Младите од Велес ќе ги мапираат институциите што се непристапни за лицата со попреченост. Во наредните шест месеци тие ќе го реализираат проектот „Дигитален зелен пристап“, кој има цел да понуди решение за долгогодишниот проблем со непристапноста на јавните институции поради физичките бариери. Проектот е насочен кон подобрување на пристапноста за лицата со физичка попреченост, родителите со детски колички, лицата што користат помагала за ...

Ученици од четири средни училишта од Велес, употребувајќи дигитална алатка, во наредните месеци ќе ги мапираат велешките институции што не се пристапни за луѓето со попреченост, како и за родителите со колички и за луѓето што користат помагала при движење. Се работи за иницијатива на Фондацијата „Импакт Нет“, која има за цел да понуди решение за долгогодишниот проблем со бариерите за влез и излез од јавните институции, кои се важни за ...