Овој викенд не се очекува одржување на контроверзниот годишен масовен собир на Хрватите на Лојбашко поле, во близина на австрискиот град Блајбург, соопшти денеска австриската полиција. Овој собир беше откажан и минатата година, поради пандемијата на корона вирусот. „За викендот не е пријавен собир, ниту од Почесниот блајбуршки вод, кој досега го организираше овој собир“, ја цитираа хрватските медиуми изјавата на портпаролот на полицијата на ...

Во утринските часови, на 14 мај 1999 година, српските сили ги опколија Реџе Келменди, неговиот брат Дема и уште неколку членови на нивното семејство и соседи, во куќа во албанското село Ќушка. Во тоа време, селото, сместено во близина на Пеќ, во северозападно Косово, сè уште беше дел од Југославија, а војната меѓу ВЈ и српската полиција, и припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК), сѐ повеќе се заоструваше. НАТО започна воздушна ...

За Шаќир Колоши, жител на планинското село Белес, лоцирано во североисточна Албанија, во близина на границата со Косово, движењето е секојдневна борба, поради неговиот инвалидитет. Имено, во 1999 година, Колоши бил сериозно повреден во експлозија на мина поставена на границата. Левата нога му е ампутирана под коленото, како и половина од десното стопало. Оди тешко, со помош на две патерици и сам си ги поправа протезите, за да може да биде ...

Зеленото светло од пратениците за легализација на бесправно изградените објекти, не само што ќе ги размрда бетонските завртки на правната држава, туку и ќе предизвика правно цунами во тековните судски и обвинителски предмети. Правната фела е внимателна во заклучоците за тоа какви правни последици би предизвикале промените за кои јавноста жестоко реагира. Но, во едно се сигурни – измените ќе внесат правна ентропија и ќе поттикнат градежно ...

Апелацискиот суд во Приштина, денеска ја потврди третата верзија на обвинението, со кое шест лица се товарат дека се дел од наводна организирана криминална група, одговорна за убиството на Оливер Ивановиќ, извршено во јануари 2018 година, со што се отвори патот за почеток на судењето во овој случај. Судот одлучи да им суди на обвинетите Марко Росиќ, Силвана Арсовиќ, Раде Басара и Недељко Спасојевиќ, како на членови на здружен злосторнички ...

Пратениците на Народното собрание на Република Српска (НСРС) синоќа го отфрлија барањето на Валентин Инцко, за одземање на повелбите што НСРС во 2016 година им ги додели на осудени воени злосторници. Пратениците усвоија и заклучокот, според кој Инцко, во никој случај, не може да ѝ биде надреден на Република Српска. Во заклучокот се наведува дека Инцко ги надминал овластувањата што му се дадени со Дејтонскиот мировен договор, потпишан во 1995 ...

Британското Министерство за надворешни работи денеска објави дека се согласило воениот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, да биде префрлен во затвор во Велика Британија. „Радован Караџиќ е една од ретките луѓе, кој е прогласен за виновен за геноцид. Тој е одговорен за масакр на мажи, жени и деца во геноцидот во Сребреница и помогна во одржувањето на опсадата на Сараево, која претставуваше напад врз цивили“, изјави Доминик Раб, ...

„Ако не пројде сега, ќе пројде со следниот закон“. Ова е пораката што Законодавниот дом им ја испрати на граѓаните со натпартиското изгласување на новиот закон за легализација на дивоградбите, донесен по скратена постапка со 72 гласа „за“ и од власта и од опозицијата. Со продолжувањето на рокот за пријавување и за траење на постапките, како и со отстапувањата што се вметнаа во него во однос на претходниот закон (како можноста правен статус да ...

Активистите на Центарот за ненасилна акција (ЦНА),како дел од тековната кампања за притисок врз властите, да подигнат трајни споменици за жртвите од војната, поставија привремени знаци на осум локации во Босна и Херцеговина, на кои, за време на војната во оваа земја (1992-1995)луѓе биле убивани, малтретирани или затворени. „Важноста на обележувањето на овие локации, лежи во фактот дека сакаме да привлечеме внимание на тоа дека на сите нас лежи ...

Феѓа Хусковиќ бил студент на втора година на Електротехничкиот факултет во Сараево, кога за време на војната во Босне и Херцеговина, ѝ се приклучил на АБиХ. Исчезнал на 10 мај 1993 година, пет дена по неговиот 21 роденден, во напад на ХВО, на седиштето на 4-тиот корпус на АБиХ во Мостар. Повеќето посмртни останки на војниците кои исчезнаа тој ден, се пронајдени, но не и останките на Хусковиќ, Шефик Побриќ и Хасан Балиќ, ниту пак некој е осуден ...

Околу 55% ​​од испитаниците, опфатени со истражувањето на јавното мислење на црногорските граѓани, чии резултати ги објави Центарот за граѓанско образование (ЦГО), сметаат дека оваа земја не успеала да се справи со своето воено минато. „Јавноста верува дека политичките партии не ѝ се посветени на транзициската правда и на соочувањето со военото минато“, изјави, Милош Вукановиќ, од ЦГО. Половина од испитаниците изјавиле дека не го поддржуваат ...

Абелард Тахири, шеф на парламентарната група на ДПК, денеска побара смена на вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Доника Гервала, бидејќи таа во 2016 година изјави дека е подготвена да проследи доказите до Специјализираните совети на Косово (ССК), чие седиште е во Хаг. Среде вжештената атмосфера во Собранието, Тахири на Гервала ѝ рече дека донела „срам“ за косовската дипломатија и го повика премиерот Албин Курти, да ја смени. ...

Претседателот на РС, Жељка Цвијановиќ, во Бања Лука го одликуваше контроверзниот австриски писател, Петер Хандке, со Орден на Република Српска за „извонредна работа и заслуги во областа на духовниот и културниот развој“. Австрискиот добитник на Нобеловата награда за литература за 2019 година, кој беше критикуван заради минимизирање на воените злосторства извршени од српските сили, во зградата на Владата на РС беше пречекан од членот на ...

Фондот за хуманитарно право Косово (ФХПК), ја повика општина Подуево, да ја поправи грешката направена на неодамна откриена спомен-плоча, посветена на патници на автобус, кои загинаа во воздушен напад на НАТО во 1999 година, бидејќи имињата на српските жртви, не се впишани на неа. ФХПК ја повика општина Подуево, да ги додаде имињата на 13-те српски жртви, на спомен-плочата подигната во спомен на 44 лица, кои ги загубија своите животи, кога НАТО ...

Од едната страна се слуша „да го спречиме бетонското чудовиште“, од другата – „погледнете, не е чудовиште“, а од трета – „помогнете, не можеме ништо да сториме сами“. Дебатата за паркингот спроти хотелот Холидеј Ин дополнително се вжешти денес, откако сопствениците претставија што сакаат да градат таму, а активисти бараат да не се гради за да се заштити јавниот интерес и животната средина. Ова парче асфалт во центарот на Скопје повторно влезе во ...

Во повеќе градови на поранешна Југославија, почитувачите на Тито, денеска, на 41-годишнината од неговата смрт, одржаа комеморации на кои му оддадоа почит. Во Кумровец, селото во кое е роден Тито, точно во 15.05 часот – времето кога тој почина, се огласи сирена, а претставници на локалните власти и на антифашистичките здруженија од Хрватска и од Словенија, положија венци. Мал собир пред бистата на Тито се одржа и во хрватскиот град Лабин, во ...

Со свечена церемонија, во Госпиќ, Хрватска, денеска беше откриен нов споменик на пронаоѓачот Никола Тесла, реплика на оној што беше уништен во 1992 година. На церемонијата, на плоштадот кој, исто така, го носи неговото име, присуствуваа претставници на локалната власт и хрватската министерка за култура, Нина Обуљен Коржинек, која изрази задоволство што споменикот на „најголемиот иноватор на Хрватска“ се вратил на Госпиќ. „Враќањето на овој ...

Хрватската полиција денеска соопшти дека поднела кривични пријави против 78-годишен хрватски и 79-годишен српски државјанин, за воени злосторства над цивили, извршени во регинот на Лика, од 8 октомври до 10 ноември, 1991 година. Во времето на злосторствата, 78-годишното лице било командант на општинскиот штаб на територијалната одбрана Кореница (на силите на побунетите хрватски Срби), а 79-годишното лице било командант на 13-тиот корпус на ...

Да се раководи новинарски синдикат во денешно време е сложена работа. Од една страна стои глобалниот предизвик да се најде или да се редефинира улогата на новинарот во дигиталното време на хиперинформирање, во кое секој и сѐ може да биде медиум што пренесува информации до најшироката публика, и во постинформатичкото општество, во кое фактите се прашање на избор, а не на објективната вистина. Од друга, потребно е справување со локалните ...

Кога Гани, жртва на војната во Косово, слушнал дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Пјетер Шала, е уапсен и екстрадиран во Хаг заради судење, тој во мислите се вратил во мај 1999 година, во центарот за притвор во кој го држела ОВК. Гани вели дека Шала, заедно со уште еден човек, го тепале и него, и другите затвореници од албанска националност. Него Шала го тепал со железна шипка, додека друг затвореник тепал со ...

СОК побара од судијата за претходна постапка да го одбие предлогот на одбраната, со кој се оспорува обвинението против поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и другите тројца поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и високи политичари – Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. „Обвинението нуди концизна изјава за материјалните факти за случајот (на обвинителството) и за кривичните дела и модалитетот на ...

Во близина на училиштето и на седиштето на општина Фоча, град на реката Дрина, во источна Босна и Херцеговина, се појави огромен нов мурал на поранешниот командант на Војската на Република Српска (ВРС), Ратко Младиќ, насликан како да им салутира на минувачите. Муралот на Младиќ, кој ја обжали првостепената пресуда со кој беше осуден за геноцид и други воени злосторства, е долг околу 20 метри и на него пишува: „Благодарност до твојата мајка“. ...

Вишиот суд во Белград, го осуди Милош Чајевиќ, поранешен припадник на интервентниот вод на резервниот состав на полицијата во Брчко, за воени злосторства врз цивили. Тој беше прогласен за виновен за заплашување и нехуман третман, бидејќи принудил двајца браќа на сексуален однос и затоа што им се заканувал на други цивили во Брчко. Судот го осуди на седум и пол години затвор, но бидејќи тој веќе издржува шестгодишна казна за убиство, судијата го ...

Во родното село на таткото на Пјетер Шала, Брекоч, во општина Ѓаковица, може малку да се дознае за човекот кој оваа недела првпат се појави пред Специјализираните совети на Косово (ССК) во Хаг. Жителите на ова село велат дека сѐ што знаат за Пјетер Шала, е оти тој е роден во Призрен и дека е единствено дете на неговите родители, кои повеќе не се живи. Тие не сакаа многу да зборуваат за него. Шала, во понеделникот, се изјасни за невин по ...

Кога на 23 април 1999 година, околу 2.00 часот наутро, НАТО ја погоди зградата на РТС во центарот на Белград, како дел од воздушната кампања на Западната алијанса против режимот на Слободан Милошевиќ, во неа се наоѓаа околу 120 луѓе. Во овој напад беа убиени 16 работници на РТС, двајца беа тешко, а 17 полесно повредени. Телата на две жртви никогаш не беа пронајдени. НАТО објави дека ја спровел оваа акција, затоа што РТС била дел од пропагандната ...

Судењето на Незир Мехметај, косовски Албанец, обвинет за учество во воени злосторства врз цивили во селото Рудице, општина Клина, во јуни и јули 1999 година, започна пред Вишиот суд во Белград. Мехметај е обвинет за учество во убиство на седум лица и за палење и грабежи на куќи во Рудице, како припадник на ОВК. Според обвинението, во средината на јуни 1999 година, тој учествувал во убиството на пет члена на семејството Дашиќ, а на крајот на ...

Наводите во извештајот, кој овој месец го објави Комисијата за истражување на страдањето на Србите во Сараево, формирана од Владата на Република Српска за да ја истакне нејзината перспектива за војната, веќе се покажаа како спорни. Во извештајот, кој има повеќе од 1.200 страници, се нагласува дека за време на војната, водена во периодот 1992-1995 година, бошњачките сили ги принудиле Србите да го напуштат главниот град на Босна и Херцеговина. „Во ...

Советот на јавни обвинители на јавна седница избра по пет обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и пет обвинители во скопското Вишо јавно обвинителство. Обвинителството со кое шефува Вилма Русковска од денеска се засили со тројца обвинители од згаснатото СЈО: Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, како и со скопската обвинителка Катерина Коларевиќ и струмичката обвинителка Наташа Поп-Трајкова. Пријавени ...

Девет играни и еден краткометражен филм, кои тематски се занимаваат со конфликтите и помирувањето, бесплатно ќе бидат прикажани на интернет и во киното Митинг Поинт во Сараево, од 24 до 30 април, како дел од програмата на СФФ, „Соочување со минатото“. Оваа програма за прв пат беше покрената во 2016 година, со цел поттикнување на искрениот дијалог за блиското минато на Балканот. „Тоа е предуслов за надминување на проблемите што произлегоа од ...

Премиерот, Андреј Пленковиќ, на комеморацијата во Јасеновац денеска изјави дека Независната Држава Хрватска (НДХ), фашистичка марионетска држава предводена од усташкото движење и поддржана од нацистичка Германија и фашистичка Италија, е „еден од најтрагичните периоди во хрватската историја“. На комеморацијата за жртвите на Јасеновац, усташки концентрационен логор од Втората светска војна, присуствуваа хрватски функционери, претставници на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
21%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
29%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
35%
1020
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
35%
1019
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
4.98
28%
1018
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
41%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
74%
1016
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
8.23
32%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
25%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1019
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
2.57
29%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
50%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62