
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



За десет лица за кои денеска се обезбедени докази во врска со трагедијата која се случи во дискотеката во Кочани се бара притвор, а над дваесет се повикани на информативни разговори во полициски станици, информираше вечерва Јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Меѓу нив е и еден од организаторите кој денеска на обвинителите им кажал дека за вчерашниот концерт на групата ДНК нема писмен договор со изведувачите, пренесе новинската агенција Мета. ...
Владата донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 луѓе. „На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата ...
Повеќе од 20 малолетни лица се повредени, а три се починати, соопшти на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што изјави министерот, во дискотеката имало околу 500 лица, односно биле продадени околу 250 карти. „Имињата на починатите, по завршувањето ќе бидат доставени доставени до семејствата. Поголемиот дел се идентификувани. Сите тела се извадени од лице место. Во критична состојба имаме 22 лица и дел од овие ...
Црвен крст на Македонија информираше дека со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции, дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани, каде починаа најмалку 51 лице, а над 100 се повредени пренесени низ болниците во Штип, Кочани и Скопје. „Нашата Организација ги стави во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на ...
Бројот на загинати во трагедијата во Кочани се искачи на 59. Од загинатите, идентификувани се 35 луѓе, од кои 31 се од Кочани и 4 од Штип, соопшти попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Бројот на повредени се искачи на 155. „Уште еднаш сакам да изразам искрено сочувство до семејствата на починатите во оваа ужасна трагедија, во која животот го загуби и еден полициски службеник од полициска станица ...
Илјадници граѓани од сите делови на Србија денеска се собраа во Белград на повик на студентите за да учествуваат на протестен собир, поттикнат од трагедијата во Нови Сад кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе, а двајца беа повредени. Многу улици во градот се блокирани поради големиот број луѓе, па граѓаните и студентите наоѓаат алтернативни начини да се приклучат на протестот. Колони демонстранти ...
Во Белград денеска се одржа масовен протест, поттикнат од трагедијата во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Граѓаните кои учествуваа на протест полека почнаа да заминуваат од плоштадот Славија откако беше објавено дека студентите го сметаат протестот за завршен, пренесе Ал Џазира Балканс. Централниот собир беше кај Народното собрание во 16 часот, но собирот се прошири и на плоштадот Славија каде студентите одржаа говори. View this post on ...
Животот го загубија 51 лице, а повеќе од 100 се хоспитализирани низ болниците во Штип, Кочани и Скопје, откако во раните утрински часови пожар ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи изјави дека полицијата ги утврдува околностите за одговорност. Тој изрази сочувство до блиските на загинатите. Околу трагичниот случај што се случи за време на ...
Семејствата на повредените деца од пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Скопје, ќе можат да се сместат во капацитетите на училиштето „Партенија Зографски“ и студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ во скопската општина Гази Баба, пренесува агенцијата Мета.мк. Од таму денеска информираа дека сите граѓани кои имаат потреба од престој и храна можат да се обратат кај Игор Петрески, претставник на „Партенија Зографски“ на бројот ...
Формиран е тим од пет јавни обвинители, со тоа што двајца јавни обвинители се од ОЈО Скопје, еден јавен обвинител од ОЈО Штип и двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, соопшти државниот обвинител Љупчо Коцевски на прес-конференција. Тој посочи дека тимот има раководител и дека дел од обвинители се на терен, а другиот дел издаваат наредби за одредени процесни дејства. „Во текот на денот ќе се врши увид и ќе се преземаат сите дејствија околу ...
Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, соопштија од Министерството за здравство. „Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените“, велат оттаму. Во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани 45 пациенти, во Општата ...
Досега има 118 луѓе згрижени низ болниците во државата, односно во Кочани, Штип и Скопје, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција по трагедијата во Кочани. Тој посочи дека нема пациент што не е тријажиран и хоспитализиран низ болниците во државата. „Сите наши капацитети се ставени во функција и се надевам ќе дадеме максимум од себе за да спасиме што повеќе животи на децата на кои што им се случила трагедијата“, рече ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изрази длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани. Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства. „Од овие причини, информациите коишто ќе бидат ...
Галеријата „Пионери“ на 20 март во 19 часот ја најавува самостојната изложба на Индиа Мулен. „Индиа Мулен е мултидисциплинарна уметница од Ирска. Изминатава деценија таа работи во театар, телевизија и филм, појавувајќи се како актерка во низа проекти признати од критиката. На јавноста ѝ е особено позната по улогата во ТВ-серијата ‘Нормални луѓе’. Во последниве години Мулен се занимава и со филмска продукција и визуелна уметност“, соопштуваат од ...
Фестивалот за свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“ го сподели краткиот филм за Мирко Попов, еден од главните иницијатори и организатори на овој настан. Филмот беше проектиран на овогодинешното издание на фестивалот и ја пренесува пасијата на Мирко за музиката, диџејството, неговиот бенд, независната сцена… Воопшто зборува и за важноста на македонското творештво, но и за младите како движечка сила. View this post on Instagram A post ...
Микробиолошки, водите од Охридското Езеро се класифицираат како „одлични”, освен во месец јули и декември лани, кога водата се класифицира како „незадоволителна” заради зголемен број на ентерококус. Најголем број примероци површинска вода од Охридското езеро се класифицираат во III класа заради зголемен најверојатен број на колиформни бактерии, како и во IV-V класа во месец јануари, август и септември. Ова е наведено во последниот извештај за ...
Галеријата „Пионери“ ја најавува самостојната изложба на Индиа Мулен која ќе се одржи на 20 март, со почеток во 19 часот. Мулен е мултидисциплинарна уметница од Ирска, а изминатава деценија таа работи во театар, телевизија и филм, појавувајќи се како актерка во низа проекти признати од критиката. „На јавноста ѝ е особено позната по улогата во прочуената ТВ-серија ‘Нормални луѓе’. Во последниве години Мулен се занимава и со филмска продукција и ...
Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ) – Скопје го најавува дваесеттото издание на Саем за вработување и кариера „Job Fair 2025“, кој ќе се одржува од 24 до 27 март. Од БЕСТ велат дека „Job Fair“ е настан кој ги поврзува студентите и компаниите на едно место. Овогодишното издание ќе се одвива со физичко присуство на техничко-технолошкиот кампус (ФИНКИ, ФЕИТ, МФС, ТМФ), каде секоја од партнер компаниите ќе може да се запознае со ...
Македонија веќе не е празен простор на светските мапи за планинарски патеки! Четири секции од Македонската бесконечна трансверзала се веќе комплетно вметнати на Open Street Map, а со тоа и на сите популарни мапи и апликации кои се базирани на овие мапи, информираат дечките од Sammiana – Македонска бесконечна трансверзала. Тие посочуваат дека се работи за повеќе од 700 километри патеки заедно со дополнителни важни точки од интерес, како извори на ...
Српската полиција ја запрела новинарската екипа на „Слободна Далмација“ на граница, ги тргнала настрана и им ги одзела документите, а откако утврдила дека се новинари, им забранила влез во Србија, јавува Н1. Како што се наведува, новинарите од Сплит добиле документ во кој се објаснува дека тие претставуваат безбедносен ризик. „Слободна Далмација“ пишува дека неофицијално дознаваат оти влез во Србија им бил забранет и на други новинарски екипи од ...
На Специјаните олимписки зимски игри „Торино 2025“, нашите специјални олимпијци годинава ја претставуваат Македонија во три дисциплини, а од Италија веќе стигнуваат вести за нивни успеси. „Со грациозност, емоција и нејзината љубов кон танцот, Илина Георгиева го освои второто место во категоријата спортски танци на Зимската специјална олимпијада ‘Торино 2025’! Со незапирлива енергија Стефан Трпковски настапи во категоријата спортски танци и го ...
Она што го почна Општина Карпош и беше критикувано како изолиран случај на регресивно однесување, за жал, почнаа да го копираат и другите скопски општини Општина Центар – Горан Герасимовски и Општина Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски. Во време кога е повеќе од евидентно дека треба да се намали употребата од персонални автомобили, пред сѐ од урбанистички и сообраќаен аспект, но и од еколошки и безбедносен, општинските татковци почнаа да ги ...
Романот „Светот што го избрав“ на писателката Калина Малеска во издание на „Или-или“ е овогодишниот добитник на наградата Роман на годината која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Наградата „Роман на годината“ се доделува по 26. пат, а во најтесниот избор за наградата годинава влегоа трите романи „Простување“ од Кица Колбе, „Светот што го избрав“ од Калина Малеска и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски. На годинашниот конкурс, што се ...
Саемот на независни издавачи „ФИЈУК Саем“ утре (сабота, 15 март) од 14 часот ќе се одржува во Студентскиот културен центар (СКЦ во Домот „Кузман Јосифовски – Питу“) во Скопје. „Внимание, внимание скопска публико!Прво ФИЈУК Саем, па потоа п(р)олет. Домаќински го разголуваме првиот Фијук во Скопје за оваа година. Озбилен крем де ла крем. Кој до која, мој до моја, кој која ако не свој своја. Графики, фотографии, колажи, книги, фанзини, цртежи, ...
Панк бендот „No Name Nation“ утре од 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје ќе одбележи 30 години постоење со концертна промоција на новиот албум. „Иако бендот е формиран 1994, во 1995 година го менува името од ‘Инфекција’ во ‘No Name Nation’ и како таков оваа година го славиме јубилејот 30 години од формирање и секако тоа сакаме да го прославиме во нашето децениско пребивалиште МКЦ, на 15 март оваа година со концерт и промоција на ...
Голем број трактори се паркирани околу Пионерскиот парк во центарот на Белград, каде членовите на здружението „Студенти 2.0“ кампуваат од 6 март, барајќи да престане прекинот на студентските блокади на факултетите, јавува Радио Слободна Европа. Неколку десетици трактори беа паркирани вчеравечер, односно ноќта меѓу 13 и 14 март. Некои се паркирани на тротоар, а некои на коловозот. Некои од тракторите се со регистарски таблички на Кикинда. View ...
Моето разрешување од позицијата директор на гимназијата „Орце Николов“ ме изненади, затоа што целиот процес на моја апликација и назначување оди преку град Скопје и соодветните инспекторати. По две и пол години, реакцијата е со друга цел, a тоа можеле веднаш тоа да го увидат, вели во изјава за агенцијата „Мета“ Митко Димовски, доскорешниот директор на училиштето, кој пред неколку дена беше разрешен. Извор: Веб-страница на СУГС „Орце Николов“ ...
Студенти од сите делови на Србија, вклучувајќи ги Крагуевац, Ниш, Трстеник, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Љиг, денеска го продолжуваат својот пат, пеш или со велосипед до Белград, каде ќе присуствуваат на големиот протест закажан за 15 март, пренесе Н1. Според информациите од редарите кои го обезбедуваат маршот, околу 2.000 студенти се пријавиле да пешачат од Нови Сад до Белград. Студентите наведуваат и дека е пракса во текот на маршот ...
Зачестените сообраќајни несреќи, густиот сообраќај и безбедноста на децата од локалните училишта беа причина зошто Општина Центар во 2015-та воведе т.н. „зона 30“ или „зона на смирен сообраќај“ во скопско Дебар Маало, потоа наредната година и на делови од Водно, но не се прошири ваквото сообраќајно успорување низ цела општина, иако се работи за централно подрачје на Скопје. Сега, Шанса за Центар информира дека Советот на Општина Центар ја ...
Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ организираше два последователни настани на 12 март во ресторан „Рагуза 360“ во Скопје. Со цел подобро запознавање со генската терапија на пациентите и семејствата со ретки болести, здружението организираше кратка дискусија и промоција на брошура за генска терапија. Брошурата е креирана во соработка со здруженијата СТОП СМА, Асоцијација за Мускулна Дистрофија Душен, Здружение за ...