
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Телевизијата, отворена во 2015, имаше најсовремена опрема за известување Со решение на скопскиот Основен суд 2 се отвора претстечајна постапка за телевизијата Нова на бизнисменот Сеад Кочан. Претстечајот, како што дознава БИРН, се отвора на барање на кабелскиот оператор „Телекабел“ како еден од доверителите, поради тоа што не бил платен преносот на сигналот. Телевизијата веќе долго време се соочува со финансиски проблеми, а вработените немаа ...
Цветин Чилиманов Скандалот што го предизвика вработениот во државната агенција МИА, Цветин Чилиманов, кој на Твитер ѝ се обрати на дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс со повик за насилство, на нозе ја крена и меѓународната јавност и новинарските здруженија. Чилиманов, како што дознава БИРН, е суспендиран од работното место и тој има рок од три дена, односно до понеделник, да се изјасни во врска со суспензијата. Потоа, дисциплинска ...
Се чека на двоецот Поповски – Манчевски | Фото: Flickr на Влада на РМ Половина година откако дел од печатените медиуми побараа државата со пари да го помага издавањето на весниците, власта сѐ уште размислува како и во колкав обем да им излезе во пресрет. „Фокус“, „Капитал“, „Коха“, „Слободен печат“, „Нова Македонија“ и уште десет други локални и национални весници, преку новоформираната Асоцијација за заштита на печатените медиуми, лани во ...
Во порталот Република, кој до пред две години имаше газди од Белизе влегува фирма со унгарски капитал. Друштвото за услуги Адинамик Медиа ДООЕЛ Скопје, му се приклучува на досегашниот сопственик Доне Доневски и станува нов газда на веб-порталот. Седиштето на оваа фирма, чиј газда е Унгарец, според податоците од Централниот регистар, се наоѓа на истата адреса со телевизијата Нова на бизнисменот Сеад Кочан, на булеварот Киро Глигоров 4. Фирмата ...
Со зголемување на основачки влогови, продолжува да се влева унгарски капитал во медиумите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се случуваат и промени во однос на сопственичката структура. Последните податоци од Централниот регистар говорат дека сопственик на Ем медиа, фирмата издавач на порталите Курир, Лидер, Економски и Вистина, станува единствено фирмата со унгарски капитал Адинамик Медиа на унгарската државјанка Агнеш Адамик. Претходно, ...
„Од утре почнува исплатата на лозарите“, „Исплатени се тутунарите во Прилепско“, „Доцнат парите за субвенциите“. Ова се насловите кои со години ги слуша македонската јавност кога е во прашање поддршка на земјоделството со пари од буџетот. Професори, бизнисмени, политичари, многу пати ја критикуваа или ја поддржуваа оваа најскапа аграрна политика на Владата, но, досега немаше пресметка која би покажала поцелосна слика. Вината за тоа лежи во ...
„Дистрикт бар и ресторан ги отвори вратите и работи со истиот капацитет и целосно применети мерки“. Ова е првата реченица од истиот текст, кој пет македонски портали го објавија во ист ден, 16 септември. Teкстовите се илустрирани со исти фотографии, а кај три портали исти се дури и насловите: „Дистрикт бар и ресторан работи со применети мерки и збогатена понуда“. Сите информираат дека ресторанот продолжува со работа, со почитување на ...
Протест за поддршка на собраниските „ќосиња“ Утринската акција на полицијата во која беа приведени 30-тина лица поврзани со нападите во Собранието на 27. април годинава, меѓу кои пратеници и организатори на протестите За заедничка Македонија, ги извади поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ на улица пред Кривичниот суд во Скопје. Таму се појави и експремиерот и партискиот лидер Никола Груевски кој десетина минути стоеше пред барикадите на судот, а потоа ...
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори седум нови истраги во кои 17 лица се осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злупотреба на службената положба, измами во службата и други. Меѓу осомничените се јавуваат поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димов и други лица. Засега, ...
СЈО тврди дека не патувала, имала сместување во Скопје Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска отвори нови седум истражни постапки, меѓу кои е и случајот „Друмарина“ кој се однесува на поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Според СЈО во периодот од јуни 2012 до декември 2015, пратеничката во Собранието приложила 843 фискални сметки кои наводно ги зела одејќи на релација од својот дом во Струмица до Скопје, ...
Ако го сретнам сега, олку рано,.. си го заигра Симеона омилениот мисловен танц тоа утро, совршено извиткувајќи ги своите надежи на тротоарот. Беше вистински виртуоз, зашто неколкуте последни години, таа и не правеше ништо друго, освен што вака си ја ослободуваше љубовта врзана в ќош со три синџири тишина. Ќе застанам, божем изненадена, со очите ќе го прашам „од кај ти овде“ и ќе ја подадам раката нагоре кон неговиот врат, поткревајќи се ...
– Добро Гена, дали навистина мораш на секој проклет симпозиум да ја носиш и Лили со тебе? – ја праша Денко својата сопруга, гледајќи ја како во куферот ги реди и аливцата на нивната најмала, едногодишна ќерка. – Да, морам. Не можам да патувам без Лили. – А без другите две можеш, така? – Можам, големи се тие. И немој да ме товариш со вина! – Знаеш Гена, ќе мораш малку да ја олабавиш науката, овде е сè потешко за живеење, снемува струја, ...
Добре Лилјак со децении работеше во Металски завод „Тито“ во три смени. Најмногу сакаше да работи ноќе, трета смена, за да го има денот на располагање за семејството, сопругата Станика и синовите Горан и Зоран. Можеби затоа самиот себеси си го привика прекарот Лилјак, да кружи, да надлетува над неговото име. – Добре. – Кој Добре? – А, бе, Добре, Добре, како не го знаеш?! Добре Лилјак! – Аааа, Лилјак, така кажи веднаш! Живееја дури во Ѓорче ...
– Која е последната книга што сте ја прочитале? – ми го пресече чекорот една млада новинарка со широка, наместена насмевка и микрофон во раката, додека брзав да фатам автобус на Рекорд. – Од млада немам прочитано книга – ѝ реков нагло и непредвидливо како што се доверува најдлабока тајна. Криеш, криеш, криеш нешто цел живот и одеднаш му го кажуваш на првиот случаен човек кога тоа најмалку се очекува од тебе. Кога тоа најмалку го очекуваш од ...
Некој упорно тропаше на вратата. Да имав ѕвонче, ќе уживав уште повеќе во продорното кинење на мојата долгогодишна тишина. Надевајќи се дека најпосле доаѓаат да ми го приведат, да ми го затворат разбеснетиот мерак, со брз, радосен чекор се упатив да отворам. * * * Живеам сам на „Ленинградска“, на „Стив Наумов“ по ново, очи в очи со поликлиниката на МВР. Далеку пред мене – СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, зад мене – Управата за јавни приходи. ...
1. Во септември 1988 година дипломирав на Катедрата за книжевност на Филолошкиот факултет и веднаш добив понуда за привремена работа во „Детска радост“ во НИП „Нова Македонија“. Не знам како тоа вам ви изгледа денес, но „Детска радост“ во тоа време беше издавачка куќа во која сите сакаа да работат. Јас сакав да работам нешто друго, но, се фатив за зборот привремено и почнав да работам во големата бела зграда на „Мито Хаџивасилев Јасмин“ на ...
На секои две евра вложени од странските инвеститори, државата им дала по едно евро, покажува анализата на БИРН на вкупно 26 компании што склучиле договори за државна помош. Тие добиле субвенции од 121 милион евра, од кои 26 милиони евра се кеш грантови за изградба на фабриките, помош за обуки за работниците или пак, субвенции за секое отворено работно место, додека пак, 95 милиони евра се даночни и царински ослободувања заклучно со крајот на ...
Албин Курти, лидер на движењето Самоопределување (Ветевендосје), кој беше сменет од функцијата премиер во март годинава, имаше бурна есен. Овој месец, ССК го потврди обвинението против Реџеп Селими, шеф на парламентарната група Ветевендосје, за воени злосторства и злосторства против човештвото. Селими беше обвинет заедно со уште тројца поранешни високи припадници на ОВК, а денешни политичари – со Хашим Тачи, до неодамна претседател на Косово, со ...
„Интелигентниот полемичар и прогнозер, веќе малку, како што вели, е уморен од политиката. Тој би сакал со неа да се занимава волонтерски. Тој не може да избега, сега знае, од тој врел котел“. Вака пишуваше новинарот, Манојло Вукотиќ, во 1989 година, за тогашното ново лице на сцената на црногорската политика. Тоа ново лице беше Мило Ѓукановиќ, кој оттогаш, повеќе или помалку, ја водеше земјата, или како претседател, или како премиер, а чија ...
Повеќе од 50 луѓе, кои на 31 јули 1993 година биле затворени во средното училиште во Прозор-Рама, западна БиХ, биле префрлени на линијата на фронтот, на планинската локација наречена Црни Врх. Затворениците биле врзани меѓусебе со жица и биле построени, а потоа им било пукано во грб. „Војниците на ХВО убиваа еден по еден човек, ги убиваа луѓето што беа построени со нас. Ако некој паднеше на земја, тогаш жицата околу вратот ќе се затегнеше и сите ...
Луѓето задолжени за озвучувањето го најавија она што никој директно не го соопшти синоќа околу два часот по полноќ пред Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ги туркаа на купче звучниците, качени на скала го спуштаа модерниот видеобим и ги виткаа каблите околу рацете додека новинарите сè уште не веруваа дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски нема да се обрати. Никој не се сети на минати избори, кога лидерот, исто така, не ја „затвори “ ...
Во строгиот центар на главниот град, во периметар помал од километар сѐ уште „зјаат“ карабините на неколку објекти што требало или да се подигнат или да се реновираат во она што народски се нарекува барок како дел од проектот „Скопје 2014“. И покрај големите очекувања и скромните ветувања дека новата власт ќе се справи со контроверзниот проект и по заклучоците на Работната група за „Скопје 2014“, која, само за пример, ги прогласи речиси сите ...
„Не сакам да ‘рескирам’ и да одам на матичен, а ми треба терапија. Ве молам пратете екипа кај мојата докторка за да ми пропише лекови зашто имам апчиња само за уште три дена“, ова беше содржината на еден од повиците што утрово дојде во општинската организација на Црвен крст во Карпош. Се јави жена на 68 години, која живее сама и веќе десетти ден е во самоизолација бидејќи имала многу контакти претходниов период. „Господ да ве чува“, вака таа ја ...
Министерката Шекеринска, во интервју за БИРН говори за претстојното полноправно членство во НАТО, за предизвиците против хибридни и сајбер-напади, како и за амбициозниот план за модернизација на армијата. Шекеринска прифаќа критики на контото на владата, но инсистира дека земјата е на добар пат кон демократизација и подобра иднина. Предупредува дека изборите во април ќе бидат клучен тест за зрелоста на земјава, тест кој, или ќе осигури ...
Еден од авторите и водител на популарната емисија „24 минути“, Зоран Кесиќ, во интервју за БИРН зборува за придонесот на шоуто во борбата против пропагандата и раскажува како е да се живее и да се биде новинар во денешна Србија, нашата соседна земја, која тој ја опишува како опасно поделено општество по линијата на патриоти и предавници. Тој ни ја долови Србија како место каде што полугласно се зборува за проблемите и каде што една партија и ...
„Сум видел многу драматични нешта, но на 27. април беше поинаку, гледавме слики од луѓе облеани во крв“ | Фото: Роберт Атанасовски Матс Стафансон смета дека во својата долга дипломатска кариера веќе доволно пати бил сведок на драматични настани. Тој беше дипломат во Полска во време кога Генерал Јарузелски 1981 прогласи воена состојба и преку ноќ уапси 6.000 луѓе. Тој воедно е и еден од неколкуте амбасадори од Западот кои останаа во Белград за ...
Во Општина Центар владее мнозинство, кое ги надминува партиските линии, а го спојуваат интересите и блискоста со градоначалникот, вели во интервју за БИРН, Јана Белчева-Андреевска, која вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Советот на централната скопска општина. Таа го предводеше Советот по локалните избори во 2017 година и имаше клучна улога во донесувањето неколку одлуки, како што беше мораториумот за градба, со кои општината се ...
„За реформите во МРТ и во АВМУ, ВМРО- ДПМНЕ бараше чисто партиско пазарење“ | Фото: Архива на БИРН Изборите, кои би требало да се случат во преостанативе шест месеци, се повод да се потцрта сето она што е направено и да се сумираат резултатите од работата на една влада. Оваа владејачка гарнитура многу ветуваше на полето на медиумски реформи, а уште повеќе и се очекуваше од неа. Се очекуваше да направи сериозен отклон од децениската опресија врз ...
Обвинителството бара дополнителни докази за начинот на кој е издадена концесијата за експлоатација на бакар во рудникот Казандол | Фото: Веб-страница на Сардич Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка во која се бараат дополнителни докази за начинот на кој е издадена концесијата за експлоатација на бакар во рудникот Казандол, дознава БИРН од извори во ова обвинителство. „Побарано е од МВР да ...
Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи ги презентираше трите нови истраги на СЈО Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори три нови истраги, од кои едната се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година. За случајот се осомничени Никола Груевски како тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и Али Ахмети како лидер на ДУИ. Ова е првпат од основањето на СЈО предмет на истрага да биде висок функционер на најголемата албанска партија и тоа не било кој, ...