Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на општината за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и за купување на дополнителна опрема, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, ѕвонче, безбедна сајла, катанец и слично, за велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2025 година. Јавниот повик е отворен од денеска (24 март) и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на ...

На едно место млади дечки групно сецкаат и лепат колажи. Пред нив уметник црта ново сличуле, истовремено на штанд ги нуди своите претходни дела. На трета локација неколку рандом луѓе расправаат за музички изданија. На четврто ќоше студенти застанати и се договараат за изложба, додека во позадина тера македонска музика од „стотројкаши“. Во Студентскиот културен центар (СКЦ) минатата сабота (15 март) се случи „ФИЈУК саем“, прв за оваа година во ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom . net. Оваа веб-страница, како што посочија, се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните. Измамниците, преку лажната веб-страница се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите лични податоци (име, ...

Министерството за образование и наука (МОН) на 20 март се обратило до општините кои се основачи и согласно процесот на децентрализација надлежни за работата на основните и средните училишта за проверка на исполнетоста и почитувањето на безбедносните стандарди во училишните објекти. Од Министерството велат дека локалните самоуправи треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни ...

Граѓанското движење „Кој е следен?“ пред утрешниот протест објави дополнителни барања, но овој пат со фокус на безбедност и превенција. Посочуваат дека безбедноста на граѓаните не може да биде осигурана без транспарентно работење на сите инспекторати. „По последното потфрлање, каде најмладите ги загубија своите животи поради потфрлувањето на сите поврзани институции, мора целото работење на сите инспекторати да биде, од сега па натака, крајно ...

Граѓаните на Париз денеска на референдум гласаат за да одлучат дали уште 500 улици во градот треба да станат пешачки и зелени зони, што е нов напор на лево наклонетото градско собрание на француската престолнина за ограничување на користењето автомобили и подобрување на квалитетот на воздухот, јавува Ројтерс. Ова е трет ваков референдум во Париз во исто толку години, по гласањето во 2023 година со кое беше одобрена забраната за електрични ...

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. „Тоа во суштина е главниот проблем на јавната администрација, одредени сектори се превработени со ...

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална настава, пренесе агенцијата Мета.мк. Од ФСС Економски апелираат до своите колеги да продолжат со посета на наставата за да не се изложувале на дополнителни трошоци, притоа спомнувајќи трошок од 2.000 денари за ...

До недела ќе молчиме. Но, од понеделник, тишината завршува. Од понеделник, се гледаме на улиците – гласни, бескомпромисни и обединети. За да нема заборав и да нема повеќе загубени животи поради небезбедност и неодговорност!, соопштија од граѓанското движење „Кој е следен?“, од каде за понеделник, 24 декември, најавија протестен собир кој ќе започне во 18:59 минути на плоштадот „Македонија“ во Скопје. „Македонија го имаше најтажниот и најтрагичен ...

Студенти преку иницијативата „Студентски пленум“ за утре, недела 23 март, најавуваат мирен собир кој ќе се одржи во 16:30 часот во Градскиот парк во Скопје. „Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани“, се вели во најавата на собирот објавен преку „Студентски пленум“. Собирот е закажан за тревникот после споменикот на Гоце Делчев, а во 16:59 часот ќе се одржи 60-минутем молк. ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро реагира на, како што вели, координираната онлајн кампања на вознемирување и дискредитација насочена кон уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, по објава на видео на социјалните мрежи од негова средба со поранешен претседател на влада. „Видео материјалот е злоупотребен со јасна намера да се креираат негативни наративи кон Митовски, кои потоа се шират преку провокатори, но и анонимни ботови, ...

Сите жители на Ротердам ќе можат бесплатно да се зачленат во библиотека од 1 мај, по што ќе имаат можност да позајмат шест книги годишно од една од 23-те библиотеки во градот, соопштија градските власти, а пренесува nltimes.nl. „Освен тоа, членовите ќе добиваат попусти, па дури и бесплатен пристап до курсеви, настапи, предавања и други активности“, велат од градот. Жителите на Ротердам кои сакаат да позајмуваат повеќе книги или да користат ...

Норвежанецот Арве Хјалмар Холмен поднесе жалба откако чет-ботот со вештачка интелигенција „ChatGPT“ лажно му кажал дека ги убил своите два малолетни синови и бил осуден на 21 година затвор, пренесува Евроњуз. Холмен ја контактирал Норвешката управа за заштита на податоци и побарал да биде казнета компанијата „OpenAI“. „Некои луѓе мислат дека нема чад без оган – фактот дека некој може да го прочита ова (разговорот) и да верува дека е вистина е ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година изнесувала 43.050 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ...

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, вчера од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата во Кочани и пожарот во модуларната болница, пишува Порталб.мк. Иницијативата „Нула“ вчера донираше противпожарен апарат за Обвинителството и Судот во Тетово, како што велат, поради тоа што кај нас многу објекти се запаливи. „Им го донираме ...

Волонтери ја создадоа информативната веб-страница supportkocani.com со цел да се олесни пристапот за директни донации до семејствата на повредените во Кочани, а која содржи податоци за индивидуални сметки на повредените. Идејата за веб-страницата беше најавена вчеравечер на Инстаграм, а кратко потоа беше и пуштена во употреба. Објавата речиси веднаш стана вирална. View this post on Instagram A post shared by Ivan Ivanovski (@ivan_ivanovski) На ...

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбеди зајакната психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде поинтензивна во општините каде голем број млади, во несреќата во Кочани, загубија браќа, сестри, другари и соученици, рече денеска министерката за образование и наука Весна ...

За големата трагедија што се случи во Кочани се осомничени вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат, инспектори, градоначалници, продавачи на билети, неколку компании од Кичево и од Скопје, полициски службеници… Сите знаеле дека дискотеката ...

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција соопшти за активностите кои Државниот пазарен инспекторат ги презел заклучно со вчерашниот ден. Митева посочи дека биле направени вкупно 82 контроли со записник, односно дека има многу повеќе за кои сѐ уште трае анализата и контролата по Законот за угостителска дејност. Тука се вклучени сите, од кабаре, дискотека, односно надзори по Законот за угостителска дејност на цела ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува длабоко сочувство за трагично загинатите граѓани во пожарот во „дискотеката“ во Кочани и изразува искрени желби за побрзо закрепнување на повредените. Од таму велат дека пожарот во Кочани е само последно во низата на случувања кои покажуваат дека корупцијата убива. „За жал, по случајот во Ласкарци, случајот со ‘Беса транс’, пожарот во модуларната болница во Тетово, требаше ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. „Од досега извршената проверка констатирано е дека од издадени над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа ...

Црвениот Крст утрово информираше дека досега се собрани 43.149.360 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и ги повикаа граѓаните и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите. „Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот во Кочани“, велат од ...

Јавното обивинителство отвори истражна постапка против 27 лица и три компании за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќта на 16 март загинаа 59 а повредени се над 190 лица, пренесе новинската агенција Мета. Како што информираат од обвинителството, деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување ќе бидат соопштени на прес-конференција пред зградата на Основното јавно обвинителство Кочани. Претходно, државниот ...

Бројот на хоспитализирани пациенти моментално е 162, а десет пациенти кои лежат во државата денеска ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари. „Вчера имаше тројца пациенти кои ги испишавме, така што моментално во Клинички центар се хоспитализирани 25 пациенти, во ГОБ ‘8 Септември’ се 12 пациенти, во Стара градска болница 11 пациенти и во Клиничка болница Штип 1 пациент, а во ...

Важно да се каже: Не се сите исти. Ако постојат „воени профитери“ и „пијавици“ од трагични настани, не значи дека не постојат и професионални медиуми што деновиве со надчовечки сили се обидуваат да пренесат важни факти и информации до јавноста, а со тоа да ја обават својата основна функција, согласно етичките принципи на Кодексот на новинарите на Македонија. Ова е текст за нив, бидејќи заслужуваат внимание! Имено, во деновиве на тага нема одмор ...

Министерството за внатрешни работи информира дека од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“. Како што велат од МВР, колите учествувале во „диви“ трки на булеварот „Трета Македонска бригада“ во Скопје. „По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) предупредува дека во деновите на општ траор во земјава поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 59 наши млади сограѓани ги загубија животите, се интензивирани заканите кон новинарите и медиумите на социјалните мрежи. „Тие веднаш и непосредно ја загрозуваат нивната безбедност и може да поттикнат насилство со несогледливи последици“, велат од ССНМ. Како што потенцираат од ...

Министерство за здравство денеска ги објави сите имиња на 59-те загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март. „Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите, и замолуваме да не се шпекулира со невистините информации“, велат министерството. Алексова Стефанија (2004), Џамов ...

„Корупцијата убива луѓе, не пожарите, не зградите. Kорупцијата“. Ова беше главната поента на студентка која денеска се обрати на платото пред Меѓународниот балкански универзитет во Скопје каде се одржа комеморативен настан за загинатите во трагедијата во Кочани. „Кога се случи земјотресот во Турција, луѓето тука, сите бевте тука да не’ поддржите. Гледајќи ги моите пријатели кои помагаа во тие времиња, како умираат, и тие што беа таму да ни ...

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, 19 март, околу 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. „Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
73%
1018
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
4.12
61%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
49%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
5.64
61%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.89
68%
1022
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
49%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
73%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
50%
1017
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
8.23
51%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
49%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
68%
1014
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60