
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Вечерва со почеток во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи јавен форум на тема „Кој губи, а кој добива од неказнивоста?“. Настанот е во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ која произлезе од протестите за правда на 22-годишната Фросина Кулакова која на крајот на јануари беше смртно прегазена на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје. Сите заинтересирани граѓани на форумот ќе имаат можност да дискутираат за ...
Собранието не го прифати предлогот за намалување на патните трошоци за пратениците, односно тој не успеа да биде ставен ниту на дневен ред. За предлогот поднесен од партијата Левица, гласаа 23 пратеници, 1 беше против, а немаше воздржани, иако во Собранието имаше 100 присутни пратеници. За предлогот гласаа 23 пратеници од Левица и од СДСМ, еден пратеник од ДУИ гласаше против, а пратениците од владејачкото мнозинство воопшто не гласаа. Предлогот ...
По 6 месеци, повторно измени на Законот за урбанистичко планирање по скратена постапка во Собранието. На денешната пленарна седница за измените од 88 присутни, „за“ гласале 71, „против“ 17. Утре ќе помине и на седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, реагира еколошката организација „02 Иницијатива“. Според еко-активистите, во прашање е пренамена на земјоделското земјиште во градежно. ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудија, како што велат, тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања дополнително засилена на социјалните мрежи, велат дека има за цел да ги дискредитира медиумите и новинарите кои постојано откриваат корупција, злоупотреба на моќта и други прашања од јавен интерес. ...
На 22 февруари (сабота) во Македонскиот народен театар во Скопје кога ќе се одржи втората Оскаровска гала вечер. На концертот, како што е најавено, ќе бидат изведени песни кои влегле во филмската историја и биле номинирани и наградени со Оскар. Нив ќе ги изведат македонските пејачи, Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Марија Димитријевиќ, Јасна Димитровска заедно со Битолскиот ...
Ексдиректорката на Македонската филхармонија, Тина Иванова, преку писмо до јавноста информираше дека ја добила на суд ексминистерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. Иванова оваа одлука ја карактеризира како „Victoria Iustitiae“, или во превод „Победа на правдата“. Според писмото, Управниот суд на 22 јануари ја уважил нејзината тужба и го поништил Решението бр.44-8408/1 од 12.09.2023 година. Судот го задолжил Министерството во рок ...
Со музички настан од 21 часот во „Лабораториум“, овој петок, 14 февруари, ќе биде означен почетокот на нова онлајн радио станица „Стереолаб“ во „Лабораторум“. Центарот ќе обедини настапи во живо на 8 македонски музички автори од поновата генерација – Глигор Кондовски, Алембик, Јоана, Стој После!, Вагина Корпорејшн, Огнен Златанов, Светлост и Лепи Џони – со изведба на нови композиции и диџеј сетови на М.И.К и Дарко Јорданов. Влезницата е 100 ...
Тоскана го усвои законот за правото на смрт, со што стана првиот регион во Италија која го регулира потпомогнатото самоубиство во земјата без национален закон за контроверзната тема, пренесува Ал Џазира Балканс. Во 2019 година, италијанскиот Уставен суд де факто ја легализираше постапката и го повика парламентот да донесе закон што ќе обезбеди јасна правна рамка. Повикот остана неодговорен бидејќи политичарите на национално ниво го избегнуваат ...
Иранскиот Врховен суд помилува две новинарки кои ја разоткрија смртта на младата Махша Амини во полициски притвор, што доведе до протести низ целата земја во 2022 година, објави иранската новинска агенција Мизан, пренесува Н1. Во октомври 2023 година, иранскиот револуционерен суд ги осуди Нилофар Хамеди на 13 и Елахе Мохамади на 12 години затвор за нивното известување за смртта на Махша Амини која беше приведена од полицијата за морал поради ...
Студентите кои повеќе од два месеци ги блокираат факултетите, барајќи кривична и политичка одговорност за смртта на 15-те луѓе при уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, денеска тргнаа пеш од Белград и Ниш кон Крагуевац, за да им се придружат на своите колеги на протестот најавен за националниот празник Сретение Господово кое ќе се одржи на 15 февруари, јавува Радио Слободна Европа. Колоната студенти тргна од Белград пред ...
Како старее населението во Македонија, стареат и производителите на домашна храна и вино. Просечната возраст на македонскиот земјоделец е 56 години и млади земјоделци има малку. Непостоењето градинки, старечки домови и образовни институции е број еден проблем на младите во руралните средини, потенцијалните земјоделци. Три четвртини сакаат да останат во своето место на живеење и не бараат ништо повеќе од поширока палета на образование, можности ...
Македонија се најде на 88-то место од 180 држави, според Индексот за перцепција на корупцијата, кој секоја година го објавува Транспаренси Интернешнл. На скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, Македонија има 40 поени, односно два поени помалку од 2023 година, кога беше рангирана на 76-та позиција. Од земјите во регионот, полошо рангирани се Босна и Херцеговина на 114-то место и Србија која се наоѓа на 105-то место. Во ...
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека развило мобилна апликација која ја разви им овозможува на родителите и старателите на учениците едноставен пристап до електронскиот дневник и со тоа, лесно и на дневна основа, да го следат образовниот напредок на децата. Според министерката Весна Јаневска, апликацијата овозможува увид во распоредот и содржината на часовите на учениците, во редовноста на настава – оправдани и неоправдани ...
Студенти и граѓани денеска се собраа на протестен собир во Сараево, барајќи да се подигнат обвиненија против одговорните за поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина на почетокот на октомври минатата година, јавува Радио Слободна Европа. Во поплавите и свлечиштата на 4 октомври загинаа 27 лица, а вкупната штета во Долна Јабланица, Коњиќ, Крешево, Фојница и Кисељак, места кои беа погодени од поплавите, изнесува 270 милиони конвертибилни ...
Ако некоја појава од инцидент стане пракса тогаш стои на располагање алатката за забрана, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се разгледува можноста за забрана на социјалната мрежа ТикТок, по новиот предизвик „Парацетамол“ во кој млади лица внесуваат големи количини на летко. „Го видовте пристапот со онлајн игрите на среќа, кога ќе забележиме дека тоа претставува ...
Досега секој кон секого се обраќаше, препукуваше, аргументираше за најавените реформи во гимназиско образование, па така нема да ве тормозам околу нивната дрска и нестручна подготовка. Само ќе речам дека не постои гимназија на светов која не ги изучува филозофските предмети. Зошто? Во речиси сите култури ова е незамисливо прашање и немаат одговор, затоа што возрасните од деца ги учат на филозофија. Младите едноставно мораат да знаат за основите ...
Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) ја прифати иницијативата на Општина Центар, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа, соопшти градоначалникот Горан Герасимовски. За таа цел, како што посочи, предлагаат измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација ...
Може ли вештачката интелигенција (ВИ) да ги замени уметниците и писателите или е дополнителна алатка која ја стимулира иновацијата? Кому му припаѓа едно дело создадено од ВИ? Што станува со авторските права и уметниците? Ова се некои од прашањата кои ќе бидат одговорени на дебатата за вештачката интелигенција и културата која ќе се одржи во четврток (13 февруари) од 19 часот во Европската куќа Скопје. На дебатата ќе учествуваат Жан-Габриел ...
„’Недостиг’ е повеќеслоен психолошки роман- мистерија што нуди повеќе перспективи и толкувања за настаните, на кои временски нелинеарното изложување им е можеби најсилната страна. Приказната за недостигот е една од главните теми на кои се гради романот и како што нарацијата се развива, станува сѐ понапната, а со разврската на крајот, кој бездруго нуди повеќе толкувања, читателот осознава дека справувањето со сопствениот недостиг значи ...
„Ова не е повик за последен танц, ова е повик за ослободување!Ја отвораме агората! Ја ослободуваме младинската култура, повторно! Ве повикуваме да заедничариме, сѐ повеќе и повеќе да ја прошириме младинската сцена“, се вели најавата за настанот на „Култура Бета“ на 12 февруари во „Буква“, каде ова младинско здружение ќе го прослави својот петти роденден. Од Здружението велат дека во февруари навршуваат 5 години откако започнаа нивните ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина… [Интервју] Весна Алексовска: Борба за лекови, услуги и права на лицата со ретки болести Февруари е вториот и најкраткиот месец во годината, а за лицата со ретки болести е месецот кога тие гласно кажуваат што значи да си „редок“, со сите попатни предизвици. Особено што одново и одново се борат за ...
Во скопскиот клуб „Минус Еден“ синоќа (8 февруари) се одржа „Диско (в)Љубеници“, најновата инклузивна претстава на „Трисомија 21“ во соработка со ,,Колектив Ветерница”, која го истражува полето на имерзивниот театар и феноменот на диското. Преку неа беа отворени прашањата: „Што е диско? Каква е диско музиката? Како се танцува во диско? Дали диското е за сите возрасти? Зошто диското е важно?“. „Ветерниците“ повикаа, а младо-старите дојдоа. Се ...
Колективот „Гола планина“ со настан во скопскиот локал „Котур“, во среда 12 февруари, ќе претстави дел од новиот нов бран, трилогија на нов звук, на млада енергија која, како што велат, пополека ја превзема музичката сцена. Односно, бендови и музичари од три различни градови. Едниот од нив е „LSD During War“, млад бенд од Скопје, кој создава енергична и мрачна мешавина од слaџ и ну метал. „Тие се подготвуваат да го снимаат нивното деби ЕП, а ...
Управата за јавни приходи (УЈП) извести дека вториот масовен бојкот поминал со 22,12 отсто пад на прометот во осумте големи синџири на маркети во земјава. Во однос на минатиот петок, кога граѓаните првпат се организираа на бојкот поради високите цени, на 07.02.2025 година е остварен 36,95 отсто поголем промет. „Со оглед на интересот на јавноста, Управата за јавни приходи (УЈП) во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од ...
Февруари е вториот и најкраткиот месец во годината, а за лицата со ретки болести е месецот кога тие гласно кажуваат што значи да си „редок“, со сите попатни предизвици. Особено што одново и одново се борат за терапија. Бараат и да не се заложници на долги и комплицирани административни процедури, туку здравствениот и социјален систем да претрпи измени, за да им помага, а не одмага за права и услуги. Бараат и Стратегија за ретки болести што ...
Со цел полесен пристап и транспарентност во работењето на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработена е веб страница, која ќе служи како основа за промовирање на правото на надоместок меѓу жртвите, институциите и јавноста. Како што соопшти Министерството за правда, веб страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е ...
Македонските превозничко-разбојнички џезери „Такси конзилиум“ на 12 февруари од 21 часот ќе одржат целовечерен концерт во култното скопско прифатилиште за ноќни птици – „Олд скул“ „Ќе се изведуваат исклучиво само нови композиции. Новиот албум е напишан и, пред да се сними, мора малку да се испоти пред луѓе. Досегашните хитови и нивните комплементарни еротско-сугестивни балади: Нема да бидат изведени“, стои во најавата. „Такси конзилиум“ се ...
Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со претходната недела, пишува во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), пренесува агенцијата Мета.мк. „Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со петтата недела од минатата сезона, е зголемен за 83,7 отсто“, пишува во извештајот. Како што се ...
Подобро образование во оваа земја мора да има, без оглед кој ќе се вклучи или нема да се вклучи во креирањето на промените. Затоа што нашите деца тоа го заслужуваат. Но, јас ги повикувам сите, да дадат свој придонес. Го повикувам и СДСМ и сите други партии да учествуваат во изработка на концепцијата за гимназиското образование. Никаде не брзаме, ништо не е дефинитивно одлучено, имаме една година време за да ја донесеме новата концепција, рече ...
Формирана е меѓуресорска група која ќе се грижи за подигнување на безбедноста во училишните објекти, откако утрово дел од училишните раководства добија пораки за поставени експлозивни направи во објектите, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). „Одржавме состанок со претставници на Министерството за внатрешни работи и на неколку други институции кои се задолжени за јавната безбедност, претставници на Министерството за ...