
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



„Ги дадов документите на ФЕИТ, ама не знам дали ќе останам таму. Веќе ме примија во Словенија“, ни изјави девојка што заедно со двајца другари стоеја на техничкиот кампус на УКИМ. Денес е првиот ден од првиот уписен рок на најголемиот универзитет во земјава – „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде годинава има 9.921 место за бруцоши. На техничкиот кампус се наоѓаат зградите на четири факултети, Факултетот за електротехника и информациски ...
Македонското трио „My Tear“ го претстави синглот „Истото го сакаш”, а со тоа го најави својот втор студиски албум, кој ќе се појави на дигиталните платформи на 18 септември. Албумот „Кога не се сакаме“ е снимен во Студио 1060 во Скопје во текот на последните две години, а како заедничко издание ќе го објават „Corpus Delicti“ од Македонија, „JaJaJa Records“ од САД и „Pop Depresija“ од Србија. „Некои нешта не се менуваат кога е во прашање музиката ...
Македонскиот независен краток игран филм „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим е селектиран во официјалната селекција на филмскиот фестивал во Тирана, а својата албанска премиера ќе ја има во програмата Балканска компетиција. Приказната ги следи двете сестри, Билјана и Вики, кои се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата сестра Билјана ја носи одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на ...
Рекорден број од 3.159 повици неодамна беа регистрирани на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 кој ги заменува броевите на итните служби. Десетици оператори во главниот Национален центар за итни повици кој работи 24/7, но и во седум други канцеларии кои работат во смени во поголемите градови секојдневно се соочуваат со секакви случаи и предизвици. Како е од другата страна на слушалката на бројот за итни повици 112, погледнете повеќе ...
Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека од почетокот на војната во Газа изгубила 212 вработени, пишува „Анадолу“. „212 колеги на УНРВА се убиени од почетокот на војната во Газа“, се вели во соопштението на УНРВА. Оттаму велат дека и покрај смртните случаи тие сепак продолжуваат да доставуваат хуманитарна помош секаде каде што е можно. УНРВА нагласи дека хуманитарната операција во Газа „стана една од ...
Самостојната изложба „Еве го човекот“ на уметникот Стефан Младеновски ќе биде отворена во петок, 30 август, во Уметничката галерија на Градскиот музеј во Крива Паланка, како завршен настан на алтернативниот мултимедијален фестивал „Гига Фест“. „Изложбата се состои од 50 дела на хартија, создадени во последните две години, кои претставуваат заокружување на еден тематски циклус“, истакнуваат од фестивалот. Настанот ќе биде придружен со музичкиот ...
„По 16-ти пат БОШ Фестивал се манифестира во својот автентичен идентитет на јужен, топол и помалку горчлив вкус со слатко кисели примеси. Овој пат го глофирицираме принципот на „направи сам“ како единица мерка за живот на алтернативната уметност и баеме против уроци за да отвориме пат за иднината. Тука сме за да ангажираме простори за творење, размена и споделување на култура. Кој урочи БОШ у очи! 16-то издание на БОШ Фестивал ПУ ПУ машала…“. ...
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, предупреди дека детската парализа во Појасот Газа многу брзо се шири и нагласи дека е потребен итен прекин на огнот за да им се овозможи на децата да се вакцинираат против оваа болест, која може да предизвика неподвижност на дел од екстремитетите до крајот на нивниот живот, пишува „Анадолу“. „Брзото ширење на детската парализа им се заканува на сите деца во Газа, кои се веќе ослабени и ...
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ доделува над 290 целосни стипендии за новозапишаните студенти за учебната 2024/2025 година, како и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои родителското право го врши само еден родител. „УКИМ ќе додели 240 стипендии, кои се распоредени по 10 стипендии за секој Факултет. На овој начин сакаме да ги мотивираме идните студенти да се посветат на студиите, ...
Новата самостојна изложба на уметницата Лина Дамјан е поставена во Музејот на Град Скопје. Насловена „Тела“, таа претставува енергично истражување на машките и женските форми низ објективот на Дамјан. „Оваа изложба навлегува во пресекот на телото, идентитетот и културата, замислувајќи го голото тело и како платно во шарениот свет на поп естетиката. Со смели бои преку графички медиум ве поканувам да го преиспитате телото не само како предмет на ...
Од 29 до 31 август на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13. издание на Прилеп џез викенд. Фестивалот ќе го отвори квартетот на тромбонистот Филип Стевановски, а по нив ќе настапи составот „Кобалт код јунит“. Втората вечер ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски во 21 часот, па следува квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев од „Архангел“. На последниот ден од фестивалот ...
На годинешната МОФ Летна академија што минатата недела се одржа во Дојран околу осумдесет млади учеа за активизам, право, дебата и новинарство. Во видеото подолу тие ни раскажуваат што научиле за време на академијата и ги споделуваат своите искуства за какви активности имале во слободното време. Елена Николова, Мила Тасевска, Ана Марија Вељковиќ и Никол Димеска View this post on Instagram A post shared by Радио МОФ (@radiomof) *Ова видео е ...
Германскиот филмски автор Вим Вендерс ќе ја добие наградата за животно дело на 37. доделување на Европски филмски награди што ќе се одржи на 7 декември во Луцерн, Швајцарија. „Со оваа награда го славиме извонредниот опус на работа на Вим Вендерс кој продолжува да истражува и експериментира со своето љубопитно око и отворен ум. Како еден од основачите на Европската филмска академија, чиј извршен директор беше од 1990 и 1995 година и претседател ...
„Пинокио не би преживеал во морето на дезинформации. ’На лагата ѝ расте носот’ е просторна уметничка акција и интервенција преку која уметникот Ѓорѓе Јовановиќ ја третира темата на дезинформации кои се присутни насекаде околу нас и оневозможуваат цели групи и заедници да ја видат вистината, заслепувајќи ја јавноста со шарени лаги спакувани во лажни вести на кои наседнуваат голем број граѓани“. Вака од Центарот за современи уметности ја ...
Пишува: Џефри Д. Сакс Наша најголема надеж е постоењето на вистински мир меѓу големите сили. Овој мир би се засновал на заедничкото признание дека не може да има хегемон и дека за општото добро е потребна активна соработка меѓу големите сили. Откако Советскиот Сојуз се распадна во 1991 година, претпоставката на САД беше дека тие ќе имаат доминантна улога во светот и дека ќе биде незаменлив хегемон. Сепак, ваквиот американски „униполарен“ момент ...
Откако веќе долго време се „крчка“ и најавува решавање на мизерната состојба во „Стив Наумов“, Министерството за образование и наука за Радио МОФ тврди дека за десетина денови конечно ќе започне целосна реконструкција на домот во Гази Баба. „Согласно информациите од избраната компанија изведувач на градежните работи, во тек се подготвителни активности и работите на терен ќе започнат за десетина дена“, истакнуваат од МОН. Министерката за ...
Амбалажи од храна, душеци, колички, тави за готвење и друга покуќнина се „возат“ на единствената скејт-рампа поставена во малиот Скејт парк во Тетово. Местото последниов месец го опкружуваат и преполни контејнери во кои не го собира сиот смет, па околу нив може да се забележат картонски кутии или други поголеми предмети како ќебиња, перници и даски или куфери. Скејт паркот во Тетово е прилепен до градскиот Жена парк кој е голем колку еден ...
Традиционалниот еко настан „Sound of Green“ ќе се одржи на 30 август (петок) во МКЦ со почеток од 20.30 часот. Како што информираат организаторите, годинава публиката ќе има можност да ужива во музика на две сцени, во паркот зад МКЦ и пред бифето, каде ќе настапат младата локална група Moira, Игор Џамбазов и Гуру Харе со бендот, како и гостите од Швајцарија, ORPHIA и DJ ALEX NANTAYA. Дополнително, пред почетокот на музичката програма, во 19 ...
Мајката на Мараја Кери, Патриша и сестра ѝ Алисон починаа во ист ден викенов, изјави американската пејачка, пренесува „Би-Би-Си“. „Срцето ми е скршено што ја изгубив мајка ми минатиот викенд. За жал, во трагичен сплет на околности, животот истиот ден го изгуби и мојата сестра“, напиша Кери. Добитничката на Греми награда изјави дека се чувствува благословено што поминала некое време насамо со мајка ѝ неделата пред да почине. Таа не сподели други ...
Само 16% од општините имаат функционални младински совети, ретко ги таргетираат младите како посебна целна група, а само 4% од општините се рангирани како одлични во вклучувањето на младите во јавните политики. Многу од општините делумно или воопшто не ги исполнуваат своите обврски кон младите. Просечната оценка на социјална вклученост на младите на локално ниво изнесува 41%, а највисоко рангирана е Општина Охрид. Ова го покажува анализата ...
На 3 септември (вторник) во НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ на Македонското грбословно друштво, по повод 8 септември, Денот на независноста на Македонија и 10 јуни, светскиот ден на хералдиката. На изложбата ќе бидат претставени над 70 грбови поврзани со Македонија почнувајќи од 14 до 21 век. „Изложбата на 35 панели се состои од два дела, првиот дел е за историски ...
Јулски пораст на цените на шеќерот, месото, маслото на светските берзи. Ценовно намалување кај млекото, млечните производи и житариците. Домашните финансиски институции очекуваат контролирана и намалена инфлација во 2024, но сепак засенета од ризици, пишува Порталб.мк. Во маркетите и на зелените пазари ценовен раст кај производи што содржат шеќер, какао, потоа кај дел од млечните производи, безалкохолните пијалаци. Цени на шеќер, месо, млеко, ...
Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека во тек е пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние граѓани кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет. За нив, во соработка со високообразовните установи до 20 септември ќе се проверува дали ...
Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје вчеравечер заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа голем број странски и домашни поети. Фото: Струшки вечери на поезијата Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на изминатото деноноќие, имало вкупно 25 пожари на отворено од кои два се уште активни, два се ставени под контрола а 21 се изгаснати. Активни пожари има во Општина Чашка, во атарот на селото Степанци и во Општина Студеничани, кај селото Црвена Вода. Под контрола се пожарите кај селото Цер, Општина Кичево и на планината Галичица кај местото викано Зли Дол, Општина Охрид. Изгаснати се ...
Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински” ќе учествува на 11. издание на амбиенталниот театарски фестивал „Нови тврдина театар”, во Чортановци, Србија, со претставата „Аудиција” во режија на Владимир Милчин. Претставата ќе биде изведена во конкуренција на други пет претстави од регионот, а изведбата е во „Вила Станковиќ“, која од неодамна е промовирана како нова амбиентална театарска сцена. „Претставата „Аудиција“, во која играат Марија Спиркоска ...
Во Австралија е усвоен закон според кој вработените имаат право да ги игнорираат претпоставените доколку ги повикаат надвор од работното време, пренесува Ал Џазира Балканс. Работодавците сè уште имаат право да се обидат да контактираат со своите вработени, но сега имаат право да го одбијат повикот или да не одговорат, освен ако таквата одлука не се протолкува како „неразумна“. Ова вклучува дека вработениот може да одбие да ги чита или да ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро го осудува оневозможениот пристап на јавноста до информациите од Трезорот и бара итно да се врати во функција порталот „Отворени финансии“. Платформата бара од Министерството за финансии да се овозможи непречен пристап, континуирано и навремено ажурирање на податоците на порталот „Отворени финансии“ и нивна достапност во отворен формат, како што и беше досегашната практика. ...
„A Letter to Ray“ е новиот концерт на Националниот џез оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато што ќе се одржи на 5 септември во Пацио, Музеј Битола во 20:30 часот. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин. „Концертот со наслов A Letter to Ray е еден вид посвета на еден од највиртуозните контрабасисти на сите времиња и ‘писмо со благодарност’ за неговата трага врз џез музиката. Реј Браун е еден од најпопуларните и најплодните музичари во џез ...
Младинскиот образовен форум (МОФ) и оваа година организираше Летна академија на која учествуваа околу 80 млади средношколци и студенти од целата држава. Тие следеа предавања од областите на дебата и критичко размислување, дигитално граѓанство и права, онлајн активизам и препознавање на дезинформации и новинарство и медиуми. Во видеото подолу разговараме со учесниците на траката Онлајн активизам и препознавање на дезинформации кои ни откриваат ...