Албин Курти поднесе оставка од премиерската функција, која ја соопшти во писмо испратено до Секретаријатот на косовското Собрание, пренесува Н1. Според законот, оние кои добиваат мандат како пратеници, а се и дел од косовската влада, извршувајќи извршна функција како што се: премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од својата извршна функција. Тоа е затоа што, според деловникот, тие не можат истовремено да ...

Концертот на скопскиот колектив „Светлост“, заедно со Кен Вандермарк (Ken Vandermark) од САД и Паал Нилсен-Лав (Paal Nilssen-Love) од Норвешка ќе се одржи утре, 16 април, со почеток од 20 часот и 30 минути во Кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Од соработката на домашното трио и двете големи меѓународни имиња на современиот џез ќе произлезе и албум, а снимањето ќе се случи во Скопје, непосредно по концертот во МКЦ. Ова ...

Уметнички дела од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје ќе бидат изложени во Модерна галерија и Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана, Словенија на 24 април со почеток од 20 часот. Конципирана од 87 дела од колекцијата на МСУ, во најголем дел од македонски автори, изложбата е насловена „Ткаење светови: Колекции во разговор“ и ќе биде отворена десет месеци. Куратори на изложбата се Ивана Васева, Благоја Варошанец, ...

Уште еден парк на нишан. Засадија две дрва, ама му се токмат да одгризат дел од Паркот на Франкофонијата! Паркот не е зграда. Паркот го гледаме како – за свеж и чист воздух, за релаксација, за природата сред градот, велат од граѓанската иницијатива Шанса за Центар. Од иницијативата посочуваат дека сопственикот на поранешната кафана „Опатија“ паркот го гледа како парцела за градење. „Притиска и лобира за повеќекатница во срцето на паркот. Доста ...

Министерството за образование и наука известува дека се направени измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани ...

Еколошкото здружение „Здрава котлина“ од Струмица на 1 април поднесе кривична пријава против актуелниот градоначалник на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, поради, како што велат, сериозни прекршувања на законите и загрозување на животната средина и јавниот интерес. „Пријавата, составена на 125 страници и поткрепена со обемна документација и технички докази, се темели на конкретни факти и укажува на организирано и систематско кршење на законите ...

Граѓанската иницијатива „Сите за Палестина“ денес упати протестна нота до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија по повод гласањето во Советот за човекови права на Обединетите Нации. „Ви се обраќаме во однос на Вашето официјално гласање на 58-та редовна седница на Советот за човекови права на Обединетите нации, одржана на 4 април 2025 година, каде што нашата држава гласаше против двете резолуции за Палестина, кои беа усвоени од ...

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го распишува деветтиот по ред конкурс за наградите на МАИ за најдобри достигнувања во издаваштвото во периодот меѓу двата саема на книгата. „На Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 8 до 14 мај, МАИ ќе додели признанија за најдобрите изданија, автори и издавачки проекти кои го одбележаа периодот од саемот минатата година до овогодишниот саем (април 2024 – мај 2025 година)“, информираат од МАИ. Поканата ...

Со 9 гласа „за“ и 1 „воздржан“, Советот на Општина Кочани попладнево го избра независниот советник Венко Крстевски за в.д. градоначалник на општината, по оставката на досегашниот градоначалник Љупчо Папазов кој е еден од осомничените за пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 61 лице, а околу 200 се повредени, пишува новинската агенција Мета. Во трка за в.д. градоначалник, покрај Крстевски кој се самокандидираше, ...

Вечерва, 14 април, со почеток во 20 часот во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, како дел од програмата на четвртото издание на фестивалот „5ре“ ќе се одржи проекција на филмот „Мис Стон“ (1958) на режисерот Жика Митровиќ. „Проекцијата е овозможена од Кинотеката на Македонија, а за првпат во Велес ќе се прикаже дигитално реставрирана копија на овој омилен филм на многу генерации. Бидејќи фестивалот е посветен и инспириран од ликот ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ организира отворен и кариерен ден утре, 15 април, со почеток од 11 часот пред ректоратот во Штип. Денот ќе биде отворен за средношколци, каде присутните ќе можат да ги истражат можностите за идни студии, да го запознаат факултетот кој им е од интерес и, како што велат од УГД, да искусат дел од студентскиот живот. „Додека пак, студентите ќе имаат можност да се поврзат со најдобрите и најуспешните компании, да ги ...

Во изминатиот викенд, 12 и 13 април, продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во рамки на изречените санкции овој пат радарските контроли покажале дека дури 1132 возачи не ја почитувале пропишаната ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) укажува на потребата од итно постапување на политичките партии кои заклучно со месец март, сѐ уште не ги поднеле сите или некои од финансиските извештаи за 2024 година. „Согласно 27-б од Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12, 23/13 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 294/20) Министерот за ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1.000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја. „Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април. Граѓаните кои ги ...

Кинотеката на Македонија ќе стане нов дом на комплетниот филмски опус на американски независен режисер Марк Рапапорт. Овој чекор е резултат на соработката со неговиот ексклузивен дистрибутер „МИ Филм“, кој ги депонира сите негови филмови во архивата на Кинотеката. „Оваа вест претставува огромна чест за македонската филмска институција и значаен придонес кон збогатувањето на архивскиот фонд со автор кој се смета за еден од најзначајните гласови ...

Ликовната изложба „Гумено време“ на авторката Ана Ивановска ќе биде отворена во вторник, 15 април, во 19 часот во галеријата на Македонскиот културно информативен центар во Истанбул, Турција. „‘Гумено време’ претставува визуелно истражување на глобалните настани и нивните последици врз индивидуалното и колективното искуство. Пандемијата, војните и тековните конфликти трајно го трансформираа секојдневието, создавајќи чувство на неизвесност – ...

Репрогласувањето на Националниот парк Маврово е во застој, откако, по изработката на Студијата за ревалоризација и нацрт-законот, прекинаа активностите за изработка на предлог закон. Од Министерството за животна средина велат дека во моментов имаат други приоритети како што е усогласувањето на правната рамка со европското законодавство, по што на ред ќе дојде и ова прашање. Изработката на предлог-законот за репрогласување на Маврово за ...

„Крива река не ви е крива“, „Реките треба да не’ снабдуваат со вода и храна, не со канцер“, „Од држава со питка вода ќе станеме држава со техничка вода!“, „До каде е пречистителната за Вардар?“, „Република Депонија“… Ова беа дел пораките на еко-активистите што вчера ги упатија на протестот кој започна Министерството за животна средина и просторно планирање, како една од клучните институции за спорниот случај со загадувањето на Крива Река, ...

Во кругот од сијалички, во дворот на кафе-книжарницата „Буква“, синоќа застанаа да читаат осум млади поетеси и поети, како дел од настанот „Отскочна даска“, со кој неофицилајно се отвори 5. „Скопски поетски фестивал“. Пред будниот аудиториум поезија читаа Мицковски Васја, Неделковска Милена, Постоловски Дарио, Симоновски Борис, Спасовска Бојана, Среткоска Даница, Тасевски Теодор и Шапкарова Ана. По читањето, учесниците меѓусебно ја избраа Ана ...

Денеска во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се одржа 13. издание на традиционалната Авицена Женска трка. Како и во изминатите години, така и денес, учесничките успеаја да го наполнат Градски Парк со спортски дух и позитивна енергија. Приближно 3.000 жени учеснички од девет возрасни категории се појавија на стартот на кружната трка во должина од 3 километри, во близина на фонтаната „Лотос“, ...

Штетните наративи во политичката комуникација создаваат токсична јавна сфера и придонесуваат кон продлабочување на поделбите и поттикнуваат нетолеранција. Демократска обврска е политичарите да работат на деполаризирање на јавниот дискурс, a комплексните прашања важни за општеството да ги решаваат преку дијалог, наместо преку популизам, напади на лична основа и поткопување на довербата во институциите. Од друга страна, медиумите имаат одговорност ...

Петтото издание на „Скопскиот поетски фестивал“ ќе се одржи периодот 24 до 26 април на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“ и Галерија), во кафе-книжарницата „Буква“ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Ќе гостуваат поети, од пет држави, а ќе настапат и триесетина домашни поети. Од странство доаѓаат автори од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија и од Бугарија. „Мотото на ...

За Ирина Јаневска и тимот на „АРНО“, идејата за Центар за поправки започна пред осум години, кога за прв пат го виделе „Риперај“ во Ријека. Веднаш знаеле дека и Скопје заслужува вакво место. По години упорност и многу предизвици – конечно пред некој ден го отворија „Ништо ново“. „‘Ништо ново’ не е само име, туку филозофија: да не фрламе, да поправаме, да придонесеме кон помалку отпад, зошто токму превенцијата на отпад е клучна во циркуларната ...

Бараме одговори и одговорност веднаш, велат од граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град (ЗХГ), која утре (12 април) од 12:30 часот најавува мирен протестен марш што ќе почне пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), а ќе заврши кај Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). „Рокот измина, институциите не само што не одговорија на нашите барања за истекувањето на токсични материи предизвикано од рудникот ...

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ при Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) ги осудува обидите за дискредитација на работата на колешката-дописник на „Сакам да кажам“ од Битола, Жанета Здравковска. „Локални функционери преку објави на социјалните мрежи го означија како ‘лажна вест’ текстот на колешката насловен како: ‘Загубарот Битолски комуналец склучи договор за набавка на кучешка храна од 57.000 евра за една година’. ...

Едно мало инди студио од Македонија креирано од двајца браќа од Охрид во 2022 година ја креираа својата прва игра „Mirror Forge“. Таа игра беше психолошки хорор каде што гејмерите ги оставаше без здив. Истите тие браќа, и истото тоа инди студио на 17 април ја издаваат нивната нова игра „Chasmal Fear“. Многу поголем проект кој што повторно се работи за хорор игра, но овој пат со многу акција, пренесува гејминг платформата ГГ.МК. Според ...

Единаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #4“, преднастан на петтиот „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 28 пријави, а интерното жири на фестивалот го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на кандидатите. Имињата на избраните 11-мина (по азбучен ред) се: Брајковска Елеонора, ...

Во најновото продолжение на радио серијалот „Ако никој не свири“, во глувата соба на радиото „Канал 103“ во недела (13 април) од 22 часот ќе настапат „Алембик“. „Алембик“ се Виктор Танасковски (електрична и акустична гитара, бас, мандола, вокал и малку кларинет) и Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин). „Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување ...

Под мотото „Системот заборава, ние не!“ во Скопје денеска се одржи протестен марш од Влада, преку Судски совет, Собрание, па се’ до Кривичен суд. Инициран до граѓанското движење „Кој е следен?“, протестот беше потсетсетник на сите жртви од поголемите трагедии во поновата македонска историја. Односно, како што рекоа активистите, потсетник за секоја колективна траума што политичарите ја користат за поделби, а притоа се служат со лаги и напади ...

Во организација на Здружението „Икуалити“ се одржа дебатата на тема „Проектирање на дигитални алатки за лица од ранливи категории и лица со попречености“, која е дел од проектот „СИГНАЛ“ и има за цел да поттикне решенија во дигиталниот свет за поголема независност и активна вклученост на лица со различни попречености. Дебатата, која се одржа во Домот на култура „Билјана Беличанец“, ги опфати предизвиците на лицата со попреченост во дигиталниот ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
69%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1021
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.69
60%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.51
81%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.89
55%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
57%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
0.51
65%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
4.12
55%
1020
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1014
Currency

61.525

Currency

53.6163

Currency

71.9023

Currency

34.7962

Currency

39.1219

Currency

65.4569

Currency

7.45638

Currency

0.68288

Currency

0.37007

Currency

0.52495

Currency

1.35672

Currency

0.62017

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60