот на 86-годишниот Хамнеи, а потоа седи покрај неговиот ковчег. Вахиди стана главен играч во ...