На 7 ноември (четврток) со почеток во 18 часот во излогот на Францускиот институт во Скопје ќе биде отворена на изложбата „Фото-графички експерименти“ на уметниците Ана Трајковска и Јана Луловска. Според организаторите, овој проект е создаден и премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“ Париз. Оваа изложба е во рамки на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Изложбата ќе остане отворена до ...

Младинскиот образовен форум (МОФ) и Радио МОФ ги отвораат вратите на дворчето за заедничка дружба на последното ноемвриско сонце. 8 ноември (петок) го планираме како отворен ден исполнет со култура, уметност и активизам – Cult + Alt + Repeat за да го активираме креативниот дух. Што ќе ве „снајде“? Цртање на џиновски платна – имаме бои кои се ваши за графит, транспарент, порака или само шлакање Масичка со облека и книги – земи, остави или ...

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД, на кои милиони Американци избираа помеѓу него и актуелната потпретседателка Камала Харис. Конечните резултати сè уште не се објавени, но последните информации говорат дека Трамп речиси и сигурно по четири години ќе се врати во Белата куќа. Републиканците синоќа ја презедоа контролата врз Сенатот, горниот дом на американскиот Конгрес, откако ги освоија ...

НУ Народен театар, Битола оваа година ја одбележува 80-годишнината од неговото формирање. Македонскиот народен театар на 7 декември во чест на одбележувањето на овој голем јубилеј ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза ...

Во ноември 1993 година, „Nirvana“ го изведоа својот незаборавен концерт во рамките на серијалот MTV Unplugged, кој беше објавен како албум наредната година, во ноември 1994-та, по трагичната смрт на фронтменот Курт Кобејн. Ова издание, со својот интимен пристап и емоционална длабочина, не само што го редефинираше звукот на бендот, туку стана културен и музички монумент на едно време. По три децении, „MTV Unplugged in New York“ останува симбол ...

Илјадници луѓе вечерва излегоа на протест во Нови Сад по несреќата со уривањето на настрешницата на железничката станица во која загинаа 14 лица, а тројца се повредени. По обраќањето на организаторите, демонстрантите се упатија кон Градското собрание. Атмосферата особено се вжешти пред просториите на владејачката Српска напредна странка и пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа со камења и со боја, јавува Н1. Млади маскирани со ...

Книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 – 2023)“ од академскиот сликар Сергеј Андреевски ќе биде промовирана на 14 ноември (четврток) во Културно-информативниот центар во Скопје во 19:19 часот. „’Со свои зборови: интервјуа (1985 ‒ 2023)’ претставува прошетка низ времето, нѐ враќа на самите почетоци на сликарската кариера на Сергеј Андреевски. Таа прошетка се личните ставови на еден македонски ликовен уметник со меѓународна кариера за ...

Дваесетина средношколци од скопските училишта „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ беа на гости во Радио МОФ. По повод Деновите на медиумска писменост, разговаравме за улогата на медиумите и како тоа ги засега нив и зошто е важно да има младински медиум кој ги адресира нивните проблеми и успеси. Сепак најинтересно им беше кај Пецо во радио, да се пробаат како водители на подкаст. Во продолжение, фотоградии од случувањата од Отворениот медиумски ...

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ (ГБСК) во Скопје најавува разговор со поетесата и писателка Виолета Танчева-Златева, чиј роман „Бела Сама“ е книга на месецот, на 6 ноември, среда во 19 часот. „’Бела Сама’ е семеен роман за тагата, загубата, осаменоста и себеприфаќањето. Тоа е книга за вечната борба меѓу доброто и злото, меѓу градот и селото, за комплицираните семејни релации“, се вели во соопштението. Разговорот ќе го води книжевната ...

Поставени се темелите за формирање на Мрежа на жени во медиумите во Македонија на иницијатива на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). На работилница која се одржала на 2 и 3 ноември биле утврдени и визијата, мисијата и целите на Мрежата, која првично ќе дејствува во рамките на ССНМ. „Дваесет колешки од 20 македонски медиуми, и гости од регионот беа дел од плодната дискусија низ која провејуваше општа констатација ...

Мрежата за заштита од дискриминација и Женската менторска мрежа Стела изразуваат голема загриженост заради можноста за усвојување на предлог-закони за основно и средно образование кои, според нив, ќе значат назадување наместо унапредување на заштитата на учениците од дискриминација и насилство во образовниот процес. Тие бараат двата предлог-закони да се повлечат и да се вратат во работна група која би се дополнила со стручни лица од областа ...

Задолжителна пракса во средното и високото образование. Легализација на вработувања на имигранти. Преку помени во образованието до квалификувана работна сила и намалување на невработеноста, пишува Порталб.мк. Економски раст од 4%, странски инвестиции во иновации и за зелена транзиција. Новата усвоена Национална развојна стратегија 2024-2028 постави високи „таргети“ кои треба да бидат цел на секоја владејачка гарнитура без разлика кој партиски ...

Новото издание на списанието „Спознавање“ ќе биде промовирано на 9 ноември, сабота, со почеток во 17 часот во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Битола. На настанот ќе се прикажат филмови, ќе има базар, музика, изложба и инсталација. Настанот ќе започне со проекција на краткометражни филмови „Life of a board“ од Леона Јариќ, „Music Theory“ од Леон Ристов и „Мала шега“ од Трифун Ситниковски, избрани од Младинскиот филмски ...

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, најави дека денеска официјално ќе поднесе оставка поради несреќата во Нови Сад, кога во уривањето на настрешницата на железничката станица загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени, јавува Н1. Весиќ рече дека не ја прифаќа вината за несреќата што се случи, туку дека оставката ја поднесува како одговорен човек. Весиќ рече дека на премиерот Милош Вучевиќ му понудил оставка ...

Јубилеен осврт – 25 години од објавувањето на култниот сингл на Aphex Twin „Windowlicker“ за издавачката куќа Warp Records. Во 1999 година, Aphex Twin го објави култниот сингл и музичкото видео „Windowlicker“ ремек-дело кое и по 25 години останува како еден од највпечатливите и најекспериментални моменти во историјата на електронската музика. Ричард Д. Џејмс, познат под псевдонимот Aphex Twin, преку овој сингл и видео пренесе визија која ги ...

Следната година ќе се работи на ново законско решение кое, како што рече министерката за образование и наука Весна Јаневска, ќе го унапреди студентскиот стандард, односно ќе овозможи подобро функционирање на студентските домови и повеќе можности за идните академски граѓани. Таа посочи дека има повеќе причини за изработка на нов Закон за студентски стандард. Јаневска ова го изјави на денешната расправа во Собранието по повод извештајот од ...

На 88 години почина Оливера Николова, македонска писателка за деца и возрасни. Таа е една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки. Веста за смртта ја потврди Друштвото на писатели на Македонија. Оливера Николова е родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи ...

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) започнува кампања насловена „И онлајн насилството остава лузни“ со цел да се подигне свеста за присутноста на проблемот, но и да се зголеми степенот на едукација за тоа како да се препознае и да се пријави сексуалното насилство на интернет. Оттаму истакнуваат дека сексуалното вознемирување и следење на интернет и јавното споделување интимни содржини без дозвола се најбрзо растечки форми на ...

Актуелната прозападна претседателка на Молдавија, Маја Санду освои втор мандат по вториот круг на претседателските избори кои се одржаа вчера, јавува Евроњуз. Според последните податоци на Централната изборна комисија, по преброени 100% од гласовите, Санду освои 55.33% од гласовите, а нејзиниот конкурент, поранешниот јавен обвинител Александар Стојаногло освои 44.67%. Говорејќи во седиштето на нејзината партија „Акција и солидарност“ во ...

Денеска на оградата на универзитетскиот кампус „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) се постави изложбата „Со заеднички елан: од игри до дипломатија“ чија цел е да се истакнат заедничките вложувања за мир во политиката и спортот на, како што се вели, некои од најзначајните светски дипломати кои биле дел од Олимписките игри низ годините. „Тие испраќаат јасни пораки за мир, за почитување на правата на човекот, за еднаквост и за солидарност“, се вели во ...

Кога девојчињата од средните училишта во Скопје ќе добијат менструација во тек на училишните часови, тие се чувствуваат засрамени и вознемирени. И покрај ова непријатно чувство, тие се принудени да бараат хигиенски влошки од другарките во класот или од оние од другите одделенија, а неретко се случува да одат и до дома за да се пресоблечат. Оваа ситуација може да биде доста поинаква, ако училиштата во Скопје дозволат да има менструални ...

Рапидниот развој на алатките за вештачка интелигенција (ВИ) секојдневно се заканува дека ќе ги „истисне“ луѓето од професиите. Што се случува со новинарството? Знаете ли дека во Македонија веќе се генерирани првите тв-прилози со вештачка интелигенција За да откриеме како ова може да се одрази врз новинарството кај нас, прашавме новинари како ВИ може да помогне при креирање вести и зошто (не)може да го замени човечкиот фактор во редакциите. ...

Според Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), повеќе од 50 деца биле убиени викендов во израелските напади во северниот дел на Газа, пишува „Анадолу“. „Ова беше смртоносен викенд во северна Газа. Само во изминатите 48 часа над 50 деца беа убиени во Џабалија. Нападите срушија две станбени згради во кои беа засолнети стотици луѓе“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел. УНИЦЕФ објави дека во нападите бил погоден и автомобил ...

Неформалното здружение за култура и образование „Дума ин Сума“ го објави „ШОК“ – списание за култура кое е достапно за бесплатно преземање. Во списанието може да се најдат колумни, репортажи, интервјуа, колажи, поезија, проза, стрипови. „’ШОК’ е списание од млади за сите, изработено од учесници на серијалот работилници за креативно пишување под водство на ‘Дума ин Сума’“, се вели во соопштението. „ШОК“ е достапно преку веб-сајтот ...

Сексуалното вознемирување и следење на интернет и јавното споделување интимни содржини без дозвола се најбрзо растечки форми на родово-базирано насилство. Повеќе од 60 отсто од жените во земјава барем еднаш се соочиле со онлајн насилство, додека една од десет жени е жртва на злоупотреби на интернет секој ден. Со цел да се подигне свеста за присутноста на овој проблем, но и да се зголеми степенот на едукација за тоа како да се препознае и да ...

Самостојната изложба „Вечнеење“ на уметникот Никола Пијанманов ќе се отвори на 7 ноември, четврток, од 20 чаот во Империјал 1 и 2 во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Како што пишува во најавата, на изложбата се поставени дела од тригодишно истражување за човекот кој чека, изгубен во огромните простори и лавиринти на чудниот, апсурден и тежок макросвет. „Човекот заробен во состојба на бесконечното исчекување. Изложбата ги ...

Во петок (8 ноември) во Македонскиот народен театар ќе се одржи праизведбата на драмскиот текст „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ, а во копродукција помеѓу Перипетија продукција и Македонски народен театар и во соработка со Фондација „Ацо Шопов“. „Марта Верина е првенствено приказна за жена која истовремено е и херој и антихерој. Жена која поради своите ‘погрешни’ избори не му припаѓа на општеството во кое ...

На крајот на оваа седмица посветена на медиумската писменост, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика и животна средина. 1.Еко-активистите бараат Правилник за велосипедска инфраструктура за да може да се вози точак безбедно и по стандарди Во Македонија велосипедската мрежа е долга 130 километри и се простира главно во Скопје. Но, таа не секаде е во добра состојба и не нужно е правена по ...

Промоцијата на втората поетска збирка од Моника Стојановска „На крајот сѐ ќе биде како што треба“ ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“, на 7 ноември, четврток, со почеток во 19 и 30 часот. „Во нејзиниот нов поетски ракопис, со нејзината веќе препознатлива поетика, Стојановска постигнува уште повисоко естетско рамниште. Во однос на квалитетот на творечкиот резултат, таа очигледно не е во натпревар со другите, туку самата со себе. Во оваа ...

Промоцијата на стихозбирката „Змијарник“ од Тања Ступар Трифуновиќ ќе се случи во среда, 6 ноември од 20 часот во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. За „Змијарник“ авторката ја освои наградата „Васко Попа“, за најдобра поетска книга во 2022 година. Препевот на македонски е на Јовица Ивановски, и беше поддржан од „Традуки“. Промотор ќе биде Јулијана Величковска. „Песните на Тања Ступар Трифуновиќ се развиваат низ мотивско ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
46%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
72%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.0
60%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
90%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
47%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1010
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
60%
1017
Currency

61.635

Currency

52.69

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Паладиум

48883.97

Кобалт

45.39

Платина

64172.89

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52

Цинк

3.35

Калај

50.03

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Сребро

2840.84