Во центарот на градот Дечани, во западно Косово, има пет статуи на паднати борци на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои се сметаат за херои на војната 1998-1999. Но, еден од нив е всушност посветен на човек, убиен во 2015 година, во друга држава. Бег Ризај е еден од 22-те лица, кои загинаа во мај 2015 година, во Куманово, во соседна Северна Македонија, за време на дводневниот судир меѓу полицијата и поголема група вооружени Албанци. ...

Добитничката на Нобелова награда за мир, Мајка Тереза, носителката на олимписки златен медал, џудистката, Мајлинда Келменди, и лидерката на албанските бунтовници од почетокот на 20 век, Шота Галица, се едни од ретките жени на кои им е подигнат споменик, со кој се потенцира нивното историско значење за Косово. Во Приштина постои споменик на хероините, посветен на жртвите на воено сексуално насилство. Но, иако ширум Косово постојат и други ...

Билјана Плавшиќ се лекува од Ковид-19 во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, а нејзината состојба е сериозна, изјави член на семејството, за агенцијата СРНА. „Таа е во болница веќе три дена. Ги има сите симптоми, семејството ја однесе во болница и по испитувањата беше одлучено да биде хоспитализирана“, изјави неименуван член на семејството. Тој додаде дека Плавшиќ била примена во болница со првични знаци на пневмонија, но дека не била на ...

Херман Јанеж бил дете кога во 1942 година, италијанските фашистички трупи го запалиле неговото село, Стари Кот, во Словенија, и ги однеле него и неговото семејство во Кампор, италијански концентрационен логор, на хрватскиот остров Раб. „Јас на 16 јули 1942 година наполнив седум години и на есен требаше да тргнам во прво одделение, тогаш тоа се нарекуваше државно училиште. Со моите врсници, мислам дека бевме седум, наместо во државно училиште, ...

Во 2010 година, мала група на пријатели, кои ги поврза тагата, летните денови не ги помина во прошетки, во пливање или со семејството, туку копајќи со багер од кинеско производство, во пошуменото подножје на планината Дајти, пет километри од главниот плоштад на Тирана, Скендербег, во близина на селото каде што сегашниот премиер, Еди Рама, го има изградено својот модерен дом. Кога на почетокот на есента, ископувањата беа запрени, пронајдените ...

Кога Ковид-19 ја погоди Европа, стотици илјади Бугари кои живеат и работат во странство се вратиле во својата татковина. Никој точно не знае колкумина се вратиле, ниту пак колкумина повторно заминале. Точни податоци не постојат. Но, знаеме дека барем дел од оние што се вратиле сакаат да останат засекогаш. Според Европскиот совет за надворешни односи таа бројка изнесува дури 10 проценти од повратниците. Сепак, без веродостојни бројки, за ...

Во ноември 2001 година, Единицата за специјални операции, специјална единица на Државната безбедност (ДБ) на Србија, организираше вооружен бунт и ги блокираше автопатите, барајќи од Владата да запре со екстрадицијата на Србите во Хашкиот трибунал. Скоро 20 години подоцна, долгогодишниот новинар, Милош Васиќ, гледајќи наназад, за БИРН вели дека инцидентот требало да биде препознаен како „следен чекор“ во синџирот на настани, кои на крајот довеле ...

Белгиските власти го приведоа Пјетер Шала, поранешен припадник на ОВК, откако ССК побараа негово апсење, врз основа на обвинение за воени злосторства. „Пјетер Шала ќе биде притворен во Белгија, сè додека не биде префрлен во единицата за притвор на ССК во Хаг“, се вели во соопштението на ССК. Како што додаваат, обвинението ќе биде објавено „најдоцна до првото појавување на обвинетиот“ пред судот во Хаг. Медиумите во Косово објавија дека за време ...

Пред Вишиот суд во Белград, на 5 април оваа година, почнува судски процес за обид за убиство, во село во близина на Загреб, во јуни 2010 година. И осомничениот и жртвата, Милош Симовиќ и Сретко Калиниќ, се државјани на Србија и се поранешни членови на озлогласена криминална банда. Во моментот на инцидентот, и Симовиќ и Калиниќ беа во бегство. Србија ги бараше заради нивно учество во атентатот врз српскиот премиер, Зоран Ѓинѓиќ, извршен на 12 ...

Оваа седмица се одбележуваат 18 години од атентатот на Зоран Ѓинѓиќ, првиот демократски избран премиер на Србија, по Втората светска војна. Овој атентат, повеќе од кој било друг настан во изминатите две децении, имаше штетно влијание врз демократизацијата на земјата. Сепак, колку сме подалеку од тој кобен ден -12 март 2003 година, толку повеќе сфаќањата за заднината и историските процеси што доведоа до убиство на српската демократија во ...

На доверливиот брифинг со европските дипломати во Хаг минатиот месец, претседателката на Специјализираните совети на Косово (ССК), Екатерина Трендафилова, предупредила дека судот во Косово се соочува со зголемени напори за попречување на тековните правни постапки. ССК се формирани под голем притисок на западните сојузници на Косово, со цел да им суди на поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), за воени и повоени ...

Со оглед на ниските плати, долгите работни часови и стресот, новинарството никогаш не било најпосакуваната работа на Балканот. Но, сега, според анкетата меѓу медиумските работници во регионот, ковид-19 и таквите работни услови ги направил многу полоши. Според природата на работата, повеќето новинари тешко можат да си дозволат да останат дома. На работа, пак, се соочуваат со постојано балансирање во обидите да ја добијат приказната и да си го ...

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, заедно со локалните власти од Лабин, град во регионот на Истра, присуствуваа на прославата на 100-годишнината од бунтот на рударите во Лабин, против италијанските фашистички власти. Милановиќ положи венец на местото каде што започнало востанието – во населбата Винеж, пред неодамна поставената спомен-плоча посветена на Лабинската република. Тој, исто така, присуствуваше на свеченото пуштање на трајното ...

Босански рап на радио станица во Србија; српска турбофолк песна во хрватско кафуле; хип-хоп од целиот балкански регион, кој го презентира продуцентска куќа од Белград. За народите кои некогаш војуваа меѓусебе, ваквата размена на музиката дава надеж за иднината на прекуграничната култура во регионот, во кој јазикот, главно, не претставува никаква пречка. Цензурата и национализмот беа музичка реалност во војните, за време на распадот на ...

„Тој ја впери пушката кон мене и ми нареди да се соблечам. Плачев и одбив да го сторам тоа”. Со овие зборови, Мирсада Турсуновиќ, се сеќава на 21 јуни 1992 година, кога припадник на силите на босанските Срби, во логорот „Цапарде”, крај градот Зворник, источна БиХ, ѝ наредил да се качи на катот со него. „Тогаш тој ме удри силно и ме фрли на некаков кревет што беше во собата, ми ја соблече облеката, димиите што беа на мене и ме силуваше”, рече ...

Во извештајот на МКИЛ , кој беше објавен денеска, се вели дека албанските обвинители сè уште немаат издадено наредби за ископување на локациите за кои постои сомневање дека се масовни гробници, во кои се наоѓаат посмртни останки на луѓе, кои исчезнале за време на комунизмот. Владата на Албанија и МКИЛ , по осум години преговори, се согласија потрагата да започне во 2018 година. Во септември 2018, МКИЛ и албанскиот Институт за интеграција на ...

Во дворот на Шеремет Сејдиу, во селото Ќирез, има спомен-плоча од црн мермер, поставена во знак на сеќавање на неговите четворица синови, кои биле убиени пред 23 години, на 28 февруари 1998 година. Неговите синови Беќир, Беким и 24-годишните близнаци, Назми и Бедри Сејдиу, биле убиени во серијата напади на српските сили, врз селата во регионот на Дреница, вклучувајќи го и селото Ќирез, каде биле убиени 24 Албанци. Во тоа време, Бедри и Назми ...

Судијата, Валон Куртај, за БИРН изјави дека Основниот суд во Приштина, ја повлекол потерницата по Милан Радоичиќ. „Специјалното обвинителство побара повлекување на наредбата, и судот, постапувајќи по тоа барање, го укина“, нагласи судијата, Валон Куртај, за БИРН. Обвинителството одби да го коментира потегот, велејќи оти станува збор за „внатрешна работа“. Во обвинението за убиството на Ивановиќ, поднесено во декември 2019 година, се наведува ...

Пред дваесет и девет години, Мирјана Учакар, открила дека повеќе не е жител на Словенија – поранешната југословенска република во која била родена, израсната, во која го завршила своето образование и во која работела. Учакар открила и дека одеднаш веќе немала никакви основни права, кои ги уживале другите постојани жители на Словенија. „Беше страшно, бев скршена … Никаде не одев, се држев подалеку од сè“, вели Учакар за БИРН. Следувала ...

Со завршните зборови закажни за утре, па прeзакажани за 25 и 26 мај, финишира првиот чин од мегааферата „Рекет“ за изнуда од Орце Камчев, тешка милион и пол евра, во која се обвинети личности што до вчера ѝ припаѓаа на естрадно-политичката и правосудна елита, популарните Бојан Јовановски-Бoки 13 и Катица Јанева, ексшефицата на згаснатото специјално јавно обвинителство. Врз основа на искажаното на над 30 рочишта, обвинението, исказите на ...

Извесно е дека празно ќе биде столчето за Сашо Мијалков в петок, 26 февруари, во судницата број еден на Кривичниот суд при објавата на пресудата за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“. Поранешниот шеф на тајната полиција, за разлика од пред две години кога ја слушна пресудата за „Титаник 2“, веројатно е дека нема да чуе во живо дали ќе биде огласен за виновен. Спроти судиите Владимир Туфегџиќ, Џенета Бектовиќ и тројцата поротници се очекува ...

Вкупни затворски казни од 55 години и 5 условни затворски казни за 12 обвинети. Ова е епилогот за скандалот со прислушувањето во предметот „Таргет-Тврдина“, во Кривичниот суд. Од нив, половина од затворските казни, поточно 30 години, добија двајцата бегалци во Грција, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, на кои им се судеше во отсуство. Ексидиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, по многу шпекулации и калкулации во јавноста по неговото ...

Црвена звезда соопшти дека „најостро ги осудува навредливите извици“ испратени до напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, од страна на сè уште неидентификуван навивач, присутен на натпреварот во Белград. На снимката направена на мечот во четвртокот вечер, која кружи по социјалните мрежи, може да се слушне човек како со непристојни зборови му довикува на Ибрахимовиќ, нарекувајќи го „балија“. Ибрахимовиќ е шведски државјанин, а неговиот татко, кој ...

По повод Европскиот ден на жртвите на кривични дела, две хрватски невладини организации ја критикуваа Хрватска, поради „бавното процесирање на воените злосторства“. „Кривичните постапки за воените злосторства се несомнено … од особено значење. Нивната ефективна имплементација, на жртвите им го гарантира остварувањето на правдата“, соопштија денеска Документа – Центар за справување со минатото од Загреб и Центарот за мир, ненасилство и човекови ...

Хрватското Министерство за внатрешни работи објави дека поднело кривична пријава против две неименувани лица, поранешни припадници на специјалната полициска единица на самопрогласената Српска автономна област (САО) Краина, за убиството на руските новинари, Виктор Ногин и Генадиј Куриној, во септември 1991 година. Според полициската истрага, на 1 септември 1991 година, двајцата осомничени, на возраст од 26 и 33 години, отвориле оган кон двајцата ...

Холандската влада им понуди по 5.000 евра на припадниците на мировниот баталјон на ООН, Дачбат, кои служеа во Сребреница во јули 1995 година, но не успеаја да ги спречат масакрите врз мажите и момчињата Бошњаци, извршени од страна на силите на босанските Срби. Холандското Министерство за одбрана се реши на овој чекор поради „воочениот недостиг на признание и благодарност“ што војниците требале да ги добијат, бидејќи тие служеле во „вонредни ...

Марко Грабовац, претседател на Здружението за потрага по исчезнати лица на општина Босански Брод, вели дека повеќе од две години, во оваа општина не се пронајдени посмртни останки на ниту едно од 80-те лица, кои сè уште се водат за исчезнати. Грабовац, кој е член и на Советодавниот одбор на Институтот за потрага по исчезнати лица, посочува дека треба да се вложат поголеми напори во потрагата по исчезнатите, меѓу кои имало и многу постари лица, ...

Активисти на Центарот за ненасилна акција (ЦНА), соопштија дека овој месец, поставиле привремени спомен-обележја во Зеница, Добој и во Жепче, како дел од тековната кампања за притисок врз локалните власти, да подигнат трајни споменици за жртвите од војната. Тие ја обележаа зградата на некогашниот силос и фискултурната сала во основното училиште во Жепче, како и основните училишта во селото Љубатовиќи и во местото Перковиќи. ЦНА посочува дека од ...

Само неколку неодамнешни филмови за холокаустот, предизвикаа толку многу критики и толку многу цврсти мислења, од причини кои речиси воопшто немаат врска со самиот филм. Дури и пред проекцијата на новиот филм на Предраг Антонијевиќ „Дара од Јасеновац“, во неговата родна земја, Србија, филмот се најде во центарот на бројни критики на британските и на американските филмски критичари, кои имаа список забелешки. Системот на логорот Јасеновац беше ...

Адвокатите на поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и на другите тројца поранешни команданти на ОВК, истакнаа дека Специјализираното обвинителство на Косово (СОК) во Хаг, ги попречува нивните напори да ја подготват својата одбрана, со неправилно откривање на доказите. Тачи и обвинетите, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, кои ги извршиле како високи припадници на ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
100%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1019
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
1020
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
69%
1021
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
94%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
98%
1019
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1016
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1016
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
92%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.45
92%
1020
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Иридиум

145787.60

Паладиум

54591.97

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Платина

64478.87

Алуминиум

2.95

Калај

43.93

Сребро

2159.30

Цинк

3.04

Злато

139515.92

Родиум

258813.51

Бакар

11.02