Убавината на неофицијалните фестивали е немањето лимит. Никаде не се брза, и сѐ се случува во свое време, а кога мора да се држиме до правилата во градските агенди, ретко е да се слушнат вакви концерти во доцните часови. Во Стровија, бидејќи не пречевме на никој и ја изгубивме перцепцијата за време, сѐ изгледаше поинаку. Иако во природа времето тече различно отколку во градот, нашите тела навикнати на хаос го чувствуваат контрастот, затоа ...

Верувам дека сите имаме моменти кога целосно се дисконектираме со луѓето и нештата што се случуваат околу нас. Живееме во свет на брз и предвидлив живот, каде што многу често забораваме дека интимните моменти не се тие кои ние детално ги планираме, за да може на крајот да сме задоволни дека нешто точно испаднало како што сме го замислиле. Туку тие, баш спротивно на тоа, се нештата што не’ приврзуваат со луѓето што се присутни во моментот и не’ ...