Најмалку 22 Палестинци се убиени во израелски напад што погоди училиште во кое се засолниле раселени лица во градот Газа, информира Ал Џазира. Населбата дека се наоѓа училиштето моментално е под силно бомбандирање. „Забележуваме зголемување на нападите врз засолништата, при што само овој месец беа погодени најмалку шест центри за евакуација и загинаа повеќе од 60 Палестинци. Во Рафах, најмалку пет Палестинци загинаа во напад на медицински ...

Денеска, на Меѓународниот ден на мирот, од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO – РИКО) потсетуваат дека конфликтите никогаш не можат да се решат преку насилство, туку исклучиво преку дијалог и меѓусебно почитување. Им даваат акцент на регионалната соработка и вмрежувањето, почитта и разбирањето кои се клучни фактори за креирање мирна иднина. Владите и општествата, велат, мора континуирано да соработуваат и инвестираат во ...

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за доделување на стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во Македонија за академската 2024/2025 година. „Вкупно 50 стипендии за постдипломски и 20 стипендии за докторски студии ќе бидат доделени на македонски граѓани кои ќе се запишат на некоја од домашните високообразовни установи на програми од следните научни подрачја: природно-математичките науки ...

Јубилејното 45. издание на фестивалот на филмска камера “Браќа Манаки“ започнува вечерва, 21 септември традиционално пред Центарот за култура во Битола. Во 19 и 15 часот ќе почне црвениот тепих, а од 19 и 45 церемонијата на свеченото отворање и проекцијата на Канскиот филм „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино, кинематографер Дариа Д’ Антонио. Филмот е во официјалната селекција КАМЕРА 300. „Добитничка на специјалната награда ‘Златна камера ...

Со свечена кинопремиера и три проекции во „Синеплекс“ почна прикажувањето на наградуваниот македонскиот филм „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски. Филмскиот настан ја соедини на едно место екипата на политичкиот трилер, а по проекцијата на коктел забава присутните гости ги собираа впечатоците. Режисерот ги повика сите љубители на филмот да го проследат неговото дело кое што отвора една деликатна тема како што е присилната ...

Познатиот стрип автор и музичар Антонио Аранѓеловиќ, попознат како „Тонио Сан“ на 19 септември во просториите на Младинскиот културен центар Скопје (МКЦ Скопје) ја промовираше својата нова графичка новела „9 Животи“, пишува новинската агенција Мета. Графичката новела црпи инспирација од модерниот и мрачниот свет на младите и начинот на кој го гледаат и доживуваат. Авторот преку главниот лик „Дежа Ву“ го раскажува светот преку негова перспектива ...

Македонската истакната писателка за деца Бистрица Миркуловска почина вчера, соопшти Друштвото на писатели на Македонија каде таа со 94 години беше најстариот член. „Бистрица своите први обиди на македонски јазик, кој не ѝ беше мајчин, ги направи уште во првите македонски списанија за деца, започна да пишува уште во она време кога не беше примерно да се биде поетеса, а таа го издржа тој пат пред сите предизвици на поетското писмо, од пишувањето ...

„Посилни заедно: Новинарите и правосудството ги штитат медиумските слободи“, беше темата на третата регионална конференција која се одржа од 18 до 20 септември во Маврово во која земаа учество повеќе од 70 новинари и претставници на правосудството. „Заедничката соработка помеѓу новинарите и судиите, заедно со обвинителите е од суштинско значење за одржување на владеењето на правото во Западен Балкан. За ова да се оствари неопходна е довербата и ...

По претходната и претпретходната година кога се одржаа изложбите Просторни реадаптации 1.0 и 2.0. утре (21 септември, сабота) на Скопската плажа ќе се одржи изложбата Просторни реадаптации 3.0. На изложбата ќе учествуваат повеќе автори кои имаат цел да ги претстават и иновативно да ги реадаптираат сопствените дела во склопот на Скопската плажа, од која што е оставена само металната конструкција како додаток за изложбено поигрување. „Покрај тоа, ...

Младинското учество во заштитата на животната средина на локално ниво, придобивките од новоформираните локални младински совети, предизвици и активностите кои досега беа преземени беа главна тема на конференцијата „Зајакнати млади и младински организации – заеднички во акција за позелени општини“ одржана на 18 септември во Скопје. На настанот присуствуваа млади активисти, претставници од граѓански и младински организации, како и претставници на ...

Вечерва (20 септември, петок) започнува книжевно-мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“ #8 кој ќе се одржува од 20 до 22 септември во кафе-книжарницата „Буква“. „На годинешното издание ќе може да проследиме шест промоции на книжевни дела, два музички настапи, краток документарен филм и изложба на фотографии“, велат од издавачката куќа „Бегемот“ која е организатор на фестивалот. Во продолжение погледнете ја целосната програма: 20.09.2024 ...

Пишува: Стефан Митиќ ТикТок можеше да биде позитивна сила за промени во американската технолошка индустрија. Наместо тоа, тие ангажираа скапи лобисти и дури ги мобилизираа своите американски корисници да ги повикаат своите претставници во Конгресот. Загриженоста дека кинеската Влада би можела да има пристап до податоците на корисниците преку апликацијата за кратки видеа ТикТок, која е во сопственост на кинеската компанија БајтДенс, ја поттикна ...

Под мотото „Не игнорирај! Препознавај!“ здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска по единаесетти пат се придружува на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата. Со почеток од 12 часот во Порта Македонија директно вклучени во системот на грижата за децата со нарушувања на растот ќе им се обратат на присутните и ќе одговараат на прашања, меѓу кои ...

Над 20 години, во Охрид рачно се изработува хартија, по постапка од Кина од 2. век п.н.е. Ваквиот начин на изработка на хартијата е реткост во Европа и воопшто во светот, а работилницата е единствена во Македонија, па затоа има интерес и од туристи. Работилницата е реконструкција на тоа како изгледал начинот на изработка на хартија во Охрид на средината на 16. век во манастирот Свети Наум. Погледнете повеќе во видеото на Радио МОФ: Мартин ...

Образовните асистенти годинава подоцна влегуваат во основните школи. Некои родители се’ уште чекаат да поминат и вторите огласи на ресурсните центри за да добијат поддршка за своето дете со атипичен развој, додека самите асистенти засега остануваат со договори на определено време. Но, асистентите се само парче од инклузивниот мозаик во Македонија. Школите на глава имаат куп проблеми како да ја тераат инклузијата, им недостасува едукација, буџет ...

Образовните асистенти годинава подоцна влегуваат во основните школи. Некои родители се’ уште чекаат да поминат и вторите огласи на ресурсните центри за да добијат поддршка за своето дете со атипичен развој, додека самите асистенти засега остануваат со договори на определено време. Но, асистентите се само парче од инклузивниот мозаик во Македонија. Школите на глава имаат куп проблеми како да ја тераат инклузијата, им недостасува едукација, буџет ...

Коалиција МАРГИНИ преку соопштение до јавноста изразува длабока загрижени од, како што велат, најновиот исход од 4-от циклус на Универзалниот периодичен преглед во рамки на Обединетите нации (ОН) за нашата земја. „Иако неколку препораки беа поддржани од страна на нашата земја, вознемирува фактот што токму оние препораки кои се однесуваат на преземање конкретни чекори, а не само декларативни, за заштита на ЛГБТИК луѓето беа отфрлени“, велат тие. ...

Десетици средношколци со четки и бои во рацете денеска го разубавија со мурал можеби последното слободно место на ѕидовите во дворот на нивното училиште „Шаип Јусуф“ во скопско Шуто Оризари. Други пак, активно го слушаа Ѓорѓи Кушевски како ги советува за иднината и кариерниот пат. Денешната младинска уметничка акција беше своевидна прослава за успешната реализација на проектите во рамки на училиштето, во соработка со Едукативниот центар ...

„Собирам пари за ФИНКИ зграда“, „Собирам пари за обнова на професорски кадар“, „Продавам затоа што заслужувам да студирам“, „Продавам за кровот да не протекува“ се дел од пораките кои денес беа истакнати над книги, фото-апарати, патики, тенџериња и други присобрани предмети кои се најдоа на патот кон Филозофскиот факултет во Скопје. Дваесетина студенти утрово на општествениот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ поставија протестна ...

Младинскиот образовен форум (МОФ) и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, на 23 септември од 18 часот во МКЦ го организираат настанот „Слушни ме“ за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик. „Со задоволство ве покануваме ‘да се слушнеме’ на ‘Слушни ме’. Придружете ни се на инспиративна вечер и слушнете ги членовите од глувата заедница кои преку моќни говори ...

„Уличните кучиња секогаш имаат причина за секоја нивна карактеристика. Сите малтретирања, напаѓања, тепања, бркања и уште што не, за жал влијаат врз нив и кога-тогаш тие се осврнуваат кон останатите граѓани. Дефинитивно треба да се промени целосната перцепција на луѓето за нив. Не можеме да ги спасиме сите, но можеме полека-полека да ги промениме работите и да ја намалиме бројката“. Вака размислува Иван Јовановски, 19 годишен активист за ...

Што се општествени градини? Зошто треба место за повеќе општествени градини во градовите? Овие прашање ќе бидат во фокус на предавањето на 28 септември од 13 часот во „Бостание“, чии креатор(к)и ќе зборуваат за првата општествена градина кај нас. „На ова предавање ќе можете да чуете зошто општествените градини се потребен дел во секоја градска средина, да се запознаете со нивното функционирање и да прошетате низ ‘Бостание’“, посочуваат од ...

Неодамна, во издание на Институтот за македонска литература е објавена книгата „Жени во македонската книжевност од XIX век“ од д-р Славчо Ковилоски. Книгата, како што велат од Институтот, за првпат во македонската книжевна наука, на едно место нуди биографии на досега непознатите или малку познати македонски жени со кои започнал развојот на македонското женско творештво („женско писмо“). „На таков начин, се надминува сликата за немоста на ...

Младинскиот образовен форум (МОФ) во партнерство со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, отвора повик за волонтери на возраст од 18 до 35 години, за учество во BUDDY програма за поддршка на интеграција на баратели на азил, како и лица под меѓународна заштита, вклучувајќи бегалци, лица под супсидијарна заштита, лица под привремена заштита (присилно раселени лица) и лица без државјанство. Специфично повикот е отворен за: 20 (дваесет) млади ...

Со почеток во 10 часот наутро, утре (четврток 19 септември), група студенти и алумни од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) ќе постават уметничка инсталација на платото универзитетот, со цел, како што велат, да се обелодени дел од малите и големите проблеми на студентите при остварувањето на нивните студии, кои сметаат дека досега се истакнале само како фитили кои гореле слабо, или како јавни тајни. „Секој може да се придружи на ...

„Сигурно е петок, насмеан е светот“. Вака гласи најавата за настанот „Диско принцип“, кој овој петок, 20 септември ќе се одржи во скопски „Котур“. „Како и многу други приказни за потеклото и оваа започнува со среќен инцидент. Во октомври 1959 година, поранешниот ресторан The Scotch Club во Ахен, Северна Рајна Вестфалија, се трансформира во сала за игранки. Газдата штедел на бендови и решил да користи плочи. Hier kommt младиот Klaus Quirini ...

Качени на точаци и опремени со кабаници, капи и водоотпорни јакни, група млади и не-толку-млади велосипедисти го возеа третиот вело-бус во скопската општина Центар, како дел од Европската недела на мобилност. Овој вело-бус застанува од станица до станица, но, наместо како автобусите на постојките, тој собираа деца и родители кои возат накај градинка и училиште. Попатно, зависно кој каде живее, се симнува пред зграда и приклучува на групата со ...

Изложбата „Почетоци“ на Гоце Илиевски ќе се отвори во четврток, 19 септември со почеток во 19 и 30 часот во галерија „Метаноја“. „Со секоја боја и секој потег при цртањето Гоце Илиевски го толкува нашето космичко наследство: ѕвездената прашина чии состојки ги имаме во себеси, тајната на постоењето чии енигми постојано ги дешифрираме и конечната судбина, лична и колективна насреде огромната и нема вселена. Со изложбата ‘Почетоци’, Илиевски се ...

Здружението на граѓани „Куќа на среќата“ ја започна акцијата „Одмор за секое семејство“, која ја организира преку Фејсбук-групата „Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце“. „Ајде заедно да бидеме среќата за 15 семејства, среќата за многу мајки и татковци, среќата за многу деца… Помогнете ни да ги собереме потребните парични средства за да може да ги испратиме на море. Вашата помош е нивна среќа – донирајте за бесплатен одмор! ...

По студентските реакции за покачувањето на трошоците на студентите за студирање на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од Факултетот соопштија дека ги укинуваат зголемените давачки. Студенти неделава се пожалија на одлуката на УКИМ да ги усогласи давачките на сите факултетите, што за некои значеше покачување на трошоците за плус 2.500, а за други сумата достигна до 4.200 денари за давачки кои гласат „онлајн ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
35%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
48%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
44%
1017
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
44%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.59
35%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.51
72%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
5.14
38%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
47%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.03
38%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
42%
1019
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
0.51
43%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
73%
1018
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505