
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Кинотека на Р. С Македонија во рамки на платформата „Andactionproject.eu“ нуди бесплатна обука за креирање на видеосодржини за едукативни цели. Секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа обука може да се регистрира на платформата и да ја заврши обуката. Платформата е на македонски јазик и е достапна на овој линк. Платформата е креирана во соработка со партнерите кои се дел од проектот „… и Акција! “ во рамките на „Еразмус +“ . „Како завршна фаза ...
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) на 1 октомври ќе биде домаќин на конференцијата организирана од мрежата „Science|Buisness“ која е посветена на засилено интегрирање на истражувачката инфраструктура од регионот на Западен Балкан кон Европскиот истражувачки простор и можностите за истражувачите, иноваторите и бизнис заедницата. „Конференцијата посветена на европската интеграција на Западен Балкан, ќе обедини еминентни европски ...
Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават дупка на улица во маалото во кое живеат, а која постојано ја заобиколуваат. „Редовното одржување на улиците значи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила“, велат оттаму. „Верувам дека овој начин на комуникација ќе донесе поголеми и побрзи резултати за граѓаните. Ние досега реконструиравме 17 улици, во моментов се работи на две тоа се улиците Елисие Поповски и Блаже ...
Вториот уписен рок за прв циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје е во тек денес и утре (17 и 18 септември). Слободни места за нови студенти има на сите факултети, со исклучок на Архитектонскиот и Факултетот за драмски уметности. На Економскиот и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје не се останати слободни места за студенти во државна квота, туку само за редовни студенти со школарина и за вонредни ...
Утре (18 септември, среда) во 12:30 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана втората збирка раскази од Наде Ќосеска со наслов „Животен калеидоскоп“. „Нејзините нови раскази се нови животни приказни, истовремено едноставни и комплексни и бараат уште еднаш во себеси да ги преработите и да ги откриете скриените пораки меѓу зборовите“, се вели во најавата. Промоцијата ќе ја отвори директорот на ...
Во периодот од 16.09.2024 до 20.09.2024, Центарот за право на бегалци и миграции при Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во партнерство со Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија, по јубилеен петти пат ја организираат летната школа за правата на бегалците и миграциите. Школата се одржува од 16 до 20 септември на Правниот факултет во Скопје. Темата оваа година е „Меѓународното право за бегалци ...
Обезбедени се средства за реконструкција на спортската сала во општествениот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), информираат од Универзитетот. Информацијата доаѓа по вчерашна средба на ректорката Биљана Ангелова со дел од Управата на Универзитетот и министерот за спорт Борко Ристовски и претставници од ресорното министерство, на кој, велат од УКИМ, се утврди заеднички акционен план за конечна реализација на проектот ...
Вовед: Зошто се важни очекувањата Еден од најважните индикатори кој се следи во економијата се очекувањата на економските субјекти. Имено, централните банки преку најразлични методолошки инструменти покрај другите ги следат инфлациските очекувања, другите економски институции ги следат очекувањата на менаџерите во компаниите и истите се инпут во проекциите и моделите за прогноза на економските текови. Очекувањата како индикатор се следат низ ...
Делегацијата на Европската Унија, Јуроп хаус и Агенцијата за пошти, најавуваат активности во рамки на Европската недела на мобилност 2024. Активностите ќе се одржат на 19 септември (четврток), под мотото „Ден на зелена достава“, а иницијативата е насочена кон поддршка на одржлива урбана мобилност и заштита на животната средина. Националниот давател на универзалната услуга АД Пошта на Македонија, како и седум лиценцирани даватели на поштенски ...
Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ реагира на зголемените трoшоци за студирање на единиците на овој најголем и најстар универзитет во Македонија. Студенти веќе се пожалија дека со „усогласувањето“ на давачките на УКИМ, пример, на Филозофски и Филолошки при запишување на зимскиот семестар, покрај партиципацијата, од годинава плаќаат 3.650 денари, што претставува зголемување дури од 2.500 денари. На ...
Група женски затворенички во затворот Евин во Техеран од вчера штрајкуваат со глад со што ја одбележуваат втората годишнина од националните протести предизвикани од смртта на 22-годишната Махша Амини која почина во затвор. Инстаграм профилот кој се поврзува со затворената лауреатка на Нобелова награда за мир Наргес Монамади соопшти дека 34 затворенички започнале штрајк со глад на годишнината од движењето „Жени, Живот, Слобода“ (Woman, Life, ...
Се усогласуваат давачките што ги плаќаат студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). За студентите на некои факултети ова значи зголемување на трошоците: школарината за студирање останува иста, а покачените давачки гласат на име „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, дознава Мета.мк. Додека дел од студентите изразија противење стравувајќи од зголемениот финансиски товар, раководството на најголемиот државен универзитет ...
Пишува: Ангела Бошкоска Учениците Македонци од прво до петто одделение, во тетовското село Непроштено повеќе од 20 години учат во модуларно училиште, направено од лимени контејнери кое од привремено полека станува трајно решение за паралелките на македонски јазик. По десниот тек на реката Тополка, велешко и движејќи се кон централниот дел на земјава во селото Чашка се наоѓа училиште во кое на учениците Албанци не им е дозволено да учат на ...
Традициналните годишни награди на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) за 2023 година беа соопштени на денешната прес-конференција, а ќе им бидат доделени на добитниците на свеченоста која ќе се одржи во среда, 18 септември во 19 часот во главната сала во Друштвото на писателите на Македонија. Добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга е романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, во издание на „Матица“. Оваа ...
Овогодинешното трето по ред книжевно признание „Штефица Цвек“ го добија седум книги од регионот, од вкупно 153 номинирани наслови. Прогласувањето на книжевниот избор се одржа во Историскиот музеј на Босна и Херцеговина во рамки на Фестивалот за женска уметност и активизам „Пичвајз“. Додека признанијата на добитничките ќе им бидат врачени во рамки на програмата на Културтрегер/Букса „Ревија на мали книжевности“ во Загреб, во октомври. „Низ ...
Македонската квиз асоцијација (МКА) викендов во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје го организираше првото Државно квиз првенство на Македонија. Првенството се одржа во две категории индивидуално и во двојки. На првенството учествуваа натпреварувачи од повеќе градови од Македонија, а најдобар во поединечна конкуренција беше Жан Павлов кој ја освои титулата прв квиз-шампион на Македонија со освоени 115 поени, пред Илија Стевков ...
„Монумент за неродените“ е четврта самостојна изложба на македонскиот автор Иван Аџиевски која ќе се отвори на 23 септември со почеток во 19 и 30 часот во Монтажната галерија во паркот на Франкофонија. Таа претставува концептуален проект во кој преку ликовната уметност авторот се обидува на пошироката јавност да ѝ покаже критицизам на реалната општествена состојба како причина за миграцијата на младите од државата. „На изложбата се презентирани ...
„Во потрага сме на сите заборавени кондури, патики, папучи, чизми кои ви зафаќаат простор во некој плакар, а не сакате да ги фрлите“, соопштуваат од Асоцијацијата „Еквалис“. Од таму посочуваат дека сакаат на сите такви чевли да им исполнат уште една последна цел – да бидат дел од уметничка инсталација која ја приготвуваат, па затоа повикуваат на донации. „Доколку имате пар кондури, без разлика какви и да се, од кои си трајно да се збогуваш, пиши ...
Изложбата „5×10“ која ќе ги обедини делата на македонските фотографи Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхт ќе биде отворена на 21 септември во градот Утрехт, Холандија. Оваа групна изложба, составена од по 10 фотографии од секој фотограф, ќе прикаже повеќе од две децении фотографско творештво, фокусирано врз доловувањето моменти од музички фестивали и концерти во Македонија. „Фотографиите ...
Со претставување на дел од творештвото и разговор со двајца автори, новинари, уредници и колумнисти синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје започна 12. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“ во Скопје. „На првата фестивалската вечер публиката имаше задоволство да ја истражи динамиката на Борис Дежуловиќ од Хрватска и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски, чие творештво се движи во истите новинарско-авторски води, но со различни ...
Екипажот на „Поларис дон“ на Спејс Екс слета на Земјата, слетувајќи во вода во близина на крајбрежјето на Флорида, пренесува Би-би-си. Станува збор за првата приватно финансирана мисија која вклучуваше вселенска прошетка. Таа беше финансирана од милијардерот Џеред Ајсекман, кој се „прошета“ во орбита. Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека мисијата претставува „џиновски скок напред“ за комерцијалната вселенска индустрија. Скот Потит, ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести што ја одбележаа изминатава недела, овој пат со повеќе фокус на образованието: Јаневска: Во следните денови образовните асистенти постепено влегуваат во училиштата Министерката Весна Јаневска нагласи дека е важно системско решавање на образовните асистенти, кое, вели таа, досега не било направено. „Тоа значи, во новите закони за основно, средно и средно-стручно – ќе определиме рок ...
„Kонечно асистентите на деца со посебни образовни потреби ќе потпишат договори за работа. И конечно после две недели седење дома, нашите деца од понеделник ќе почнат со училиште. Ќе понесе ли некој одговорност за овој пропуст и дискриминацијата на нашите деца?“. Зоран Мијалков, татко на ученик со аутизам, во неколку реченици преку социјалните мрежи го сумираше револтот на родителите на децата со атипичен развој кои останаа без образовни ...
Совет за соработка со и развој на граѓанското општество. Ова советодавно тело на Владата, чија цел е исклучително значајна и потребна во едно демократско општество, е формирано со владина одлука во 2016 година, која е објавена на веб-страницата на Советот. Сепак, од 2022 година, неговите членови не заседававаат и телото не функционира, па следствено, веќе втора година ја уназадува соработката и поврзаноста на институциите со граѓаните, пишува ...
Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва, 15 септември, од 20 часот ќе се одржи настан на „Terrorvoid Promotions“, каде ќе настапуваат „Belphegor“ и „Malevolent Creation“. „Со посебно задоволство ви го најавуваме овој соничен напад на сите ваши сетила!“, велат од „Terrorvoid Promotions“. За „Belphegor“ посочуваат дека секој обид да се објаснат е залуден. „Со години се обидувавме да ги донесеме во Скопје и еве конечно нема бегање“, соопштува ...
Зелен Хуман Град (ЗХГ) на 21 септември од 12 часот во „Лабораториум“ организира „Зелени муабети“ – интерактивен настан (читаj: кафе муабет) што има за цел да ja доближи заедницата на Скопjе заедно. „Да се инспирираме едни со други и придонесеме за подобар, поквалитетен, и подинамичен живот на локално ниво за сите нас“, повикуваат од ЗХГ. Како први говорници мразот ќе го скршат Горјан од Зелен Хуман Град, Кате од Yes for less и Марко од За ...
Скопје ќе биде домаќин на уникатен настан на 16 септември со почеток во 20 часот, во киното „Милениум“, а во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм на Кинотека на Македонија, во соработка со Кино Балкан. „Познатата 74-минутна музичка композиција на Нил Бранд за немиот филм на Алфред Хичкок ‘Уцена’ (1929), ќе биде премиерно изведена во живо од студентите од Институтот FAME’S, прикажувајќи ја уникатната моќ на живата оркестрална придружба за ...
Државната изборна комисија во законски утврдениот рок, ги нема подмирено своите обврски во целост, односно заклучно со 23.08.2024 година има исплатено средства во износ од 7.824.013 денари (околу 127 илјади евра) што претставува само три отсто од вкупната обврска за платено политичко рекламирање, се вели во извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во однос финансирањето на изборните кампањи за парламентарните избори, ...
Културно-информативниот центар (КИЦ) Скопје информира дека на 17 септември од 20 часот ќе биде отворена изложбата на графики и слики од Петра Јовановска и Вит Павлик (Чешка), насловена „Во разговор“. „Централниот елемент во делата на Петра Јовановска е круг кој не е случајно избран. Претставува синтеза на креативната и животната филозофија, како и сознанието дека совршената форма е без почеток и крај. Тоа е знак кој го симболизира животниот ...
Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен утревечер (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, па лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае до 17 септември. На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво со ...