
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Зачестените сообраќајни несреќи, густиот сообраќај и безбедноста на децата од локалните училишта беа причина зошто Општина Центар во 2015-та воведе т.н. „зона 30“ или „зона на смирен сообраќај“ во скопско Дебар Маало, потоа наредната година и на делови од Водно, но не се прошири ваквото сообраќајно успорување низ цела општина, иако се работи за централно подрачје на Скопје. Сега, Шанса за Центар информира дека Советот на Општина Центар ја ...
Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ организираше два последователни настани на 12 март во ресторан „Рагуза 360“ во Скопје. Со цел подобро запознавање со генската терапија на пациентите и семејствата со ретки болести, здружението организираше кратка дискусија и промоција на брошура за генска терапија. Брошурата е креирана во соработка со здруженијата СТОП СМА, Асоцијација за Мускулна Дистрофија Душен, Здружение за ...
Загрижени за тековната состојба со загадениот воздух во Скопје за која велат дека нема да се реши набрзо, како и за веќе нарушениот имунитет и лежење болен со месеци, Драган Димковиќ и Димитар Ставрески отпочнаа иницијативата за формирање на еко заедница некаде на 15-20 километри од Скопје. „Заедница втемелена на екоцентричност, братство и слога; во природа, до шума, до река, со бавча; далеку од скопскиот отровен воздух, а сепак доволно блиску ...
Од Ученичката заедница на гимназијата „Орце Николов“, стигна јавно писмо со кое се аргументира нивното барање да се ревидира и повлече одлуката на градските власти за разрешување на директорот на ова средно школо, Митко Димовски, чиј мандат регуларно требаше да истече во 2026 година. Според учениците се работи за одговорна личност, лидер и човек што секогаш се залагал за нивните права, но и правата на професорите, воедно организирал најмногу ...
Само за две години – 2023 и 2024, државните институции набавиле нови патнички возила за 8.5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг, покажува истражувањето кое денеска го објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Меѓу нив се и 45-те владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели, посочуваат од ЦГК. „Најскапо набавено возило од 55 илјади евра е на ...
Британскиот фолк-панк трубадур, Френк Тарнер, пристигнува во Скопје со специјален акустичен концерт, кој ќе се одржи вечер, 13 март, во „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). „Френк Тарнер ќе ни го претстави својот десетти студиски албум ‘Undefeated’ – уникатниот проект кој ја покажува неговата истрајност и страст во истражувањето на нови музички хоризонти, со концерт кој на специфичен начин ги поврзува искрените емоции и извонредната ...
По 19 години работа на социјализација и заштита на најранливите, на Дневниот центар за деца од улица од Шуто Оризари му се заканува затворање. Од таму велат дека иако помогнале на над 600 деца, спречиле 255 малолетнички бракови и вработиле 230 младинци, сепак досега надлежните ги игнорирале нивните обраќања и дописи, без да се најде решение со кое ќе биде задржан континуитетот на работа и интеграцијата на децата. Воедно, последните три месеци ...
Францускиот институт во Скопје утре, четврток 13 март, во 18 часот во своите простории ќе ја отвори изложбата „Кога ги следевме сенките“ и уметничка средба со Наташа Неделкова, докторантка во Париз. „Во Велес, се издигаат црни планини, извајани од олово и цинк. Опипливи сенки на индустриската историја кои се мешаат со понеопипливите сенки на медиумската илузија За изложбата ‘Кога ги следевме сенките’, Наташа Неделкова ја истражува релацијата ...
Во кафе „Ла Фе“ утре, 13 март, од 19:30 часот ќе започне јавна проекција на кореографско видео со млади ментори, создадено во рамки на проектот „Танго Единство: Прегрнување на разликите преку танц“, поддржан од Британскиот Совет и ЕУ, а спроведуван од „Фамилија Тангови“ – Скопје во партнерство со школата за танци „Буена Виста“ – Подгорица. На истиот настан, во 20 часот ќе се одржи танго игранка (милонга) – вечер за уживање во магијата на ...
Денеска во Преспа официјално беше означен почетокот на обновата на граничниот премин „Маркова нога“ кон Грција. Како што соопштија од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), преминот има историско значење за регионот. „Неговата обнова ќе овозможи подобрување на сообраќајното поврзување, значително ќе се скрати времето на патување кон двете земји и ќе се зајакне меѓусебната економска соработка и комуникација. Интервенциите се дел од ...
По години магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје, велат од „Д Фестивал“ „Со срце полно љубов и почит, кажуваме огромно благодарам на прекрасните Дојран и дојранчани за сите незаборавни моменти, за гостопримството со кое својот град го направија местото каде што од 2011 година нашите соништа се спојуваа со реалноста“, посочуваат од фестивалот. Но, како што велат, полека и сигурно Д ...
Националните мрежи на младински организации Коалиција на младински организации СЕГА, Национален младински совет на Македонија (НМСМ) и Сојузот за младинска работа (СМР) денес го поднесоа Предлог-текстот на Законот за измени и дополнувања на Законот за младинско учество и младински политики (скратено Закон за млади) до пратениците од Клубот за младински прашања и младински политики во Собранието. Предлог текстот е, како што велат, креиран врз ...
Владата им додели премија од 3 милиони денари на македонските ракометни репрезентативци, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти на Светското првенство во ракомет што се одржа во Хрватска, соопштија од Владата. „Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се ...
Општините Чаир и Сарај испорачаа реализација на буџетските приходи и расходи под 90%. Ретки се локалните самоуправи кои успеале во целост да го наплатат или надминат годишниот план за наплата на данок на имот, пишува Порталб.мк. Во ова продолжение на Анализа – под лупа буџетите на Струга, Тетово, Чаир, Сарај и Град Скопје. Наплата на даноци , исплата на плати Општина Струга во 2024 испорача реализација на вкупните приходи на ниво од 93,9%. На ...
Украина се согласи да го прифати предлогот на САД за итно 30-дневно примирје, се вели во вечерашната заедничка изјава на официјални лица на Украина и САД, јавува Евроњуз. Предлогот треба да биде прифатен од Кремљ. „Украина изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за да се донесе итен, привремен 30-дневен прекин на огнот, кој може да се продолжи со заеднички договор на страните, а кој е предмет на прифаќање и истовремено спроведување од ...
Доколку се земат предвид сите елементи, законот, деловникот, искажаните ставови во образложенијата и на интерпелацијата, но уште повеќе на субјектите на постапката, ставот на премиерот Христијан Мицкоски од пред еден месец дека со усвоена интерпелација не значи дека членовите ќе поднесат оставка, сосема е извесно дека интерпелација ќе помине и пред крајот на денот, но е исто така сосема неизвесно дали петте членови на Судскиот совет ќе поднесат ...
Во четврток (13 март) со почеток во 18 часот во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи видео-перформанс и изложба насловена „Кога ги следевме сенките“. Авторка на изложбата е Наташа Неделкова, а куратор Мелоди Робин. Настанот, како што е најавено, ќе биде проследен со перформанс и разговор за креативниот процес. „Оваа изложба претставува уникатна можност да се запознаете со делата на уметницата Неделкова, докторантка во Париз, која преку ...
„Големата вода“ е млад алтернативен бенд од Скопје создаден во 2024, чија цел е да создава музика која претставува рефлексија на градот, а во петок (14 март) тие ќе настапат во скопската кафе-книжарница „Буква“. „Нивната љубов за музика предизвикува жанровски спојки коишто не ги почитуваат таканаречените ‘правила’ на музиката. Бендот се состои од Никола на тапани, Симон на бас гитара, Лука на гитара и Јован на гитара и вокал“, стои во најавата. ...
Студентите во блокада вечерва ги блокираа влезовите во зградата на Радио-телевизија Србија (РТС) и рекоа дека блокадата ќе трае 22 часа. Преку Инстаграм, тие посочија дека излез ќе им биде овозможен на сите вработени, но дека никој нема да влезе додека „не се ослободи РТС“, јавува Н1. Преку социјалните мрежи тие ги повикаа граѓаните да им се придружат на блокадата. „Таковска 10, РТС. Сите. Веднаш. Сега. Операцијата штотуку започна. РТС му ...
Германскиот синдикат на аеродромските работници за денеска повика на штрајк, со целосно прекинување на летовите кои се планирани во Берлин, за време на тензичните преговори за платите во секторот, пренесе Ал Џазира Балканс. Околу 3.400 летови денеска ќе бидат откажани, а тоа ќе влијае на половина милион патници. „Ќе има огромни ограничувања за полетувања и пристигнувања, веројатно вклучувајќи и откажување летови“, се вели во соопштението на ...
Околу 6.140 .mk домени биле регистрирани во 2024 година, покажуваат податоците кои Радио МОФ ги доби преку барање за информации од јавен карактер од Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет). Ова претставува намалување од околу 400 регистрирани домени или околу 6.3% во споредба со 2023 година. Помеѓу регистрираните домени, најголем број се само со .mk, по што следуваат 715 .com.mk регистрирани домени, 73 .org.mk домени, 39 .edu.mk ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат девет амбасадори од должноста. Како што се наведува, осум се отповикуваат бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, а една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот. Амбасадорите коишто се именуваат законски се обврзани пред да бидат назначени да ги презентираат ...
Студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, од денес ќе му помагаат на Министерството за образование и наука (МОН) во унапредување на дигиталното работење и забрзување на процесот на дигитализација на образованието, информираат од МОН. „Под менторство на нивните професори, ќе дадат поддршка на тековното одржување на дел од информациските системи и дигитални платформи со кои располага министерството и ќе ...
„Имаш работи што постојано ги преместуваш, но никогаш не ги користиш? Облека која „моли“ да ја носиш, но е заборавена и едноставно зафаќа простор? Распар чаши кои не виделе пијалок со години? Стари ЦД-а со музика која не е по твој вкус? Столче кое се крие во шпаизот? Време е да расчистиш!“ Вака стои во најавата за „Маалски бувљак“, каде учесниците во соработка со Здружението за креативна одржливост „Комбо“, ќе можат да изнајмат штанд на 22 март ...
„Чии се јавните простори?“, е прашањето кое го поставуваат „Реактор“ и „Коалиција Маргини“ кои на 12-ти март (среда) од 19 часот продолжуваат со серијата настани „Родот и градот“. „Овој пат ќе зборуваме за јавните простори – дали и колку ги сметаме за ‘наши’, дали се чувствуваме безбедно во нив (особено како жени и квир лица) и дали истите ни се достапни“, велат организациите. Тие посочуваат дека живеат реалност во која сѐ повеќе се чувствуваат ...
Имотен лист и пет други најкористени услуги од катастарот од оваа недела се достапни на националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски посочи дека во сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот. „Тоа практично значи дека ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина… Врсничкото насилство распространето меѓу учениците, ама малку се оние што бараат помош Поголемиот број од основците и средношколците, односно 65% доживеале или биле сведоци на било каква форма на физичко насилство меѓу врсниците, додека уште поголем процент, околу 71% – на вербална злоупотреба. ...
„Простување“ од Кица Колбе, „Светот што го избрав“ од Калина Малеска и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ова го реши жири-комисијата во состав Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева. Насловот на ...
Во Скопје денеска се одржа солидарен Осмомартовски марш, со цел да се одбележи борбата за слобода, автономија и социјална правда на жените, а воедно имаше и повик за бојкот на големите ланци на маркети и трговски центри, за кои беше речено дека преку вештачки наметната инфлација ги доведуваат граѓаните до раб на егзистенција. Оттука и на маршот преовладуваа различни извици и транспаренти. Главната порака беше „Нека јадат ружи“, а притоа меѓу ...
По повод Меѓународниот ден на жената и 30-годишнината од Пекиншката декларација и Платформата за акција, UN Women во Северна Македонија, во соработка со Пошта на Северна Македонија, претстави специјален пригоден поштенски жиг. Дизајнот прикажува крената тупаница – симбол на решителност, издржливост и барање за женските права – заедно со бројот 30, кој означува три децении напредок и континуирана акција од усвојувањето на Пекиншката платформа за ...