Од 1 јануари следната година јавниот градски превоз во Белград ќе биде бесплатен и веќе никој нема да мора да плаќа билет, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот Александар Шапиќ. „Нема веќе да има ниту месечни, ниту годишни карти, ниту попусти, туку градот Белград со оваа социјална мерка станува единствениот град во Европа, поголем од 500.000 жители, кој има бесплатен јавен превоз. Има примери, како Талин, кој има 450.000 ...

Од 0.68% до 2.24% ќе се зголемат сметките за струја за домаќинствата од 1 јануари, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Зголемувањето на цената по блокови е најголемо во четвртиот блок – 2.24%, во првиот блок зголемувањето е за 0.68%, во вториот за 0.9% и во третиот блок за 1.93%. Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 0.92%. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски објасни дека на ...

Шестиот роденден на феминистичката платформа „Медуза“ ќе биде колективно одбележан утре (четврток, 19 декември) со промоција на годишната публикација „Без здив“. Промоцијата ќе се случи во кафе и филм „Котур“ во 20 часот. Разговорот со уредничките Душица Лазова и Калиа Димитрова ќе го води нашата пријателка, соборка и соработничка Кристина Леловац. Во книгата со свои авторски дела се застапени: Анастасија Марковска, Бојана Јованска, Борјан ...

Мрежата за заштита од дискриминација изразува остра реакција за, како што велат, загрижувачката и брзо развивачка ситуација во нашата земја во врска со правата на детето. Министерството за образование и наука изготви предлог за измена на Законот за основно образование и нов Закон за средно образование, првиот со цел да се спроведе пресуда од Европскиот суд за човекови права во однос на сегрегацијата на децата Роми во јавните училишта. Во ...

Книгата „Прес енд плеј“ (Press and play: Reloaded) на новинарот Ненад Георгиевски, која ја претставува македонската музичка сцена преку серија рецензии и текстови напишани во период од 20 години за странски публикации, ќе биде промовирана вечерва, 18 декември, со почеток од 20 часот во „Буква“. Промотер е Јане Алтипармаков. „Таа е збирка од авторски текстови кои даваат детален увид во креативните активности на македонските музичари и нивните ...

Друштвото на писателите на Македонија во изминатиов период го прошири своето членство со пет современи автор(к)и, кои на различни начини се одликуваат со своето творештво и со своите активности во областа на книжевноста: Митко Гогов, Искра Донева, Симона Јованоска, Хана Корнети и Милчо Мисоски. Митко Гогов (1983, Скопје) пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Неговото творештво е застапено во неколку антологии, стихозбирки ...

Петтото издание на младинското книжевно читање „Клинци“ ќе се оджи в петок (20 декември) во кафе-книжарницата „Буква“ во 20:30 часот. Овој пат своја поезија и проза ќе читаат Дамјана Видическа, Теодор Тасевски, Милена Сиљаноска и Андреј Медиќ Лазаревски. Модераторка ќе биде Марија Велинова. „Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат дека овие млади се „безљубовни и незанесени“. Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите ...

Факултетот за образовни науки организира почетен настан насловен „Скриеното лице на насилството“ кој ќе се одржи во четврток (19 декември) во 12 часот во просториите на Факултетот. Настанот се реализира во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. „На настанот ќе бидат претставени целите на проектот и ќе се спроведе целодневна обука за безбедна училишна средина, наменета за студентите од Факултетот за образовни науки. ...

Потребна е сеопфатна едукација за заштита на животната средина, што за правните факултети и за факултетите за политички науки значи дека треба да го зајакнуваат образованието за еколошко право и еколошка правда. Понатаму, тоа знаење треба да се пренесува и во судската пракса, а притоа преку посебни одделенија на судовите и Обвинителството да се третираат случаи од животната средина. Ова се важни чекори, ако се знае дека еколошката правда ...

Театар Комедија ќе има премиера на претставата „Арсеник и стара тантела“ од Џозеф Кеселринг, а во режија на Лидија Дедовиќ, на 20 декември во големата сала. Како што информираат оттаму, претставата зборува за изопаченоста и современото безумие, за прикривањето злосторства, за емпатијата како изговор за криминал и за љубовта. Во „Арсеник и стара тантела“ играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Сергеј Димоски, Столе Мицов, Григор ...

Откако Радио МОФ пишуваше дека владее молк од Министерството за транспорт и врски во врска со Правилникот за велосипедска инфраструктура, недела дена подоцна од ресорот на Александар Николовски стигнува информација дека е остварена средба со Здружението „Гоу Грин“ (Биди Зелен), иницијаторот на овој Правилник, за кој самиот министер вели дека ќе го зголеми квалитетот и квантитетот на велосипедските патеки, а следната година ќе предвидат и ...

„Како и да прашаме од кога оние кои создаваат уметност на македонски јазик, со својата уметност ја претставуваат Македонија надвор од нејзините граници и редовно работат на збогатување на уметничкиот и културен живот во Македонија се ‘најголемите непријатели на Македонија’? Управниот одбор и членовите на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ целосно ги осудуваат нападите врз членовите и соработниците на Здружението, ...

По повод Меѓународниот ден на човековите права, Делегацијата на Европската Унија, мрежата на Јуроп хаус, Обединетите нации и Министерството за образование и наука во соработка со Македонското здружение на млади правници, како и Здружението за изработка на игри „Галактик Омнивор“ ја претставуваат играта „Навигатор“. Како што информираат оттаму, „Навигатор“ е игра во која играчот може да избере шест од девет интерактивни планети – секоја со ...

Промоцијата на романот „Ветрилиште“ од Игор Анѓелков ќе се одржи вечерва, 17 декември, во 19 часот во просториите на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Промоторка ќе биде писателката, уредничка и книжевна критичарка Оливера Ќорвезироска. „Ветрилиште е именка, којашто лесно го упатува говорителот на македонскиот јазик на една друга, почеста и повообичаена именка-синоним: ветрометина/ветромет. Наставката -иште (во ветрилиште), која ...

„Зошто по ѓаволите сите сакаат да успеат? Би сакал да запознаам некој што сака да пропадне. Тоа е единственото возвишено нешто“. – Џон Дос Пасос, Менхетенски трансфер, 1925 година Во Музејот на современа уметност (МСУ) во четврток (19 декември) од 12 часот ќе биде претставен проектот „Кога ѕидовите би зборувале“ на Миша Кубал, додека во 20 часот ќе има панел дискусија. „Транснационалниот проект ‘Кога ѕидовите би зборувале’ (if walls could ...

„Замислете мрак кој трае повеќе од деценија. Таман кога не може да биде помрачно, корупцијата на една власт убива 15 луѓе. И младите луѓе во таа држава палат такви пожари, што од нив се тресат сите оние кои го гасеа светлото. Ова сега е прашање на живот, бидејќи суровото, бедно и морничаво владеење на Српската напредна странка (владејачката партија) кулминираше на 1 ноември. А, оваа борба не можат да ја добијат“. Тагата, гневот и ...

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи за студиската 2024/2025 година. Сите апликанти, како што посочија од МОН, ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk. „Одбиените кандидати имаат можност да поднесат жалба до Државната ...

Говор на омраза врз основа на етничка припадност, врз основа на национална припадност и поради сексуална ориентација и родов идентитет се најчестите случаи регистрирани од Хелсиншкиот комитет во 2023 и 2024 година. Имено, во текот на 2023 година имало 1171 случаи на говор на омраза, од кои 646 биле сторени врз основа на етничка припадност, 248 поради сексуална ориентација и родов идентитет, 275 случаи врз основа на национална припадност, 149 ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) апелира до Собранието да организира јавни расправи за законите во областа на образованието. „Во тек е законодавната постапка за донесување на повеќе закони во областа на образованието како Предлог-закон за средно образование, Закон за измени и дополнување на Законот за основно образование, Предлог-закон за учебници и други. КСЗД има голем интерес во изменувањето и дополнувањето на ...

Надлежните без конкретни мерки за домаќинствата Во Куманово „тешко се дише“ во грејна сезона Куманово беше една од петте општини, каде што лани се мониторираше квалитетот на воздухот. Резултатите од лабораторијата при штипскиот универзитет покажуваат дека „тешко се дише“, особено во декември и во јануари, се вели во групната сторија на Здружението на новинари на Македонија. – Мириса чудно во попладневните часови, неподносливо, вели кумановка, ...

Дванаесетти ден по ред, во населбата Карпош 4 истекуваат стотици кубици питка вода поради дефект на улицата „Никола Парапунов“. Дефектот е на само неколку метри од објект токму на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. За да се санира, од претпријатието велат дека треба да се исклучи водата за целиот главен град и тоа најавуваат дека ќе се случи во сабота, 21 декември 2024 година, пишува новинската агенција Мета. Инаку, ...

Најмалку 46 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на убиени од минатата година достигна 44.976, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава, пишува „Анадолу“. Во соопштението на Министерството се наведува дека во нападите од 7 октомври минатата година досега се повредени околу 106.759 лица. „Израелските сили убиле 46 лица и раниле 135 лица во последните 24 ...

Здружението „Зелен институт“, во партнерство со здружението „Изгрејсонце“, спроведува проект „Граѓаните против корупцијата во животната средина“, за кој велат дека ќе придонесе за подобро управување со животната средина, овозможувајќи им на граѓаните да посочуваат и отвораат случаи на корупција во областите за злоупотреба на урбано зеленило, загадување на воздухот, опасни рудници, управување со отпад и поставување фотоволтаици на плодно ...

Оркестарот на Македонската филхармонија во четврток, со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Меѓу срцето и умот“ на кој како солистка ќе настапи виолинистката Алена Баева од Луксембург. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата е Концертот за виолина и оркестар бр.2 од Сергеј Прокофјев и Симфонијата бр.8 од Дмитри Шостакович. Како што информираат од Филхармонија, маестро Емил Табаков се смета за еден од ...

Кинотеката на Македонија со дигиталната реставрација на филмот „Мис Стон“ по четврти пат ќе биде дел од европскиот проект „Сезона на класични филмови“ кој е во организација на Европската асоцијација на кинотеки (ACE – Association des Cinémathèques Européennes). Како што информираат од Кинотека, по успешните дигитализации на филмовите „Мирно лето“ (1961), „Фросина“(1952), „Мементо“(1967) и реставрираните етнолошки филмови на Вера Кличкова – ...

Изложбата на слики „Уметничко (по)стоење“ од уметницата Јулијана Гешоска ќе биде отворена утре, 17 декември, со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Гешоска е уметница со долга и плодна кариера и надвор од границите на Македонија. Таа се има претставено во над 30 групни изложби надвор од границите на Република Македонија (Франција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Турција, Бугарија и др.) и била учесник ...

Еколошката организација „О2 Иницијатива“ испрати барање до советниците и градоначалничката на Град Скопје за носење на серија на одлуки кои ќе ги вклучат сите извори на аерозагадувањето. „Доставивме барање до сите советници во Советот на Град Скопје и градоначалничката на град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, за поинаков пристап во решавање на проблемот со аерозагадувањето и носење на серија одлуки кои ќе ги вклучат сите субјекти кои го креираат ...

На првиот „Urban legendS festival“ кој ќе се одржи на 21 декември, сабота, со почеток во 20 часот во „Лабораториум“, ќе настапи хип хоп триото „Bad copy“, а диџеј сетови ќе пуштаат диџеј Гоце САФ и диџеј Страјк. „Главни ѕвезди на вечерта се ‘Bad copy’ (Ајзек, Скај Виклер и Тимбе), легендарните мајстори на балканската хип хоп сцена. А, специјални гости на вечерта се основоположниците на македонската хип хоп сцена диџеј Гоце САФ и диџеј ...

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти, соопшти утрово Владата. Во новогодишната потрошувачка кошничка листа, како што наведуваат, спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни ...

Регионалната телевизија Канал ВИС Струмица која што функционираше 33 години се затвори, а вработените завршија во Агенцијата за вработување, јавува порталот „Сакам да кажам“. Овој медиум веќе неколку дена не зрачи сигнал, со што Струмица остана без единствената телевизија која што информираше за локални и регионални случувања, а емитуваше и програма со неколку авторски емисии. Канал ВИС беше еден од најстарите телевизиски медиуми во земјава. ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Калај

46.54