Со оглед на ниските плати, долгите работни часови и стресот, новинарството никогаш не било најпосакуваната работа на Балканот. Но, сега, според анкетата меѓу медиумските работници во регионот, ковид-19 и таквите работни услови ги направил многу полоши. Според природата на работата, повеќето новинари тешко можат да си дозволат да останат дома. На работа, пак, се соочуваат со постојано балансирање во обидите да ја добијат приказната и да си го ...

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, заедно со локалните власти од Лабин, град во регионот на Истра, присуствуваа на прославата на 100-годишнината од бунтот на рударите во Лабин, против италијанските фашистички власти. Милановиќ положи венец на местото каде што започнало востанието – во населбата Винеж, пред неодамна поставената спомен-плоча посветена на Лабинската република. Тој, исто така, присуствуваше на свеченото пуштање на трајното ...

Босански рап на радио станица во Србија; српска турбофолк песна во хрватско кафуле; хип-хоп од целиот балкански регион, кој го презентира продуцентска куќа од Белград. За народите кои некогаш војуваа меѓусебе, ваквата размена на музиката дава надеж за иднината на прекуграничната култура во регионот, во кој јазикот, главно, не претставува никаква пречка. Цензурата и национализмот беа музичка реалност во војните, за време на распадот на ...

„Тој ја впери пушката кон мене и ми нареди да се соблечам. Плачев и одбив да го сторам тоа”. Со овие зборови, Мирсада Турсуновиќ, се сеќава на 21 јуни 1992 година, кога припадник на силите на босанските Срби, во логорот „Цапарде”, крај градот Зворник, источна БиХ, ѝ наредил да се качи на катот со него. „Тогаш тој ме удри силно и ме фрли на некаков кревет што беше во собата, ми ја соблече облеката, димиите што беа на мене и ме силуваше”, рече ...

Во извештајот на МКИЛ , кој беше објавен денеска, се вели дека албанските обвинители сè уште немаат издадено наредби за ископување на локациите за кои постои сомневање дека се масовни гробници, во кои се наоѓаат посмртни останки на луѓе, кои исчезнале за време на комунизмот. Владата на Албанија и МКИЛ , по осум години преговори, се согласија потрагата да започне во 2018 година. Во септември 2018, МКИЛ и албанскиот Институт за интеграција на ...

Во дворот на Шеремет Сејдиу, во селото Ќирез, има спомен-плоча од црн мермер, поставена во знак на сеќавање на неговите четворица синови, кои биле убиени пред 23 години, на 28 февруари 1998 година. Неговите синови Беќир, Беким и 24-годишните близнаци, Назми и Бедри Сејдиу, биле убиени во серијата напади на српските сили, врз селата во регионот на Дреница, вклучувајќи го и селото Ќирез, каде биле убиени 24 Албанци. Во тоа време, Бедри и Назми ...

Судијата, Валон Куртај, за БИРН изјави дека Основниот суд во Приштина, ја повлекол потерницата по Милан Радоичиќ. „Специјалното обвинителство побара повлекување на наредбата, и судот, постапувајќи по тоа барање, го укина“, нагласи судијата, Валон Куртај, за БИРН. Обвинителството одби да го коментира потегот, велејќи оти станува збор за „внатрешна работа“. Во обвинението за убиството на Ивановиќ, поднесено во декември 2019 година, се наведува ...

Пред дваесет и девет години, Мирјана Учакар, открила дека повеќе не е жител на Словенија – поранешната југословенска република во која била родена, израсната, во која го завршила своето образование и во која работела. Учакар открила и дека одеднаш веќе немала никакви основни права, кои ги уживале другите постојани жители на Словенија. „Беше страшно, бев скршена … Никаде не одев, се држев подалеку од сè“, вели Учакар за БИРН. Следувала ...

Со завршните зборови закажни за утре, па прeзакажани за 25 и 26 мај, финишира првиот чин од мегааферата „Рекет“ за изнуда од Орце Камчев, тешка милион и пол евра, во која се обвинети личности што до вчера ѝ припаѓаа на естрадно-политичката и правосудна елита, популарните Бојан Јовановски-Бoки 13 и Катица Јанева, ексшефицата на згаснатото специјално јавно обвинителство. Врз основа на искажаното на над 30 рочишта, обвинението, исказите на ...

Извесно е дека празно ќе биде столчето за Сашо Мијалков в петок, 26 февруари, во судницата број еден на Кривичниот суд при објавата на пресудата за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“. Поранешниот шеф на тајната полиција, за разлика од пред две години кога ја слушна пресудата за „Титаник 2“, веројатно е дека нема да чуе во живо дали ќе биде огласен за виновен. Спроти судиите Владимир Туфегџиќ, Џенета Бектовиќ и тројцата поротници се очекува ...

Вкупни затворски казни од 55 години и 5 условни затворски казни за 12 обвинети. Ова е епилогот за скандалот со прислушувањето во предметот „Таргет-Тврдина“, во Кривичниот суд. Од нив, половина од затворските казни, поточно 30 години, добија двајцата бегалци во Грција, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, на кои им се судеше во отсуство. Ексидиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, по многу шпекулации и калкулации во јавноста по неговото ...

Црвена звезда соопшти дека „најостро ги осудува навредливите извици“ испратени до напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, од страна на сè уште неидентификуван навивач, присутен на натпреварот во Белград. На снимката направена на мечот во четвртокот вечер, која кружи по социјалните мрежи, може да се слушне човек како со непристојни зборови му довикува на Ибрахимовиќ, нарекувајќи го „балија“. Ибрахимовиќ е шведски државјанин, а неговиот татко, кој ...

По повод Европскиот ден на жртвите на кривични дела, две хрватски невладини организации ја критикуваа Хрватска, поради „бавното процесирање на воените злосторства“. „Кривичните постапки за воените злосторства се несомнено … од особено значење. Нивната ефективна имплементација, на жртвите им го гарантира остварувањето на правдата“, соопштија денеска Документа – Центар за справување со минатото од Загреб и Центарот за мир, ненасилство и човекови ...

Хрватското Министерство за внатрешни работи објави дека поднело кривична пријава против две неименувани лица, поранешни припадници на специјалната полициска единица на самопрогласената Српска автономна област (САО) Краина, за убиството на руските новинари, Виктор Ногин и Генадиј Куриној, во септември 1991 година. Според полициската истрага, на 1 септември 1991 година, двајцата осомничени, на возраст од 26 и 33 години, отвориле оган кон двајцата ...

Холандската влада им понуди по 5.000 евра на припадниците на мировниот баталјон на ООН, Дачбат, кои служеа во Сребреница во јули 1995 година, но не успеаја да ги спречат масакрите врз мажите и момчињата Бошњаци, извршени од страна на силите на босанските Срби. Холандското Министерство за одбрана се реши на овој чекор поради „воочениот недостиг на признание и благодарност“ што војниците требале да ги добијат, бидејќи тие служеле во „вонредни ...

Марко Грабовац, претседател на Здружението за потрага по исчезнати лица на општина Босански Брод, вели дека повеќе од две години, во оваа општина не се пронајдени посмртни останки на ниту едно од 80-те лица, кои сè уште се водат за исчезнати. Грабовац, кој е член и на Советодавниот одбор на Институтот за потрага по исчезнати лица, посочува дека треба да се вложат поголеми напори во потрагата по исчезнатите, меѓу кои имало и многу постари лица, ...

Активисти на Центарот за ненасилна акција (ЦНА), соопштија дека овој месец, поставиле привремени спомен-обележја во Зеница, Добој и во Жепче, како дел од тековната кампања за притисок врз локалните власти, да подигнат трајни споменици за жртвите од војната. Тие ја обележаа зградата на некогашниот силос и фискултурната сала во основното училиште во Жепче, како и основните училишта во селото Љубатовиќи и во местото Перковиќи. ЦНА посочува дека од ...

Само неколку неодамнешни филмови за холокаустот, предизвикаа толку многу критики и толку многу цврсти мислења, од причини кои речиси воопшто немаат врска со самиот филм. Дури и пред проекцијата на новиот филм на Предраг Антонијевиќ „Дара од Јасеновац“, во неговата родна земја, Србија, филмот се најде во центарот на бројни критики на британските и на американските филмски критичари, кои имаа список забелешки. Системот на логорот Јасеновац беше ...

Адвокатите на поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и на другите тројца поранешни команданти на ОВК, истакнаа дека Специјализираното обвинителство на Косово (СОК) во Хаг, ги попречува нивните напори да ја подготват својата одбрана, со неправилно откривање на доказите. Тачи и обвинетите, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, кои ги извршиле како високи припадници на ...

Предраг Гага Антонијевиќ, режисер и продуцент на филмот „Дара од Јасеновац“, српски кандидат за овогодишниот Оскар во категоријата најдобар меѓународен игран филм, кој се занимава со злосторствата извршени во концентрациониот логор Јасеновац во Хрватска, во неделата изјави дека има намера да го тужи „Лос Анџелес Тајмс“, поради негирање на воените злосторства извршени врз Србите во овој логор, во Втората светска војна. „Веќе не станува збор за ...

Две децении, гласачите во Србица/Скендерај, град во долината на Дреница, ја поддржуваа Демократската партија на Косово (ДПК) и нејзиниот поранешен лидер, Хашим Тачи, воен политички лидер на ОВК, кој по конфликтот продолжи да доминира на политичката сцена во Косово. Србица/Скендерај е роден град на Тачи, но и на Адем Јашари, еден од основачите на ОВК, кого југословенски суд, во 1997, во отсуство го осуди за тероризам, и кого српските сили го ...

Семејствата на жртвите, граѓаните што го преживеале нападот, бројни здруженија на воените жртви и политичари, ја одбележаа 27-годишнината од гранатирањето на пазарот Маркале, со положување на цвеќе на местото на масакрот. „Морам, должна сум, бидејќи ова не може да се заборави“, вели Вахида Твицо, која била сведок на масакрот на 5 февруари 1994 година. Твицо успеала да се скри под една од тезгите и на тој начин го преживеала гранатирањето, во кое ...

“Повторно ќе биде пекол и крвава Дрина, еве идат четниците од српските планини“, пееше, Рајко Лечиќ, на собирот на српските националисти во БиХ, во март 2019 година. Додека Лечиќ пееше, некои од членовите на таканаречените равногорски четнички здруженија, кои, облечени во црно, присуствуваа на собирот во Вишеград, град на реката Дрина, го снимаа со своите мобилни телефони, додека други ѝ се придружија на неговата воинствена песна. Вишеград, за ...

Блерта Башоли се сеќава на својата професорка од Уметничката академија во Приштина, која на своите студенти им прикажувала филмови под светло на свеќи, во првите неколку хаотични години по војната 1998-1999, кога во оваа некогашна српска покраина немало ниту електрична енергија, ниту модерни технологии. На улиците на нејзиниот роден град, кој подоцна ќе стане главен град на најмладата европска земја, тоа бил период на „добра енергија и ...

По една и пол година, во која беа отстранети еден споменик, едно тркало и половина ограда, власта на СДСМ сѐ почесто се соочува со барање – или да се справи со наследството од „Скопје 2014“, или да признае дека нема да се справува. За Мартин Пановски, доскорешен член на комисијата за справување со овој проект, одговорот на ова прашање е очигледен, но треба да биде јавен, јасен и гласен за да остане запишано кој што одлучил во ова време за ова ...

Проектот за зелена градина на мал дел од покривот на Градскиот трговски центар во Скопје, кој предизвика главно негативни реакции во јавноста и кај стручната фела, е изработен од компанијата „Дом дизајн“, а нарачан од управата на ГТЦ. Ова го покажува тендерската документација што може да се најде на страницата за јавни набавки на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), која заедно со Град Скопје е партнер на проектот. Управата на ГТЦ ...

Ретко кој е поразочаран од одлуката на Уставниот суд привремено да го укине мораториумот за градење во Општина Центар од претседателката на општинскиот совет, Јана Белчева Андреевска. Во нејзината канцеларија сѐ уште стојат постерите „Стоп за мафијашката урбанизација“ од движењето „Здравје пред профит во Центар“, преку кое таа дојде на функцијата, откако оваа граѓанска иницијатива влезе во невообичаена предизборна коалиција со партијата СДСМ, со ...

Земјиштето на поранешната фабрика за мебел „Треска“ ќе биде новиот мегдан во вечната скопска борба меѓу приватниот интерес за градење и јавниот интерес за похумано урбанистичко планирање, во која приватниот многу почесто победува. Откако поголем дел од просторот на напуштениот индустриски капацитет беше вратен со денационализација на семејството Виќентијевиќ од Скопје, градежните фирми почнаа да фаќаат позиции на теренот, каде што според ...

Корупцијата носи несигурност во животите на луѓето. Кога таа владее, воспоставените предвидливи правила не важат, туку важи еден сосема поинаков вредносен систем – неизвесен, недоверлив, непринципиелен, кој се заснова врз позицијата и снаодливоста на актерите во општеството, а не врз правата на граѓаните и обврските на институциите. Корупцијата предизвикала многумина да се соочат со ситуации во кои не очекувале да се најдат и да решаваат ...

Граѓаните не треба да се грижат дека во Општина Центар ќе се изградат згради од по 60 ката пред хотелот „Холидеј ин“, рече Менди Ќира од Стопанската комора на Северозападна Македонија во синоќешното гостување на 1ТВ, откако вчера Советот на општината, и покрај решението на Уставниот суд, повторно донесе одлука за мораториум за издавањето градежни дозволи на поголемиот дел од нејзината територија. Со тоа претставникот на стопанствениците што го ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
21%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
29%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
35%
1020
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
35%
1019
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
4.98
28%
1018
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
41%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
74%
1016
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
8.23
32%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
25%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1019
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
2.57
29%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
50%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62