На 3 април 2026 година (петок), со почеток во 20 часот, во салонот при Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Дијалог во празнини“ на уметниците Стефан Божиновски и Кристина Таневска. Станува збор за истражувачко-уметнички проект кој ја преиспитува комуникацијата надвор од зборот, фокусирајќи се на тишината, празнината и неизговореното како суштински делови од човечкото искуство. Авторите го ...
На 3-ти април, петок од 20:00, во салон Империјал II во Културно информативниот центар во Скопје, ќе се одржи мултимедијалната дуо-изложба на Стефан Божиновски и Кристина Таневска, насловена „Дијалог во празнини“. Се работи за колаборативен проект на двајца уметници преку кој тие ги истражуваат празнините во секојдневието, во просторот, во мислите и личноста, раскажувајќи приказни и поставувајќи прашања преку повеќе медиуми: фотографија, ...

