
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Овогодишното четврто издание на Младинскиот филмски фестивал (МФФ) ќе се одржува од 30 август до 1 септември под мотото „Реално е!“, а ќе понуди низа филмски проекции, но и придружна програма со музика. На крајот на летото, а пред официјалниот почеток на фестивал, организаторите вечер (26 август) повикуваат на претфестивалска журка со краткиот филм „Налепница“ од Георги М. Унковски и музичка селекција од режисерот. Исто така, ќе настапи и Damage ...
Песната „Твоја ли е градината, Алиса“ на македонскиот автор Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот. Жири-комисијата во состав Митко Гогов, Иван Шопов и Игор Трпчески, во своето образложение велат дека станува збор за песна во која доминира интертекстуалната игра. „Повикувајќи се на светскиот класик ‘Алиса во земјата на чудата’, ...
Општина Центар денеска објави јавен повик за ангажирање лични асистенти во проектот „Образование за сите“. Оттаму ги повикаа сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да се пријават на повикот, односно, да имаат: Предност, како што соопштија од општината, ќе имаат кандидатите што имаат завршено високо образование – дипломиран наставник по предметна/одделенска настава, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран дефектолог или ...
Талибанските власти во Авганистан донесоа нов збир на закони за пороци и доблести под исламистичкиот режим, меѓу кои има и правило за забрана за слушање на женскиот глас во јавност, пишува „Си-Си-Ен“. Законите беа донесени минатата среда откако беа одобрени од врховниот лидер Хибатула Ахунџада. Тие опфаќаат аспекти од секојдневниот живот како јавен превоз, музика и прослави. Меѓу новите правила, членот 13 се однесува на жените и гласи дека ...
Меѓународна изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која ќе учествуваат десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена, ќе биде отворена на 3 септември во Националната галерија на Македонија – Мала станица. Изложбата е во рамки на 19. Фестивал за современи уметности „АКТО“. „’Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.’ е меѓународен изложбен проект кој вклучува уметници од Република Чешка, ...
Се намалува бројот на високообразован кадар во земјата кој активно бара работа, покажува евиденцијата на Агенцијата за вработување на Северна Македонија (АВРСМ). Ако се направи споредба/анализа на невработеноста според степен на образование, за изминатите пет години, може да се забележи опаѓање на бројот на лица со високо образование кои бараат работа, а паѓа и бројот на невработени лица кои се стекнале со титула, пишува новинската агенција ...
По годишноодморската пауза вратите на Кинотеката, домот на седмата уметност, во септември повторно се отвораат. „Разновидноста, во неколку форми, е карактеристика на оваа понуда за гледачите. Различни жанрови, разновидни земји во кои се продуцирани, разновидно време во кои се создадени. Оваа инклузивност го подразбира и значителниот број на регионалните копродукции, како дел од месечнава програмска понуда“, велат од Кинотека на Македонија. ...
Бројот на ковид случаи е во пораст. Иако една од главните препораки на Комисијата за заразни болести е лицата со хронични болести и лицата над 65 години да се вакцинираат против Ковид-19, нема вакцини во поликлиниките при Здравствен дом Скопје, пишува агенцијата Мета.мк. Мета.мк се обратила до поликлиниките Букурешт во Карпош, Бит Пазар и во Чаир, каде што го добиле истиот одговор – „вакцини немаме, не можете да се вакцинирате“. Ова се случува ...
Во организација на здружението за субкултура „ПП Џез Фестивал“, од четврток до недела (29-31 август) на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13. издание на фестивалот „Прилеп џез викенд“ (Prilep Jazz Weekend). „Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика“, велат од ...
Досега не слушнавме аргументи и анализи во намерата да се одземат ингеренциите на Градот над јавните претпријатија кои треба да се грижат за јавната хигиена и за одржувањето на зеленилото во Скопје и за јавниот транспорт, велат од граѓанската иницијатива Шанса за Центар, по најавите на скопските градоначалници за расформирање на градските претпријатија и за преземање на нивните надлежности. На пример, велат од иницијативата, градоначалниците од ...
Фестивалот „Друга приказна“ годинава се одржува по деветти пат, првпат во „Кафе Станица“ (Ленинова 64а). Дел од програмите ќе се одржат во „Јадро“ и „Ла Кања“. На книжевниот фестивал што ќе се одржува од 30 август до 1 септември учествуваат десетина странски гости и дваесетина од нашата земја. Фестивалот го организира книгоиздателството „Темплум“. Во продолжение програмата: Петок, 30 август КАФЕ СТАНИЦА (Ленинова 64а) 19 ч. – „30 години Маргина, ...
Алгоритам развиен од експерти од Барселона може да предвиди кои лекови ќе бидат најефективни за лекување на генетски болести и рак, покажа истражувањето објавено вчера во списанието „Nature Genetics“, а пренесува Ал Џазира Балканс. Развиениот компјутерски модел за предвидување е алатка за јавна употреба наречена „RTDetective“ и овозможува забрзување на развојот и ефикасноста на клиничките испитувања за широк спектар на нарушувања предизвикани од ...
Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) информираше дека Министерството за образование и наука (МОН) им прифатило две од барањата што ги испратија пред неколку денови, со цел да се подобри студентскиот стандард. „Идните бруцоши можат да аплицираат на повикот за користење на мерката субвенциониран студентски оброк до 5 септември со што ќе се стекнат со правото на користење на мерката од почетокот ...
Четвртото издание на Синестетика ќе се одржи на 31 август, сабота, на на ледината Шамак, над Козле на Водно, со почеток на пладне. Организаторите Виктор Танасковски и Ива Дамјановски ова издание решија да се вика „Настава во природа“ – ден пред први септември и последниот викенд пред враќање во школските клупи. „Се надеваме дека ќе ве инспирираме да научите нешто што можеби сте сакале да го пробате и запознаете. Ние мислиме дека нема ништо ...
ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите) реагира на нефункционалниот и несигурен јавен превоз кој може да ги остави средношколците и студентите без начин да стигнат на училиште или факултет, пренесува агенцијата Мета.мк. „Тековниот застој и прекин во системот на јавен превоз во Град Скопје доведе до можноста учениците и студентите да останат без сигурен и достапен начин да стигнат до училиште или факултет. ...
„Во образованието никој не смее да биде изложен на дискриминација и сегрегација, секое дете имаат право на образование. Оваа Влада има и програмска определба дека во текот на мандатот ќе ја зголеми инклузијата на децата Роми во основното и во средното образование. Истото важи и за децата од сите други етнички заедници. Заедно со со општина Штип ќе најдеме решение за сите предизвици, затоа што наш приоритет се младите и нивното квалитетно ...
Со вчерашната изложба на фотографии од минатото на рокенролот и промоција на книгите на Тошо Филиповски почнаа активностите за овогодишниот „Рудар рок фест“, кој денеска продолжува од 12 часот со првата берза на винили, цедеа и касети во Пробиштип. Потоа, од 19:30 часот стартува и главната хард-рок музичка програма. Организаторот вели дека со оглед на препознатливоста на Пробиштип преку рударството, хард-рок музиката е културен и уметнички израз ...
„Ако ја затрупаат, јас ќе застанам пред багерот, нека ме затрупаат“. Човек во години, со својот емоционален крик ја нагласува моралната дилема како една урбана градина, зелена оаза на периферијата на Скопје, може да биде уништена од багери бидејќи се наоѓа на јавно земјиште што не е во сопственост на оние што го обработуваат и одржуваат со децении. Човекот, практично, е оној глас што сите нас ни вели: зошто воопшто да се ништи зелен предел што ...
Туристичката автобуска линија на ЈСП Скопје веќе четири години не функционира. Панорамските автобуси за линијата сега веќе се пуштени во употреба за да се пополни недостатокот на автобуси во јавниот превоз, каде фалат околу 40-50 автобуси за летниот возен ред, односно 100 автобуси за зимскиот од септември. Во меѓувреме, од туристичкиот сектор сметаат дека ваквата линија е од нужна потреба, а од ЈСП најавуваат дека активно работат за нејзино ...
Промоција на антологијата „Од поети за поети“, во избор на македонскиот поет Милован Стефановски, ќе се одржи вечерва, 23 август во рамки на „Струшките вечери на поезијата“ со почеток во 20 часот на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. „Во изборот на посветени песни од современите македонски поети, под заеднички наслов ‘Од поети за поети’, се застапени претставници на сите генерации, вкупно 53 поети од кои десет се поетеси, ...
Стотици луѓе вчеравечер се собраа под широко отвореното небо над Куршумли ан за заедно да го затворат овогодишниот јубилеен петнаесетти фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Откако се доделија наградите, фестивалџиите ги „докопаа“ своите емоции низ времето со краткометражниот филм „Помеѓу нежноста и насилството“ и македонската премиера на филмот „Патување пеш“ од режисерката Тамара Котевска. Вечерта ја заокружи уникатен концерт со ...
Државата, општините да воспостават механизми за следење – превенција, евиденција, санкција во случај на дислоцирање на кучиња од една во друга општина, бара организацијата „Анима Мунди“. Од таму апелираме на итно постапување во случаи на напуштање, или пострашно масовен истовар на кучиња од една општина во друга. „Доволно е да се читаат коментари кои ги оставаат граѓаните, за да се сфати дека принципот ‘грижо моја, прејди на друг’ беспрекорно ...
Обединетите нации (ОН) процениле дека во 2050 година шесте земји од Западен Балкан ќе имаат околу три милиони жители помалку од денес, дека Србија ќе има најголема загуба во апсолутни бројки, а процентуално, Босна и Херцеговина и Албанија предничат, кои до средината на векот ќе загубат повеќе од 20 отсто од своето население, пренесува агенцијата Мета.мк. Наместо минатогодишните 16.977.000, Западен Балкан во 2050 година ќе има 13.975.000 жители, ...
Во склоп на овогодишниот „Рудар Рок Фест“, вечерва во 19 часот во Домот на културата во Пробиштип ќе има изложба на фотографии од минатото на рокенролот во Македонија и промоција на книгите на Тошо Филиповски. „Ќе имате можност преку фотографија да го почувствувате минатото на рок музиката кај нас. Ќе бидат изложени повеќе од триесет ретки фотографии од рок настани од шеесетите години па наваму“, посочуваат од фестивалот. Во вториот дел, во ...
Министерот за транспорт Александар Николоски во изминатиов период даде многу изјави дека јавниот интерес му бил во прв план, особено кога се работи за општина Карпош и Центар, каде според него не смее да има нови станбени згради, велат од „О2 Иницијатива“. Оттаму, посочуваат тие, на дело ќе видат колку навистина го мисли тоа што го кажува. „Министре, еве Ви шанса да покажате дека навистина го имате јавниот интерес во прв план. Бараме итно ...
Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје во изминатите денови испратило сеопфатни барања за подобрување на студентскиот стандард до Министерството за образование и наука (МОН). УСС бара од МОН измена на Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно – истражувачките кадри. „Целта е да се овозможи и студентите што се на интегрирани студии од 3+2 ...
Смртните случаи од жештина во Европа би можеле да се зголемат тројно до крајот на векот, а бројките непропорционално се зголемуваат во јужноевропските земји како Италија, Грција и Шпанија, покажа студијата објавена во „Lancet Public Health“, а пренесува Гардијан. Студот убива повеќе луѓе отколку топлината во Европа, а некои тврдат дека климатските промени ќе имаат корист за општеството со намалување на тие смртни случаи. Но, студијата покажа ...
Меѓународен салон на стрип „Велес 2024“, единствената манифестација од ваков вид во Македонија, годинава го одбележува своето 21. издание во организација на Стрип центарот на Македонија. На отворањето во Јуроп Хаус беа доделени награди и признанија додека присутните можеа да ги видат изложени стрип дела, годинава пристигнати во рекорден број – 351 стрипови од 17 земји. Наградени беа: Прва награда „ ЗЛАТЕН СТРИП“ Стрипот „РЕВОЛВЕР “ НА Војдан ...
Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“ ќе се отвори летната сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) „Славиша Кајевски“ на 17 септември со почеток во 21 часот. „Режисер на ова современо читање на драмската класика ‘Црнила’ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот ‘Зад аголот’ го поставија овој проект во современ“, информираат од МНТ. Актерската екипа, односно, ...
Земјава ја доби првата оперативна процедура за постапување при случаи со труење на диви животни. Десетина институции, меѓу кои и Инспекторатот за заштита на животна средина, Министерствата за внатрешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство и другите надлежни институции за сузбивање на незаконското труење на диви животни како правосудните органи, судовите и јавните обвинителства конечно добија ...