Наташа Неделкова, Крсто Глигорјадис и Мила Добревска се финалисти за наградата „Денес“ која се доделува за млад/а визуел(е)н/а уметни(к)чка во Македонија до 35 години од организацијата Факултет за работи што не се учат (ФРУ) во соработка со Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“, резиденциската програма „Residency Unlimited“ (RU), Њујорк и фондацијата „Trust for Mutual Understanding“, Њујорк. Наградата „Денес“ се доделува на годишно ниво ...

Скопје, 9 јуни 2025 (МИА) - Наташа Неделкова, Крсто Глигорјадис и Мила Добревска се тројца финалисти кои понатаму ќе се натпреваруваат за наградата „Денес 2025“ за млад визуелен уметник во Северна Македонија до 35 години. Жири-комисијата во состав: Хитоми Ивасаки, Рона Копецки и Ѓорѓи Десподов ги избраа тројцата финалисти кои понатаму ќе се натпреваруваат за наградата. Организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ од Скопје во соработка ...