
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека тројца пациенти се испишани и пуштени на домашно лекување, а за утре се планира уште тројца да бидат испратени дома. „Од идната недела се надевам дека ќе известуваме колку пациенти си одат дома и ќе известуваме за некои од пациентите кои полека ќе почнуваат да се враќаат од странските држави и ќе продолжуваат со лекувањето тука. Инаку, сите пациенти што се лекуваат во државата и надвор од ...
Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот на настраданите во пожарот во Кочани, кој ќе се одржи утре. Портпаролката на Владата Марија Митева посочи дека се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и на работодавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа и работни обврски сите вработени на територија на Кочани. Таа ...
Првиот официјален Центар за изгореници е формиран со формирањето на Воената болница во Скопје, под раководство на полковник д-р.Крсте Митановски д-р.сци.мед., према стратегијата на здравството на ЈНА. Центарот е затворен за да се ослободи простор за приватната Кардиохирургија „Жан Митрев“. Вториот Центар за третман на изгореници е отворен во септември 2000 година во Градска општа болница – Хирургија, сегашна Клиника за хируршки болести „Св.Наум ...
Пациенти со тешки изгореници продолжуваат да се испраќаат во специјализирани болници во странство, а бројот на земји во кои се лекуваат може да се зголеми од 12 на 14, изјави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. „Во моментов, пациентите се сместени во 25 специјализирани болници ширум Европа. Во Бугарија имаме девет пациенти во ‘Пирогов’ во Софија, тројца во ВМА Варна и исто толку во Пловдив. Во Грција, три ...
Под мотото „Сите да се избориме ние да не сме следните жртви во системот – Ти си следен“, денеска на пладне во Струга се одржа протестен марш од Домот на културата „Браќа Миладиновци“, преку чаршијата, па се’ до паркот на позцијата. За мирниот протестен марш, средношколците уште претходно рекоа дека ова не е само глас против корупцијата, туку и оддавање почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. „Да се придржуваме до принципите на мирен и ...
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници, соопшти Јавното обвинителство (ЈО). Според дејствијата опишани во наредбата, како што соопштија од ЈО, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата ...
Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска кажа дека има нови сознанија од теренските контроли Државниот пазарен инспекторат во однос на лиценците на објектите, правени откако се случи трагедијата во дискотеката во Кочани. „Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни: од вчера направената контрола на 12 објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека 3 од нив не исполнуваат услови, ...
Во овие тешки денови, кога целата земја тагува поради трагедијата што ја погоди Кочани, упатуваме апел за разбирање и поддршка кон учениците кои минуваат низ тежок емоционален период, велат од Сојузот на средношколци. Од таму посочуваат дека многу млади чувствуваат потреба да ја изразат својата солидарност преку учество во собири и иницијативи за поддршка. „Во овој контекст, ги повикуваме образовните институции да покажат емпатија и разбирање за ...
Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава истакна дека нема ниеден починат од повредените лица во пожарот во Кочани. Од вкупно 178 повредени пациенти, 64 се третираат во јавните здравствени установи во државата, 13 пациенти во приватните, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри, посочи Таравари. „Пациентите се во релативно стабилна состојба. Јас лично вчера заедно со министерот за надворешни работи ги посетив ...
Вкупно 20.932.654 денари се донирани за поддршка на настраданите семејства во Кочани, соопшти утрово Црвениот Крст. Оттаму упатија голема благодарност до сите кои досега донирале и се дел хуманитарната операција за поддршка на настраданото население. Истовремено, посочија дека и понатаму продолжуваат со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и ...
Вкупно 20.932.654 денари се донирани за поддршка на настраданите семејства во Кочани, соопшти утрово Црвениот Крст. Оттаму упатија голема благодарност до сите кои досега донирале и се дел хуманитарната операција за поддршка на настраданото население. Истовремено, посочија дека и понатаму продолжуваат со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и ...
По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) доцна вчера изразија загриженост поради повикувањето на информативен разговор на новинари, меѓу кои и претставници на меѓународни медиуми, кои со дронови го снимале синоќешниот протест во Скопје. Во заедничката реакција на медиумските организации се посочува дека според достапните информации, забраната за користење на дронови била ...
Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) повторно објави соопштение, со кое велат дека за последен пат сакаат да се изнесат во однос на вчерашните случувања на општествениот кампус на УКИМ, каде беше прекинат говорот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, а воедно таа беше исвиркана од дел студенти. Од УСС-УКИМ сакаат да се оградат од говорот на Јаневска, за која тврдат дека ниту ...
Централниот плоштад „Македонија“ во Скопје вечерва беше осветлен од неколку илјади граѓани, кои во молк оддадоа почит кон загинатите од големата трагедија што изминатиов викенд се случи во дискотеката во Кочани. Мирниот собир за заедништво и сочувство, во вид на комеморативен настан започна во 18 часот, а реки од луѓе го исполнија плоштадот. Присутните палеа свеќи, оставаа цвеќиња, а имаше и граѓани со транспаренти. „Заради гнилиот систем гниеме ...
Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а кои се лекуваат во Србија. Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) најостро го осудува оваа постапка која, како што велат, покрај тоа што е етички недопустливо, истовремено ги загрозува животите на тешко повредените. ...
Сите починати лица се идентификувани, а завршена е обдукцијата на сите починати 59 лица, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопштувајќи ги најновите информации за трагедијата по пожарот во дискотеката во Кочани. „Повредени се 196 лица, од кои 20 деца. Во моментот 93 повредени се на лекување во скопските болници, а 80 во странство и тоа Србија, Бугарија, Австрија, Хрватска, Турција, Грција, Унгарија и Бугарија“, рече ...
По трагичниот настан во Кочани, во јавниот простор и на социјалните мрежи циркулираат бројни информации, од кои многу се непроверени, неточни или извадени од контекст, велат од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) од каде апелираат на внимателност и одговорност при споделувањето и пренесувањето информации, како од страна на медиумите, така и од граѓаните кои активно комуницираат на дигиталните платформи. „Во вакви чувствителни ситуации, ...
Платформата за информирање на студентите „Студентарија“ реагира дека се мета на лаги, напади и валкани игри, откако вчера го пренесуваа студентскиот собир пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „На платото на УКИМ се случи инцидент кој Студентарија одлучи да го пренесе и објави, што очигледно не им одговара на владејачките елити. За време на говорот на министерката Весна Јаневска, повеќе студенти побараа лекарска помош откако на нивни колеги ...
Од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) велат дека незамисливата загуба од Кочани не е само лична трагедија, туку и страшен потсетник на реалноста која во оваа земја секојдневно се живее – реалност во која животот е несигурен, институциите не функционираат, а чувството на безнадежност станува сè подлабоко. „Трагедијата не е еден изолиран случај. Таа е директен резултат на системскиот хаос што владее со години. Недостигот на владеење ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) објави препораки за унапредување на комуникацијата на политичарите и носителите на јавни функции во услови на трагични настани кои ја засегаат целата јавност. Целта е да се зајакне транспарентноста и да се овозможи навремен и коректен пристап до информации. Во прилог ги објавуваме сите препораки, интегрално како што ги пратија ЗНМ: 1.Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба да ...
Студентското организирање во Македонија отсекогаш било синоним за достоинство, револуционерност и автентична борба за правда. Платото на УКИМ, најголемиот универзитет во земјава, со децении претставува свет простор на студентската мисла и отпор. Тоа е местото каде што генерации студенти храбро се спротивставуваа на неправдите, го креваа својот глас и храбро се бореа за своите права, често плаќајќи висока цена за своите идеали, велат од Младински ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека по вчерашната голема трагедија во Кочани, каде во пожарот животот го загубија 59 лица и повредени се 169, превземени се повеќе мерки и активирани повеќе институции. Меѓу другото, утврдено е дека правното лице немало лиценца за работа за дискотеката, каде според проценките биле 500 лица на претходно продадени 250 билети. „Издавањето лиценца е под належност на Министерството за економија. ...
Голем број студенти денеска се собраа пред платото на општествениот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за да оддадат почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани. На комеморацијата присутните палеа свеќи, се потпишуваа во книгата на жалост, оставаа цвеќиња, но и донации за поддршка на семејствата на настраданите. View this post on Instagram A post shared by Радио МОФ (@radiomof) Собирот наречен „Заеднички час“, инициран од ...
„Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ден. Дупло повеќе се во болници и тешко повредени. Ние, како и децата во дискотеката, сме повторно беспомошни и оставени сами на себе. Во овие траорни денови, Македонија треба да биде заедно. Треба да си бидеме рамо за плачење и треба да си дадеме еден на ...
„Нема да има толку крв ако се’ е по закон! Бараме одговорност!“. Под овој транспарент, стотици граѓани на Кочани денеска маршираа низ градот барајќи правда и одговорност за вчерашната трагедија во која загинаа 59 луѓе. Протестот започна во 13 часот во Градскиот парк каде граѓани оддаваа почит на загинатите. Потоа, тој продолжи кон зградата на општината, каде граѓаните фрлаа со јајца. Маршот продолжи кон центарот на градот каде беше демолирано ...
Министерството за здравство ја отвори телефонската линија 078 378 754 за психолошка поддршка на пациентите. „Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите. За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 ...
Во Градскиот парк во Кочани за денеска од 13 часот е најавен протест по вчерашната трагедија. Во објава на Фејсбук страницата Кочани (Гласот на Кочани) се наведува дека на социјалните мрежи кружат најави за протестот. „Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го ...
Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, по вчерашната трагедија во која загинаа 59 луѓе, а беа повредени 155 лица. „Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи во Кочани. „Со оглед на сериозноста и сензитивноста на случајот, апелираме до сите новинари и медиуми доследно да ги почитуваат етичките принципи од Кодексот на новинарите и другите професионални стандарди, притоа внимавајќи на почитување на ...